Search This Blog

Friday, May 24, 2019

Матријархат

Што означува овој термин ?
“Osamdesetih godina 19. stoljeća pojavila se nova riječ: matrijarhat. Ta riječ je kovanica od latinskog mater (majka) i grčkog arhein (vladati) i označuje političku vlast žena u društvu i njihovu dominaciju u obitelji. Suprotan pojam matrijarhatu je patrijarhat. Ta riječ potječe iz kasnog grčkog jezika, iz Septuaginte, prijevoda Starog zavjeta. Već na prvi pogled se vidi glavna razlika između ova dva pojma. Prvi je u odnosu na drugi nov i o njemu se aktivnije raspravlja tek zadnja dva stoljeća. Dok drugi još aktivno živi u našoj kulturi.
Matrijarhat ili ginekokracija je politički ili društveni sustav u kojem dominiraju žene. Većina antropologa i povjesničara religije, danas je uvjerena da nema dokaza da je matrijarhat, iako zabilježen u legendama i mitovima, ikada postojao u ljudskim društvima.
Johan Jakob Bachofen (1815.-1887.) je švicarski pravnik i klasicist, koji je inspiriran svojim istraživanjem antičke mitologije razvio teoriju evolucije sistema srodstva. U svojoj knjizi «Majčino pravo» zastupa tezu da je matrijarhat najraniji oblik ljudskog društva.
«Matrijarhat je, dakle, opći kulturni stupanj čovječanstva koji se može naći u svih naroda prije prelaska u patrijarhat.»..’’ 1 
Обаснување за терминот Матријархат во нашиот речник е следниов

матријархат
(едн.) матријархатот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 25586
Период од развојот на првобитното општество кога роднинството и наследното право се сметало само по женска линија.
Англиски: matriarchate
Спротивно од: патријархат (м.)
Изведенки
1. матријархален прид.
матријархалниот
2. матријархатски прид.
матријархатскиот Но колку ова објаснување е точно ?

Можеби освен наследноста во правото по женска линија да крие и нешто повеќе ?
Има ли Матријархат во Македонија ,од кога бил и што би можело да значи ?
Ма - и нејзиното владеење односно власта на Ма
Уште од самиот почеток Големата Божица Мајка била претставувана со воинствени симболи ..

" Ма е прикажана со соларни и воени обележја. Со зраковидна круна на главата, но и како хетско божество на војната со штит, оклоп, меч, копје или либрис. Со текот на времето, соларниот карактер на божицата бил потиснат и во римско време Ма била божица со војнички карактер..."
Извор :

Monday, May 20, 2019

Околу можното потекло и значење на Магија


Ма + Агиа
Агија

Агија
Агни
Оган


hagio- before vowels hagi-, word-forming element meaning "of a saint, saintly, holy," from Greek hagios "sacred, devoted to the gods" (of things), "holy, pure" (of persons), in Ecclesiastical Greek, "a saint," which is perhaps from PIE *yag- "to worship, reverence" (source also of Greek agnos"chaste," Sanskrit yajati "reveres (a god) with sacrifices, worships," Old Persian ayadana"temple").

https://www.etymonline.com/word/hagio-?ref=etymonline_crossreference

Asterix

Pronunciation of modern Greek

I   i



Tuesday, May 14, 2019

Сигма


Напишано од Васил Чулев
"Žarko Veljković - нигде у антици нема речи која завршава на „С“... нигде у антици нема ни име или било шта што завршава на „С“. „Интерепретацио Грека“ је много каснији феномен. А оно „Сигма“ на крају je ycтвари „СТИГМА“, и није било слово веч симбол који означава крај речи (сепаратор): https://en.wikipedia.org/wiki/Stigma_(letter) Докле чемо морати око свега да се објашњавамо ко мала деца бре..."
https://en.m.wikipedia.org/wiki/Stigma_(letter)



Sunday, April 14, 2019

И околу знамињата


https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81/?fbclid=IwAR2Y3yuvs0rUu-yTelfGP_9wXGY300dLgl_JttLIO3iETlWrE_IQUsdaIhE



1943... На бугарските наци-фашистички окупатори им пречел слоганот „Независна Македонија“ Наредба за конфискација на значките со натписот „Независна Македонија“! Пишува: Блаже Миневски Ексклузивен документ од мај

