Search This Blog

Thursday, April 27, 2017

Македонското златно теле

“Златното теле’’ и неговата симболика за Републикава
2, Мојсиеева 32 ,1- 35
1. А народот кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арона, и му рече: “Стани и направи ни богови што ќе одат пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек – со Мојсеја, кој ни изведе од земјата Египетска.
2. Арон им рече: “Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени и ќерките ваши, и донесете ми ги!”
3. И сите ги извадија златните обетки, што им беа на ушите на жените нивни, и му ги донесоа на Арона.
4. А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: “Еве ги, Израиле, твоите богови, што те изведе од земјата Египетска.”
5. А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: “Утре е празник на Господа.”
6. Утредента, станувајќи рано, принесе жртви сепаленици и жртва за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат.
7. И му рече Господ на Мојсеја: “Оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата Египетска, појде по пат на беззаконие.
8. Брзо се отклонија од патот, кој им го определи; си направија теле, и му се поклонија, па му принесоа жртви, и рекоа: ‘Ова се, Израиле, товите богови што те изведоа од земјата Египетска.’
9. И му рече Господ на Мојсеја: гледам дека оној народ е тврдоглав, но сега остави да се разгори гневот Мој против нив и да ги истребам;
10. а од тебе ќе направам народ голем.”
11. А Мојсеј, се помоли пред Господа Бога, и рече: “Зошто се разгорува, Господи, гневот Твој против народот Твој, кого го изведе од земјата Египетска со сила голема и рака цврста?
12. Зошто Египтјаните да зборуваат и да речат: ‘За зло ги изведе, за да ги убие по планините и да ги истребеи од земјата?’ Нека се смири гневот Твој; и биди милостив поради злобата на народот Твој.
13. Сети се на Авраама, Исака и Јакова, слугите Твои, на кои им рече, велејќи: ‘Ќе го умножам и преумножам потомството ваше колку множеството ѕвезди на небото, и сета оваа земја, за која си рекол дека ќе му ја дадеш на потомството ниво вечно да ја владеат.’
14. И Господ се смилува и не му направи зло на народот Свој, како што беше ветил.
15. Тогаш се врати Мојсеј, слегувајќи од планините; во рацете му беа двете плочи на сведоштвото, испишани од двете страни: и на едната страна и на другата страна беше напишано.
16. Плочите беа дело Божјо, и писмото, писмо Божјо, врежано на плочите.
17. А Исус, кога го чу гласот на народот што викаше, му рече на Мојсеја: “Борбен повик е во таборот.”
18. Но тој одговори: “Не е тоа вик на победници, ниту, пак, пискот на победени; туку слушам глас на пијани од вино.”
19. А кога приближи до таборот и го виде телето и игрите, и се разгневи Мојсеј: па ги фрли од рацете свои обете плочи, и ги скрши во подножјето на планината.
20. Потоа го зеде телето, што го беа направиле, и го изгори во оган и го претвори во прав, а правта ја истури во водата, и им даде од неа да пијат синовите Израилеви.
21. И му рече Мојсеј на Арона: “Што ти направи овој народ, та го наведе на толку голем грев?”
22. А Арон му рече на Мојсеја: “Не гневи се, господару мој; ти знаеш за што е склон овој народ.
23. Тие ми рекоа: ‘Направи ни бог што ќе оди пред нас; Мојсеј е човекот што ни изведе од Египет, но не знаеме што стана со него, со оној кој ни изведе од земјата Египетска.’
24. А јас им реков: ‘Кој има злато, нека го извади од себе.’ И го извадија и го донесоа, а јас го фрлив во оган, и го излеав ова теле.”
25. Кога виде Мојсеј дека тој народ станал необуздан – бидејќи Арон беше допуштил да падне во распојасаност за радост на непријателите свои,
26. застана Мојсеј на вратата од таборот, и рече: “Кој е Господов, нека дојде при мене!” И се собраа кај него сите синови Левиеви.
27. И тој им рече: “Еве што вели Господ, Бог Израилев: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по таборот, па навратете од врата до врата, и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.
28. И постапија синовите Левиеви според заповедта Мојсеева: и во тој ден изгина народ до три илјади души.
29. И Мојсеј им рече: “Денес Му ги посветивте рацете свои на Господа за служба: кој на синот свој, кој на братот свој, за да ви даде денес благослов.”
30. А утредента му рече Мојсеј на народот: “Направивте голем грев; и сега ќе појдам горе при Бога, за да молам да ви се прости вашиот грев.
31. И се врати Мојсеј при Господа, и рече: “Ти се молам, Господи, овој народ направи голем грев, оти си направи бог од злато.
32. И сега прости им го гревот нивни; ако ли, пак, не, тогаш избриши ме и мене од книгата Твоја, во која си ме запишал.”
33. А Господ му рече на Мојсеја: “Оној, што згрешил пред Мене, него ќе го избришам од книгата Моја.
34. Но сега оди, слези и поведи го тој народ во местото, каде што ти реков. Еве, Мојот Ангел ќе оди пред тебе, а кога ќе ги посетам, на нив ќе го навртам гревот нивен.”
35. И го порази Господ народот, затоа што направеното теле го излеал Арон.
Извор:
1. А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јакова, таткото нивни; секој со целото свое семејство дојде.
SVETOPISMO.PRAVOSLAVIE.MK

