аматерски околу историјата, лингвистиката , религијата, симболизмот , музиката ..
Search This Blog
Sunday, March 29, 2020
Friday, March 27, 2020
Пре селени - Προσελενοι
Навраќања /
Историско-идентитетски сведоштва :
Историско-идентитетски сведоштва :
" Сотиров се прашува „Па каде се записите на Фригијците и Мизите, кои според Страбон (12.8.4) се враќаат назад во времето од пред Тројанската војна?“ – и додава - „Истото се однесува и за загубените делови од книги кои преживеале во изопачени вид. Отсечени страници и исцртани зборови и редови главно таму каде авторот очигледно кажал или се канел да каже нешто важно што се однесува на Константин и неговиот народ, или се однесува до Тракија воопшто... За да бидат работите уште полоши, ревносни, но пристрасни преведувачи често го изопачуваат значењето на оригиналните извори.“
Во контекст на извртувањето на историските извори, Сотиров дава уште еден пример:
„Ние сме изложени на фантастичен толкувања дадени во разни случаи од некои познати научници. Еден пример: Плутарх (Moralia, 282a) "објаснува" зошто римската аристократија имала по чевлите орнаменти, оформени како Месечеви српови. Можеби, подметнува тој, тоа е затоа што тие биле Аркадијци (од Аркадија), Προσελενοι кои дошле во Италија со Евандер (Evander). А како го толкува овој збор (Προσελενοι) преведувачот за изданието на "Loeb"? "Пред-Месечевите луѓе", вели тој, небаре Аркадија и Евандер можеле да имаат нешто заедничко со времето пред месечината. Προσελενοι, сосема очигледно, не е ништо друго, освен славјанскиот збор преселување, значи "имигранти", "доселеници", "придојдени" (лит. "преместени"). Што се однесува до малите (лунообразни) орнаменти со форма на полумесечина во чевлите на богатите Римјани, човек навистина треба да си нема друга работа и да е со силна имагинација за да види дека тука има врска со месечевата ера.“
Авторот заклучува дека „чудни работи се случуваат не само со книгите. Во музејот на Капитол во Рим човек може да ја види главата, рацете и нозете на она што некогаш била колосална мермерна статуа на Константин. Кој ја раздробил? Кога и зошто? Што се случило со телото? Имало ли натпис на него? Pontifices maximi нема да проговорат“.
На крај може да се каже дека сето погоре изнесено од Сотиров се однесува како за Тракијците, така и за Македонците и другите сродни балкански племиња. Долго време некој се обидувал да ја скрие вистината за нив, но, светот се менува и таа се повеќе се појавува на површината. "
( Во својот осврт за јазикот на Константин Велики („Elementa Nova Pro Historia Macedono-Bulgarica", G. Sotiroff, Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986), Георги Сотиров кој еигрирал и истражувал во Канада)
преземено од
Goran Olja Pavlovski
https://www.facebook.com/olja.pavlovska.1/posts/10219626619368322

Thursday, March 26, 2020
VERBUM PANIS FAKTUM EST !
VERBUM PANIS FAKTUM EST !
"Зборот постана тело "
Тоа кај нас во нашиот мајчин е вака:
Слово
Човек
СЛВК
ЧЛВК
Кај латините би можело да биде :
ПАН
Пун
Полн
исПолНет
исполување
со значењето
"Се исполни ( кажаното)за Зборот
Или
Зборот се исполнува
Зборот се остварува ...
мислејќи на отелотворувањето
Пан
Леб
Тело
Вино
Крв
"Зборот постана тело "
Тоа кај нас во нашиот мајчин е вака:
Слово
Човек
СЛВК
ЧЛВК
Кај латините би можело да биде :
ПАН
Пун
Полн
исПолНет
исполување
со значењето
"Се исполни ( кажаното)за Зборот
Или
Зборот се исполнува
Зборот се остварува ...
мислејќи на отелотворувањето
Пан
Леб
Тело
Вино
Крв
Sunday, March 22, 2020
Што е Армагедон?
Што е Армагедон?
Што вели Библијата:
Армагедон е конечната војна меѓу човечките влади и Бог. Овие влади и сите што се на нивна страна уште сега му се противат на Бог не признавајќи го за свој владетел (Псалм 2:2). Војната Армагедон ќе им стави крај на сите човечки влади (Даниел 2:44).
