Search This Blog

Monday, July 9, 2018

Средновековни градови и тврдини во Македонија Иван Микулчиќ

Средновековни градови и тврдини во Македонија
Иван Микулчиќ

III. СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

III. 1. Инвазии во 6. век. — Зона на населување на Словените. — Склавинии во 7.—8. век. Обновување на византиската управа.

Новите народи што во 6. век доаѓале од Источна Европа на Балканот не оставиле траги од својата примитивна материјална култура туку само пустош. Тоа биле Бугарите и Кутригурите, Аварите и Словените. Нивните упади што ги забележале современиците, ќе ги следиме хронолошки.

Во 517 година една поголема група на „Гети” (несомнено Бугари) го крстосале Илирик од Дунав до Термопилите на југ. [1] Некои населби на нивниот пат биле притоа ограбени, меѓу нив и Скупи чиишто жители пред тоа го напуштиле градот и побарале спас во околните збегови. [2] Археолошки гледано, Скупи во тоа време бил сосем запустен град, осиромашен и мал по обем.

Прокопие од Кајсареја пишува дека во времето на Јустинијан I „Хуните, Словените и Антите речиси секоја година навлегувале во Илирик, цела Тракија, исто и во Хелада и Хелеспонт” [3]. Овие зборови секако се претерани. Подрачјето на денешна Република Македонија во времето на Јустинијан I било само 2—3 пати ограбено. Така, во 540 г. „Хуните” (несомнено Кутригурите) го преминале Дунав и го прошетале Илирик cѐ до Халкидик на југ. Таму се поделиле и еден дел од нив продолжил кон Грција до Коринтската превлака (Истмос), а другиот дел се упатил кон Цариград на исток. При тоа страдале 32 укрепени места во Илирик. [4] Како објаснување, да кажеме дека префектурата Илирик се простирала од Дунав на север, преку подрачјето на денешна Србија со Косово, потоа Албанија и Република Македонија до Грција на југ.


1. P. Lemerle 1954, 280.

2. Љ. Максимовиќ 1980, 21—57, е последна студија за сите варварски упади во Илирик во текот на 6. век.

3. Proc. НА 18, р. 114.15—115. 2, 23; р. 141.19—142.1.

4. Proc. BG II, 4, р. 163.8—164.16. Р. Lemerle 1954, 285.

24
 

Bo 548 година Словените преминале преку Дунав во Илирик и продреле до Дирахион (Драч) на југозапад. Притоа освоиле низа слабо укрепени места и собрале во нив бројни заробеници. [5] Главна насока во нивното движење бил патот Најс — Улпианум — Скодра — Дирахион (Ниш — Приштина — Скадар — Драч), што значи дека не навлегле во нашите краишта. Во 550/51 година Словените пак влегуваат во Илирик. Попат, кај Ниш, тие слушнале дека во Сердика (Софија) во заседа ги чека славниот војсководач Герман со ромејска армија, за да ги удри од грб. Исплашени од тоа. Словените го напуштиле првобитниот план да одат преку Македонија до Солун на југ и скршнале кон провинцијата Далмација на запад. Таму Словените за прв пат презимиле на балканска почва. [6] По cѐ изгледа дека ни во овој поход Словените не го загрозиле нашето подрачје.

Сл. 2. Словенски иалчесши фибули од Тесалија (А, Б — по Ј. Вернер) и дел од Виничани кај Т. Велес
Сл. 2. Словенски иалчесши фибули од Тесалија (А, Б — по Ј. Вернер) и дел од Виничани кај Т. Велес (В); доцен 6. — ран 7. век


Во 558/59 година преку Долни Дунав преминале Кутригурите, водени од каганот Заберган, а придружени од „подунавските Бугари” и од Словените. Ги опустошиле провинциите Долна Мезија и Тракија, Европа и Родопи, а еден дел од нив тргнал на запад кон Солун, користејќи го несомнено Егнацискиот пат. По истиот пат тие се вратиле на Исток, во Тракија и натаму дома, во Влашката Низија. Се сомневаме дека во овој поход страдал и некој дел од нашата територија.

Во следните 20 години нема варварски упади во Илирик, а тоа значи ги немало ни во Македонија. Пишаните извори молчат. Само една редица


5. Ibidem III, 29, р.423.3-13. — Lemerle 1954, 286, со право го поврзува овој упад со големата инвазија во 550/51 г.

6. Proc. BG III, 40, р. 475.19—483.15.

25
 

закопани пари, скриени в земја во 570/71 година и откриени во наше време на просторот од Дунав на север до Солун на југ, навестува дека можеби во 571 година Словените од Панонија провалиле до Македонија на југ. [7] Неколку остави на монети од тие години најдени се и кај нас, меѓу нив и во големата тврдина на Водно над Скопје. Со археолошките ископувања во 1977 година, зад челната кула на акрополата во оваа тврдина, стратиграфски е издвоен слој со траги од силен пожар и уривање на обѕидието. Во слојот се најдени и бројни монети, кои завршуваат со ковната година 569/70. [8]

Следниот продор на Словените во Илирик се случил, можеби, во 578, а поверојатно во 580/81 година. Тогаш Словените продреле на југ до Грција и останале таму. можеби, 4 години (од 581—584, според Јован Ефески). [9] При тоа, несомнено настрадале и нашите краишта.

Уште во 584/85 година Аварите од Влашката Низија, придружени од Словените од Украина и Молдавија, го минале Долни Дунав и почнале темелно да ги пустошат источнобалканските провинции. По нив, движејќи се по крајбрежниот Егнациски пат на запад, на 22. септември 586 година стигнале кај Солун. [10] По неуспешната опсада го оставиле Солун и се свртиле кон помалите градови и тврдини во Македонија, всушност, кон cи што сеуште вредело да се ограби. Овие пустошења го претставуваат крајот на цивилизираниот градски живот во Македонија.

Низа наоди од скриени пари (остави, депоа) на нашето подрачје, исто така го потврдуваат овој настан. Ископани се во слоевите со траги од силен пожар и уривање во градовите Баргала, Стоби. Хераклеја Линкестис и во тврдините Баба и Селце кај Прилеп. Сите овие остави завршуваат со ковната година 584/85. Спомнатите места го завршиле животот со овие уривања. [11]

Натамошните словенски продири кон југ на Балканот за нас немаат поголемо значење, бидејќи градскиот живот во Македонија речиси целосно замрел. Преживеаното ромејско население избегало на југ или се повлекло во потешко пристапните планински тврдини. Во 20-ина поважни крепости најдени се потврди за натамошното живеење: монети од крајот на 6. и раниот 7. век, потоа карактеристични византиски војнички фибули (токи) од исто време (сл. 1). Со нив ќе изгасне античката епоха кај нас.

Имено. Исидор од Севиља забележал дека во 5-та година од владеењето на Ираклиј (614/15 г.) Словените целосно го окупирале просторот на


7. В. Поповиќ 1981, 111—126.

8. И. Микулчиќ 1982, 50—51.

9. В. Поповиќ 1980, 232.

10. Р. Lemerle 1979, I, 126.13—128.2 (Miracula I, 12).

11. В. Поповиќ 1980. 242—243 (депоата во Баргала и Хераклеја). Депото од Стоби. ископано во „Казино” во 1981 г. cи уште не е објавено.

26
 

Грција. За да дојдат таму, тие морале попат да ја прегазат и Македонија. За жал, досега не успеавме да регистрираме археолошки (материјални) траги од присуството на Словените на нашето подрачје од 7., 8. и поголемиот дел од 9. век.

Сл. 3. Словенски магиски (култни) метални плочки од Велестино во Тесалија
Сл. 3. Словенски магиски (култни) метални плочки од Велестино во Тесалија (избор: А — фигура на Перун?; Б, В, Г — шаман, митско животно и воин со секира — по Ј. Вернер); 8.—9. век.


Одговорот на ова загатка не лежи во непознавањето на материјалната култура на Словените. Словенски гробови (со кремација, во урни) и остатоци од населби се откриени во Јужна и Средна Грција; колку се оди повеќе кон југ, толку се тие побројни. Од друга страна, големиот среднобалкански простор од Дунав на север, до Солун на југ, досега не дал никакви ранословенски наоди. Очигледно е дека Словените од Подунавјето едноставно поминале низ тој простор, претходно веќе опустошен, без ромејски населби и за нив неатрактивен. Тие се населиле во медитеранскиот дел на Грција, со блага клима, до морето кое со векови привлекувало бројни народи од север. Тука Словените можеле да контактираат со преостанатите грчки градови и да се снабдуваат со толку ценетите занаетчиски производи, кои Византија ја издигнале меѓу водечките во светот.

