Василиј Втори
Македонецот
Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос” 1
Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари,како што е Скилица 90 години отпосле е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари. Како што Ерменецот Василиј II стана Македонец за Византијците, така и Македонецот Самоил стана Бугар за Византијците.
Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава. Главен византиски војсководец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч, Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените” 2
По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" 3
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на цар Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот Дужд Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." 4
И одовде се гледа дека Јован Ѓакон ја нарекол новата македонска држава, т.е. Самуиловото царство, со името Славинија!
И археолошките извори целосно докажуваат дека Цар Самоил немал врска со Бугарите, ниту со царевите од првото бугарско царство.
Во 1965 г. грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот Голем Град го отворил гробот на Цар Самоил.
Грчкиот археолог во интервјуто за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил завиткан во скапоцена пурпурна облека 5
А во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан по антички обичаи, во пурпурна облека. Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија 6
.Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар Самоил бил Император, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ, туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по однос на ова прашање мудро молчат!
По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се интересира, а целата историја нашите „историчари” ни ја препишуваат од Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.
Заклучок:
1. Македонците (заедно со Србите, Црногорците, Власите и Албанците) после 972 г. од страна на Византија се крстени со политичко име Бугари, по византиската традиција, како жители на византиската тема Бугарија, додека правите Бугари се наречени Мизи, а нивната земја, правата Бугарија- Мизија. Македонци се наречени жителите на темата Македонија, која била околу Адрианопол, денешно Едрене. Во Византија, луѓето ги декларирале по административната тема од која што потекнувале, а не по народноста.
2. Затоа, Василиј Втори Македонецот, поради што потекнувал од Едрене, византиската тема Македонија, е наречен Македонец, а по ослепувањето на неколку илјадна самоилова војска е наречен Бугароубиец т.е. убиец на жители од темата Бугарија.
3. Најверојатно името на средновековната македонска држава е Славинија.
____________
Реф:
1-Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM).
2-Сарита Параос „Македонско Сонце ,цитат ”,ГИБИ, том 7, стр.... 115,
3-Сарита Параос „Македонско Сонце ,цитат ”,ГИБИ, том 7, стр.... 116,
4- Дужд Петар Урс, (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348)
5- Николос Муцопоулос,“ Счупена р'ка доказва, че гроб'т е на б'лгарскија монарх’’; Standard News, Sofia, 03.09.2001,
6-Николос Муцополус ,“ В ц'рквата има спис'к на епископствата”,Standard News, Sofia, 03.09.2001

Битолската плоча
На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже” бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Бл'гарїнь” или бугари како „Бл'гаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.), запис во бугарска словенска редакција од 13/14 век; поимот бугар во 11 век се пишувал „болгар”. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при П'рва б'лгарска армија”, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија или пак е од 13 век, зошто по јазикот и писмото, плочата одговара исклучиво на подоцнежниот период.. Наивноста на бугарските фалсификатори на Битолската плоча иде дотаму, што таа ги содржи термините "Цар" и "Самодржец". Имено, поимот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владeтел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Књаз или Цезари (Цри) за терминот Цар. Поимот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век (Г. Острогорски, ”Автократор и самодржац„ Глас Српске краљевске акадамије CLXIV, Други раздред 84 (1935), стр. 95-187), а Битолсkата плоча би требало да датира од почетокот на 11 век!
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од Иван Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].
Преземено

No comments:
Post a Comment