1943 година: https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/наредба-за-конфискација-на-значките-с/?fbclid=IwAR2Y3yuvs0rUu-yTelfGP_9wXGY300dLgl_JttLIO3iETlWrE_IQUsdaIhE Бидејќи задачата на заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања не е промена на официјалната историја, туку промена на напишаното во учебниците по историја од двете страни на границата, како што вели копретседателот Драги Георгиев, тогаш овој факт може да остане во историјата затоа што го нема во учебниците! Имено, Бугаринот Атанас Ј. Пеев, полициски началник во Битола за време на фашистичката окупација на Македонија, на 18 мај 1943 година испратил циркуларно писмо до кметовите и раководителите на полициските станици во околијата, со наредба веднаш да се конфискуваат старите значки на организацијата „Илинден“, на кои пишува „Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“, и сите да се испратат во Софија. Според наредбата на Пеев, граѓаните што имаат вакви значки ќе добијат нови без натписот „Независна Македонија“. Замена за „Независна Македонија“?! Документот се чува во Државниот архив на Република Македонија, а Драги Георгиев копија од него на следната средба може да му даде на својот Ангел Димитров, за секој случај. Станува збор за циркуларно писмо потпишано од Атанас Ј. Пеев, околиски полициски началник на Битола за време на Втората светска војна: „До г.г. кметови и раководители на полициски станици. Многумина од членовите на Организацијата ’Илинден‘ носат значки со две лица, на едната страна е напишано ’Илинден‘, а на другата ’Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме‘. Тие значки се стари, од пред војната, но нивното носење внесува смут кај населението од регионот. Во врска со тоа, повикајте го претседателот на Организацијата ’Илинден‘ во вашиот град и известете го дека Централната управа на истата во Софија им наредила на соодветни организации да бидат снабдени со нови значки, без натписот ’Независна Македонија‘, и бара сите стари значки да бидат собрани и испратени во Софија за да бидат заменети. Околиски полициски началник Атанас Ј. Пеев“ Во историската наука е дефинирано дека паролата „Независна Македонија“ е замена за паролата „Автономија на Македонија“ од времето по Првата светска војна, која во тој период беше прифатена од сите субјекти на македонското ослободително движење. Најголемата заслуга за ширењето на паролата „Независна Македонија“ и нејзиното прифаќање како конечна цел на македонското движење ѝ припаѓа на ВМРО на Тодор Александров. Така и Илинденската организација, според тврдењата на Георги Баждаров, кој по Првата светска војна бил член на Задграничното претставништво на ВМРО, се појавила „со благослов“ на тогашниот ЦК на ВМРО во состав Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Силата и авторитетот на ВМРО на Александров наложиле паролата „Независна Македонија“ да биде преземена од Коминтерната за да ја привлече Организацијата на својата страна. Еден од најспособните разузнавачи во тоа време, извесниот Борис Шпак, по средбата со Александров во декември 1923 година заклучил: „Најзначајниот политички фактор на Балканот е ВМРО, чие освојување е мошне корисно за ВМРО, не само од причини од воен карактер туку и од политички’. Властите на Бугарија, плашејќи се од ВМРО, му поставиле на Александров ултиматум да престане со четничка дејност и да ја замени паролата ’Независна Македонија’ со барања за заштита на националните малцинства, но Александров, се разбира, немал намера да се предаде, да се откаже од главната цел на својата борба – ’Независна Македонија’, и затоа платил со својата глава“. Познато е дека нарачател на убиството на Тодор Александров е бугарската Воената лига, односно бугарската власт, а на организацијата на убиството директно работел Ванчо Михајлов. „Ослободена Македонија“ на знаме од Илинденското востание! Бугарската фашистичка власт за време на Втората светска војна веројатно заменила дел од значките на кои пишувало „Независна Македонија“ со значки на кои веројатно пишувало „Целокупна Б’лгарија“, но македонското чувство и борбата за македонска независност секако не можат да се избришат со декрет и циркуларно писмо. И пред тоа, за време на Илинденско востание, биле изработени повеќе востанички знамиња на револуционерни окрузи, околии и чети, кои имаат големо историско значење за македонската историја. Знамето на охридската револуционерна организација, според Антон Кецкаров, член на револуционерното началство на Охридската околија, го изработил Климент Заров со димензии 105,8 на 79 см, а везилки на знамето биле учителките Поликсена Масин, Василка Размова, Клија Самарџиева и Костадинка Настева-Бојаџи. Војводата Христо Узунов, во својот дневник, меѓу другото запишал дека знамето било осветено во месноста Игралиште, на Куратичкиот Рид, во присуство на 600 востаници и многу народ. Осветувањето го извршил свештеникот и револуционер Васил Ангелов од селото Лешани. На знамето, на едната страна е претставен разгневен исправен лав, свртен на левата страна, извезен со темноцрвен и малку црн копринен конец. Околу лавот, во форма на круг, со темносребрена срма е извезен текстот: „Бог со нас. Напред момчиња! Победата е наша. Охрид 1903 год.