Ако ги проследиме сочуваните пишани податоци, ќе ја добиеме истата географска слика. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под

27
 
  
власта на Словените цели 218 години (од 586—805 г.). [12] Уште во 13. век Латините војувале против Езерјаните и Милингите (Мијаците) на Пелопонез. Археолошките словенски наоди од 7. до 9. век се бројни (Тиринс, Арг, Патрас, Олимпија и др.). [13]

Тесалија несомнено била населена исто така густо со Словени. На тоа укажува настанот од 799 г. кога кнезот Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против царицата Ирина. Во тоа време Акамир е cѐ уште независен словенски архон на областа Верзетија, во Тесалија. [14] Верзетите (или Велегезити) се спомнати и во Чудата на св. Димитрија како едно од словенските племиња што порано го опседнувале Солун.

Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека ова племе е идентично со подоцнежните Брсјаци (забележани во 11. век). Сепак, пред половина век М. Фаснер, светски авторитет за овие прашања, ова аргументирано го отфрлил. Од Верзитија (Тесалија) потекнуваат и повеќе археолошки наоди од 7.—9. век, како и голем број рани словенски топоними. [15] (сл. 2, 3).

Најсеверните словенски племиња се забележени околу Солунскиот залив и долж Егејскиот брег. Според Чудата на св. Димитрија, близу до Солун (веројатно на Халкидик) во 7. век престојувале Ринхините. Струмјаните биле населени по Долна Струма до Егејскиот брег, а Смолјаните источно од нив, околу долна Места. Западно од Солунскиот залив, во долномакедонската рамнина, се населиле Драговичи, а во крајбрежниот појас јужно од нив Сагудати. Името Сагудати не е словенско, туку турско-татарско (аварско-протобугарско). [16] Племето Војунити продрело во Епир. до Јадранскиот брег на југозапад.

Понатаму на север од спомнатите региони, а тоа значи и на подрачјето на денешна Република Македонија, нема писмени докази за престојот на Словени во тоа време. Исто така, нема ни археолошки наоди од тоа време и покрај тоа што во изминатите 4 децении со интензивни рекогносцирања на теренот евидентиравме околу 3.600 археолошки локалитети од различни епохи. [17] Ранословенски наоди нема.


12. Острогорски 1959, 198. — Каранис 1972, X, 147 и н.

13. В. Поповиќ 1980, 234—239, сл. 2, 3.

14. M. Vasmer 1970, 85, 86.

15. В. Поповиќ 1980, 238, сл. 3; — Н. Чаусидис 1992, 141—154 и 1993, 159—178.

16. Gy. Moravcsik 1958, 2, s.v. Sagudati; Nebulos, Župan. Сагудатите. како и нивниот водач Небулос; потоа жупан како титула на словенските старешини (кнезови) во една жупа и др.

17. Во издание на МАНУ, Скопје, во 1994 г. излезе I том на Археолошката карта на Република Македонија. Тоа се општи текстови како воведи во појавите од одделните временски периоди и одделни култури. Картоните на наоѓалиштата како материјални докази cѐ уште не се обработени. Спореди ја книгата на Е. Манева 1992, 11—15.

28
 


III. 2. Обновување на византиската управа во Македонија.

Словените, населени во периферните делови на Византиското царство, живееле организирани во Склавинии. Тоа се практично етноними и топоними, за да се разликуваат од околното несловенско население.

Сл. 4. Наоди oд тн. Комани-тии, 7.—8. век: А. Св. Размо кај Охрид; Б. Прилеп
Сл. 4. Наоди oд тн. Комани-тии, 7.—8. век: А. Св. Размо кај Охрид; Б. Прилеп; (по Ј. Ковачевиќ и В. Маленко).


Меѓутоа, Склавиниите имале и определено политичко-административно значење.

29
 

Почнувајќи од средината на 7. век царот Констанс II и другите по него се погрижиле Склавиниите што побрзо да ги стават под своја власт. По ова уследело раселувањето на Словените во пустите и пространи делови на Мала Азија, а на нивно место оттаму биле населувани Ромеји-христијани во Тракија, Македонија и Хелада. Овој процес во науката е одбележен како рехеленизација.

Прва склавинија што се нашла на удар на Византија била онаа по долното течение на Струма, која го блокирала копнениот (Егнацијски) пат помеѓу Цариград и Солун. Констанс ги победил Струмјаните и најголем дел од нив ги преселил во Анадолија. Јустинијан II во 688/89 ќе ја доврши оваа постапка и на местото на Словените тука населил „Скити”–христијани од Мала Азија. [18]

Во Чудата на св. Димитрија (II 4) се зборува и за последниот обид Словените да го освојат Солун. Првуд (Пербонд), кнезот на Ринхините, во 674 г. собира коалиција за борба против Солун и во јули 677 г. го опсадил градот. Меѓутоа, Струмјаните му откажале помош, а Вел(еге)зитите од Тесалија застанале на страната на Солун, помагајќи го со прехрамбени продукти. Словенската опасност била совладана. Во 759 г. царот Константин V ги покорил последните Склавинии во периферните западни делови на Царството, вклучувајќи ја и Македонија. Словените се раселени во помали групи низ Империјата; Македонија била подготвена за целосна рехеленизација.

Како следен чекор, следувало основањето на темите. Во годините помеѓу 789 и 802 била основана темата Македонија, а по неа Пелопонез, Кефаленија, Драч. Колонистите, населени во овие воено-цивилни административни единици, добивале од државата земјиште во наследство, со обврска да служат како војници. Така израснало ситно воено племство, пронијари. Македонија е масовно колонизирана со христијанско ромејско население особено во 809/10 година, при владеењето на Никифор. [19]

Овие вести се однесуваат на Јужна (Егејска) Македонија, чие јадро било Солунското Поле и рамнините помеѓу долните теченија на Вардар, Струма и Места. Центар е Солун. Нема вести за нашите краишта. Тие очигледно не биле зафатени со оваа колонизација, но, археолошките наоди од 7. и 8. век и кај нас укажуваат на жители-несловени. Од една страна, нив ги сочинувале преостанатите групации на староседелци – Ромеји, со несловенска (византиска) материјална култура. Од друга страна наодите на


18. Острогорски 1959, 195 и натаму, за оваа и за следните византиски акции наведени во нашиот коментар.

19. Истиот, 227—230.

30
 

византиските монети во некои од позначајните тврдини што останале добро запазени, укажуваат на несомнено присуство на византиски воени одреди во нив, како претстража во овие краишта кои до пред половина век биле нивна сопственост.

Сл. 5. Византиско-италски наоди од 7.—8. век: Фибули од Г. Чајле (1), Стенче и Јегуновце кај Тетово (2, 3). — Бр. 4, 5 — обетки од Голем Град, Преспа
Сл. 5. Византиско-италски наоди од 7.—8. век: Фибули од Г. Чајле (1), Стенче и Јегуновце кај Тетово (2, 3). — Бр. 4, 5 — обетки од Голем Град, Преспа (гробови бр. 48 и 65; по В. Битракова)


Како потврда за ова ќе спомнеме некои од наодите од 7. и 8. век кај нас, а кои не се словенски. Околу Охрид се откопани гробови со предмети од т.н. Комани-култура, која албанските историчари во занес ја прогласија за протоалбанска. [20] Во најново време вакви предмети се откриени на многу


20. Во н. д. на Е. Манева 1992, 14 и заб. 19. цитиран е дел од обемната литература по ова прашање ia кое тука нема потреба да ја повторуваме.

31
 

поширок простор отколку што е Албанија, до Средна Далмација на запад и од Прилеп до Малешево на исток (фибули), со што целосно се отфрла спомнатата хипотеза. Оваа регионална култура се врзува за домашното ромејско население, а настанала по аваро-словенските инвазии и по повторното воспоставување на ромејската (византиска) власт во овие краишта.

На островот Голем Град во Преспа откопани се гробови со византиско-италски (несловенски) накит и монета на Константин IV (668—685). Монети на Констанс II се најдени на Исарот во Валандово и во Селце кај Прилеп, а монети на Јустинијан II (685—695) на акрополата во Коњух. Во кастелот во Дебреште близу Прилеп ископани се повеќе предмети со византиско потекло од 7. век. Сето ова зборува за присутноста на Ромеите во нашите најважни тврдини. И градот Сердика (ден. Софија) повторно е под ромејската власт.

Во некрополата „Млака” пред тврдината во Дебреште, Прилеп, откопани се гробови со наоди од доцниот 7. и 8. век. Тие се делумно или целосно кремирани и не се ниту ромејски, ниту словенски. Станува збор најверојатно, за Кутригурите.

