аматерски околу историјата, лингвистиката , религијата, симболизмот , музиката ..
Search This Blog
Sunday, April 2, 2017
На Референдум ли
Едно име имаме на Референдум ли да го ставаме О Македонијо ..
“За името Нема да се прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија. Нема да прифатиме идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на рефендумот да се согласат со можното решение...’’
Дали добро исчитуваме ? Доколку имате потреба , да изодиме заеднички до крај .Па наместо некакви референдуми за име , да излеземе на дебата со кој и да е . Дебатата да биде на темата “Зошто името е наше а не е туѓо’’ Од југ велат “Македонија е грчко име ’’од запад и северозапад велат- “нема Македонија -Илирида е ’’од исток велат “Западни бугарски земја’’ од север велат нема Мпц има Поа -Охридска , па уште ако повторно излезат со “Јужна Бановина ...’’ А како е кај нас ? До преска слушавме за некакво “свиткување на `рбетот Сега читаме и за некаков вовед кон официјализирање за референдумско изјаснување околу името .. Прашањето што само се наметнува е Па добро бре мајката Каде е Македонија ? Ја има ли некаде ?
No comments:
Post a Comment