“. На другата страна е извезена девојка, која во десната рака држи меч, а во левата рака држи знаме на кое пишува: „Слобода или смрт“. Девојката е во бел фустан, а до неа стои лав во темноцрвена боја. Лавот со двете предни нозе се држи за знамето. Околу девојката и лавот со темноцрвена срма е извезен текстот: „Македонија, Втор округ, шеста околија“. Значи, не пишува Бугарија туку Македонија. Револуционерното знаме на Струшката револуционерна околија било изработено кон крајот на 1902 година а за неколку сантиметри е поголемо од охридското знаме. Знамето го извезале Славка, Анастасија и Милица Чакареви, заедно со Царева Деребанова. На едната страна на знамето е извезена девојка. Во десната рака девојката држи меч, а со левата држи знаме со текст: „Слобода или смрт за Македонија“. Кратовското востаничко знаме на предната страна има лав во златна боја, а под него стои – „Македонија, 1903 година“. На знамето на Разловечкото востание од 1876 година исто така е претставен лав, а подоцна, во документите на Димитар Поп-Георгиев Беровски, е најдена белешка со неколку обиди да го прецрта лавот од книгата „Стематографија“ на дојранецот Христофор Жафаровиќ. Затоа лавот на знамето и лавот од грбот на Македонија на Жафаровиќ личат еден на друг. Во книгата на Жефаровиќ македонскиот лав е даден одделно од другите. Тој е црвен на жолто поле, за разлика од бугарскиот, кој е жолт на црвено поле. Под македонскиот лав пишува „Македонија“, и се појавил во исто време кога се појавиле и грбовите на Србија, Бугарија и на другите балкански народи. Знамето на Разловечкото востание е широко 1,86 сантиметар, а високо 1,65 сантиметар. Во средината на знамето има жолто-златен правоаголник со размер 54 на 76 сантиметри. Во полето со копринени лилави конци е извезен разјарен лав, исправен на задните нозе. Знамето било шиено и везено во Солун, кај опитни мајстори, па затоа Разловечкото знаме е најквалитетното историско зачувано знаме на македонскиот народ. Следната година се навршуваат 140 години од неговото настанување, па, можеби, би било добро да се одбележи таа годишнина како своевиден празник на македонското знаме, како што се одбележува во некои соседни земји. Кумановското знаме од Илинденското востание исто така е изработено во карактеристично црвена боја со востаник во средината. На другата страна на знамето пишува „Ослободена Македонија“! Мошне интересно и убаво е и знамето на македонската револуционерна околија од Кукуш. Специјалното црвено платно било купено од Солун, а знамето меѓу востаниците го однела Ана Малешевска, ќерка на Никола Малешевски. Знамиња со познатиот слоган „Слобода или смрт“, со лав или со девојка, која го гази турското, отоманско знаме, имале и револуционерните околии во Костур, Д’мбени, Банско… Македонија и во револуционерните печати! Македонското востание, кое во историјата е познато како Кресненско-разлошко востание, е кренато на петти октомври (стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Освен оригиналниот печат на револуционерниот штаб на востанието, со натписот македонско востание, а во средината и началник на штабот, печат што се чува во Историскиот музеј на Македонија во Скопје, зачувани се и некои од најзначајните печати од Илинденското востание. Пред тоа, во 1894 година и Македонската револуционерна организација имала печат во кој стои врежан називот „Македонски револуционерен централен комитет“. Зачуван е документ од 1896 година со отпечаток на овој печат на македонскиот револуционерен комитет. Меѓу значајните печати секако се и осумте зачувани оригинални печати или отпечатоци од печати на наредби од Илинденското востание, меѓу кои се и печатите на Тиквешкиот, Огражденскиот, Гевгелискиот, Охридскиот,Ени¬џевар¬дарскиот и два печата од Кумановскиот револуционерен округ. Според Ѓорѓе Миљковиќ, еден од најревносните истражувачи на македонските симболи, особено знамињата, револуционерните печати настанале како резултат на потребата од замена на своерачните потписи на војводите или раководителите на македонската револуционерна организација, но пред сѐ како афирмација на автентичноста и веродостојноста на македонското револуционерно движење. Двата печата на Кумановската револуционерна околија од Илинденското востание се изработени од бронза. На нив се прикажани вкрстени кама и револвер и текст „Слобода или смрт за Македонија“. Во кружната линија по работ на печатот пишува: „Револуционерна организација – кумановска околија“. Печатот на Огражденскиот револуционерен комитет е откупен од Стојан Нивички за Музејот во Струмица од селото Нивичани, син на Атанас Нивички-Брадата, познат војвода од струмичкиот крај и близок соработник на Гоце Делчев. Печатот е изработен во бронза со пречник од 54 милиметри. Во средината на печатот има револвер, кама, бодеж, факел, ќесе со барут, а врз нив експлодирана бомба. Над амблемот е изгравирано востаничко знаме со текстот „Слобода или смрт“. Оригиналниот печат на гевгелискиот војвода Коста Попето, исто така од бронза, бил откупен во 1952 година од Сандо Христов од Струмица. Тој е единствен зачуван печат со името на еден војвода од илинденскиот период. Станува збор за исклучително вредни материјални докази за историјата на македонскиот народ, факти што говорат за македонскиот карактер на револуционерната борба како и за степенот на организирање на национално-ослободителното движење на македонскиот народ. Според тоа, наредбата на Атанас Ј. Пеев, околиски полициски началник на Битола, од мај 1943 година, за набавка на нови значки, без натписот „Независна Ма¬кедонија“, претставува само панична реакција на власта, која мисли дека со конфискација и испраќање во Софија на сите значки со натпис „Независна Македонија“ ќе бидат конфискувани и испратени и во Софија и Македонија, и Македонците и револуционерната борба на македонскиот народ за своја, независна, македонска држава. Без никакви придавки и додавки на името, се разбира. _______________________________________