Ова е македонското “ златно теле“ кое се замени кога едната Партија со македонски призвук била на влас, а втората паритија со македонски призвик продолжи со испочитување на променетото.
Називот на нашето македонско златно теле е ФИРОМ .
Ние жителите на Републиката ,ниту бевме прашани дали да има или да нема ваква промена и во симболов и во називот , ниту пак планираат да прашаат ако евентулано се спроведе на дело најновава инивијатива на Албезите за повторна измена на знамето,Си имале тие принцип од 2/3.
Ние сме предвидени само да се построиме и да и се поклонуваме..
Она што е поента би била дека 
наместо да измислуваме нови симболи требало само да се придржуваме кон постоечките .

Паралелава со приказната за телево е следнава.
Наместо да измислуваме “Вентилатор’’ , како што и Евреите измислувале “златни телиња’’ , требало да се придржуваме и да си го чуваме она што сме си го имале.
Сме си го имале следново знаме , за кое постојат и постојат докази дека е дел од македонското минато , исто како што сме си го имале и македонското Име од кое потпишале дека привремено се откажуваме и го заменуваме со некаква си повторно измислена референца .




Она што е нај нај околу самиот симбол кој што сме поставиле и ние на нашето знаме , исто како и нашите предци е фактот дека тоа е симбол на верата .
Откажувајќи се од тој симбол сме се откажале од верувањето во Бога , исто како што и повиканите Евреи се откажале од Бога во моментите на усвојување на нивното теле .
Да не било таков симбол ,нашево сонце не би било прикажувано на претставите за Богородица на пример .

И додека приказната за “Златното теле ’’ раскажува дека веднаш штом Мојсие слегол од Планината го уништил нивниот новосоздаден идол , кај нас потчинувањето и постројувањето кон овој измислен симбол , усвоен на 5.10.1995 год сеуште трае..
Можеби ќе се заврши со додавање на двоглавото орле на него ?
:))

Зарем не е време да иницираме Референдум за промена на измислени симболи , кои немаат ама баш никаква поврзаност ниту со Македониа, ниту со Македонците ?