Ова протобугарско племе, под водство на Кубер, а како потчинето на аварскиот каган во Панонија, околу 680 г. се одметнало од Аварите и тргнало кон Солун. Кубер ги повел со себе и Сермесијаните, (околу 70.000 на број), во нивната стара татковина. Сермесијаните биле Ромеи, жители на балканските провинции што Аварите ги заробиле еден век порано и ги населиле во Западна Панонија, да работат за нив. На Кубер му била доверена управата врз нив.

По неколку победоносни судири со Аварите кои ги прогониле, Кубер со својот мешан народ успеал да дојде во Македонија. Од властите во Солун измолил дозвола тие да се населат во Прилепското Поле (Campus Kerameensis; Керамеиаи е античкото име за Прилеп). Властите од Солун им наложиле на Драговичите, како на најблиски соседи, во прво време да ги помагаат Сермесијаните во снабдувањето. [21]

Со населување на Сермесијаните-христијани и гркофони во опустените северномакедонски простори, Византија планирала да ја зајакне


21. Овој настан го дискутирале повеќе европски учени откако големиот византолог П. Лемерл уверливо ги интерпретирал сите историски настани, опишани во Чудата на св. Димитрија Солунски, надминувајќи ги сите досегашнн делумни обиди (I, II, 1980). Доселувањето на Сермесијаните под водство на Кутригурот Кубер во Пелагонија најцелосно е прикажано во книгата на Ј. Вернер 1986, 1—71, Т. 1—32, поврзано со пребогатите златни предмети во депоата кај Врап и Ерзеке, во југоисточна Албанија, како дел од касата на аварскиот каган што Кубер успеал да му го земе со себе во Македонија.

32
 

одбраната. Со нив се поврзува и обновата на Стобската епископија во доцниот 7. век, макар што градот Стоби цел еден век пред тоа бил целосно разурнат и оставен без жители. [22] Меѓутоа, Кубер го праќа својот шпион Маврос во Солун, да планира напад. Ова е откриено и Кутригурите биле протерани од овие краишта. За натамошната судбина на Сермесијаните изворите молчат.

Археолошките наоди укажуваат дека Кубер тргнал кон граничниот северноепирски регион за да се насели таму. Во Ерзеке близу Корча и во Врап кај Елбасан најдени се делови од неговата благајна. заробена во борбите против аварскиот каган. Два дела од ова фамозно богатство се откопани уште на почетокот од нашиот век, а по третиот дел cѐ уште се трага.


III. 3. Бугарски освојувања на Северна Македонија. Границата кон Византија. Обнова на тврдините.

Во 807 година водачот на Бугарите во Панонија, Крум, бил избран во Плиска за каган на сите Бугари. Со него започнува нова историска етапа на Источниот и Средниот Балкан. Во борбите неколку години по ред, Бугарите ја потиснуваат византиската власт кон крајбрежните зони на Црното и Егејското море. Низа византиски градови биле освоени и ограбени, до Сердика (Софија) на запад. Под кнезот Борис (852—889 г.) и син му Симеон. бугарската власт ќе се прошири на запад до Дрина и до Јадран, со премолчана согласност на Византија. Новата голема држава го опфатила и подрачјето на денешна Република Македонија.

Сфаќајќи ја важноста на новата вера, во 864 година Борис го прифаќа христијанството (царот Михајло III како кум му го дава своето име). Борис лично спроведува покрстување и сурово се пресметува со оние што пружаат отпор. Во регионот на Брегалница биле покрстени 4.050 (или 14.000) Словени. Грчкото свештенство ја организира Бугарската црква, а тоа влијае врз забрзаниот процес на политичкото и етничкото обединување на Прабугарите и Словените. Старите племенски имиња се губат. Со помош на Рим и преку притисок врз Цариград, бугарската црква добива свој архиепископ. Следбениците на Константин и Методиј, Климент и Наум, доаѓаат во 886 година од Моравија во Охрид и тука шират христијанство и писменост.


22. В. Поповиќ 1980, 249—252, сл. 5.

33
 

Cл. 6. Обележја на власта на балканските простори во 10. век: 1, 2. амулети со тн. глава-јавач од Чемрен (Зовик) и Прилеп (Варош); 3. тамга од Арангел кај Кичево; 4. амулет-печат од Девол (Дреново кај Кавадарци); 5. двостран печат од Јегуновце кај Тетово; 6. појасна тока со лав-грифон, Девол (Дреново)
Cл. 6. Обележја на власта на балканските простори во 10. век: 1, 2. амулети со тн. глава-јавач од Чемрен (Зовик) и Прилеп (Варош); 3. тамга од Арангел кај Кичево; 4. амулет-печат од Девол (Дреново кај Кавадарци); 5. двостран печат од Јегуновце кај Тетово; 6. појасна тока со лав-грифон, Девол (Дреново)

34
 

За време на владеењето на помладиот син на Борис, Симеон (893—927 г.) Бугарија го достигнала врвот на својата моќ. Во низа судири со Византија тој ја проширува својата држава на нејзина сметка. Во 904 г. Арапите од Триполи го освоиле и го ограбиле Солун, а голем дел од жителите одвеле во пленство. Симеон го користи тоа за да ја помести границата на југ, поблиску кон Солун. Во 913 г. доаѓа со војска под Цариград и од патријархот изнудува царска круна. Во 914 г. ја пустоши околината на Солун и Драч. Во 918 г. продира низ Грција до Коринт најуги ја изнудува титулата „Цар на Бугарите и Ромеите” [23]. Во 924 г. Симеон ја покорил и страотно ја опустошил Србија. Призната е самостојната бугарска патријаршија.

По смртта на Симеон Бугарија брзо слабее, а Византија ги враќа своите поранешни територии и хегемонија врз Средниот Балкан. Рускиот кнез Свјатислав ја покорува Бугарија и владее со неа. Во 971 г. царот Јован Цимиск, Ерменин на византискиот престол, ја освојува Бугарија и влегува во Преслав. Цела Бугарија повторно станала дел од Византиската империја, до Дунав на север, до Дрина и до Јадран на запад.

*  *  *

Посматрано од археолошки аспект, токму во ова време паѓаат вистинските почетоци на словенското средновековие. Приливот на нови словенски групации во Среден Балкан мора да бил голем во тоа време. Близу стотина некрополи на нашето подрачје, во кои се ископани наоди од 10.—12. век. во низа случаи укажуваат на можните почетоци од 9. век. [24]

Балканските Словени. населени на широкиот простор од Црното до Јадранското Море и од Дунав на север до Коринт на југ, создаваат сега единствена материјална култура која ги обединува во една голема балканска заедница. На целиот тој простор, во маса метални производи (делови од воената опрема, облека и накит), меѓу стандардните форми користени од словенското население, одвреме-навреме се појавуваат специфични предмети врзани за бугарско болјарство како носители на новата државна управа (сп. сл. 6). [25]

Во нашата историографија никој не обрнал внимание на словенското доселување во 9. век во среднобалканските простори. Тука помислуваме на


23. Г. Острогорски 1959, 248—258 (за овој и за следните настани наведеки кај нас).

24. Е. Манева 1992, 15, 36 и н., 113—240 (каталог на наодите).

25. За појасната тока од Девол-град. Дреново (лав-грифон врз друго животно) сп. З. Вински 1974, 62, 67, 72—73 и Т. II. 7—11; И. Микулчиќ 1983, 213—214, сл. 3; — Ж. Аладжов 1981, 22—27; — За релјефните амулети со глави-јавачи од Зовик и Прилеп; Љ. Џидрова 1989, 247—257. — За двојннте печати-амулети: Р. Рашев 1988, 57—61 и В. Залескаја 1980, 48—51.

35
 

нови бранови од изворното Подунавско јадро, покренати по сломот на Аварскиот каганат во Панонија (крај на 8. век). Сломот на Аварите овозможил повторно воспоставување на врските со словенскиот север. Трговците од Византија можеле да патуваат безбедно до Морава на север, а по нив и Константин (Кирил) и Методиј, таму да ја извршат својата мисија. Учениците на Методиј, избркани од Моравија по неговата смрт, доаѓаат на Балканот за да го шират христијанството на словенски јазик.