Thursday, April 11, 2019

Околу личните имиња Филип и Александар



Како тоа на пронајдените антички монети да се читаат имиња запишани како
ΦΙΛΙΠΠΟΥ, а не да се запишани како ΦΙΛΙΠΠΟΣΟΥ?
Како тоа да постојат парички на кои пишува ΑΛΕΧΑΝΔΡΟΥ ,ама не пишува ΑΛΕΧΑΝΔΡΟΣΟΥ ?
Чудна работа нели ..
И само да си знаете .
Буквата Y е старо феникиска буква која се изговарала како В
Y=В
Да,да добро читате , но сепак  прочитајте уште еднаш и уште еднаш ...

Y=В

И што со оваа промена ?
Оваа промена вели вака :
ΦΙΛΙΠΠΟΥ- ФИЛИПОВ
ΑΛΕΧΑΝΔΡΟΥ-АЛЕКСАНДРОВ
Буквата в е искорисена за означување на припадност
Филипов или припаѓа на Филип
Александров или припаѓа на Александар .
Повикувајќи се на вака испишаниве  имиња со додавката за припадност , заклучокот е само еден
Личните имиња на македонските владетели  се :

ΦΙΛΙΠΠ
ΑΛΕΞΑΝΔΡ

ΦΙΛΙΠΠ или со сегашната азбука напишано  Филип 
ΑΛΕΞΑΝΔΡ или испишани со сегашното писмо  Александар .
Нивните имиња воопшто не се како што толкуваат дека се:
ΦΙΛΙΠΠΟΣ
ΑΛΕΞΑΝΔΡΟΣ
Зошто ?
Затоа што никогаш не биле забележани така .
Имајќи на ум и сегашниве граматички правила за создавање на припадност во јазикот на соседите ,читаме дека таа се создава вака со употребување на претставки испишани како :
Ο ΦΙΛΙΠΠΟΣ
ΤΟΥ ΦΙΛΙΠΠΟΥ
ΤΟΝ ΦΙΛΙΠΠΟ
ΤΩ ΦΙΛΙΠΠΟ
Ω ΦΙΛΙΠΠΕ 

И ?

Дали некаде постои некаков артефакт , дали споменик ,дали паичка , дали што и да е на кој ќе се прочита напишано  ΤΟΥ  ?








http://snible.org/coins/hn/macedon.html

Wednesday, April 10, 2019

Глаголицата




429 Szueti Heronim - 429г.Свети (Х)Ероним Doctor Zlouen - Доктор Словен, ouo vreme vmre v Betleheme - ова време умре во Витлеем deuvedcezeri iedno letoie bilztar - деведесет и едно лето бил стар, roien od Eufebiufa v Strigoue - роден од Еусебио во Стригова, vnoge knige diachkim jezikom popiza - многу книги на дачки јазик напиша, i Glaagolzku knigu i Pizmo on naide i zapraui - И Глаголската книга и Писмо тој ги најде и направи. https://archive.org/details/Glagolitic.GlagoligspeakingTheGlagoliticbukvicaglagolitsa/page/n17