Во 1995 година генералниот секретар на ООН, Бутрос Бутрос Гали, го повика во Женева македонскиот претседател Киро Глигоров на тематска средба за знамето. Генералниот секретар на ООН, имајќи ги претходно нашите сознанија, прагматично го свел прашањето на техничко: имате ли цврст доказ дека амблемот на знамето не е земен од територијата на друга суверена држава, членка на ООН? Глигоров имаше 80 мои фотографии и филмот "Слнце". "Земете си едно типично од овие сонца и проблемот е решен " - би рекол и јас да бев на местото на Бутрос Бутрос Гали. Зашто, на моите фотографии од теренските истражувања ширум Република Македонија немаше ниту една идентична на амблемот од Кутлеш. Што можеше да одговори Глигоров или кој и да беше друг на негово место, особено од редот на дежурните критичари? Така е избрано сегашното сонце на официјалното државно знаме кое д-р Елизабета Димитрова го дефинира како Исусово сонце (Исусов двоен крст), како што важи во науката за симболи во светот. Основната инспирација е од фотографија на "дрвено знаме", со големина 1 м спрема 0,5 м, од црквата "Св. Димитрија" во Битола. Од тоа "знаме" се задржани 8-те радијални, а се исфрлени другите 8 "шилести" зраци помеѓу нив. Поткрепата за изгледот е од наусот на стариот манастир "Св. Атанасиј" во Лешок и од наусите во "Св. Климент" - Охрид, "Св. Богородица" - Ново Село, Штип, "Св. Димитрија" - Битола и други, како и од иконата Св. Богородица Патеводителка во "Св. Спас" - Скопје и камената апликација на црквата "Св. Никола" во Стрезовце, Кумановско. Исто така поткрепа се многу икони на кои се гледа Исус Христос и околу неговата глава осум радијални зраци и ист блесок кога тој го напушта својот гроб. Врз основа на овие примери, дипл. инж. Мирослав Грчев, на повик, направи апликација, потоа доработена на компјутер. Грчев од етички причини се откажа од авторство, та сега знамето официјално нема автор. (И двете знамиња се донесени во времето на Бранко Црвенковски). Сонцето, како симбол, има огромно значње кај македонскиот народ. Нему му се оддава почит во секоја пригода - при молитва, при почеток на работа, при крај на денот итн. Тоа симболизира живот и енергија, но и корени на старост, вечност од почетокот. Исусовото сонце значи ширење на добрини и доблести, со цивилизациско значење и пораки, но има и мислење дека тоа симболизира прием на космичка енергија и странични влијанија. Претстои донесување и на нов државен грб, иако сегашниов може само да се "рафинира" и централниот дел (сонце, Шар Планина, Егејско Море) да се стави во француски штит. Сепак, потребни се потемелни и подолгорочни подготовки ..’’1


Не сум сигурем за одржливота на тезата која асоцира дека според обликот на знаците , па преку тоа да оформуваме изгледот на сонцето и тоа според објаснување на една личност била таа и д-р ,Елизабета Димитрова и нејзината дефиниција за ’’ Исусово сонце’’ , како утеха за замената на веќе постоечкото сонце што имаме .

Да се прекрсти човек за објасувањето.

Ако истераме нештата на виделина пак мора да посочиме МАНУ за виновник.

Она здружение на сенилни фосилизирани приматели на примања кои не ги одработуваат и не ги заслужуваат .

Нивниот однос во времето на промената на знамињата бил следниов :
“ МАНУ во својот одговор на меморандумот "Македонија и односите со Грција", направи стратегиска грешка: ја потврди грчката теза дека сме Словени, иако во Историјата на македонскиот народ (том 1. стр. 80) се говори за симбиоза со староседелците. ..’’

Тој и таков непотребен и штетен МАНУ , 
ако би го прашале под какво знаме и под какви симболи наидувале тн Словени во Македонија , сигурен сум дека не би можеле да кажат ништо повеќе освен : 
Дајте ни плата ние сме МАНУ ..’’
Исто и запишаново во книгава насловена како 
“Историја на македонскиот народ’’ , спомнуваат дека имала некаква симбиоза од доселеници со староседелци ?
Каква ?

Пак би била непостоечка и тоа 
на стародеделци со оние што се населуваат - по теорија ..

А и нив ако ги прашаш за нешто повеќе , сигурно би се огласиле со : “Ние сме Институт за национална Историја , дајте ни плата ..’’
:))

И за промената на знаме , оправдувањата на оние што прават замена е дека сме Словени.
И утехата е таа кога се потпишува дека сме ФИРОМ макар и привремено.
Утехата дека сме Словени е и истакнувана со одлучност и со гордост пред сиот Свет во ООН и тоа од страната н првиот “Фирмјанец ’’ на планетава Земја , поранешниот ни Претседател :
Ова негова изјава опфаќа дека:
- Сме Словени
- сме биле дојдени во 6 ти век од н.е.
- немаме врска со минатото на Македонија .
Единствено со што ќе се поистоветам со неговата изјаве е делот што вели дека :
“Ние сме Словени... ’’

Таа изјава је ја раширам со крајна цел негирање на неговото преку следново :
“ Ние Македонците сме Словени...’’
Но што е тоа Словени ?

Дали тоа е некаква амфорна безимена маса која дошла , како што и тој вели од други простори во Македонија ? 
- Не !

