Search This Blog

Sunday, April 13, 2014

Дума

Дума


Прашањето за потеклото на јазикот,одговорот го има во прво изговорениот ,литературни кажано -збор.
За потелкото јазикот да се повикаме и на еден во многу и не без причина извикан мислител и една спред мене,од него дадена добра дефиниција за јазикот.
Маркс во книгата Свето семејство за јазикот вели :
“Јазикот е толку стар ,колку и мислењето ,јазикот е практично,реално мислење и слично на мислењето ,јазикот никнал од потребата ,од настанатата нужда за општење со други луѓе ’’.

Јазикот ,според Маркс ,е “непосредна реалност на мислата’’...14
Текстов е анализирање на таа прво изговорена дума,која ,по некоја логика би претставувала семе од кое `ртат сите преостанати зборови.

Да ја проанализираме дефиницијава ,која претпоставува дека јазикот е реализирана мисла и е стар колку и староста на мислата .

Да ја зголемиме ваја дефиниција со воведувањето на
параметарот локација на просторот каде се создава мислата и да истото го објасниме .
Да пронајдеме каде е ,за да дознаеме за чиј ум се работи .
Од него да го извадиме првообсмислениот збор ,со кој настапува говорот како реализирана мисла и тоа пронаоѓајќи моментот на еднаквост на мисловното со оствареното,или еднаквост на енергијата со условно материјализацијата и , преку изговореното .

Да го запишеме на сопствениот ни мајчин јазик

Ум-просторна локација на мислата

уМа лоцираност на носителот

дума -мисла

Дума-реализација (реалност ) на мислата

Дума како темел на јазикот или како основа на прајазикот

Една од нејзините дефиниции е следнава :



“Думата е јазична едниница ,која што го симболизира и го пренесува смислата.Се состои од фонеми-тонови и морфеми( или од аспект на јазикот ,најмали јазични единици ,кои не може да се делат на уште помали ,а преку кои јазичните пораки можат да се анализираат .Думата има номинативни и преносни значења,кои што можат да се однесуват на кокретни или апстракни нешта.




Дума - основа на јазикот или како го дефинирале ,“систем од материјални единици кои служат за комуникацирање на луѓето ,кој употребен во правец на дејствување според потребите им за изразување на “конкретна содржина’’ се нарекува говор .



Во речникот на македонскиот јазик, значењата што овој збор во себе ги има се запишани како 

Дума f (дијал.) 1.мисла 2.реч



Дума- impf. (дијал.) I.1. да се мисли 2.да се памети 3.да се говори

II. -се ,– се мислиме ...15



Да се осврнеме и на објаснувањата дека:

f -femininum ( за именка од ж.род)

impf – imperfektiven или преоден глагол

n -neutrum ,неутрален род

,и да се запрашаме зошто овој збор е изразен во женска родова форма?



Дума самата себеси се темели таму од каде потекнува од Ма изговорена и како Мајка со значење на Бога ,нешто преку што ја одредуваме и припадноста на првоизговорената обсмисленост на енергијата и сваќањето за родовата форма на Бога во почетните претстави кај луѓето.

Ум –ови,-ишта m um, pamet ; mozak

1.(способност на човекот да мисли,да создава,да расудува)

-детскиот ум тоа не може да го свати

-ум и разум

-го научи на ум

2.(мисла мислење )

-на еден ум сме двајцата

-ми се врти во умот

-со кој ум го стори тоа

3.(паметење)

-му влезе тоа во умот

-таа поука момчето ја беше клало на умот

-еден ум (е),дали за зиме дали за лете.

4. (совет, поука )

-барај од неа ум

-не слушај туѓи умови

-ова ќе ми биде за ум

5.(мислител)

-најголемите умови на нашиот народ ...16

Да согледаме промените во зборов и промените во неговот значење после кратењето на почетната буква .Дека нашиот јазик познава кратење на буква,при што значењето на самиот збор ќе остане непроменето ,можеме да согледаме и од примерот токму за буквата “ д’’

десет

два+десет= двадесет -> два(д)есет –дваесет

три+десет....


Дума- >(д)ума- >Ума

Ума – Земја ,вид на земја во нашиот јазик





уми се –impf premišjati se, misliti se,razmišljati ;што се умиш ? što se misliš?што си толку замислен što si tako zamišljen? се чуди и се уми čudi se i premišlja 



Ума f (вид глина) uma ...17

Дума, со временскиот период на започнувањето и , од самиот почеток
*МајкаДума
Освен јазикот и сите понатамошни класификации вкоренети през *Нејзе
јазикот
говорот
религијата
развојот на човештвото
паѓањето му







извори:

14- Круме Кепески “Граматиката на македонскиот литературен јазик за училиштата за средно образование’’,Просветно Дело ,Скопје,1982....стр.6

15-Тодор Димитровски,Благоја Корубин,Трајко Стаматоски``Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања,волумен I.’’,Скопје 1961 год....стр.158.

