Search This Blog

Monday, January 30, 2017

Вера во вистината контра Религија



“Првата, од десетте старозаветни свети заповеди Божји гласи вака:
+ „Јас сум ГОСПОД (ЈАХВЕ - Јас сум Оној Кој сум, Вечниот), Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене!“
Оваа заповед, ние членовите на Новозаветниот народ Божји - Црквата, може да ја разбереме на ово начин:
+ Јас сум ГОСПОД (ЈЕШУА/ ИСУС/ Јас сум Оној Кој сум, Вечниот, Кој е Спасител), Бог твој, Кој те ослободи од сатанското ропство, од сатанската лага и манипулација, од неговото зло, од твојот грев, од духовната и телесната смрт. Немој да имаш своја религија на местото на мојата спасителна вистина!
Всушност, самиот Исус/ Јешуа за ова ни го говори следното:
+ Тогаш Му рекоа некои од евреите: „Кој си Ти?” Исус им одговори: „Почеток, како и што ви зборувам!..’’



Цитат од текстот на Отец Ивица објавен на ФБ во колумната со наслов :
+ Колку повеќе религија во православното христијанство толку повеќе глупости и скршнување од спасителното ЕВАНГЕЛИЕ ХРИСТОВО!
+Колку помалку религија во православното христијанство толку повеќе вистина и здравост во:
- личноста на оној кој има ДОВЕРБА во ХРИСТА,
- во црковната заедница,
- во целото општество,
- а и благословено исполнување на спасителното ЕВАНГЕЛИЕ ХРИСТОВО!
===
+ Исус им рече: „Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.
Затоа ви велам, секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. И, ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но, ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет.
Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто по плодот се познава дрвото.
Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто од преполнето срце прикажува устата. Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо. И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.”
(Матеј. 12, 30 – 37)
+ Исус им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание. (Марко. 7, 9) Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи: »Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби«. (Матеј. 15, 7 – 9)
+ Светиот апостол Павле напиша: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и тоа е полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во праведност, за Божјиот човек да биде усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.“ (2. Тимотеј. 3, 16)
============
+ Под РЕЛИГИЈА се подразбира потребата на личноста за контакт со „духовните нивоа и свери“, емотивно надминување на состојбата на неизвесност, страв, конечност и можност за влијание врз својата внатрешност, но и на својата надворешност, а и потреба за сензационалност и најчесто лажна мистичност.
Низ историјата на човештвото оваа потреба попримила разни форми, во зависност од историските, културолошките, антрополошките, етичките и духовните состојби на луѓето што ги формирале тие исти религиозни форми и модели на однесување.
Религијата, односно религиозниот порив најчесто нема никаква врска со ОБЈАВЕНАТА ВИСТИНА ОД САМИОТ ТВОРЕЦ, А ЗАПИШАНА ВО светите книги на Стариот и Новиот Завет (Свето Писмо/ Библија)!
Религијата, односно религиозното однесување е плод на:
- емотивни доживувања, лични претпоставки, лични стравови и комплекси,
- его манипулација со его проекција во „духовните свери“,
- а пред се и над се со демонски влијанија во душевниот живот на личноста која - по себа и за себе - сака да оствари контакт со повискоите нивоа на постоење кои си ги толкува според својата потреба, мотивација и цел!
Религиозното однесување е препознатливо точно по тие форми и модели на однесување кои самиот Творец им ги забрани на оние кои имаат вистинска ДОВЕРБА во Него, односно, тоа, од Бога неприфатливо религиозно однесување се препознава по:
- несватливиот субјективизам/ проектирање на своето незнаење како духовна вистина и затвореност да се прими објективната, од Бога откриената и од Неговата Црква и светии потврдената вистина;
- суеверие/ празноверие, формирање на лични обреди и пракси, а со цел да се постигне некаков „духовен“ ефект, лична желба и потреба, па и манипулација и незаконско стекнување на материјални добра;
- магиски и окултни пракси за оставрување на влијание врз луѓето, природата или настаните;
- идолопоклонство, формирање на форми и модели на однесување, па дури и на конкретни материјални нешта кои не ДЕФОКУСИРААТ од благословеното поклонување, славење и наше ОТВАРАЊЕ за вистинскиот наш Творец и Небесен Отец!
Со сериозно истражување во рамките на Р. Македонија секој може да се увери дека над 90% од граѓаните кои се декларираат како православни христијани всушност се многу далеку од вистинската порака и смисла на православното христијанство и Христовото Евангелие, а дека истите се само религиозни луѓе со препознатлива примитивна паганска религиозност! Според мене грешниот, баш оваа ПРИМИТИВНА ПАГАНСКА РЕЛИГИОЗНОСТ маскирана со формата на православното христијанство е причината за многуте трагедии со кои се соочуваме и како поединци и како македонско општество.
Првата, од десетте старозаветни свети заповеди Божји гласи вака:
+ „Јас сум ГОСПОД (ЈАХВЕ - Јас сум Оној Кој сум, Вечниот), Бог твој, Кој те изведе од земјата Египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене!“
Оваа заповед, ние членовите на Новозаветниот народ Божји - Црквата, може да ја разбереме на ово начин:
+ Јас сум ГОСПОД (ЈЕШУА/ ИСУС/ Јас сум Оној Кој сум, Вечниот, Кој е Спасител), Бог твој, Кој те ослободи од сатанското ропство, од сатанската лага и манипулација, од неговото зло, од твојот грев, од духовната и телесната смрт. Немој да имаш своја религија на местото на мојата спасителна вистина!
Всушност, самиот Исус/ Јешуа за ова ни го говори следното:
+ Тогаш Му рекоа некои од евреите: „Кој си Ти?” Исус им одговори: „Почеток, како и што ви зборувам!
Многу имам за вас да зборувам и да судам; но Оној што Ме прати е вистински и она, што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.”
Но не разбраа дека им говореше за Отецот.
А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки (се мисли на Неговото распнување), тогаш ќе узнаете дека сум Јас (се мисли дека ќе разберат дека Тој е очекуваниот Месија/ Спасител) и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам. Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, оти секогаш го вршам она што Му е угодно.”
Кога Он го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.
Тогаш Исус им говореше на Јудејците што беа поверувале во Него: „Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;
и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.”
(Јован. 8, 25 - 32)
============
За крај ќе повторам!
+ Колку повеќе религија во православното христијанство толку повеќе глупости и скршнување од спасителното ЕВАНГЕЛИЕ ХРИСТОВО!
+Колку помалку религија во православното христијанство толку повеќе вистина и здравост во:
- личноста на оној кој има ДОВЕРБА во ХРИСТА,
- во црковната заедница,
- во целото општество,
- а и благословено исполнување на спасителното ЕВАНГЕЛИЕ ХРИСТОВО!
===
ваш во Христа, брат и слуга
презвитер Ивица Тодоров



линк

No comments:

Post a Comment