Словен е религиозен термин 
Словен е концептот на нашата вера во Бога .
Ние сме Словени односно следбеници на Словото Божје 

                                                                  Околу Словените

Велат душманите те освоиле тогаш кога започнуваш да размислуваш со нивните мисли и за идеологија да имаш нивната интерпретација .
Па доста е .Надминуваме една поделба според која еден ист народ македонскиот е дојден од некаде иако е на свое. ..
Кога сме кај термините да разграничиме и ова :
Постојат наши домашни термини и туѓи термини.
Наши термини се Слово , Словени, Славјани ..како што наши темини се Македонци Македонија 
Туѓи термини се Sclave Sclavinia со значењето роб и административна област Enclave по денешно , како што се туѓи термините Фиром Фироманци циганоскопјаноси ....


“Не постои друго стадо што повеќе страда од меѓусебните поделби на црни и бели оФци од македонцкото ...''
Една од поделбите е ова на тн антички и тн Словени ..
Надминување на ваја поделба.

Тезата Словен од слово со значењето на буква или писменост .
Наместо прашањето што е тоа Словен , поставуваме прашањето малце поинаку ,а тоа е 
Кој тоа е Словото?
Одговорот е Исус 

Зошто ?
И сме во светот на религијата .
Христијанството како религија има во фокусот човекот и се околу човекот. Се есоздадено за човекот . И рајот и пеколот ..и правилата и законите и Земјата и Исус зема обликот на човек,заради спасението му.
Человек е називот за човек и како се користи денес во Црквите ни.
Человек. Една мала промена во буквите од буквата ч во буквата с вели вака:
Человек 
ч->с
Селовек ..3
издвојуваме согласките 
С Л В К
и тука сме
С Ло Во К
Слово .
Напишано на писмото Коине ,би било отприлика вака:
Σελοωεκ 
Человек
Зотшо
Σ  ,наместо ч ?
Затоа што Коине писмото не препознава форми за буквите ч, џ, ш, шт, ж, жд, ѕ ..итн
Кога сме кај Коине да забележиме дека затоа што историјата не памети постоење на Коине народ , што зборувал на него, ќе заклучиме дека не постои никаков јазик Коине , туку постои писмо што така било наречено.Писмо исто како што било и глаголицата , е латиницата или кирилицата на пример.



Назад кон прашањето 
Кој е Словото?
-Исус
Што е тоа Слово?
-Човек
Што е Исус ?
Богочовек , кој се отелотворува во облик човеков заради спасение на човештвото.
Буквата 
И се е тука ,На купче .
И движењето на Словото што можеби да ,можеби не е и првото име за христијанизацијата .Од Македонија кон Запад и Моравија , кон Исток во тн Прво Бугарско Царство. И кон Север кога Руси во Охрид се покрстуваат и земаат Словото за ѕвезда водилка .
Задава неизлечив удар на тн теорија на доселување.Теорија во која ниту постои доселување ниту народ опфатен со називот Словени .
Бог + Слово
Бог+Исус
Бог + човек ...
Бог+ Слово ...моќен концепт .
Вели вака :
Македонци од древноста до денес ,Македонци кои во антиката имале една религија , а потоа прифатиле верата во Словото ..
Артефактите за Словените што сите се обидуваат да ги ископат всушност се и над земјата .
Дел од нив се нарекуваат Цркви .
Да Цркви или места каде што најповеќе се изучува и проповедува верата во Словото .

Освен лингвистиката ,како друга потвдра за Словенството како Вера во Словото ја читаме и во самата Библија и нејзиниот Нов Завет ,кај се вели дека:
Со патувањето на Апостолот Павле во Македонија започнува ширењето на учењето за Исус под епитетот Слово .
Запишано е :
“ И *вие се угледавте на нас и на Господа , кога со големи маки со радост го примивте словото од Светиот Дух , 1 :6 .........4
Ова е најпрвото поистоветување на Македонците со Словото.Подоцна , ова поистоветување ќе го наведе и еден да речеме и историчар кој во своето дело ќе се повика на , замислете си само , современик од времето за кое се опишува :
Тоа е ќе речеме писателот или авторот F.C. Burkitt кој ќе се повика на современикот на тоа време Marcion и ќе напише дека:
“Солуњаните се Македонци. Тие го прифатија Словото на вистината зачувано во верата дури и покрај прогонувањата на нивните сограѓани“.Уште повеќе од тоа,тие не ги прифатија ниту учењата на лажните Апостоли,Овие апостолски пофалби за нив се напишани од Тимотеј кој тогаш бил во Атина ..5


