Search This Blog

Monday, January 2, 2017

Аристотел

  • Аристотел (384 – 322 год. п.н.е)
    Аристотел е роден во Стагира. Татко му Никомах бил личен лекар на македонскиот крал Аминта. При ископувањето на една биста на Аристотел, Грците се изненадиле колку бил гиздаво облечен и накитен. И како да не биде, кога тој припаѓал на високо благороднички кругови, на кои им припаѓале луѓе од кралско потекло, кои биле посветени на науката. Не е случајно што Аристотел се бавел со наука, кога и татко му Никомах, дедо му Никомах, прадедо му Махаон, чукундедо му Асклепио, се занимавале со наука, поточно сите тие ја сочинуваат Асклепиевата лоза на кралски лекари, а за тоа сведочат асклепијадините храмови и болници по светилиштата на Аполон, во многу градови низ Македонија, целиот полуостров и Егејското крајбрежје.
    Потеклото на Аристотел без секакво сомнение е македонско. Треба ли тој да се поврзува со Платон, за да се докажува дека е грчки филозоф како што тоа го прават грците?
    Станува збор за мостра на измама.
    Наводно Аристотел ги рекол следниве зборови: “Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината”. Оваа “мудрост” ја измислија петмина филозофи во германија 2200 години по смртта на Аристотел.
    Еве ги изворните зборови на Аристотел во неговата (Никомахова) Етика:
    “Можеби е подобро да се обрне внимание на општиот поим и да се запраша што се подразбира под тој поим. Навистина, таквото испитување е врзано за тешкотии, бидејќи поимите ги воведуваат пријателите. Но, можеби ќе се чини дека е подобро и дека треба, заради вистината, да се побиваат и сопствените начела, особено кога сме филозофи. Па мило ми е и едното и другото, но света должност е повеќе да се цени вистината. ” (Аристотел, Етика, I, 3.1096, 11 – 16)
    Како дојде, врз основа на оваа темелна, а и денес сеуште актуелна Аристотелова мисла, да се срочи германската верзија “Драг ми е Платон, но подрага ми е вистината”? Оваа мисла е внесена во сите светски енциклопедии често со напомена “превод од старогрчки”! Германците развија теза дека Александар бил грчки воспитаник. Затоа беше поставена тенденциозната теза: Кој грчки филозоф бил учител на Аристотел? Бидејќи и Аристотел како и Александар е Македонец, Џ.Бернејс и Т.Гомперц “наоѓаат” дека учител на Аристотел бил атинскиот филозоф Сократ. За да биде убедливо, тие на “старогрчки” ја срочиле божемната Аристотелова мисла : “Мил ми е Сократ, но помила ми е вистината”. Меѓутоа Аристотел (384-322) се родил 15 години по смртта на Сократ (469-399) и логично не можел да биде негов ученик! Затоа У.Фон Виламовиц, О.Имиш и В.Јегер “докажуваат” дека “грчкиот учител” на Аристотел бил Платон (427-347). Овие срочуваат нова мисла, овојпат на латински: “Пријател ми е Платон, но поголем пријател ми е вистината”. Оваа мисла е внесена во сите светски енциклопедии често со напомена “превод од старогрчки”.
    Никој притоа не се запрашал кој навистина му бил учител на Аристотел. Обично ученикот се повикува на својот учител или ја следи неговата филозофска мисла. Аристотел и Платон немаат ништо заедничко во своите (спротиставени) филозофии – првиот е материјалист, а вториот идеалист. Аристотел жестоко ја критикува атинската филозофија, а и нивното уредување: демократијата, олигархијата и тиранијата. Ним им спротиставува сопствено државно уредување – македонската монархија со воена демократија.
    Судејќи според Аристотеловата филозофија и според фактот што тој се повикува 179 пати на Демокрит (460-375), основачот на атомската физика, исто така Македонец, јасно е дека овој е Аристотеловиот учител. Аристотел имал 27 години кога умрел Демокрит. Навистина Аристотел бил на чело на атинската Академија, но по смртта на Александар Македонски тој бил прогонет оттаму (тогаш грците дигаат востание) како “раководител на окупаторска академија” со што е дефинирана не само неговата улога, туку и ставот на Хелените, кои покренале иницијатива да го осудат, затоа што не ги почитува боговите кои ги признава Атина.
    Значи, Аристотел не бил “грчки” ученик и воспитаник, туку обратно, а нема доказ дека Александра “го воспитувал во грчки дух”.

    Користена литература:
    Животот и мислењата на големите филозофи – Д.Лаерцие
    Историја на филозофијата – Д-р Вељко Кариќ
    Грчка филозофија – Д-р Бранко Бошњак
    Филозофски списи – Мерко Тулие Цицерон
    За Поетиката – Аристотел
    Историја на елинската етика – Д-р Милош Журиќ
               

No comments:

Post a Comment