Контактите со прекудунавскиот словенски север имаат археолошки потврди кај нас во вид на низа специфични предмети, произведени или идејно креирани на Север. Пронајдени се во нашите крепости Чрешче, Собри, Стена, Давина и др. (сп. сл. 7. 108, 147, 164, 175). [26]

Сл. 7. Амулет-„рокче” со глава на Перун-Свевид, со 4 лица. „Давина”, с. Чучер кај Скопје, 9.—10. век
Сл. 7. Амулет-„рокче” со глава на Перун-Свевид, со 4 лица. „Давина”, с. Чучер кај Скопје, 9.—10. век


26. Ј. Poulik и др. 1985, 14, сл. 3.1, 10, T. I — за апликата од Стенче и појасното јазиче од Чрешче; Т. III (жел. оструга од Остров-Башовце) блиска е до таков наод од Собри кај Тетово. — Н. Чаусидис 1994, 462, Т. 105, 1—7; четириглавиот Перун-Свјатовид од Преслав, Вислица и од повеќето балтички локалитети, аналогни на нашето рокче од Давина кај Скопје.

Во оваа смисла зборуваат и повеќето топоними; така на пр. Морава (низ цела денешна Србија и на Косово, во северното подножје на Скопска Црна Гора); Морава се вика и крајот северно од Костур; потоа источниот крај на Корчанскиот регион, во југоисточна Албанцја. Боемија (второ име за Чешка) се вика микро-регионот околу Валандово, долж Анска Река (Боимија), потоа регионот и гратчето Боемнца (ден. Аксиуполис) јужно од Гевгелија.

36
 


III. 4. Државата на Самуил: градови у крепости

1. Историски осврт.

За историските настани од тоа време и за создавањето на државата на Самуил доволно е пишувано кај нас и во светот. [27] Ова големо историско поглавје ќе го проследиме од наш аспект: низ постоењето на укрепени места на овие простори. Но, пред да се свртиме кон тврдините, во најкуси црти ќе ја проследиме хронологијата на настаните од тој период (969—1018 година).

За востанието на Комитопулите — четирите сина на комисот (кнез) Никола против централната византиска власт во 969 г. се уште се дискутира. Почнувајќи од 976 г. наваму, настаните се многу појасни. Тогаш царот Јован Цимиски, Ерменец (како и комес Никола и жена му Хрипсиме, родителите

Сл. 8. Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (oд саркофаг „Г”) црква Св. Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос)
Сл. 8. Ликот на царот Самуил, реконструиран според неговиот череп (oд саркофаг „Г”) црква Св. Ахил, Мала Преспа (по Н. Муцопулос)


на Самуил и можеби роднините на царот), бил убиен од соперникот Василиј II. Комитопулите му откажуваат послушност на новиот цар и креваат востание.

Во борбите со Василиј преживува само Самуил. До 986 г. Самуил ги освоил западните византиски теми до Тесалија на југ, а на исток-денешна


27. Не навлегувајќи во обемната современа литература за овие настани, ќе се повикаме на изложувањата на Г. Острогорски (1959), С. Антољак (1985, I) и Б. Панов (1985, III), како и на Д. Ташковски (1961).

37
 

западна Бугарија до познатиот планински премин Трајанова Порта (Суци, Ихтиман). Користејќи ја граѓанската војна што била водена во Византија, Самуил ја освоил и Дукља (987 г.) и продрел преку Дубровник и Сплит до Задар на запад. Власта ја проширил н преку денешна Србија до Дунав на север.

По обидот да ја освои и Средна Грција, во 995/6 г. Самуил е тешко

Сл. 9. Царот Василиј II вооружен како оклопен коњаник. Минијатура на цариградскиот псалтир од 1017 г.
Сл. 9. Царот Василиј II вооружен како оклопен коњаник. Минијатура на цариградскиот псалтир од 1017 г.


поразен на реката Сперхеј и со тоа почнува периодот на слабеење на неговата држава. На Василиј II му ветува номинална покорност но сепак, во 997 се крунисува за цар.

38
 

По ова Внзантија преминува во офанзива. Во 1000 г. Василиј II му ги одзема источните делови (денешна Бугарија) до Средец (Софија) на запад, а во 1001 г. и Тесалија, западномакедонските градови Верија и Сервија; Во 1002 г. го освојува Видин и по него цела денешна Србија, до Скопје на југ. Кај Скопје во големата битка Самуил повторно е поразен и го губи засекогаш овој најзначаен град на Средниот Балкан. Управникот Роман, синот на последниот бугарски цар Петар II, без борба му го предал Скопје на Василиј.

Во 1014 г. Василиј II решил да го разбие и преостанатиот дел од државата на Самуил. Во долината на Струмешница, во теснината кај Клидион-Клуч (10 км источно од границата кон Бугарија) се случила познатата битка во која Самуил одвај останал жив, а преживеаните војници му биле ослепени. Набргу по ова Самуил умира.

Гаврил Радомир, неговиот син, како цар немал многу среќа. По неполна година владеење бил убиен од братучед му Јован Владислав по иницијатива на Василиј. Василиј победоносно влегол во Охрид и во Преспа и таму оставил свои управници и гарнизони. Макар што Владислав номинално ја признал власта на Византија, набрзо дошло до разидување меѓу двата владетели и војската на Василиј во 1016 г. ја пустоши Пелагонија, ги опседнува Струмица и Перник и освојува неколку тврдини. На самиот почеток на 1018 г. Јован Владислав умрел при опсадата на Драч, а неговата вдовица со децата и соработниците им се предале на Василиј. Државата на Самуил престанала да постои.


III. 4.2. Градови и тврдини под Самуил

Сите воени походи, како од македонска така и од византиска страка, имале за цел да освојат или да одбранат некоја крепост. Стратешки гледано, државата претставувала систем на поголеми крепости (кастрони) опкружени со голем број помали тврдини и стражи (фруриони) кои им помагале на првите во одбраната.

Големите крепости за кои станува збор, кастроните, во следните векови ќе израснат во „вистински” градови, а тоа значи дека покрај воената тврдина (акропола, цитадела, горни град) ќе се формира и цивилна населба (подградие, варош, емпорион) со стопанскиот дел (трг, пазариште; турски: чаршија). Покрај воената и цивилна власт тука ќе столуваат и црковните старешини — епископите во големите градови и нивните заменици (суфрагани) во помали кастрони.

39
 

Во поново време низа истражувачи се интересирале за проблемот на градовите во Византија во раното средновековие. Тие се едномислени дека од 7. до 11. век таму немало вистински градови, полиси (освен Цариград и Солун). Наместо нив егзистирале бројни мали гратчиња-тврдини, обележани како кастрони. [28]

Тоа важи и за нашиот простор. Забележано е дека под Борис, бугарските одреди навлегле во византиските теми Тракија и Македонија, но таму регентката Теодора (843—856) поставила воени одреди во кастроните. Тие ги напаѓале Бугарите и ги принудиле да се повлечат назад. Градењето (или обновата) на кастроните претставувало прва етапа во фортифицирањето на византиските погранични области, додека подоцна биле градени или обновени и бројни мали крепости (фруриони) околу првите. Кога потоа Борис и Симеон, а по нив и Самуил, ја рашириле својата држава на сметка на Византија, овие области и крепости во нив станале „бугарски”. Така слушаме за „бугарските кастрони” преку граничната река Марица и за “бугарските фруриони” ширум државата на Самуил, како што тоа го наведуваат византиските автори. [29]

Бројот на тврдините, особено на оние малите, несомнено бил голем. Од воените извештаи дознаваме за 30 фруриони околу Драч, или за 35 фруриони кои заедно со Перник му се предале на Василиј II во 1018 г. [30] За жал, само некои поголеми и позначајни крепости се забележани со своето име.

За повеќето имиња дознаваме од повелбата на Василиј II за правата на Охридската архиепископија (од 1018, 1020 и 1025 г.). [31] На територијата на Република Македонија под нејзината јурисдикција се наоѓале епископиите Скопје, Мородвис, Струмица, Пелагонија-Бутела и Охрид, како и деловите на епископијата Призрен (областа Полози) и Меглен (Просек и Мориово). При секоја епископија наведени се и помалите црковни единици — енории со нивните седишта во коишто столувале замениците на епископите. Во некои случаи не сме сигурни дали наведените имиња означувале само регион или и кастрон како седиште на суфраганот.

Ова е првиот исцрпен преглед на средновековните укрепени места во Македонија што сме во состојба да го составиме. благодарение на пишуваните документи од тоа време. а кои се потврдени преку археолошките оста-


28. N. Svoronos 1966. 3, 9 — према С. Антољак 1985, I. 524 и заб. 899; — А. Dunn 1994, 60—30; — W. Müller-Wiener 1986, 434—475 и бројни други.

29. Г. Острогорски 1959, 219—221 и С. Антољак 1985, I, 524.

30. Ј. Иванов 1931, 526.