Wednesday, April 3, 2019

Одисеј Белчевски за дума

Odisej Belcevski za Duma

Air - Wind – Breath - Soul having acknowledged the symbiosis between speech and thought, we must focus on their by-product: the creation of language in its physical, audible manifestation, through breathing. such creation is evidenced in the slavic languages. The words воздух (vosduh) > vos duh > duh > duo > due > dusha, dishi (Macedonian воздух, дух, здув, дуе, душа (vozduh, duh, zduv, due, dusha), slovene vaš duh, duh, dih, pih, duša, diši) meaning air, spirit, breath, blow, soul are also based in the same root word du found in homer as du θυ > di. g. Curtius [14] drew a connection to the sanskrit dhu > dhi meaning to be agitated, relating to the concept of moving air, wind (In slavic dvisati (Macedonian подвижен (pozvizhen), slovene podvizati se) means to move to be agitated). The words du > di relate to the homeric words dusae δυσαη, dusais δυσαισ > disai meaning to breathe out and the last breath [23] as in suffocate. This is clearly a slavic word related to za dushi > dushi (Macedonian задуша, душа (zadusha, dusha), slovene zaduši, duši). The root-base du, due, duh relating to air, blow, spirit is combined with the word umo > um (Macedonian ум (um), slovene um) meaning mind, thought, to create the word duma > dumo meaning the spoken word and speech. Thus du + umo results in dumo (thumo) meaning spoken words. This is how speech is created and recorded in language. In other words the main ingredients comprising speech, resulting from observing nature, are du + umo (air + mind) a solid foundation for the study of Conceptual linguistics.
This relationship also points to the fact that, in a life in being, a living person, the spirit, mind and body are inseparable (spirit is associated with air). Early humans consistent and time-honoured observation of nature yielded the connection between air and soul, which is confirmed by the relationship between the slavic words duh > dih ↔ dishi > dusha (Macedonian дух, здув, дише, душа (duh, zduv, dishe, dusha) slovene duh, dih, diha, duša) meaning spirit, breath, breathe, soul. When we die, the soul or air, which we continually need to live and exist, escapes our bodies into the vast space above the earth. according to current scientific understanding, air (composed of oxygen, nitrogen and minute amounts of other gases), is always maintained in balance and has not changed significantly for millions of years.
Page 11
17 Without air or soul, humans and all other living entities die. The human brain requires oxygen (which makes up approximately twenty-one percent of our air) to function. Brain cells will begin to die after five or six minutes of not receiving any oxygen. like air, intelligent speech and thought are the principal defining characteristics of a living human entity. The word human finds its meaning in the latin oumo > umo meaning human, man, which the Online Etymology dictionary [12] ties to the greek word homa χομα. The Online Etymology dictionary’s explanation of the word human from the greek homa meaning soil is shallow and strained since, like humans, the soil also provides for the entire living world: plants and animals, as well as all non-living entities. somehow the Online Etymology dictionary omits the relation of human to the slavic word umo > oumo meaning mind, which is firmly supported by the sanskrit oumo > omo meaning mind, thought. Both of these virtually identical words, based in the same root, relate to the meaning of the word human. The slavic word uman > umen (Macedonian умен (umen), slovene premišljen, umen), a derivative adjective of the word umo > um means thoughtful and intelligent, which characterizes human beings and distinguishes us from other animals. Therefore, one can reasonably infer that the slavic and sanskrit words umo, umen and oumo have a clear etymological relationship to the word human. The meaning, then, of ethumo and edumo can be understood in terms of thought or the word as conceived by the mind. It combines e, signifying it is and duma > dumo meaning thought, word, ponder. as thought flows into words, language sets before us the most fundamental requisites for existen.." 1
________________

Ref.

Odyssey Belchevsky,"Proto Slavic roots of the European
Languages WERE Analyzed and
confirmed with a New Methodology",Ljubljana June 2010

Link:

http://www.korenine.si/zborniki/zbornik10/belchevsky_slavic_roots.pdf

Friday, March 29, 2019

Големото МРО не е ВМРО


Писма


Големото МРО не е ВМРО!
(Повод: Премолчувањето на известувачите од МАНУ)
Спасе Шуплиновски


Гоцевата Македонска револуционерна организација (МРО) нема префикс Внатрешна (ВМРО). Таа при основањето во 1893 година се вика едноставно МРО. Во 1896 година е редефинирана во тајна и е проширена на територијата на Одринско (Едренско) и се вика ТМОРО. Две години по Илинденското востание организацијата доби име Внатрешна, т.е. ВМОРО. По балканските и Првата светска војна, Одринско (Едренско) потпадна под бугарска и грчка власт, а дел остана во Турција. Дури подоцна, во 1920 година организацијата стана ВМРО, по кое се разложи на Врховистичка (пробугарска) и Обединета (македонистичка). Во врска со прашањето на името на Гоцевата МРО се расправаше и на научниот симпозиум во МАНУ посветен на 100-годишнината на Илинден. Во вториот ден, на крајот на четвртата сесија, претседавачот д-р Михајло Миновски, предложи заклучок на МАНУ за враќање на вистинското име на МРО. Значи, сме имале фалшива претстава во свеста за ВМРО како историска.