Како треба да согледаме напишаното и што треба да правиме ?
Се што треба да се стори е да се редефинира и да се ретеминира.
Ако можете да приметите во текстов што сум одвоил се употребува терминот Благовештение .
Дали знаете дека тој наш термин е напуштен , се употребува повремено , а е заменет со терминот Евагелие ?
Верувам дек а многумина од вас тука во групава немет поим за ова .
И не само што немат поим ,туку не им е ниту важно .А, дека е важно важно е затоа што свесно или не напуштаме сопсвените македонски терминирања и ги заменуваме со туѓи . Зошто тоа се прави ?
Има ли потреба од понатамошно продолжување на таквото нешто ?
Дали сме поумни ако наместо со македонски збор, нештата ќе опфатиме со англиканизам на пр.?
Секако дека не сме поумни ,како што не сме поумни ако нештата опфатиме со грчки или латински ,наместо македонски термин...
Понатаму, во текстот се посочува употребата на терминот Слово
Слово како термин што за прв пат се применува како опис за Македонците кои прифатиле тогаш ,за нив новата религија и поради чиво прифаќање и пострадале .
Дали знаевте дека терминот Христ и терминот Христијани , во однос на терминот Слово се термини кои се понови и настанале некаде околу , според некои најнеутрални извори најдоцна во III век од н.е. 
Ние, тука зборуваме за термин од крајот на I ера после Исус .
Со овој терминсе опфатени, најнапред Македонците од Солун, потоа терминот се шири за сите Македонци од цела Македонија.Ширењето оди и надвор од тн етно граници и се расширува врз Кановите кои опткако ќе прифатат Словото преминуваат во Кнезови, ги менуваат и сопствените лични имиња и примаат нови, заради кршетевањето што прифаќаат и со кое се поистоветуваат со Исуса.

Понатаму Словото е шири кон Запад и Моравија ,за да најнакрај Руси ќе дојдат во Охрид и ќе попримат Словото.
Проследиме ли ширењето на Словото увидуваме дека постојаните категоризации се југ – запад и исток , нешто што објаснува зошто нема Северни тн Словени како етникум .Е нема и нема да има затоа што Слово е религиозен термин :
Терминирање или поточно ретерминирање е она што мора да се стори и тоа да биде само и единствено преку споредувања:
Ако припадниците и следбениците на Христ се наречени Христијани , како треба да се наречат припадниците и следбениците на - Словото ?
На Христ - Христијани , на Словото - Словени 
Толку едноставно .
Пак ќе се повторам .
Словен е концептот на нашата вера во Бога .Слово е камен темелникот на нашата вера во Исус ,кој што слегува од Небесата  и прима обикот на човек, заради спас на човештвото.Учењето за негово человеково отелотворување е учењето на Словото , кое подоцна ќе прими сите гревови врз себе.
Ние затоа  како следбеници Негови  сме Словени односно поданици сме на Словото Божје.
Заклучокот е: Словени=Крстијани. Ете така во 5 век се појавил лажниот етноним „Словени“, зашто тогаш била силум наметната новата варијанта на старата вера. Носителите на Словото биле препокрстени во времето на ромејскиот император Анастасиј (крајот на 5 век). Одземените права, и старите обреди, биле вратени за време на Јустинијан (Истиниан), во средината на 6 век...5-a
За разлика од пристапите кои ги имал и
Глигоров кога изјавил дека 
“Ние Словените немаме никаква врска со цивилизацијата на Александар ’’, ќе испишиме доизнегирувајќи ги и дотепувајќи тезиве во овој правец  дека : терминот Слово е еднаквоста за различните периоди, кај едниот и ист македонски народ .
Народ кој пред да прифати верата во Словото , бил во верата на Македон поточно на Мајката Земја , за да поистоветувајќи се со Словото и постанувајќи негов следбеник , започнува со прославување то на Таткото Небесен .
Приметете само 
Мајка Земја 
Отец Небесен 