31. Истиот, 520 и н. (гл. 67) исцрпно ги коментира овие повелби и сите црковни седишта (епископски ц енориски) во нив. И нашиот преглед се потпира (со неколку исклучоци) на неговите локации.

40
 

тоци на теренот, како веродостојна потврда на нивно дополнување. Меѓу местата од ова време егзистираат низа големи или помали кастрони и голем број помали тврдини, фруриони, чии имиња главно не ги знаеме. В. Тапкова-Заимова која пред 4 децении прва се занимавала за овој преглед, ги означила сите епископски седишта како градови, полиси. [32] За жал, не е во право. Дури во времето на Кедрен. Теофилакт Охридски и другите подоцнежни писатели, некои од овие епископски столици ќе израснат во „вистински” градови (полиси). Меѓутоа на преминот од 10. во 11. век тие места cѐ уште биле кастрони. Тоа може да се заклучи врз основа на археолошките остатоци на теренот.

Прегледот на местата во нашата Република од времето на Самуил ќе го дадеме не според азбучниот, туку според регионалниот принцип следејќи ги од север кон југ и од исток кон запад. Сите овие места исцрпно се прикажани во Прегледот (гл. VII).


1. Скопје, денешно Скопје, значаен кастрон, потоа полис, седиште на епископот и на дуксот на темата „Бугарија”. Како енории под јурисдикција на скопската епископија наведени се:

— Бинеч. Постои и денес под тоа име 32 км северно од Скопје, во северното подножје на Скопска Црна Гора, на изворите на Биначка Морава. Урнатините на средновековниот град лежат на ридот јужно од селото (Заимова ги наведува како можни локации селата Винци и Винце североисточно и источно од Скопје, меѓутоа, таму на теренот нема археолошки остатоци од тоа време).

— Луково. Можеби тоа е крепоста лоцирана кај с. Градиште, 20 км југоисточно од Куманово и 38 км источно од Скопје, во микро-регионот Лука (сп. Преглед).

— Преамор и Принип. Нема сигурни индиции на теренот, ниту денешни топоними како врска со нив. Еден од нив можеби стоел на Давина, с. Чучер, 12 км северозападно од Скопје (сп. Преглед).


2. Моровизд. Според остатоците на теренот тој бил помал кастрон над денешното село Мородвис, 8 км јужно од Кочани. Во 9. век во тој регион градот Равен бил седиште на Брегалничката епископија, основана од Борис. Во 10. и 11. век тој град веќе не се спомнува. Равен лежел веројатно кај с. Крупиште, 14 км западно од Мородвис. Во 14. век епархиското седиште од


32. В. Тапкова-Заимова 1956, 40—60 и особено 54—57, ги следи местата на нашето подрачје и приложува карта за тоа. — Т. Томоски 1984–85, 33—45, се обидува да даде скица на картата на средновековни градови во Македонија, но не навлегува во нивната категоризација ниту во хронологијата, а локациите што ги предлага во најголем број случаи се провизорни.

41
 

Мородвис било пренесено во Злетово (Лесново). Како епархии под Мородвис наброени се:

— Козјак. Несомнено се однесува на денешниот планински регион Козјак (Козјачија) источно од Куманово, со средиштето во Канарево (град Козјак?);

— Славиште, питома долинка покрај Крива Река, источно од Козјак. Средиштето на регионот била крепоста во с. Опила, можеби со исто име — Славиште?

— Луковица. Се однесува несомнено на големиот кастрон Калата, 3 км југозападно од с. Луковица и 4 км јужно од Македонска Каменица, 15 км западно од Делчево. Некои истражувачи ја предлагале како локација на Луковица долината на Лакавица, јужно од Штип. Оваа долина, со центарот во Конче, потпаѓала под Струмичката епархија и таа претпоставка не е основана.

— Пијанец и Малешево. Регионите така се викаат и денес. Доколку постоеле „градови” со вакво име, во што се сомневаме, тие не се лоцирани. Како значајни регионални средишта од тоа време потврдени со археолошки остатоци, ги истакнуваме крепостите Звегор (југоисточно од Делчево) и Будинарци, западно од Берово. Можеби тие биле седишта на енории?

На подрачјето на Мородвишката епископија се наоѓал и фрурион Штип (Стипеион), освоен од Василиј II во 1014 г. и целосно урнат во 1018 г. Бил обновен дури во 14. век кога добил и подградие, трг, повеќе цркви и кога станал седиште на регионалните феудалци Оливер и Константин Деанов.


3. Струмица. Силен кастрон кој добил големо подградие. Веројатно поради рехеленизацијата, епископскиот стол бил пренесен во манастирот Велјуса (Елеуса), 8 км северозападно од Струмица. Црковното име на епархијата било грчко: Тивериопол. Како енории под Струмица забележани се:

— Радовиште, денес Радовиш, средиште на регионот. Урнатините на средновековниот фрурион лежат на ридот северно од Радовиш.

— Конче, денес с. Конче, средиште на регионот (долинката на Лакавица). Урнатините на средновековниот фрурион лежат на ридот југоисточно од Конче.

Во регионот на Струмица лежел веројатно фрурион Термица, забележан во походот на Давид Аријанит во 1016 г. Лоциран е кај Банско, 11 км југоисточно од Струмица. Археолошките докази го потврдуваат тоа.


4. Бутела, истоветна со Пелагонија (?), денешна Битола. Значаен кастрон. Во епископијата на Битола наброени се енориите:

— Прилеп, денес Маркови Кули над Варош кај Прилеп. Силен фрурион, археолошки истражуван. Во доцниот 14. век ќе израсне во престолнина и

42
 

седиште на нова епископија.

— Дебреште (Деуретис), денес с. Дебреште, 24 к.м северозападно од Прилеп. Крајпатен фрурион, археолошки истражуван.

— Велес, денешен Т. Велес. Помал кастрон, 2 км јужно од градот.


5. Охрид, денешен Охрид. Кастрон титулиран и како полис — архиепископски стол и една од престолнините на Јован Радослав. Под Охрид се наведени енориите:

— Кичава, денешно Кичево. Кастрон, уништен во наше време.

— Преспа, кастрон на островот св. Ахил во Мала Преспа (денес Грција). Престолнина на Самуил, Гаврил Радомир и Јован Владислав. Средиште на Преспанскиот регион.

— Мокра, фрурион и истоимена област на западниот брег од Охридското Езеро, покрај магистралниот пат за Елбасан и Драч. И денес така се вика. Од некои историчари погрешно е лоциран источно од Охрид. Денес е во Албанија. Овој регион ги опфаќал несомнено и западните делови на денешната општина Струга.

Во Охридско-Преспанскиот регион се забележани уште 2 крепости. Кога Василиј II во 1015 г. тргнал од Охрид преку висока планина (Исток, Петрина) кон Преспа, а за да го осигури тој пат, изградил таму фрурион Василида. Царот многу брзал и логично е дека тој можел само да обнови некоја стара крепост. На тој пат лежат 2 кастели. близу до с. Евла и с. Петрино, Ресенско. Еден од нив несомнено била Василида.

Следниот фрурион Василиј го нарекол Константија. а се наоѓал на „помалото езеро”. Не е лоциран. Можеби се наоѓа на теренот на обновениот град Преспа?

Кастронот Присдиана — Призрен лежи во денешното Косово, Србија. Под власта на епископот од Присдиана се наоѓала и нашата област Полог, со енориско седиште во Леаскоумц — во 12. век е забележан со словенско име Љеш’ск, денешен Лешок, 8 км северно од Тетово. Претставувал помал но многу силен кастрон. По неговото уривање во 1190 г. опустел и црковно средиште на Полозите во 13. век станало Тетово, прераснувајќи во 14. век во епископија. [33]

Во денешната област Меглен во Грција стоел кастронот Моглен како седиште на епископ. Под неговата јурисдикција се наоѓале и некои наши краишта, со енориски седишта во:

— Просек, денес Демир Капија; многу голем и силен кастрон со одделно укрепена варош. опкружен со повеќе крепости.

— Морихово, кастрон, средиште на областа со исто име до денес (Мориово, Мариово). Веруваме дека е идентичен со Градок помеѓу Чаниште и


33. Р. Гpујћ, 1933, 33—77.

43
 

Манастир, 20 км јужно од Прилеп. Тука е и главната црква во целиот регион, Св. Никола во Манастир од 11. век, обновена во 13. век. Во 14. век регионалното средиште ќе се помести 9 км јужно, исто крај реката Црна, во кастронот Чемрен кај с. Зовик.

