Search This Blog

Monday, January 30, 2017

Околу граѓанскиот термин за Македонија


Граѓаните на Република Македонија’’

Наспроти овој терминолошки  , би требало  да се заземе следниов пристап:


Сите жители на Републиката се Македонци .
Македонци од македонско потекло и останатите Македонци од други етнички потекла.

Македонија не е надвор од Планетава ,та во се да биде уникатна, но и Македонија би требало да прави споредби со светот околу себе, за да види како останатите политички творби ,надминале ваквата проблематика ,заради усвојување на позитивностите произлезени од таквите надминувања.
Да споредиме со СФРЈ каде сите беа Југословени незаисно етничкото потекло.
Политичкиот термин Југословени беше обединувачќи затоа што надминување етничката припадност .
Југословени беа сите нејзини жители .
Така и со употребата на Македонци за жителите на Македонија што согледуван од политички аспект како термин мора да биде обединувачки за сето нејзино население незавсно од етничката припадност.
Македонци како термин кој во унитарнсота ќе одсликува и мултикултуризмот за сите поединечно ...

Ако воЈугославија сите биле Југословени, НО по народност Македонци, Срби, Хрвати и т.н...’
Во Македонија сите се Македонци , но по потекло Македонци , Срби , Шиптари , Власи ....

Со правилно употребени пристапи во терминирањето нема простор за забуни ..
:)

Така , преку подигањето на ниво на политички термин ,припадноста Македонец го трасира и патот она помакедончување на сите жители на Македонија ,
при што заедничкото се воздугнува над поединечното .

Помакедончувањето кое настапува со пасошите е во смисол сите да се чуствуваат припадници на Македонија.Наместо сегашното самочуство да се биде тн етнички албанец , само за едните и тн Граѓани за сите други, па преку тоа и тенденцијата кон издавање на посебни пасоши за секој етникум поединечно, преку воспоставувањето и наметнувањето на терминот Македонци за заеднички политичко правен термин на самоединтификација на сите останати , де факто малцинства се доаѓа до нормативот дека во Македонија сите сме Македонци.Исто како што е и наоколу.Срби во Србија, Бугсри во Бг, Алб во Алб, ...Словенци во Словенија.
Ограничувањето како последица на терминирањето при тн граѓански концепт за општествата , најлесно и се надминува со тоа што на постоечките називи за народи им се согледа и допише уште едно значење, кон веќе постоечкото.А додаваме затоа што некој тоа дамна го има направено.Со создавањето на Франција на пр. Освен Францизите по род , како Французи се идентификуваат и сите оние што по род не се тоа.Значи тука има школски пример дека народниот назив Французи постанува политички термин кој што опфаќа секој по ред.

 
Терминологијата е она што мора македонската научно политичка мисла мора да доизградува.
Наместо исполнување на нечии желби во правец овој сакал ова оној она ...мора да се започне со законодавство.И правно и извршно.
 
е терминот кој се преведува единствено според значењето град граѓани.Терминот City , Citizens има уште едно значење а тоа е жители.
Се е до интерпретацијата и до нејзиното наметнување во ранг на усвоен стандард.Зарем не ти се чини дека наметнато толкување на Граѓани на Македонија е тендентично и оди во прилог на поделби и распаѓање на нашето општество?
Сега сме на ниво на усвоениот стандард Граѓани на Македонија и етнички Албанци, со подграфата на Етнички Алванци и Славомакедонци те Словени и сите останати.
На тој увезен стандардизиран термин, стандардизиран при однесувањето на тн странски фактор кон неговото обраќање кон жителите на нашата Република мора да му се излезе со логиката на контрастандардизираност.


.
Терминологијата е досадна и сувопарна дисциплина .А поради тоа што сите сме со истиот пристап на " дај да потпишам и е ме замарај повеќе" ,оти преку ставот кој вели:
"
шо и ако сум потпишал та си знам кој сме и што сме"...
постанавме жртва на сопсвената занесеност во спасот од страна и усвојувањето на се и сешто што е принесено на усвојување.И усвоено и озаконето.Дали кај нас во нашето законодавство , дали во меѓународните институции.
Факт е дека имаме потпишано дека сме ФИРОМ во кој живеат , повторно озаконето и тоа со Устав, припадници на заедници .
И наместо да насочиме енергијата во надминувањето на тн регеренца и нејзино фрлање на ѓубриштето на правни измислици , ние ја седнавме Грција пред Судот на честа во Хаг , се судевме и ги добивме пресудите во наша полза.Добивме и моралното и необврзувачко право да се зачленуваме како ФИРОМ насекаде низ Свет во било која организација , а при тоа да не бидеме попречувани од никој.


Терминологијата и нашиот однос кон неа не смее да биде како досега по инерцијата на последичноста.


No comments:

Post a Comment