Зборот „Армагедон“ се појавува само еднаш во Библијата, во Откровение 16:16. Во книгата Откровение пророчки се вели дека на „местото кое на хебрејски се вика Ар-Магедон“ ќе се соберат „царевите од целиот свет... за војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14).
Кој ќе учествува во оваа војна? Исус Христос ќе предводи една небесна војска со која ќе извојува победа над Божјите непријатели (Откровение 19:11-16, 19-21). Меѓу непријателите се оние што се противат на Божјата власт и кои гледаат со презир на Бог (Езекиел 39:7).
Дали војната Армагедон ќе се води на Блискиот Исток? Не. Војната Армагедон нема да се води на едно место, туку ќе ја зафати целата Земја (Еремија 25:32-34; Езекиел 39:17-20).
Изворниот хебрејски израз Хар Мегидон буквално значи „планината Мегидо“. Мегидо порано бил град во древниот Израел. Историјата потврдува дека во негова близина се воделе значајни битки, а некои од нив се спомнати во Библијата (Судиите 5:19, 20; 2. Царевите 9:27; 23:29). Меѓутоа, не е можно Армагедон да се однесува на дословно место во близина на древниот Мегидо. Таму нема голема планина, а дури ни целата језраелска долина која се наоѓа во негова близина не би можела да ги собере сите што ќе војуваат против Бог. Армагедон се однесува на ситуацијата што ќе владее во светот кога политичките сили за последен пат ќе му се спротивстават на Божјето владеење.
Што ќе се случува во Армагедон? Не знаеме како Бог ќе ја употреби својата моќ, но тој има на располагање „арсенал“ што го користел и порано — град, земјотреси, поројни дождови, оган и сулфур, молњи и болести (Јов 38:22, 23; Езекиел 38:19, 22; Авакум 3:10, 11; Захарија 14:12). Во збрката што ќе настане, дел од Божјите непријатели ќе се убиваат меѓу себе, но на крај сите ќе знаат дека, всушност, Бог се бори против нив (Езекиел 38:21, 23; Захарија 14:13).
Дали Армагедон е крај на светот? Нашата планета нема да биде уништена во Армагедон зашто таа е создадена за на неа луѓето да живеат вечно (Псалм 37:29; 96:10; Проповедник 1:4). Армагедон нема да значи уништување, туку спас за човечкиот род, бидејќи едно „големо мноштво“ Божји слуги ќе преживеат (Откровение 7:9, 14; Псалм 37:34).
Зборот „свет“ во Библијата се однесува на Земјата, но понекогаш се однесува и на човечкото општество што му се противи на Бог (1. Јованово 2:15-17). Во таа смисла, може да се каже дека Армагедон е „свршетокот на светот“ (Матеј 24:3, Превод на МПЦ).
Кога ќе започне Армагедон? Во врска со „големата неволја“ што ќе води до Армагедон, Исус рекол: „За тој ден и час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото“ (Матеј 24:21, 36). Сепак, Библијата покажува дека Армагедон ќе се случи за време на невидливата присутност на Исус, која почнала во 1914 год. (Матеј 24:37-39).
https://www.jw.org/mk/bibliski-uchenja/prashanja/armagedon/
Saturday, March 21, 2020
Јас мислам дека или околу моралноста кај нас
"Јас мислам дека..."
Ова е основниот постулат врз кој е изграден моралот и етиката во општеството.

Барем да се размислуваше. Но
- Ти не мислиш .Барем да беше така.
Ти слушаш.
Ние не мислиме, ние слушаме
Се што ќе ни се каже.Безусловно слушаме и извршуваме како друг ќе каже.
Се на сопствена штета
Кон ова додаваме и краткиот поглед на моралноста и тоа како рефлексија на поставеноста низ деценииве,
Таа согледано низ призма на претпоставената причина ,и отсуствува при изграденоста на поединечната и со тоа ја нема ниту како народоносна совест што ќе е втемелувана во изѕидувањето и на општествено национална свест .
Ведностите ,ако се тоа ,во македонското општество се :
- Гледај си само за себе и потргни се од другите.
- Учи да не работеш
- Македонија ниту била ниту ќе биде држава...
