Search This Blog

Tuesday, August 22, 2017

МИТАРЕЊЕ НА МАЈКАТА МИТРА


Бугарија нема проблем ниту со карактерот на нашата Православна Црква .
За неа ние сме дел од нив :

Членот 1 став 3 од Уставот на Бугарската Православна Црква гласи: “(3) Самоуправната Бугарска Православна Црква - Бугарска Патријаршија е наследник на Плисковската архиепископија, Преславската Патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија. Таа е единствена и неделива."

Видно и од Уставот на Бугарската Православна Црква, Охридската Архиепископија е нејзино канонско наследство. Затоа што за Софија, Самоиловото е Бугарско Царство, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. За ретуширање на македонската историја кон “оваа вистина“ на Бугарија, беше и Договорот Заев-Борисов.’’
Ова го има напишано Тодор Петров во текстот со наслов : 
МИТАРЕЊЕ НА МАЈКАТА МИТРА?!
Пишува Тодор ПЕТРОВ
Членот 1 став 3 од Уставот на Бугарската Православна Црква гласи: “(3) Самоуправната Бугарска Православна Црква - Бугарска Патријаршија е наследник на Плисковската архиепископија, Преславската Патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија. Таа е единствена и неделива."
Видно и од Уставот на Бугарската Православна Црква, Охридската Архиепископија е нејзино канонско наследство. Затоа што за Софија, Самоиловото е Бугарско Царство, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. За ретуширање на македонската историја кон “оваа вистина“ на Бугарија, беше и Договорот Заев-Борисов. Се разбира, Договорот Заев-Борисов ќе ја доживее судбината на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, бидејќи Македонците во татковината, Македонците во соседните земји на Републиката и Македонците во светот го отфрлаат, за нив е неважечки и ништожен. Се’ додека за Софија: Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, Договорот за добрососедство е велепредавство на нацијата и државата... Но, времето ќе ги покаже заткулисните игри и цената со која е платена оваа смртоносна авантура по Македонскиот народ и Македонија, од одродениот од Муртино...
Митарењето секако не е вирус кој епидемично се шири. Но, брзо ги покажува роговите. Зарем има тајна која не видела бело видело? Веднаш по велепредавството на Зоран Заев на нацијата и државата, со бодигардот на Тодор Живков, со поддршка на овој Договор се огласи бигорскиот игумен. Кој го повика, зошто се огласи, само Господ знае, ама и се дознава... Впрочем, зошто толкава брзина, политички став на едно монашко братство во Дебар, истиот ден по потпишувањето на Договорот во Скопје...
Митарењето на Неговото Високопреподобие отец Партнериј, Бигорскиот игумен, започна со посланието од 1 август 2017 година, за поддршка на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан истиот ден во Скопје. Продолжи на 9 август 2017 година со посетата на Претседателот на Народното собрание на Република Бугарија Димитар Главчев, придружуван од бугарскиот амбасадор во Република Македонија Иван Петков, на македонското древно светилиште “Свети Јован Крстител“, попознато како Бигорски манастир.
Во ексклузивната изјава на 16 август 2017 година (https://dveri.bg/up4ww) за бугарскиот портал двери (dveri.bg), пак, Архимандритот Партениј вели: “Бугарската православна црква е единствената вистинска и достојна Црква-мајка на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Тоа е наша Црква-мајка и во канонски и во историски аспект.“
Но, науката поинаку вели. Д-р Петар Поповски, авторот на делото “Црковната дипломатија на Охридската Архиепископија“ коментира: “И Бугарската црква (Трновската патријаршија) во целата нејзина историја била под трајно ведомство на својата Мајка Црква - Охридската Архиепископија-Патријаршија. Како и Српската црква и Бугарската црква била некаконски отцепена во времето на бугарските цареви, браќата Петар I Асен и Асен Константин Тих. Отцепувањето било некаконски насилствен акт, којшто никогаш не бил признат од Светиот Вселенски Синод!
