Склавинија и како назив за Самоиловото Царство.
Освен во пишаните документи терминот Склавинија се спомнува на еден артефакт , на една минијатура наречена “Четири Грации ’’, нацртана како што се наведува ,во времето на Императорот Хенрих II (1002-1024), од 10-тиот век .
Описот за оваа минијатура е следниот:
Алегорија на четирите нации кои му оддаваат почит на Ото III“ е прочуена минијатура од Евангелието на Ото III, ремек-дело на отонската книжевна уметност. Создадена околу 1000 година во манастирот Рајхенау, оваа илустрација го прикажува моќниот император како седи на престолот, симболизирајќи го врвот на царската власт.1
Ќе додадеме согледувајќи ја претежно левата страна на оваа композиција .
Сликата,насликана некаде 1005 –тата год . е полна со симболики, втемелени на библијските текстови и создавана е по теркот на тогашните сваќања на Црквата за Светот
- Папата не е претставен, иако сите четири Грации му се поклонуваат ,бидејќи нели и тој како и Свемоќниот е невидлив за човечкото око .
-Четирите девојки се со четири круни и означуваат четири царства,една девојка едно Царство кои се под лидерство на Папата и она што допрва ќе се нарече Католицизам.
Сите четири девојки се насликани со боси нозе што говори за понизноста која што Царставата ја имаат кон Папата ,кој најверојатно преку тој детал си се воздига себе си пред тогашниот Свет ,барајќи од девојките да си ги изујат обувките кога му доаѓаат на поклонение ,на ист начин како што и Бог тоа го побарал од Мојсие ,кога му се јавил во вид на грмушка што гори и му побарал да ги собуе , и да се помоли оти верникот се наоѓал на Свето место .
Факт е дека и за Ватикан се вели дека е свето место.
Четирите му носат поклони во рацете и ги приложуваат кон оној што себеси се смета за наследник на Синот Божји на земјава обзнанувајки дека преку тоа му ставаат на располагање најсветото и највредното што го имаат за свое .
Исто како што и Авраам подава како жртва паленица пред Бога својот првороден син Исак ,своето највредно нешто .
Има ли нешто за едно царство да е посвето отколку неговите царски симболи?
Така можеби и да ги објаснеме и поклоните кои што се наоѓаат во рацете на сите четири девојки кои што се приложуваат ,поклонот да е симболот на царството ,поточно подаништвото што Царството го има кон “Највозвишениот ’’.
Во рацете на Склавинија се наоѓа симболот на Сонцето
“Sclauinia пишува Донски во својата рака го носи Сонцето ,а околу рамото има извезено мотив од македонските народни носии ...’’ 2
Оти дошла и таа на самата на поклонение па му го нуди највредниот симбол што го има .Сонцето (Името го препуштила на следните генерации кои откако ќе изродат како фиромци да го носат дар кон Грциштана кога ќе им одат на поклонение )
-исто и за националните симболи на останатите три царства мора да се поклопат значењата и во тој правец
зборувајќи за националните симболи ,повеќе од непотребно во овој топик е да се нагласи зошто сонцето е дел од
минатото на нашиот народ ,доволно е да се напише дека ниту еден друг т.н словенски го нема , ниту на исток ниту на запад од нас Македонците ?
Зошто Склавинија а не Македонија ?
Држејќи се до пристапот на поданици и господари што Западното Римско Царство го има спрема Македонија , поткрепен со историските термини применети врз поробените народи и држави , Рим најверојатно става до знаење дека тој е главниот Господар од кого зависи се и според чија што воља се движат нештата. Од Рим е ,додека во некоја блиска иднина не се докаже спротивното ) е подигањето на Охридската Црква во ранг на Патријаршија , од Рим е и согласноста за прогласувањето на Царството на Самоил , па затоа ова Цартсво и неговиот Цар има да му бидат понизни онему што им дозволува политичката независност од Константинија .
А терминот на понизноста е доволно читко изразен . Склавинија.
Пољаците исто така во својот национален романтизам , барајќи го своето минато претендираат кон називот Склавинија , пишувајќи дека тој се однесува за Средновековна Полска .
Тие пишуваат дека :
“-"Tysiac lat temu przybyl do Gniezna cesarz niemiecki Otton III. Mial on ciekawa wizje tego, czym ma byc Europa. I wlasciwie teraz, po tysiacu lat, do tej wizji powracamy...