Според мои сознанија, ВМРО е формирана на 17 јуни 1920 година од Тодор Александров. Токму на 70-годишнината од тој чин, на 17 јуни 1990 година, се одржа основачкиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што не е случајно. Оваа партија го зеде за свој симбол знамето на врховистичката ВМРО на Ванчо Михајлов: црвено-црно со златен лав. Ванчо Михајлов во својот тестамент пред смртта напиша: "Македонска нација и македонски јазик не постојат, тоа се измислици на српските фантасти", а обединета Македонија ја вгради во рамките на Бугарија со преодна фаза автономна, самостојна. Коинциденција е што црвено-црн симбол има и ДПА на Арбен Џафери, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Интересен и значаен факт е дека она што го соопшти МАНУ - оти историската организација на Гоце Делчев се викала МРО - го рече Јосип Броз Тито на свечената седница по повод 25-годишнината на АСНОМ на 2 август 1969 година, значи пред 33 години! Седницата се одржа во Универзалната сала во Скопје со учество на највидните македонски државни, политички и научни дејци. На неа Тито ја призна МРО, а подоцна го прогласи Гоце Делчев за великан.

Повод за реагирање е премолчувањето на многу .... од тридневниот научен симпозиум во МАНУ од страна на известувачите. Впрочем, ниеден новинар не го следеше симпозиумот како што треба, туку само прагматично, со навраќање во салата, или со потпрашување на поединци кои беа заинтересирани за пласирање на сопствените ставови. 


Извор :: Utrinski vesnik - issue 1166, October 16, 2006


Sunday, March 17, 2019

Go on home British soldiers

Go on home British soldiers 

Based of song lyrics I did made a copy at this way 

"..We're not Bulgars, we're not Serbs we're not Greeks
We're Macedonians and proud we are to be

So fuck your E.Union Jack We want our country back
We want to see old Macedonia free once more

So Go on home Neighbor Soldiers Go on home
Have you got no fucking homes of your own
For many many years we've fought you without fear
And we will fight you for many many more

We'll fight them Neighborhood Soldiers for the cause
We'll never bow to Soldiers because
Throughout our history We were born to be free
So get out bastards leave us be.."



Во светот постои уште една судбина иста каква и на Ирците 
Таа на Македонците ’’

 поточно 

“I know of two tragic histories in the world – that of Ireland and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.” Roger Casement 

Познавам две трагични истории во Светот -таа на Ирска и таа за Македонија . И двете се недоиспишани и се маченички ".Роџер Кејсмент
Револуционер на Ирска погубен од Британците 1916 год ,после едно во низата ирски Востанија

---
извор :

John Shea,“Macedonia and Greece: The Struggle to Define a New Balkan Nation’’, North Carolina and London 1997, page 8

врска :

https://makedonika.wordpress.com/2008/06/27/irish-patriot-roger-casement-mentions-macedonia/?fbclid=IwAR2xdlkYQBUMx0FkrnpWy6uNsXkmeCP8q3nzVUFo7KI0Kz9PTz1-Vcm-Q3s

Thursday, March 14, 2019

Слово со значењето Бог


Околу тематиката дека во еден период на време терминот Слово го имал значењето на Бог и така го солгедувале

„«В начале был Слов. И Слов этот был Бог». Переводчик, в силу неграмотности, решил, что «Слов» — это «слово». Как часть речи, не понимая, что «Слов» — это имя собственное. Так «СЛОВяне» называли своего единого Создателя. И имя его было Слов...’’
преведено на македонски

“Во почетокот беше Слово. И Слово-то беше Бог. " Преведувачот, врз основа на неписменоста, одлучил дека "Слово"
— е "збор". Како дел од говорот, не сфаќајќи дека "Слово"
— е вистинско име. Значи "СЛОВяне" така го нарекле нивниот единствен Творец. И неговото име беше Слово...’’
Благодарност до братот Risto Jauleski
https://www.oum.ru/literature/alternativnaya-istoriya/yaroslavskaya-galileya-chast-2/?fbclid=IwAR1PDiCc1PqhZuvBQhrn0q07HPYnl3tnlZ0FwtUW1oLgvm0xPjBifR6n0sA

Tuesday, March 12, 2019

Нашинска од Гане Тодоровски

НАШИНСКА (III)
Сѐ тече и сѐ протечува
А ние одиме одиме одиме
Минејќи преку минливото
Одејќи низ недоодливото
А едно густо име
Со многу жилки од животек
Слоевито и збито и деветорно
Се лепи милениумски
Низ нашите изморени стапалки:
М а к е д о н ц и!
Ем-Ма-ем-ке-ем-дон-ем-ци
Ем-донци-маке-ем-кедон-маци
Ем-донма-цике-ем-цима-донке
Вртени превртувани извртувани
Делени разделувани раскинувани
На слогови на маки и на фили
На егеи на вардари на пирини
(...)