Но, и бугарските цареви, како и српските, почнувајќи од браќата Петар I Асен (1190-1195 година) и Асен Константин Тих (1186-1196 година), до Калојан (1197-1207 година), не посегнале по автокефалноста на Охридската Црква. Со цел да го намалат влијанието на Охрид и на Цариград во “бугарските земји“ и да создадат противтежа на балканските духовни простори, браќата Петар и Асен, Трновската епархија ја прогласиле за Архиепископија. Тоа бил неканонски акт, анатемисан и од страна на Светиот Вселенски Синод. Во новата неканонска “Бугарска“ црква биле приклучени сите епархии во Бугарија, кои дел биле под јурисдикција на Охридската црква, дел под јурисдикција на Цариградската црква. Пркосејќи им на тие цркви, Трновската архиепископија, во периодот меѓу 1185 и 1204 година, ги зела под свое ведомство епархиите до каде што се простирало владеењето на бугарските цареви: Видинската, Средечката (Софиската), Велбуждската, Нишката, Врањанската, Призренската и Скопската епархија (Види кај: Е.Е.Голубинскиј, Краткиј очерк... страници 115 и 125 и кај Иван Снегаров, Положението... страница 51). Бидејќи ниту Архиепископијата, ниту првиот бугарски архиепископ Василиј, не биле признати, како од небугарските епархии кои биле насилно припоени кон Трново, така и од Вселенскиот Синод, бугарскиот цар Калојан повел преговори со папата Инокентиј III (1198-1216 година) барајќи Трновската архиепископија да ја прогласи за Патријаршија, а Василиј за патријарх. Ова барање било само делумно задоволено, со тоа што Трновската архиепископија останала тоа што била, а само нејзиниот поглавар бил унапреден во чин Примат (Ибид). По распаѓањето на државата на Калојан (1207 година) Охридската црква ги повратила насилно одземените епархии од страна на Трновската архиепископија.
Подоцна, кога било обновено бугарското царство од страна на Иван Асен II (1218-1241 година), политиката кон Македонската црква битно не се променила. И овој бугарски суверен не посегнал по нејзината автокефалност, но затоа пак водел енергична борба економски да ја ослабне и да го намали нејзиното влијание, бидејќи таа уживала голем углед и авторитет, не само кај македонската, туку и кај немакедонската паства. Крајна цел на Иван Асен II била, Трновската архиепископија да ја наметне како водечка црква на Балканот (Види пошироко кај: Е.Е.Голубинскиј, Краткиј очерк... страници 115 и 135; Иван Снегаров, Положението... страница 51; Иван Дуљевич, Македониз... страници 17-21; и Борислав Примов, Македониз... страници 38-39). Во тоа сепак не успеал, бидејќи се работело за црква со стара култура и традиција. Со навлегувањето на Турците на балканските простори (1371 година), тие прво ја укинале Трновската, а потоа и Печката архиепископија, а ја задржале само Охридската, поради нејзината древност и углед во христијанската паства. Епархиите под јурисдикција на укинатите цркви, на Бугарската и на Српската црква, целосно потпаднале под јурисдикција на Македонската Црква - Охридската Архиепископија.“
Македонија не прогласи сувереност и самостојност за од прегратките на Белград да се фрли во прегратките на Софија. Митарењето на бигорските монаси е аларм, дека нешто во Македонската Црква се случува... Дај Боже да грешиме... Се разбира, ако историјата се чита според актуелната гео-политика секогаш се доаѓа до погрешни заклучоци, кој што чита тоа прокламира, ама поразително е ако врховизмот фати корени и меѓу испосниците под црните мантии кои ги сметаме за душата на нацијата.
Неприфатливо е и Македонската Црква да ја шетаме од Белград до Софија, по други и туѓи за свои интереси и сфери на влијание на овие простори, меѓу Македонците и во Македонија.
Светиот Архиерејски Синод на Македонската Црква - Охридска Архиепископија мора сериозно да го отвори прашањето за врховизмот меѓу епископите, свештениците, монасите и монахињите, и да превенира во митарењето додека не сме доживеале реприза слична на онаа на одродникот и расколникот Зоран Вранишковски... И тој велеше, зошто само јас распнат, кога заедно се договаравме...
Отец Партнериј, задржи го достоинството и остани достоен на митрата на Охридските архиепископи... Македонците во светот бараат реституција на сите ракописи и артефакти во Бугарија од Македонија... Македонците во светот бараат враќање и на скапоцената митра којашто Охридскиот Архиепископ Јосиф (1719-1745 година) во 18 век ја добил на подарок од Венеција, изработена од тамошните златари! Вредна е 40 милиони долари, затоа што на неа има 329 скапоцени камења, од кои 245 парчиња се црвени рубини, злато, сребро, филигран, тешка 1,5 килограми чисто злато... Митрата е во Софија, но таму е затоа што е украдена од Македонија...
Отец Партениј, не го легитимирај софискиот фалсификат на Македонскиот јазик, културата и историјата на Македонскиот народ и на Охридската Црква - Архиепископија и Патријаршија, Јустинијана Прва...



МИТАРЕЊЕ НА МАЈКАТА МИТРА?!..’’

No comments:

Post a Comment