16-Тодор Димитровски,Благоја Корубин,Трајко Стаматоски“Речник на македонскиот јазик со .....стр.434

17- исто.....стр.434-435

МаКе ->БоГ

МаКе ->БоГ

Околу можното потекло за коренот на зборот Бог еден од попрочуените лингвисти Јулиус Покорни напишал дека неговиот корен е bhag кој e со ИЕ потекло и според него го има значењето:

Pokorny Etymon: 1. bhag- 'to apportion, divide'-` дели,пропорционално распределува’
Semantic Field: to Divide -да се подели



Да се задржиме на неговите анализи:
to share out, apportion,- дели (пропорционално),расподелу� �а
also to get a share, исто така ,да се добие дел .

Покорни во потрага по можното значење на зборот Бог поаѓа од промената на буквата Б во П
Преку ваквата промена б->п , а користејќи се со методот на компарација, можното потекло на коренот за зборот Бог го бара во оние зборови кои што ги согледува како најблиски на почетниот bhag :
Зборови кои тој ги согледува и споредува се следните:

1. –phage, –phagia, phago-, –phagous; esophagus

2 - porgy
3. nebbish,,
4. pagoda;
5. bhakti
6. *bhags-
Да ги согледаме поединечно значењата овие зборови .
1. –phage, –phagia, phago-, –phagous; esophagus, ,за кои вели дека своето потелко е во грчкиот phagein, со значење - да се јаде (< "да се има дел во исхраната"). 
2. porgy, од грчкиот phagros, –брус,острач и тоа преку неговото буквално значење на (“јадачи,јадач,она што ги јади –подјадува металите”),а кој исто така се сретнува како име за една врста морски риби наречени деверика , ја наоѓа од грчката суфиксна форма *phag-ro-.
3. nebbish, збор од тн.Словенски извори ,сроден со Чешкиот neboh, со значењето на сиромашен,несреќен ,чие што потекло го пронаоѓа во т.н .основен Славјански претпоставен корен *ne-bog , со значењата на сиромашен, (“не-надарен”).
4. pagoda; од Багван –Гита ,од санскритскиот bhaga , добра среќа .
5. bhakti од санскритскиот bhajati, оној што дели и распределува.
6. Проширените форми од претпоставениот корен *bhags-. baksheesh, buckshee, од персискиот bakhsh dan, -да се даде , кој пак е со потекло од авестанскиот bakhsh.,а ги има значењата на судбина,дел,да се подели......10


Она што Покорни го запишал за оние лингвисти после него им останал како правец во понамашното не надоградување или доистражување ,но најповеќе за препишување. Такви автори препишувачи има многу ,па во интерес на времето и просторот ќе спомнеме само неколку од нив.
Да речеме Агатоновиќ Радослав ,кој во 1904 год. ја преведува од француски книгата “Словенска Митологија’’напишана 1901 год.од авторот Луис Леже
А од неа да се фокусираме на името божествено и користењето на зборот кој што е ист во сите т.н.словенски јазици –бог.
“..Него не го имаат донесено христијаните ,а ќе се пронајде и во несторовата хроника :Стрибог,Дажбог,Црнобог... ..’’
Понатаму ..
“...Се смета дека овој збор е ист со санскритскиот збор. bhaga.
Го има за епитет и особено како име на едно важно божество во Ведите.Се поврзува со староперсискиот збор baga,старобактрискиот bagha, - bog). Bagha на санскит означува благосостојба и среќа.Според авторите било тешко да се одреди дали во т.н.словенски јазци значењето на зборот бог доаѓа од првото или од второто значење на санскитскиот bhaga ..’’ 11
Бидејќи се многу автори кои што препишуваат еден од друг и на тој начин го даваат својот придонес во потрагата за коренот на зборот Бог во нашите јазици ,како ќе спомнеме уште еден запис.
“...Заеднички елемент во нивните имиња(имињата на Бог-заб.Хомер_МакеДонски) ,бог ,е во етимолошка врска со индиското bhaga ,како и со нашето зборче богатство ’’...12
За разлика од Покорни , неговата б-п промена и неговите претпоставки ,по истиот метод на промена на буква во буква ,потрагата по можното потекло на коренот на зборот Бог ја бараме преку промената на буквата м со буквата б и тоа во името на нашата *мајковина, Македонија и нејзиниот прв составен дел Маке
Додека со претходните пишувања стигнавме до можноста дека Ма како МаМа е можен корен за зборот Маке ,сега ќе продолжиме со потрагата околу на можноста дека зборот Бог во нашиот јазик и сите сродни на нашиот,т.н. словенски јазици ,е со наше домашно потекло и дека корените му се исти со значењето.
Да се присетеме дека досега напишавме оти:
М- Бог-(свето тојство)
Ма-Богиња
МаМа-Богови
Бараме за Маке
Промена м->б
Ваквата освен што постои забележана во безброј примери во сите јазици ,ја има и во нашиот мајчин македонски.Примерот за ваквата промена го согледуваме кај глаголите мрморење и мекање .
suma sumarum -> собирање
м->б
сумарум
с->з
*зумарум
м-б
*зуБарум
збир