- Tak, Otton III chcial stworzyc Imperium Romanum - Imperium Rzymskie. To nie mialo byc jednak imperium majace jednego glównego wladce i podleglych mu wladców terytorialnych. To miala byc federacja suwerennych panstw Europy. W rekopisie z okolo roku 1000, przechowywanym obecnie w Monachium, istnieje iluminacja przedstawiajaca hold skladany cesarzowi Ottonowi III przez cztery nacje. Sa to Roma (Italia), Germania (Niemcy), Galia (Francja) i Sclavinia. Przez Sclavinie rozumialo sie najpotezniejsze i najlepiej zorganizowane panstwo slowianskie, czyli Polske " 4
Фокусирано во последниот ред од текстот ,преводот би требало да биде отприлика вака :
“Przez Sclavinie rozumialo sie najpotezniejsze i najlepiej zorganizowane panstwo slowianskie, czyli Polske ..’’
“Склавинија-организирано господарство како дел од полската нација ..’’
Но, Склавинија сепак не е називот за Полска од 10-тиот век .
Еве зошто
Освен што Самоиловата држава била единствена тн јужнословенска држава во тој период. 4
Тие не само што ја немаат круната од венчавката од тоа време ,туку ниту денес го немаат, како што го немале ни тогаш симболот на Сонцето како свој национален белег .
Или да им се посочи уште еден детал од минијатурава .
Тоа е обликот на Царската круна , нацртана над главата на Склавинија .
По својот изглед тоа се ѕидините на Самоиловиот Двор во Охрид , денес препознатливи како “ Самоиловите Ѕидини ’’,“Самоиловите Кули ’’или “С
амоилова Тврдина ’’
Околку терминот . Sclaviniæ , латински - "област".
Откако Рим ја поробил Македонија после тн Трета Македо-Римска Војна, победувајќи го Персеј, Македонското Антигонско Царство престанало да постои , а наместо него победникот формирал воено административни области наречени Regiones потоа преведени на француски како Merides,во некои извори се спомнува и терминот Res Publicus ,што во својата суштина се она што во средниот век се опишува како Sclaviniae. 5
Биле четири на број со силно контролирани граници да неможе ниту еден Македонец да премини од една во друга област без дозвола . На Македонците им било забрането дури и да се женат меѓусебе, доколку биле од различни области..Временски овие воено административни едниници се датираат од 168 год до 148 год пред Исус .
Нивното траење е во период од 20 год ,а споменот за нив трае до ден денешен .
Во 146-та Македонија е припоена кон Рим и постанува Римска Покраина.
Самиот термин е создаден од туѓите завојувачи и окупатори и наметнувајќи го имаат за цел ,освен полесно управување и загосподарување со освоените територии и ништење на секаква народна свест кај потчинетите кои се сведуваат на статус на робови.6
Римјаните овој термин го наметнувале врз сите освоени територии.Такви Склавинии има источно од Рајна, на северот од денешните Германија и Унгарија, а се спомнуваат и во Шпанија , Мала Азија и Северна Африка...7
Овој повеќенаменски термин редовно се искориствувал како назив за одредени подрачја или збир на области како :
"Ecclesia Sclavoniæ"која ги вклучувала Босна и Далмација ..
"S(c)lavonia" во денешна Хрватска,
" Macedonia Sclaviniæ"[2] ,
"Sklavinska" (денес преименувана со "Dublinska") во Полска итн.
Дури и она што е денес Германија порано,некаде цирка 800 год од Исус било – "Sclavania" (види карта)[5].
Исто така од Источно Римските извори на латински читаме :
"...de Asiæ et Europæ patribus , Thraciæ , Macedoniæ , Salonicæ et circumiacentis Sclavinis..."[6]...8
Од тука можеме јасно да согледаме дека значењето на овој термин е адмиистративен израз со кој се означува :подрачје ,област или регион.Денес ,малце видоизменет исто така се користи овој термин :"Enclavа".
Енклавите по дефиниција се одредени области или подрачја со жители од исто потекло во себе .Терминот Склавинија и е корен за зборот роб , бидејќи служи и како основа за извод во јазикот на окупаторот.Денешен извод од него на пример се англиското Slave , италијанското ‘‘Schiavе“ итн.
