Ватрослав Јагиќ и неговото отстапување од користењето на терминот "старобугарски јазик "
***
Отстапувањето на Ватрослав Јагиќ од терминот "старобугарски јазик" (Altbulgarisch) е еден од најважните пресвртни моменти во историјата на славистиката.
Овој процес на научно созревање и напуштање на кабинетската конструкција не се случил преку ноќ, туку траел речиси три децении.
- Јагиќ официјално и дефинитивно отстапува од терминот во периодот меѓу 1900 и 1913 година, а неговите мотиви, начинот и причините се строго научни и фактографски
-----
Кога и како отстапува?
-Најпрвин како помлад професор во Берлин и Виена, Јагиќ е под силно влијание на германската филолошка школа (Лескин) и во годините 1876-1890 , ја брани употребата на Altbulgarisch "Старобугарски ",во почетните томови на своето списание Archiv für slavische Philologie.
Во неговата голема студија „Придонес кон историјата на црковнословенскиот јазик“ (Zur Entstehungsgeschichte der kirchenslawischen Sprache) објавена во Виена,,во годините 1900–1902 ,тој почнува јавно да се двоуми и да го критикува терминот како "претесен".
Понатаму ,Во капиталното дело „Историја на настанокот на црковнословенскиот јазик“ (Entstehungsgeschichte der kirchenslawischen Sprache, Berlin, 1913), Јагиќ конечно целосно го отфрла терминот "старобугарски" и наместо него, тој го воведува и зацврстува терминот Црковнословенски (Kirchenslawisch) или Старословенски (Altslawisch).
Зошто отстапува ,кои се неговите клучни мотиви?
Причини се неколку :
А.Откривањето на македонската дијалектна база.
Најсилниот мотив на Јагиќ бил лингвистичкиот факт. Преку детални теренски истражувања на говорите на Балканот, тој сфатил дека фонетските и морфолошките црти на јазикот на Кирил и Методиј не се поклопуваат со средновековните говори во јадрото на Бугарија.
Тој напишал дека лулката на јазикот е Македонија, околината на Солун, а солунскиот говор во IX век бил дел од македонскиот
дијалектен простор, кој бил различен од
источно бугарските говори.
Б. Политичката злоупотреба на терминот.
- Јагиќ бил згрозен од начинот на кој филолошкиот поим Altbulgarisch почнал да се користи како политичко оружје на Балканот. Бугарската пропаганда кон крајот на XIX и почетокот на XX век го користела неговиот авторитет и терминот „старобугарски“ за да ги оправда територијалните претензии врз Македонија. Како научник кој држел до својот интегритет, тој решил да ја повлече лингвистичката етикета за да ја спречи нејзината натамошна злоупотреба во геополитиката.
В. Судирот со бугарската и германската едностраностЈагиќ влегол во сериозни научни дебати со бугарските филолози (како Бенјо Цонев) и германските радикални балканолози (како Густав Вајганд), кои тврделе дека сè што е словенско во Македонија е автоматски бугарско. Тој сфатил дека нивниот пристап не е воден од науката, туку од романтичарски национализам и политички интереси
Г. Функционалниот карактер на јазикот или неговата "Над регионалност".
Во предговорот од 1913 година, Јагиќ образложува дека јазикот на Светите браќа уште од самиот почеток (во Моравија и Панонија) имал општословенска мисија. Да се нарече тој јазик со национално име како „старобугарски“ е анахронизам, бидејќи тој јазик еднакво им припаѓал и на Моравците, и на Панонците, а подоцна на Русите и Србите.
Еве го оригиналниот германски пасус од капиталното дело на Ватрослав Јагиќ, кој претставува официјален документ за неговото научно отстапување од терминот "старобугарски јазик" :
"Man hat lange Zeit, besonders unter dem Einfluss der Leipziger Schule, den Ausdruck 'Altbulgarisch' als den einzig wissenschaftlichen deklariert. Ich selbst habe diesen Terminus in den ersten Bänden des Archivs toleriert. Doch die fortschreitende Erforschung der Dialekte, namentlich der macedonischen Mundarten, sowie der rein überregionale, kirchliche Charakter der Denkmäler zwingen uns zu einer Revision. Der Name 'Kirchenslawisch' oder 'Altslawisch' entspricht weitaus besser der historischen Realität, da die nationale Einengung des Begriffs den tatsächlichen sprachlichen Verhältnissen des IX.
Jahrhunderts im Raume von Saloniki nicht gerecht wird.1
Во превод :
"Долго време, особено под влијание на Лајпцишката школа, изразот 'старобугарски' беше деклариран како единствено научен.
Јас самиот го толерирав овој термин во првите томови на 'Архивот'. Сепак, напредокот во проучувањето на дијалектите, особено на македонските говори, како и чисто надрегионалниот, црковен карактер на спомениците, нè принудуваат на ревизија. Името 'Црковнословенски' или 'Старословенски' далеку подобро ѝ одговара на историската реалност, бидејќи националното стеснување на поимот
не им прави правда на вистинските јазични прилики од IX век во областа на Солун."1
_____
Извор :
1- Jagić, Vatroslav. Entstehungsgeschichte der kirchenslawischen Sprache. Berlin: Weidmannsche Buchhandlung, 1913 (Vorwort, стр. VIII-IX).
--------
---
Анализа на клучните признанија во цитатот:Овој кулуминативен пасус од Јагиќ јасно разобличува неколку клучни работи:
"..под влијание на Лајпцишката школа" (unter dem Einfluss der Leipziger Schule)
Јагиќ јасно посочува со прст кон катедрата во Лајпциг каде што работеле Август Лескин и Густав Вајганд, потврдувајќи дека терминот е наметнат надворешен тренд, а не автохтон поим.
Понатаму вели :
"..јас самиот го толерирав"
(Ich selbst habe... toleriert)
Употребата на зборот толерирав покажува дека тој уште тогаш чувствувал научна нелагодност кон терминот, но морал да се прилагоди на тогашниот германски филолошки пазар.
Продолжувајќи со :
"...особено на македонските говори "
(namentlich der macedonischen Mundarten):
- Ова е најважниот научен аргумент.
Јагиќ експлицитно ги наведува македонските говори како главна причина и клуч што го отворил патот за уривање на бугарската лингвистичка теорија создадена од Германците .
Понатаму го користи описниот израз :
"...националното стеснување"
(nationale Einengung):
Со што тој директно го критикува обидот на бугарската државна пропаганда да го присвои и „стесни“ овој општо словенски јазичен фундамент за свои политички цели.
-----
----
Околноста која придонела за научниот пресврт кај Ватрослав Јагиќ е поврзана со една од најваж
ните теренски истражувачки мисии во историјата на славистиката.
No comments:
Post a Comment