Важно е да кажеме дека во јужното подножје на планинскиот венец Ниџе-Кожуф, покрај Меглен постоел цел синџир словенски — македонски тврдини, кои претставувале пограничен фронт кон Солунското Поле — византиската тема Македонија. Тоа се: Молиск, Сетина, Кардија, Острово, Воден, Св. Илија, Соск (Суботско), Енотија и Мачуково. Последната тврдина лежела на самиот Вардар, на левиот брег, покрај селото коешто го сочувало истото име (грчки: Мацукион), 5 км југоисточно од Гевгелија. Денес е прекрстено во Евзони и се наоѓа на граничниот премин Богородица.

Во 1016 г. Давид Аријанит тргнувајќи од Солун кон Струмица, попат го освоил Мацукион. Чудно е дека сите историчари го бараат Мацукион некаде околу Струмица, макар што таму нема такво место. Мацукион — Мачуково — Евзони е внесен во сите топографски карти и за него нема дилеми.

Како заклучок на сето ова можеме да го повториме она што го навестивме веќе на почетокот на оваа глава. Целата држава се потпирала врз мрежа од укрепени места — кастрони и фруриони, во кои престојувале воено — цивилните управници и управни гарнитури, како и воени посади собрани од домашното население и на доброволна основа. Повисоките и највисоките функции тука биле контролирани непосредно од владетелот и доверени на лица во кои тој имал полна доверба. Пониските функции ги добивале луѓето од народот што се истакнале со некоја способност. Крепостите од тоа време, оние кои што успеавме да ги идентификуваме на теренот преку археолошки остатоци, зборуваат преку своите градежни особености дека тоа се без исклучок рановизантиски (предсловенски) крепости кои со извесни поправки биле оспособени за потребите на времето. Ново ѕидање настанато во ова време (10.—11. век) не ни е познато. Тоа наведува на заклучок дека поправките на старите обѕидија биле изведени главно во техника на сувоѕид, без малтер, зајакнати веројатно со дрвени греди. Тие не се одржале до денес.

Исклучок претставувале можеби неколкуте најзначајни кастрони како што се Битола, Преспа и Охрид кои што Јован Владислав ги обновил, веројатно во цврста малтерна техника. Меѓутоа и нив Василиј ги урнал во 1018 г. и ние можеме само да претпоставуваме ваква можност.

44
 


III. 4.3. Цркви во 9. и 10. век.

Сите кастрони што ги наброивме биле изградени врз остатоците на најзначајните доцноантички укрепени места во овие краишта. Речиси сите тие места преставувале црковни средишта во 5. и 6. век. Направивме осврт (Гл. II.2.A)) врз овие гратчиња и видовме дека на ова подрачје постоеле нај-малку 17 градови — епископии. Оваа бројка одговара приближно на бројот на епископиите и енориите од времето на Самуил, забележани во повелбите на Василиј II (ги има вкупно 22 или 23).

Ако ги изземеме неколкуте нови регионални центри наброени како енориски средишта кои не постоеле во доцната антика (Пијанец и Малешево; Радовиш и Конче; Луково и Принип или Преамор кај Скопје; Лешок кај Тетово) — или старото регионално средиште било на друго место (Коњух — Транупара? наместо Луково; Виница — Келенидин? наместо Малешево), добиваме сосем иста бројка. Знаеме дека бугарската црква на Борис била организирана од византиското свештенство. Патријаршијата во Цариград тргнала од доцноантичката црковна организација сочувана во документите и во 9. век ја реактивирала секаде каде што тоа било можно. Меѓутоа речиси сите нови средишта носат сега словенски имиња.

Црковната организација соодветствувала, всушност, на управно-политичката организација. Веројатно поради подобрата контрола над овие територии што Византија ги изгубила во 7. век, а и поради различниот степен на христијанизирање, црковните центри сега биле поместени во 2 ранга: во епархиски седишта врзани за позначајни кастрони и во енориски седишта потчинети на првите, а сместени во помали и периферни кастрони со помало значње.

Ако ги изземеме првите епископии — Равен или Белица (Дрембица) кои набрзо игаснале, сите останати епархии и енории биле прифатени од црквата на Самуил и продолжиле да функционираат во рамките на Охридската архиепископија и низ следните векови. Дури за време на царот Душан оваа организација ќе претрпи значителни измени.

За оваа организација и за другите црковни проблеми многу е пишу-вано и тоа не е предмет на нашите истражувања. Ние сакаме тука да укажеме на некои елементи врзани за материјалните остатоци на теренот.

— Седиштата на епархиите и енориите во 9.—10. век не биле избрани случајно. Тоа се без исклучок регионални стопански, а со тоа и управни и воено-политички средишта. Тоа се доцноантички градови и гратчиња кои

45
 

биле обновени во 6. век, непосредно пред доаѓањето на Словените. Тие останале релативно добро запазени и во следните векови и затоа се избрани за седишта на новите воени гарнизони, а потоа и на цивилната и црковната управа во 10. век. Добро запазените обѕидија, особено на акрополите, овозможиле релативно брзо и без многу издатоци да се оспособат за новата држава. Кон нив воделе патишта изградени уште во античко време. Околу нив лежеле стари рудници што привлекувале внимание како на околното население така и на властодршците.

— Следната причина за обновување на старите гратчиња биле бројните цркви во, или околу нив. Веќе споменавме (Гл. II.2.А) дека според денешната евиденција ги имало околу 230! Неколку десетини од нив се ископувани во наше време и тука се пронајдени остатоци од обнова зо 10.—12. век. Тоа се најчесто големи трикорабни базилики кои биле преголеми за новите потреби. Затоа бил надѕидуван само средишниот кораб и тоа не во целата должина. Во неколку случаи бил обновен само олтарниот простор (презвитериум). Во преостанатите делови на урнатата базилика — во нејзиниот нартекс и во јужниот (поретко и во северниот) кораб биле закопувани умрените. Гробовите се вкопани во паднатиот шут, најчесто до длабочина на стариот под.

Бидејќи ископувањата не беа водени секогаш на потребно стручно ниво, позицијата на овие гробишта во целина ни овозможува денес да ја реконструираме големината на средновековната црква. Квалитетот на ѕидањето на овие цркви бил слаб, изведен главно без малтер, со прирачен материјал (паднати камења, искршени тули и ќерамиди, парчиња од камена пластика, поврзано со многу кал). Затоа при археолошките ископувања тие ѕидови по грешка биле тргнати без да се идентификуваат како такви и да се документираат. Само неколку најстари и најзначајни цркви кај нас, од доцниот 9. и 10. век, биле градени плански, ѕидани со малтер и според новите градежни концепции од тоа време (Охрид, Струмица и Водоча, Крупиште — Равен).

На ова место нема да ги набројуваме сите крепости во кои или покрај кои се констатирани вакви обнови на спомнатиот начин. Секој ваков случај е прикажан во Прегледот (Гл. VII).

Saturday, July 7, 2018

Ѕвездичка -asterisk

Еве објаснување за ѕвездичката ,напишана дамнешната 1896 год. Нејзе на англиски ја преведуваат како asterisk .

"Words not actually extant are marked by asterisks.." 1 
преведено 
Зборови што всушност не постојат, се означени со ѕвездички.
Значи: Овој знак се става на почетокот на зборот за да со него се посочува за корен на збор  што не постои , го нема , не е најден , никаде не е запишан ,ама се претпоставува неговото постоење и затоа се бара за да се најде  
__________

1. Liddell & Scott " Greek-English Lexicon ", PREFACE to sixth edition, Oxford,1869

Friday, July 6, 2018

Околу зборот Тора во еврескиот јазик

Rec = tohar (na evrejski) od Stariot Zavet ....1
постои промената
х <с .

Поради немање време не сум стигнал освен неколку примери да дополнам со малце појќе , а тие неколку ги повторувам , затоа што се точни .
УспеХ
успеСи 
кај нас 

Серце 
Херц
од кај нас во латинскиот 

Херр
Сер 
во германо јазиците ..

Потоа промените низ палатализација 
т- 
Гратиа 
Грациа

Граесија 
Грција 
Грк
Грци
Грчки 
ова вели 
т>ч

Тора 
т>ч

*Чора
читано од десно кон лево би требало да биде 
*ароЧ
*Ароч
*Роч
Реч 
:))

Па отука и објаснувањето зошто Тора да е Господова Реч



 
http://biblehub.com/hebrew/2892b.htm


Најголема благодарност до братот Марко Марк за  укажувањето 
:) 

Thursday, June 28, 2018

Nема да имам причина да бидам комунист

 Јас сум со комунистите, но не сум комунист по убедување. Кога ќе се оствари слободата на Македонците, јас повеќе нема да имам причина да бидам комунист."