Мрмори inpf.->Брбори,мрмориш->брбориш,мрморење->брборење ,
мрморковци->брборковци
Мекање n *Бекање –> Блекање -> Блеење ..’’..13

Ваквата промена ја применуваме кај зборот Маке
Маке
м->б
*Баке
Следи промена на буквите к->г
Примерот ќе го согледаме со зборот ку.ригу кој исто така се запишува и како куку.рику .
Оттука ваквата промена ја применуваме ,таму кај што застанавме:
Маке
м->б
*БаКе
к->г
* БаГе
*БоГе
Бог

Заклучокот од сево ова е дека:
Зборот Бог својот корен го има во нашиот мајчин јазик и зборот мајка ,а сите досегашни пишувања за неговото наводно санскритско,семитско..и незнам какво друго потекло ,останува во домените на шпекулацијата.
Ова бидејќи и Маке и Бог по својата суштина се едно те исто.Поим кој што се менувал зависно од промената на човеквите сваќања кон божјата природа.
Кога сваќањето било дека е во женски род...се изговарал и запишувал и сваќал како Мајка
кога сваќањата се промениле ..се изговорува ,запишува и подразбира во машки род.
Од тука од нашиве нативни простори по пат на гранирање,како се шири влијанието на македонското наоколу,така и зборот Бог се посведочува и на просторите надвор од својот центар.

Извори:
10- Julius Pokorny “ Indogermanisches etymologisches Wörterbuch ``(Bern: Francke, 1959, 1989)…page 107

11-Радослав Агатоновиќ“Словенска Митологија’’Београд 1904
12- Kršćanska sadašnost ,Zagreb i Grafički zavod Hrvatske“Religije Svijeta: II izdanje’’, Zagreb,1991 поднаслов Drevne Religije ...str...128.
ISBN 86-399-0296-8
13-Тодор Димитровски,Благоја Корубин,Трајко Стаматоски“Речник на македонскиот јазик со српско-хрватски толкувања’’,Скопје 1961.....стр.424-425.

Интернет извори:
http://www.utexas.edu/cola/centers/l...x/X/P0183.html

http://www.rastko.org.yu/antropologi...itologija.html

Ма+Ма ->МакЕ

Ма+Ма ->МакЕ








Двоината која како преод од еднина во множина ,и се обидовме да ја доловиме преку зборот Ма+Ма ,можеби најубаво ќе ја согледаме преку буквата е ,која се наоѓа на крајот од зборот Маке,како дел од кованката Маке/дон 

Значи во овој текст се прашуваме зошто ја имаме буквата е во името на нашата земја.


Најкратката форма која се употребува и денес во означувањето на Бога е дадена во зборот Ма
На пример во митологијата,археологијатa дадена како Големата Богиња Ма или Божицата Ма или богот Ма ,што му доаѓа и скратено од Мајка .
За овој збор пишуваме дека е :
- збор напишан во еднина
збор напишан во женски род
Доловувајќи го преку најпрвиот збор на светот или зборот изговорен од устата на секое првородече
зборот Мама ,можеме да споредима и вака .
Мама е збор напишан во еднина
Мама е збор напишан во женски род .
Но, зборот Мама би можел да се протолкува и како збор напишан во и женски род и во множина и тоа изразувајќи се вака :
Ма + Ма =Мама ;каде

Ма =>еднина
+
Ма =>еднина
----------
Мама=>множина

од аспект на значењето на Ма-Мајка имаме вака :



Ма =>Мајка =>еднина
+
Ма =>Majka =>еднина
--------------------
Мама=>Мајки=>множина

