10. Еден од најнечесните и уништувачки настани во оваа така-наречена граѓанска војна во Грција, кој ме наведе да верувам дека е договорена војна е фактот, дека немаше договор за предаја и излезна стратегија за партизаните и за бегалците, освен да ја напуштат земјата. Непостоеше план "Б" ниту "што после ако ја загубиме војната". Секогаш се претпоставуваше дека партизаните ќе ја добијат војната и кој мисли подруго, тој е предавник и кукавица. Дури и кога партизаните ја изгубија војната, Захаријадис се осмели да ги натера борците во Албанија за да се прегрупираат; војната не е уште завршена...и дека ќе победат. Слушаиќи ги неговите заповеди сите борци ги напуштија своите борбени позиции и преминаа во Албанија, верувајќи му дека од кога ќе се регрупираат, ќе се вратат и ќе ја продолжат борбата.
Многу македонски борци се' уште му веруваа на Захаријадис кога им рече дека ДАГ ќе победи, наскоро! Престанаа да му веруваат откако тој почна да ги окривува лидерите на НОФ за губењето на војната, дека се предавници и Титови агенти и најпосле, откако ги осуде и протера надвор за секогаш да живеат по камповите на Сибир.. Во почетокот Захаријадис сакаше лидерите на Народно ослободителниот фронт ( НОФ ) да ги ликвидира, но бидејќи тие беа на албанска територија, албанските авторитети не би му дозволиле тоа да го прави.
Македонскиот народ, вклучувајќи го мнозинството раководители на Народно ослободителниот фронт беа комплетно изненадени со ненадејното менување на настаните , како и неправилното обвинување за губењето на војната, со која не раководеле. Тие биле свесни за своите должности, меѓу кои и мотивирањето на македонскиот народ да се борат; односно да го извршуваат она што им било заповедано од грчките лидери, особено од Захаријадис; и тие го правеле точно тоа, што им било заповедано. И покрај сето тоа, беа обвинети за губење на војната; особено откако Захаријадис постојано им зборуваше и ги убедуваше дека победуваме?! До колку тие не им верувале на Грците, тогаш за сигурно им верувале на југословените, кои пред кусо време им биле доверени на комунистичката партија на Грција и им наредиле да ги следат упатствата и наредбите на ГКП, зошто тие се "грижат за вашите интереси"? За сигурно југословените не би ги вовлекле во такви неугодности и неточни обвинувања.. во најмала рака, не намерно?
Ристо Стефов ,“Анализа на историските настани во егејска Македонија , дел 16
Извор :
http://www.bukovo36.com/432490393
Ристо Стефов ,“Анализа на историските настани во егејска Македонија , дел 16
Извор :
http://www.bukovo36.com/432490393
No comments:
Post a Comment