"Токму поради тие ваши „повисоки интереси“(непризнавање на постоење македонски народ, право на држава и распарчување на Македонија), стотици илјади српски мајки се завиени во црно, токму поради Македонија. А исто така, и многукратно повеќе македонски, бугарски и грчки мајки – и сѐ тоа без никаква полза за народите на Балканот. Јас гледам дека заради вашите „повисоки интереси“, вие ќе создадете и нови гробници.Затоа и јас и сите кои мислат како мене мораме да ја говориме вистината за Македонија и да се потрудиме да ја разбудиме свеста кај сите балкански народи – тие да ги спречат идните гробници поради Македонија."
"A народот се чувствува како Македонци
Хрватскиoт oпштественик Хрвоје Магазиновиќ тој период разговарал со некој Македонец и го прашал – зошто се определил за комунистите? Македонецот кој e именуван само како Јовановски, одговорил:
– Тоа е единствената партија што ги признава Македонците како нација со свој јазик и култура и со право на своја држава… Народот се чувствува како Македонци. Јас сум сега Јовановиќ, ама моите родители беа Јовановски. Јас сум со комунистите, но не сум комунист по убедување. Кога ќе се оствари слободата на Македонците, јас повеќе нема да имам причина да бидам комунист."


_____________



Македонскиот национализам е културно-општествено и политичко движење за утврдување и зачувување на националните одлики, особености и вредности на македонската нација. Или пак, како што вели Крсте Мисирков во 1903 – „ние туѓо не сакаме, а своето си го браниме“.
Зачетокот на македонските национални идеали, како впрочем, и кај другите народи, е некаде во 19. век.
Српскиот историчар и политичар Стојан Новаковиќ е еден од странците кои пишувале за, но и против македонскиот национализам, а не е меѓу првите. Во 1888 година во писмо до српскиот министер за просвета, тој говори за тоа – како преку „мудро, тактичко негување на македонскиот ’дијалект‘ и македонските посебности“, може да го искористи веќе постоечкиот „македонизам“ во корист на големо-српските интереси.
Од историска гледна точка, самото изложување на тој план за „мудро“, постепено „србизирање“ на Македонците, сведочи за веќе развиена свест кај Македонците за својата јазична, етно-културна и национална посебност.
Неговиот внук Коста Новаковиќ во 1920-те имал сосем поинакви погледи, бидејќи се соочил со „македонизмот“ во својот најрадикален облик. Во тнр. „Вардарска бановина“, односно во Вардарскиот дел на Македонија под српска окупација, „методот на дејствување на Македонците е подрастичен од другите сепаратистички пројави во Кралството, како што пишува и весникот „Хрватски лист“, меѓу другите, од тоа време.
Национално воскреснување
Сѐ тоа е „реакција на акцијата да се запре националното воскресение на Македонија и македонскиот народ“ (конкретно, од страна на српските окупаторски власти), се истакнува во написот.
„Македонското прашање може да биде разрешено само преку задоволување на националното право на Македонците – кога и ќе исчезне политичкиот ‘Гордиев јазол’ во Македонија… Што сакаат Македонците? – Тие тврдат дека се одделен народ со сите етнолошки особености, и тоа постојано го истакнуваат во својот печат што излегува во туѓина, како и своите политички и национални стремежи, кои сите ние треба да ги прифатиме како оправдани“, се вели натаму во статијата.
Коста Новаковиќ е српски новинар, професор и политичар, познат како „едно од најкрупните имиња на српската левица во 20. век”. Бил член на Српската социјалдемократска партија и еден од основачите на Социјалистичко-работничката партија (подоцна – Комунистичка партија на Југославија -КПЈ).
По Првата светска војна, на парламентарните избори во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците во 1920 година, Новаковиќ е избран за народен пратеник во Собранието од изборната единица Скопје. Но, три години потоа тој бил уапсен, а КПЈ забранета.
Народот се чувствува како Македонци
Хрватскиoт oпштественик Хрвоје Магазиновиќ тој период разговарал со некој Македонец и го прашал – зошто се определил за комунистите? Македонецот кој e именуван само како Јовановски, одговорил:
– Тоа е единствената партија што ги признава Македонците како нација со свој јазик и култура и со право на своја држава… Народот се чувствува како Македонци. Јас сум сега Јовановиќ, ама моите родители беа Јовановски. Јас сум со комунистите, но не сум комунист по убедување. Кога ќе се оствари слободата на Македонците, јас повеќе нема да имам причина да бидам комунист.
Најпознат труд на Коста Новаковиќ, е „Македонија на Македонците – земјата на земјоделците!“ од 1924 година, во која тој ја осудува дискриминаторската и угнетувачка политика на српските окупатори и недвосмислено го брани правото на национално самоопределување на Македонците и другите народи во Македонија. За тој напис, Новаковиќ бил осуден на шест месеци казна затвор.
Во жалбата врз основа на таа пресуда, тој меѓу другото изјавува:
– …Пред Вас е мојата брошура во која јас ја изнесов самата вистина за Македонија… Знам дека Вие ќе ми кажете – тоа што сум го напишал и рекол на претресот, за Македонија и животот на населението во Македонија, оти тие нешта се страшни и тешки и дека за нив не смее да се говори – па дури и ако се вистинити – оти им штетат на повисоките интереси… Токму поради тие ваши „повисоки интереси“, стотици илјади српски мајки се завиени во црно, токму поради Македонија. А исто така, и многукратно повеќе македонски, бугарски и грчки мајки – и сѐ тоа без никаква полза за народите на Балканот. Јас гледам дека заради вашите „повисоки интереси“, вие ќе создадете и нови гробници. Затоа и јас и сите кои мислат како мене мораме да ја говориме вистината за Македонија и да се потрудиме да ја разбудиме свеста кај сите балкански народи – тие да ги спречат идните гробници поради Македонија. Да ги спречат оние кои ги подготвуваат тие гробници, да се здружат во братски сојуз. Ете зошто мојата вистина е опасност за Вашата правда.
Осуден и од КПЈ и од монархијата
Жалбата му била одбиена, и тој ја одлежал казната. По две години, во 1926. повторно е уапсен и осуден на пет години затвор, поради комунистичка пропаганда, но наредната 1927 година КПЈ го организирала неговото бегство. И, така пребегнал во Советскиот Сојуз, каде што е претставник на Балканскиот секретаријат во Извршниот комитет на Интернационалата.
По 1930-та, поради неговите убедувања и темперамент, прво неговата матична КПЈ го исклучува од своите редови, а потоа и водечки сталинисти од Коминтерната го обвинуваат Новаковиќ за фракционерство. Тоа за него во Москва ќе значи помалку платена работа и огромна сиромаштија. И конечно, во 1938., е уапсен како некој што со своите фракционерски борби ѝ нанел штета на партијата. Осуден е на смрт и погубен на 19 април, наредната 1939 година. Посмртно е рехабилитиран неколку децении подоцна.
Во годините кога српските монархисти сакале „со оган и меч“ да го задушат македонскиот национален дух и македонското име, Коста Новаковиќ застанал во негова одбрана, и се жртвувал за тоа.
Малку позната, но доста значајна личност, која заслужува поподробно историографско проучување и повидно место во македонската национална историја.
 https://denesen.mk/kosta-novakovikj-srbin-iskluchen-od-kpj-i-osuden-na-smrt-poradi-makedonija-i-makedoncite/

Цицерон

"- Една нација може да ги преживее своите будали, па дури и амбициозните. Но не може да го преживее предавството однатре. Непријателите на портите се помалку застрашувачки бидејќи се познати и отворено го носат знамето. Но предавникот се движи и итро шепоти низ уличките, а се и слуша во салите на самата влада. Самиот предавник не личи на предавник; тој зборува слично како неговите жртви, ги носи нивните лица и нивните аргументи и лежи длабоко во срцата на сите луѓе. Тој ја уништува душата на нацијата, работи тајно и непознато во ноќта за да ги поткопа столбовите на градот. Го инфицира телото на политиката за повеќе да не може да постои. Од убиецот човек помалку се плаши...

Tuesday, June 26, 2018

Последици од теоријата за доселување на Словените



Видувањата на аналитичарот Александар Станковски гостин во емисијата „Отворено студио„ на ТВ Нова со новинарот Слободан Томиќ, околу Словените и  учењето за нивното доселување од североисточниот Зад Карпатски венец кон југ исто така ги согледувам дека се со обратен правец од југ па наоколу.