- да не беше Тито и КПЈ
Солидната е ова основа во разградувањето на она малце досега постоечкото и создавање на ново и туѓо вреднување кое резултира со трчање кон туѓи вредности идеали и идеологии ,базирани на туѓи стратегии кои кога се насочени контра нашето ,од нас создаваат совршени измеќари, поданици и слуги.
Затоа и не е чудо послушноста да води кон беспоговорното следбеништво ,кое сликовито би го опеале и вака :
- Прв најпрвиот јава на чело на колоната
И екот се шири од неговото грло
- Следете ме !!!
Оти куремо п'н , најгулема е среќа !
Или ти и неговото
А на слуги слуга да бидеш..
Има ли поголема радост ?

Sunday, March 15, 2020
Father
father (n.)
Old English fæder "he who begets a child, nearest male ancestor;" also "any lineal male ancestor; the Supreme Being," and by late Old English, "one who exercises parental care over another," from Proto-Germanic *fader (source also of Old Saxon fadar, Old Frisian feder, Dutch vader, Old Norse faðir, Old High German fatar, German vater; in Gothic usually expressed by atta), from PIE *pəter- "father" (source also of Sanskrit pitar-, Greek pater, Latin pater, Old Persian pita, Old Irish athir "father"), presumably from baby-speak sound "pa." ..1
За лингвистите ,особено оние од Запад ,што се занимавале со можното потелко и значење на зборов , описот за значењето што даваат е "he who begets a child’’ или во превод на македонски “ тој што започнува -зачнува дете ,најблизок машки наследник’’или по нашки речено татковство .
Понатаму објаснувањето е дека се однесува на “ Врховно битие ’’.
Објаснувањето им е дека е произлезено од староанглискиот каде што се сретнувал опис на некој што презема родителска грижа над друг .
Велат дека потекнува од пред-германскиот *fader ,старо саксонскиот *fader старо фрисијскиот (извесно германско племе што живеело на некои острви во северното море ), холандското vader ,старо норвешкиот faðir,потоа оној старо германски литературен запишан како fatar, германскот vater; готското atta.Сиве зборови се според претпоставка со потекло во можниот корен на *pəter- "father"
Ова претпоставка се заснова на согледувањето на сличностите меѓу сансккритскиот
pitar-, грчкото pater, латинското pater, стариперскискиот pita, староирскиот athir .Сиве овие се со значењето на "father " татко.Ова можно потекло освен наведенава споредба лингвистите ја поврзуваат со веројатноста дека започнува од звук што зборува бебето „па“. ..1

Wednesday, March 11, 2020
Дали знаевте дека
Дали знавте дека :
- Македонскиот јазик бил стандардизиран 6 месеци и 25 дена (шест месеци и 25 дена ) пред кодификацијата на бугарскиот јазик ?
Бугарскиот јазик претрпел не еден, туку шест обиди за кодификација. Прв обид - неуспешен. Во 1896 година група филолози од Вишото училиште во Софија: Л. Милетич, А. Т. Балан, Б. Цонев, И. Шишманов и други излегле со предлог правопис и го публикувале во списанието „Български преглед” (1896). Жртви: буквата й, заменета со буквата i, буквите я и ю заменети со iа, iу, буквите ΙѪ и Ѫ заменети со ъ и други букви. Буквата Ѣ некаде преживеала, некаде се претворила во е. Буквите ъ и ь се исфрлени од краевите на зборовите. Втор обид - успешен, ама со краток век. Во 1898 година Ив. Вазов како министер за просвета, без да назначува нова комисија, отпечатил: „Упътване за общо правописание”. Воскреснати: й, я, ю, ΙѪ, Ѫ и рехабилитирана Ѣ. Буквите ъ и ь се вратени на краевите на зборовите. Трет обид - успешен. Во 1899 година Тодор Иванчов, министер за народна просвета, издал наредба за воведување на правопис кој е познат како Иванчевски (според министерот) или како Дриновски (според Марин Дринов), а некојпат се нарекува и Дриновско-Иванчевски. Сите букви се рехабилитирани и буквите ъ и ь се вратени на краевите на зборовите. Четврт