Thursday, March 7, 2019

Како е фалсификувана грчката историја



МАКЕДОНИЈА, ИСТОРИЈА УВЕ ТОПЕР: Како е фалсификувана грчката историја!? / 05.08.2018     Според Уве Топер, познат германски историчар, археолог и публицист, западната историја, или историјата на Европа е полна со фалсификати. Вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со таканаречената античка историја, односно историјата поврзана со Грција. Во својата книга „Големата акција“, Топер ја демаскира големата сцена на светската историја меѓу антиката и ренесансата, откривајќи го лицето на минатото без романтичарски измислици. Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште, па така во книгата „Фалсификување на човечката историја“ сосема отворено тврди дека сите „грчки“ автори се всушност западноевропејци кои ги фалсификувале „изворите“ во периодот меѓу 11 и 12-ти век. Уве Топер Според проф. д-р Анатолиј Тимофеевич Фоменко, математичар од Московскиот универзитет и член на руската академија на науки, античка Грција е смислена од ренесансните писатели и уметници, а потоа нивните фантазии се претворени во „историски факти“ врз кои се базира целокупната западноевропска цивилизација. Грчкиот претседател, пак, Прокопис Павлопулос од Каламата, иако не е историчар, насекаде и постојано тврди дека  „грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара“, односно „денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара“. Претходно, во Воден истиот „стручњак“ самоуверено изјави дека „Македонија била и ќе остане грчка“ (што додуше и му с еоставрува, благодарени ан СДСМ и ДУИ), а од Солун дополнително порача дека неговата држава ќе направи се „за да го одбрани грчкиот карактер на Македонија“ Но, фактите велат дека Македонија почнувајќи да речеме од времето на Каран, околу 800 година п.н.е, па се до  таканаречените „славјани“ не само што не била грчка туку во никаква форма никогаш  не влегувала во состав на Грција, односно Елада. И по поделбата на  Македонија во 1913 година, односно по  грчката окупација на Егејска Македонија, Грците воопшто не сакаа ниту да ја спомнуваат Македонија ниту како географски поим. Дури по осамостојувањето на Република Македонија, особено во времето на Костас Караманлис, големиот патрон на сегашниот претседател Павлопулос, Грците со поддршка на некои политичари и пријатели од Запад жестоко почнаа да се вртат кон античките Македонци, за кои  „утврдија“ дека биле Грци за да докажат дека и Македонија е грчка. „Како може Грк да биде пријател на Грците?“  Во пишаните документи е забелажно дека и според старите поети, но и според тогашните историчари, Македонците и Грците отсекогаш биле два различни народа. Затоа, на пример, Хесиод во 700 година п.н.е пишува: „А таа, ќерката на Девкалион, од Зевс, молнољубецот, роди сина два: Магнит и Македон – коњаник, воин… Хесоид Втората ќерка на Девкалион роди исто така сина два: Грејк и Латин…“ Според тоа дури и за Хасиод, Македонците, Латините и Грците се во некоја сродност, но не се исти. И не само поетите туку и историчарите  низ историски факти потврдуваат дека Македонецот Александар I за услугата кон Хелените пред битката кај Платеа во 479 година п.н.е го добива прекарот – „филхелен“, што во превод значи – „пријател на Хелените“. Притоа не треба никаква француска диплома, како онаа на Павлопулос, за да се постави едно и единствено логично прашањето: „Како може Грк да биде пријател на Грците?“ Патем треба да се има предвид дека Хелените секогаш и секаде  Македонците ги идентификуваат како варвари. Така, на пример, историчарот Кито е конкретен кога пишува: „Кога ќе се рече Македонец, треба да се разбере варварин, кој не говори и кој не мисли грчки“. Демостен пак и да не се спомнува. Фактите говорат дека највисоките заеднички тела на Хелените биле недостапни за Македонците токму заради тоа што Македонците биле сметани за  варварски, не-хеленски народ. А дека терминот варвари не е употребуван само за да се навредат Македоците туку и за да се одвојат како народ говори и фактот што, колку и да војувале меѓу себе,  Атина и Спарта, на пример, никогаш не се нарекувале варвари. Исто така, во Ампфихтионскиот совет во Делфи, највисокото хеленско тело во тоа време, единствени нема само Македонци. Дури откога Филип II ќе ги порази Фригијците со сила обезбедува два гласа во Советот но неговите представници биле претставувани според градовите од кои доаѓале и племенската припадност, за разлика од Хелените. Помпеј Трог пишува: „На Ономарк, Тиванците и Тесалците како свој водач не му спротивставија некој од своите сограѓани, туку македонскиот цар Филип, и така доброволно му ја отстапија на еден старец власта“. И не само ваквите политички тела но и културните институции и настани биле забранети за Македонците како не-хелени. Така познато е дека ним им е забранет пристапот на хеленските олимписки игри па Македонците организираат свои – македонски игри. Првпат му е дозволено само на Александар Филхелен, но и тоа е политички пресметан потег. Во тој контекст факт е дека Александар Македонски во својата војска на походот кон исток имал одреден број Хелени, но само како платеници, а не како македонска војска. Европа ја прифатила грчката пропаганда заради силниот антагонизам кон Османлиската империја! Според