Точно е дека во античките римски извори од тоа време (како кај историчарот Тит Ливиј), овие четири области се нарекуваат на латински Regiones, на француски преведени како Merides ,дури се сретнуваат преведени и со терминот Републики ,а се однесуваат за првата, втората, третата и четвртата македонска област под воено административната управа на Рим
. Терминот Sclaviniae за првпат писмено се појавува во византиските (источно-римските) извори многу подоцна, по почетокот на V век (како Σκлаυηνοι / Sclaveni), за да ги означи териториите под контрола на словенските племиња.
Точно е и тоа дека во официјалната историографија овој термин се употребува во раниот среден век кога постојат описи за масовно порибување на тн словенско население од страна на Франките ,Ромеите но и од Светата Римска Империја .Терминот Sclavus во средновековието го зазема местото на класичниот збор за роб а тоа е зборот Servus .Од тука произлегуваат и денешните зборови Slave на англиски или Sciavo на италијански .
Меѓутоа потеклото на терминот Sclavus ќе го согледаме многу пред средновековието и тоа во времето кога Рим ја победил и поделил Македонија на четири области после таа 168 год.п.н.е.
Оваа пракса на административно дробење на териториите и деградација кога победникот формирал четири строго контролирани области со цел ништење на народната свест, над 150.000 Македонци како дел од одмаздата биле насилно однесени во Рим како робови. Поробените Македонци биле сведени на статус на Sclavus (роб) во јазикот на окупаторот и за ова масовно поробување како најголема аквизиција на робови Sclavus во доцната Римска Република, каде се потврдува дека бројката од 150.000 заробеници која претставувала систематско уништување на локалното македонско население со цел негова трајна деградација постојат пишувани извори Иако тие солидни историски извори спомнуват термини како Regiones или Meridi кога ги опишуваат четири теми кои според своето уредување ,според положбата на потчинетите жители во нив не означувале слободна нација, туку 'област на поробени луѓе под туѓа воена администрација' – концепт кој окупаторите подоцна го наметнувале низ сите освоени територии во Европа..сепак наведените термини како Regiones ја имаат истата функција како и терминот Sclaviniae.
Зошто ?
Затоа што и Склавинија немала значење на суверен и доминантен етноним ,туку на потчинета административна територија.
Заробувањето и поробувањето на толкава огромна маса народ е запишано во делата на најголемите антички автори. Еве ги најсилните, меѓународно признаени и научно издржани референци за тие 150.000 заробеници кои Рим ги претворил во робови.
Антички примарни извори
- Тит Ливиј (Titus Livius)
– во неговото капитално дело
"Од основањето на градот“ (Ab Urbe Condita, Книга 45, поглавје 34).
Тој е најексплицитниот извор за оваа бројка. Ливиј детално опишува како по наредба на римскиот сенат, конзулот Луциј Емилиј Павле, по падот на кралот Персеј, опустошил 70 градови и во еден единствен ден заробил и претворил во робови точно 150.000 луѓе.
Полибиј (Polybius) – во неговите „Истории“ (Historiae, Книга 30, фрагмент 16).
Како директен сведок на римските освојувања, тој ја потврдува истата бројка од 150.000 продадени луѓе на пазарите за робови во Италија по пропаста на Македонското Царство и неговите сојузници на Балканот (особено во пограничните региони со Епир и Молосија кои биле дел од македонскиот воено-политички блок).
Реф:
______
1- https://www.digitale-sammlungen.de/en/view/bsb00096593?page=19
2- Александар Донски , “МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКАТА ГРАНИЦА НА ДУНАВ ’’, колумна во Македонско Сонце , број 180
http://www.makedonskosonce.com/sonce180/tekst7d.htm
3- http://www.gp.pl/prasa/gp/dokpub/00-04-28/aktualnosci/006.html
4- Remarques sur Ethnographie de la Macedoine Par J.Cvijič Paris 1907,Dom in svet, 1907.
5,6-Livy, Ab Urbe Condita, 45.34;
-Polybius, Historiae, 30.16;
-Plutarch, Aemilius Paulus, 29.
-N. G. L. Hammond, „Destruction, Survival and Colonisation in the Ancient Greek World“, Cambridge University Press,
7,8 - Васил Чулев,“Создавање на Словенската Бајка ’’(Од Монахот Фома до Јужните Словени ), Скопје , Македонија , 2014 год.
No comments:
Post a Comment