Се фокусираме на барањето на одговорот на прашањето
,каква множина ?
Знаејќи дека во нашиот современ литературен македонски јазик множината се создава со употребата најповеќе на буквата "и" за зборот Мајка ви било вака
Мајка-еднина
Мајки-множина
множинската форма се прави,во денешниот литературен јазик
со буквата > и < па имаме
Мајки за множина .
Повторно ,согледувајќи ја подреденоста на самогласките во нашето современо писмо Азбуката редоседот им е даден :
А , Е , И ,О ,У

па имаме
МајкА -еднина
МајкИ-множина
она што фигурира помеѓу нив е самогласката " е "
па едното со другото дава нешто што е прекрасно за читање
МајкЕ-двоина ,
како множински облик на нешто што е повеќе од еден ,а помалку од три
Во прилог на множинската форма на изразувањето на титулата Бог ,ќе го наведеме и фактот дека во Библијата е забележана множинската форма и тоа во нејзините почетни делови:

И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!” Битие 1:26


И пак ќе напишам
А она што е како скалило помеѓу еднината и множинате е веќе напомнав двоината
значи аналогно на претходното
Ма-еднина
Ма
+
Ма
--------
Мама двоина
или

Ма =>Мајка =>еднина
+
Ма =>Majka =>еднина
--------------------
Мама=>МајкЕ=>двоина


имаме

МајкА-еднина
МајкЕ-двоина
МајкИ -множина

Ова наведува на размисла дали по случајност името на нашата
е запишано МакЕдонија или од некој таму во минатото останало да се запамети токму како што требало да биде запаметено ?
Или пресликувањето на зборот Мама, Мами потполно изразен
преку зборот Маке.

"Морфолошката система во т.н. старословенски јазик "


Или поточно во морфолошкиот систем на т.н. старословенско писмо


Старословенскиот јазик имал богата промена и кај именските зборови и кај глаголите. Тој бил синтетичен јазик, т.е. службата на именските зборови во реченицата се изразувала со падежни форми, што е случај денеска со српскохрватекиот, словенечкиот, рускиот јазик и друга за разлика
од современиот македонски јазик во кој падежните значења не се искажуваат со падежни наставки, туку со состави од предлози и именки.
Нашиот јазик е наречен аналитичен.
Именските зборови разликувале 7 падежи: во еднина, во множина и во двоина (дуал). Двоината се употребувала кога се однесувало на два предмета или две лица или на броеви што завршувале со 2: 12, 22 итн.

Сметам дека прилогот на Круме Кепески од неговата Граматика на
македонскиот јазик... е сосема доволен.Да го погледнеме:

* Образување множина кај именките

Множинска форма имаат само општите именки.Добар број од апстракните именки не се употребуваат во множина.Исто така, и сопствените именки немаат форма за множина .
Во македонскиот јазик разликуваме три вида множина: обична ,збирна и избројана.Форми за сите три вида множина разликуваат само именките од машки род.Именките од женски и среден род имаат само обична и збирна множина.
Обичната множина дава поим за нешто што е дадено во повеќе примероци или единки и може да се изброи: столови,ученици,книги,планини,села пилиња.
Избројаната множина се однесува на именките од машки род на согласка и се употребува само со броеви и со некои бројни прилози: два снопа,осум коша,дванаесет стола,девет молива.
Збирната множина дава претстава за колективното единство од повеќе предмети:сноп-снопје,снопја, лист-лисје,лисја,трн-трње,трња,планина-планиње,ливада ливаѓе,перо-перје-перја,крило-крилје-крилја дрво-дрвје-дрвја.
Сите овие именки истовремено можат да ја имаат и форми на обична множина :снопоби,листови,планини,ли вади,пера, крила,дрва,но со посебна нијанса на значењето..’’..8


