Search This Blog

Wednesday, August 16, 2017

Kодификацијата на бугарскиот јазик

Kодификацијата на бугарскиот јазик трае повеќе од 70 години. По создавањето на бугарското кнежество имало три официјални писмени системи: Трновска, Каравелова и Дринова. Јазичната комисија формирана во 1884 г. била неуспешна. Решенијата на кодификациската комисија од 1893 г. исто биле отфрлени. До 1899 г. се воделе жестоки јазични борби.Затоа глупи се тврдењата дека Гоце Делчев и другите лидери на МРО пишувале на литературен бугарски јазик. Тогаш таков не постоел, туку имало целосен хаос. Едвај во1899 г. бил воведен присилно Иванчовскиот правопис, во 1921 г. министерот Омарчевски направил нова реформа, во 1923 г. Цанковски уште една реформа, во 1945 г. била направена наредна кодификација. При сите кодификации станува збор за крупни менувања, при што бугарската азбука броела 35 букви, потоа 32, за на крај 30 букви. Причината е во тоа дека и денес на територијата на Бугарија има региони (Трнско,Родопите, Добруџа) каде што бугарските „дијалекти“ се посебни јазици. Не може да разберете ниту збор од тоа што ви кажуваат. Во времето на социјализмот, писателот Станислав Сивриев сакаше да напише во списанието „Родопи“ роман на родопски „дијалект“. Едвај успеал да напише расказ, затоа што за секој збор мораше да има превод. Shashardi Trajche

https://www.facebook.com/kompi.lacija.1/posts/280254132454126

No comments:

Post a Comment