обид - неуспешен. Во 1921 година министерот за просвета Стојан Омарчевски се обидел да го упрости правописот преку отстранување на некои, за широките народни маси, тешки за усвојување букви. Жртви: буквата Ѣ заменета со я и е, буквите ъ и ь се исфрлени од краевите на зборовите, и уште три други жртви... една од нив и министерот Омарчевски: „арестуван“ после деветојунскиот преврат. Но за среќа го преживеал затворот. Петти обид - успешен но со рок на траење. Година 1923, воскреснати: буквата Ѣ - насекаде, буквата ѫ не баш насекаде, буквите ъ и ь се вратени на краевите на зборовите... Шести и последен обид - успешен. Датум: 27 фебруари 1945 година, цели шест месеци и 25 дена ПОКАСНО од кодификацијата на македонскиот јазик. Место на објавување: „Държавен вестник“ - Софија. Жртви: буквата Ѣ, заменета со е и я, буквата Ѫ заменета со ъ, буквите ъ и ь се исфрлени од краевите на зборовите, но поучени од историјата, не губат надеж. преземено од
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=954653981582743&id=207390109642471

Thursday, March 5, 2020
Wednesday, March 4, 2020
Олимписки мит за создавање на Светот
Олимписки мит за
создавање на Светот
Во почетокот на сите нешта , Мајката Земја се издигнала од Хаосот и во сон го родила својот син Уран.Гледајќи ја со љубов од планините , тој испратил плоден дождец по нејзините тајни пукнатини и таа родила трева, цвеќиња и дрвја заедно со диви ѕверови и птици.Од тој дожд потекле реки и сите шуплини се исполниле со вода .Така настанале езерата и морињата .
б) Нејзините провородени деца со получовечка биле џиновите со сто раце :Бријареј, Гиг и Кот.Потоа се појавиле три диви еднооки киклопи ,градители на џиновски ѕидови и мајсоти ковачи ,прво во Тракија , а подоцна на Крит и Лакија.
Нивните синови Одисеј ги сретнал на Сицилија.Киклопите се викале Бронт,Стерон и Аргеј, а нивните духови претстојувале во пештерите на вулканот Етна се додека Аполон не ги убил за да ја освети смртта на Асклепсиј.
в) Сепак, Либијците сметаат дека Гарамант се родил пред да бидата родени стораките џинови и кога тој се издигнал од полето , како жртва , на Мајката Земја и понудил слатки желади.
1. Овој патријахален мит за Уран бил општо прифатен во време на олимпискиот религиозен систем.Уран, чие име почнало да значи ,небо’ , се чини го добил своето место на Прв Татко, откако бил изедначен со пасторалниот Бог Варуна , еден од аријашкото машко тројство, но неговото грчко име претставува форма на машки род од Ур-ана (, кралица на планините ’, ;кралица на летото’, , кралица на ветровите’, или кралица на дивите волови ’ ) – која била оргијастичка божица на летото.Женидбата на Уран со Мајката Земја ја означува ранохеленската инвазија на Северна Грција , а тоа им дало повод на обожавателите на Варуна да го сметаат за Татко на староседелските племиња , иако го признале за син на Мајката Земја. Според исправката на митот забележана кај Аполодор, Земјата и Небото се поделиле во смртна кавга , а потоа повторно се соединиле во љубов.
Ова се споменува и кај Еврипид (Мудрата Меланипа ) и кај Аполониј од Род (Родос ),(Агронаутика ). Смртната борба мора да се однесувала на принципите на матријархатот и патријархатот со продорот на Хелените .Гиг (,роден од Земја’ ) има уште една форма- Гигас (Гигант з.м ) или ,џин’ ,а џиновите во митографијата се поврзуваат со планините во Северна Грција.
Исто така , Ајгарон (Илијада , детска радост, Скопје 1995 ) бил нарекуван Бријареј (,снажен’) и така неговиот народ може да биде либиско-тракиски ...
- продолжува
_____
Извор:
Роберт Грејвс ,“Грчки Митови’’, Скопје , 2002 ,стр....29,30
https://www.youtube.com/watch?v=epMrjRL_sQI&feature=youtu.be&t=551&fbclid=IwAR0_MaS3bCvi7S0fD3ijZgjZWisqiz1q2SZNwbJl2ClD7Z5hTJlTWEREpSQ

Subscribe to:
Posts (Atom)