историчарите, по доселувањето на Грците, односно Хелените од Африка, тие отпрвин окупирале само дел од денешните јужни грчки острови, но со текот на времето почнале да го наметнуваат својот говорен јазик на домородното население. Сепак уште тогаш наишле на отпор од страна на староседелците; познати се судирите помеѓу Хелените и Пелазгите, за кои пишува и Херодот. Иако во античкиот период не постоела единствена држава под името Грција, мнозина во светот и денес го користат погрешниот термин „античка Грција”. Освен тоа се знае дека Грците, односно Хелените го користеле феникиското а не некакво грчко писмо. Во тој контекст западната историографија е преполна со грешки и фалсификати, кои главно се однесуваат на прикажување на многу вредности во антиката како „грчки”, иако тоа не било така. Всушност голем дел од овие вредности биле создавани не само од Грците, туку и од Македонците, Тракијците, Илирите, Пелазгите и другите антички народи, но од создавањето на модерната грчка држава во дваесеттите години на 19 век, со помош на Големите сили, а пред се со помош на Русија, „создадена е една силна државна грчка пропаганда, која била прифатена и од европските држави заради нивниот антагонизам кон Отоманската империја“. На европските држави им одговарало да ги прифатат грчките фалсификати за наводните „историски права“ на Грција да поседува голем дел од Балканот, токму како причина за да се избрка Турција од Балканот. Затоа во Европа беа прифатени грчките лаги и фалсификати, и до денес истите по инерција се препишуваат. Инаку, историски податок е дека Грците ни во 1830 година не знаеле дека се Грци, и немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет. Факт е дека тие воопшто не биле потписници на спогодбата потпишана во мај 1832-та година помеѓу Британија, Франција, Русија и Баварска со која се одредени условите под кои кралот Отон стапува на престолот, а со која територијата што ја кралство е ставена под „гаранција на трите сили заштитнички“. Првиот грчки крал, Отон Младиот баварски крал стигнал во февруари 1833 година во привремената престолнина Нафплион,  а проблемите со кој се соочил тој и бројната свита биле многубројни. Покрај неизбежните проблеми околу изградбата на инфраструктурата на една сосема нова  држава, постоела и итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, односно од затеченoтo население да се создадат Грци. Затоа Баварците и кралот се соочиле не само со проблеми во изградбата на државата туку и со проблемот на изградба на нацијата. Дури потоа, во последните две децении од 19-от век, како и  во првата деценија од 20-от век, Македонија станува средиште на вниманието на грчкиот, бугарскиот и српскиот национализам  за  приграбување на што поголем дел од територијата. Според истражувањата за грчката политика на Балканот на проф. д-р  Далибор Јовановски од Катедрата за историја на Филозофскиот  факултет во Скопје,  со договор меѓу Големите сили во 1830 година за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксенкобурски, но тој набрзо се откажал од тронот на кој воопшто и не седнал. По две години, во 1832-та година, Големите сили го решиле проблемот со избор на крал па со нов договор меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал. Новиот грчки крал, според  договорот, ја носел титулата крал на Грција, а не на Грците. Истите земји потпишале и договор со османлиските власти со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос, а со тоа Грција конечно можела да функционира како некаква независна држава. Со декрет од 4 август 1833 гдина било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна  црква, а тоа е сторено без одобрување на Цариградската патријаршија. Кој и кога ја признал грчката црква е прашање што заслужува посебна анализа. Во секој случај, Синодот на новосоздадената расколничка црква му бил потчинет на германскиот крал Отон. Со декрет било создадено и посебно министерство за вера а биле направени и реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква стоеле круговите што биле под англиско и француско влијание. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, сметајќи дека тоа не е во склад со нејзините интереси а за тоа имала поддршка и од Цариградската патријаршија но и од многу Грци во самото кралство, кои биле преврзаници на Цариградската патријаршија. Паралелно со „изградбата на грчка свест на населението“ кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги акредитира своите први дипломатски претставници. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, Портата во Стамбол дала дозвола само за седум. Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држава, па така на  6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на  грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква грчка присутност во Македонија. Конзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв грчки конзул во Македонија со седиште во Солун. Оттука почнува засиленото измислување на историјата смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западно-европска цивилизација. Или, според Уве Топер, вистинската историја нема ништо заедничко со она што го пишуваат западните историчари, особено не со нивната измислена античка историја, односно историјата поврзана со Грција.