 Последиците од таа кај нас сеуште официјална наука за некакво доселување што е прифатено како аксиома во умовите на оние што истото го проповедат , се следниве :

- Откако се застанало на тезата дека Словените се дојденци , поради геостратегиските позиции на Царска Русија,дека тргнати се од зад Карпатите ,па на Германија па на остатокот од Западот ,се случуваат следните нешта .Словените се третираат како туѓ елемент кој е дојден на територија која не била нивна ,па таа територија започнува да бидува предмет на повторно присвојување .Овој пат освојувањето на терироријата на Словените како цел се одредува не Царска Русија ,која со таа теза се наметнува како мајка заштитника на сите Словени , туку од страната на империјалистичките сили на западниот Капитал и неговата воена геостратегија за ширење ..
Така за последица согледуваме намалување на територииите на лужичките Срби се до нивно речиси исчезнување,каде вече создадените германски кнежевста се шират ,па воспоствавувањето на Австрија врз она што се викало Картагина ,Истра со сегашните именувања на Бенешка Словенија па Јулијска во Италија,па создавањето на Грција и Албанија на Балкан.Последиците повеќе од видливи .Принципот е тој
Откако се заврши со Индијанците од Америките , територијата им беше населена со доселеници од сиот Свет.
Најпрвин била прогласена за слободна територија за да потоа биде присвоена од дојденците.
Така било и со територијата на Абориџините .
Односот на освојувачите спрема освоените е типичен Господар -роб однос при штонаучната мисла во теоријата се става во улога напромотор на некакви дотогаш непостоечки вредност односно обезвреднувања на домородното население.Дали на пример знаевте дека речиси вчера , Абориџините одноисно вистинските домаќини на Австралија успеале , внимавајте успеале да се изворат за сопственото право да се наречат - ЛУЃЕ .
Зошто ?
Затоа што биле третирани нешто како суштество што било повиско од животните а пониско од човек .
И со териториите на цела Африка е ист таков и пристапот и односот .

Отука и не изненадуваат дефинициите за терминот Словен на кој што освен значењата на народ,хронолошки со тек на времее ги има и сите можни постоечки најниски вредносни и му се додааваат се понови и пониски значења со кои можело да се опише некој човек како на пример ; “развратници ,дивјаци, неуредни излитени ,невнимателни ,несовесни ,гадни ,валкани, развратници , неморални курваришта’’ ...1
____________________
Извор :

1- https://www.etymonline.com/word/sloven

Ете сега и ние сме територија .
Територија на Северна односно Територија Северно од Македонија , која веројатноста да одмине судбината на сите досега е рамна на нула.
Затоа и наидова реализација на создавањето на привремена федерализација од две федерални едники кои ќе се припојат кон Исток и кон Запад .

Буквица писмо


 Браво...оваа азбука се викала Буквица...еве што пишал Мавро Орбини во неговата книга Кралството на Словените: “Првото словенско писмо се викало буквица и уште одамна е пронајдено од Св.Јероним.Сега Кирил воведува и друго писмо спред него наречено кирилица ’’, 1


Prvo slovensko pismo, zvano bukvica, već davno je bio pronašao sv. Jeronim. Sada Ćiril uvodi i drugo pismo, po njemu nazvano ćirilica . - (Mavro Orbini, Kraljevstvo Slovena 1601 godina, str 6)
_____________________
Извор :
1- Марво Орбини ,Кралството на Словените ,1601 год, стр...6 
Напишано од 




линк :
https://www.facebook.com/adam.volynets/posts/10213775444513894

Thursday, June 21, 2018

Околу фразата за многу години

За многу години по нивно се вели : εἰς πολλὰ ἔτη Зошто ? пристапот е дека кај нив се добива алгоритам или нов збор од веќе постоечкиот во нашиот јазик. Зборовите многу и полно имаат исто значење. Кога од полно ќе се одземе буквата Н се добива Полно Пол(-н)о *Поло *Пола запишано со ортографијата πολλὰ За вториот збор година , кај нас во употреба е и зборот лета За многаја лета За многу години Кога од зборот Лето ќе се одземе буквата -л се добива Лета (-Л)ета *Ета и испишуваат со ортографијата ἔτη Нивното "поли ети "
е од јазикот кој денес има во употреба два вида на изразување
За многу години
за многаја лета
и во контес на тоа благословите за бериќет со употребата на 
полно ...
Со полно да е 
С полај ..... Според внимавајте,според правилата на лингвистиката кон кои  се придржуват и лингвисите и јас  се вели вака.
“Правило е дека се приметува постоење на кратење на букви кај зборовите.
Најприметно е кратењето на постоење на буквата - с ...’’

При што никој од лингвистичарите незнае да објасни зошто е тоа така.

Во примеров со зборовите за кои се дискутира ,посочувам кратење на букви.
Во едниот збор се крати буквата - н 
во вториот буквата - л 
Тоа се аргументите со кои настапувам.
Во анализирањето на терминот Слово стигнавме до сонание дека буквата - в се заменува со буквата -г па од Слово се стигнало до алгоритмот Логос Ако примерот за оваа в-г промена се примени во зборот Лето би било интересно да стигнеме да согледаме варијацијата за тој збор . Лето л->г *Гето т->д *Гедо Годо Год Значи од зборот лето се добива лингвистигчи сосем исправно зборот год, при што она што ние го имаме усвоено како збор и гласи година е кованица која е составена од именката + наставка Год+ина Година

Macedonia lost its position – Alfa TV releases exclusive negotiations documents


The UN documents show that they have not been negotiated at all because the world organization had determined that they cannot be subject to negotiations.
Документите на ООН прикажуваат дека за нив (идентитетот и јазикот ) воопшто не се преговара бидејќи Светската Организација утврдила дека не можат да бидат предмет на преговори..


Macedonia is the only country in the world that has accepted a foreign country to change its Constitution, and thus the full identity of the nation, citizens and culture. Alfa TV has exclusively found out unpublished documents from the name negotiations. They reveal whether the prime minister and the government speak the truth when they speak of huge success in preserving the Macedonian identity, naming of the nation and language.
What were the positions of Macedonia and Greece regarding the language and the nation, for which Zaev now claims that a great victory has been won.
The UN documents show that they have not been negotiated at all because the world organization had determined that they cannot be subject to negotiations.
UN Security Council document dating from 13 August 2001
The same is confirmed in a this year’s document. Communication between authorized persons of the world organization and the Greek negotiating team.

The Security Council gives a confirmation of the Macedonian identity and it is clear that it is now being manipulated with a huge historic victory and protection of our identity, which no one could have taken from us if the Macedonian side was at least somewhat reasonable.

The 2008 negotiating materials show the absurd situation in which Macedonia lost a battle already won. They clearly state that the name of the nation is Macedonian, and the language is Macedonian. This is very important, because the language and the adjective as well as the nationality are not subject to negotiations. According to the UN remark, they should not be part of a formal agreement at all.
Since then, according to the UN, Greece has no room to oppose the use of “Macedonian” for so-called identity issues on a non-exclusive basis, something that the Prime Minister now shows us as a great victory, although he practically agreed to break the UN’s position by accepting the double formulation of Macedonian and citizen of the Republic of North Macedonia.
The documents show that Macedonia has accepted all the requests of Greece, and didn’t hold any of its positions built since 1991. In this context, the erga omnes principle is one of the biggest absurdities in the whole package.
Not only did Macedonia accept the classical definition of erga omnes used in international communication, but also agreed to extended use, which has not been noticed in the history of international law so far.


http://english.republika.mk/macedonia-lost-its-position-alfa-tv-releases-exclusive-negotiations-documents-photo-video/

Sunday, June 3, 2018

Dead sea Scrolls

Lингвистиката како и историјата се помошни науки кои ќе придонесат во осознавањето на тематиките .

А како е со генетиката ?
Роко , 
нели имаше еден текст од тебе кој говореше за генетското потекло на Аппостолот Лука,па се лоцира сегашниов ни Балкан како место од каде тој потекнува .

Тој според изворите исто информира за Словото.

И тука имаме непознати нели

Евреите немаат Слово , немаат логос .
И она со нивниот јазик е некаков збир од нелогичности во толкувањата. Им бил загубен ,па некој пред сто години го реконструира, за да така обновен се прогласи за официјален во Израел.
Писмото што го користат е некоја форма на арменско кое било во употреба во Азија , додека тие биле под ропство во Вавилон.
Ова може и да значи дека сега го користат писмото на своите господари од кои биле поробувани .
Кумранските списи , за кои се вели дека се испишани со такво писмо не пишуват ништо за Новиот Завет 

Languages
Most of the scrolls were written in Hebrew, about 130 in Aramaic, and 27 in Greek (Penner, 174).
https://brianwdavidson.com/tag/logos/page/2/
http://homermakedon.blogspot.com/.../genetic...