Промена од Бога позволена кога започнува ширењето на учењето за верба во Словото и тоа меѓу Македонците .
 Кога спомнав терминот Христ , за кој незнам зошто се наметнала и формата Христос , 
колку за споредба , хронолошки 
Слово е епитетот за Исус од 50 год на н.е.
Крист е епитет за Исус кој се појавува во отприлика 313 год.од н.е.
Разликата меѓу овие два епитета е околу 263 години .
Христ како епитет за Исус се јавува во 16 век од нашата ера .
Разликата меѓу епитетите Крист и Христ е некои 12 века.
Разликата меѓу епитетите Слово и Христ е 15 и пол века.
Терминот  Крист се изведува од симболот на тн Константинов Крст ..6

Терминот Крист ,како во сиот Свет ,така и кај нас бил во употреба се до 16 век кога и кај нас за Исус се велело Кристе, исто како што и ден денес е кај Хрвативе или Латиниве на пример  кои изговарат Krista Boga , Christo, Christ кај Англичаните на пр. за да отпосле  се заменува со терминот Христ .па аналогно на тоа и терминот Крестијани се заменува со терминот Христијани .

Самата промена на буквата К во Х  е една голема историска мистерија .
“Бидејќи ракописната форма на гафемата “Х’’ во кириличните старословенски текстови , кога се испишува IC XC , многу личи на одбележаната глаголска буква , сметаме дека таа глаголска форма на „К“ се запазила и во кириличните текстови, така што како што се запазила „И десетично “,од глаголицата , кое се изедначува со латинската буква  „I’’.
Значи кога среќаваме испис на IC XC лигатури на двете двојки,кое вообичаено се чита и восприема како Исус Христос, вусшност штеба да се прочита како Јасо/Јесу Кресто.
Стигмата (дигамата) употребена во грчки манир , се разбира не се чита , т.е. не се изговара. Со овој пример сакаме да покажеме дека е извршена една манипулација,така што во црковните старословенски  книги наложено е грчкото читање на IC XC , со што словенските “ КРСТИЈАНИ’’, преку ноќ биле претворени во „ ХРИСТИЈАНИ’’.
Домородниот словенски Кресто или Крсто се преобратил и почнал да се јавува како туѓинец- Христос...’’ 7


Сево ова изложено е во насока која објаснува дека за разлика од досегашниве непостоечки историски збиднувања кои се прибележени само како теорија за Словени и нивните наводни доселувања  ние
Македонците , сме Словени . бидејќи по вера сме во Словото, а по религија во Христа .

____________

Извор :
1-Спасе Шуплиновски –Симболи “Заблуди и вистина за знамето (2) , колумна во дневен весник “Дневник ’’,број 1321, сабота, 18 март 2006
2- Киро Глигоров, “Ние сме Словени’’, интерјву 1992 год
3-Промената ЧЛВК-СЛВК е согледана во пишувањата на нет дискусантите на социјалните мрежи, од авторот   Sanda Vukelic, “Slavic Etymology, Goddesses and Gods “, колунма објавена на 06.03.2016 год.
4- Нов Завет ,“Првото Послание на Светиот Апостол Павле до Солунјаните’’, 1 :6 .
5- F.C. Burkitt, “The Gospel History & its Transmission ,3rd ed. Ch. 9 "Marcion: Christianity without History" , (London, 1911), page..355-356
6- Костантинов Крст
,велат објаснувањата составен од грчите букви X, P или Чи, Ро
7- Милош Линдро , “Ѓерданот на Хермиона ’’, Скопје 2015, стр:151,152,

5- http://textualcriticism.scienceontheweb.net/AA/Burkitt-Marcion.html5-a Kando Kandov 
https://www.facebook.com/groups/172490602929553/search/?query=Goce%20Homer

6-
https://www.google.com/#q=konstantinov+krst


Индекс :

Кој е F.C. Burkitt ?
Писател од 19 век , 3 септембри 1864-1935 
бил Теолог и Учител  на Кембриџ .Започнале да издават медала наречена 
Burkitt Medal според неговото име *
Историчарот е  Буркит F.C. Burkitt, кој ќе се повика на пишувањата на Марчион или  Marcion ...
Кој е Marcion ?
Маричон бил роден околу 100-тата год. Во Понт ( северниот дел на денешна Турција , на Црно море) и животот го живеел до 60-тите год на вториот век од н.е.Татко му бил Христијанин, ја имал титулата  Епископ на тамошната Црква ...
линк :
https://en.wikipedia.org/wiki/Francis_Crawford_Burkitt

No comments:

Post a Comment