И бидејќи се работи за именка од женски род предлагам потсетувањево за формирањето на множинските форми кај именките да го насочиме
кон именките од женски род:
“..Именките од женски род образуваат форми за множина со наставката –и.
Кај именките што завршуваат во еднина на –а (мајк-а), таа иде место завршетокот
–а :мајк-и ,вод-и.Кај именките што завршуваат во еднина на согласка ,наставката –и се придава кон еднинската форма:ноќ-ноќи,радост-радости.
Особени форми за множина имаат именките рака и нога: раце,нозе.’’ І
Во продолжение да објаниме малку и за збирната множина кај имеките како од машки така и од женски род.
Збирна множина
И збирната множина ја немаат сите именки од машки род.Неа ја имаат некои именки од машки род што завршуваат во еднина на согласка.Збирната множина кај нив се образува со наставките: -је ,-ја –ишта :Еве ги именките од машки род што имаат збирна множина.лист-лисје-лисја,сноп-снопје-снопја, пласт-пласје,базд-баздје,кол-колје,роб-робје-робја,корен-корење,корења,
ремен-ремења,пламен-пламенје-пламенја,трн-трнје-трња и др.; пат-патишта,куп-купишта,рид-ридишта и ридје крај-краишта,дол-долишта и др.
Збирната множина кај именките од женски род се формира со наставката –је:
Вода-воѓе,ливада-ливаѓе,ограда-ограѓе,трева-тревје,планина-планинје-планиње,
година-годиње,ледина-ледиње,нива-нивје...’’ 9

Фусноти:
8-Круме Кепески“Граматика на македонскиот литературен јазик за училишта и средно образование’’,“Просветно Дело’’,Скопје,1982...стр.93
9- Круме Кепески“Граматика на македонскиот литературен јазик за училишта и средно образование’’,“Просветно Дело’’,Скопје,1982...стр.94
 Да направиме комбинација на претходно изложените симболи анализирани во претходните постови

Оној за малата буква м каде излеговме со тезата дека



| ` = Ма



и оној за услово големата буква М



односно симболот на Големата Мајка кој што се изговарал како Ма.

Ел е најстариот назив за Бог кај оние што себеси се сметаат за народ избран во очите на Господа Бога. Ел е титула која кај избраните е сеуште со непозната етимологијата.

Се претпоставува дека кај Евреите титулата е преземена од народот кој што претходно живеел на териториите каде што денес се наоѓаат Израелците.

Тој народ денес во науката се дефинира како Каанци,според името на територијата забележан од страна на жителите на она што денес би се нарекло древен Египет. Денес на територијата на таа древна условно каанска земја се вршат ископувања,при што од пронајдените цел еден корпус од гравури,само околу тринаесетина влегуваат во најтесниот избор на можното објаснување за потеклото на титулирањето на поимот Бог.

Името на Бог во древниот Негев:
Истражувањата на Прото-Синајските гравури направени од И. Бејт-Ариј и Б.Сас, резултирала со откривање на неколку натписи за пан Каанското име за Бог (ЕЛ),на Синај датирани во периодот помеѓу 17 и 15 век пред новата ера. На натписите Мин Л., Синај Бр. 377 и 378 а исто така и #`с 350 и 363 било идентифицирано името ЕЛ со очигледна јасност. Гравури на дел од натписите од колекцијата на Проф. Бенџамин Сас,се претставени во неговата публикација од 1988, целосно исцитирана во Библиографијата .Од овие пак тринаесетина пристапуваме кон онаа што е најблиску до сопственото ни објаснување. Тоа е гравурата означена со бројот 98



Во хибру јазикот поимот Бог се запишува со следниве букви : = ЕЛ ( Бог ) 6

Кратките натписи се навистина многу вредни, и како такви, воопшто не ви останува простор за аргументирање.Доколку пак таков простор и постои,тога тој е сосема мал ,така што критичарите немаат околу што да оспоруваат. ЕЛ е широко прифатено како титула за Бог од страна на целиот Канаански народ и неговото име се соединува со Ја во некои Прото-Канаански натписи. Титулата Ја сеуште не е пронајдено во Синај, или можеби само останало неоткриено? Сметајќи дека просторот за аргументирање постои,ние споредуваме,за да надополниме, за да дојдеме до етимологијата што сеуште ја нема кај браќата Израелци. Значи ,Ел во хибру јазикот означува Бог .Според нашево

 = Е=Ма

 = | ` = Ма

Оттука имаме:

Е=Ма

Л=Ма

ЕЛ=Ма+Ма

ЕЛ= МаМа или Мама

Зошто е тешко да се пронајде ваквата етимологија?

Одговорот на прашањето го дава Библијата,каде се чита што Мојсие му наредил на својот народ, да прави и како да се однесува спрема каанските жителите на каанската територија во која се населувале ..``Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш,ниту да правиш што тие прават ,туку урни ги и ликовите нивни уништи ги...’’7

____________

Извор:

6-Sass, Benjamin. The Genesis of the Alphabet and its Development in the Second Millennium B.C. (Ägypten und Altes Testament 13)1988.. Wiesen .

7 -Излез ,Втора книга Мојсеева 23:24

Интернет линк:

http://net.lib.byu.edu/imaging/negev/names.html