Search This Blog

Wednesday, March 4, 2020

Олимписки мит за создавање на Светот

Олимписки мит за создавање на Светот

Во почетокот на сите нешта , Мајката Земја се издигнала од Хаосот и во сон го родила својот син Уран.Гледајќи ја со љубов од планините , тој испратил плоден дождец по нејзините тајни пукнатини и таа родила трева, цвеќиња и дрвја заедно со диви ѕверови и птици.Од тој дожд потекле реки и сите шуплини се исполниле со вода .Така настанале езерата и морињата .

               б) Нејзините провородени деца со получовечка биле џиновите со сто раце :Бријареј, Гиг и Кот.Потоа се појавиле три диви еднооки киклопи ,градители на џиновски ѕидови и мајсоти ковачи ,прво во Тракија , а подоцна на Крит и Лакија.
Нивните синови Одисеј ги сретнал на Сицилија.Киклопите се викале Бронт,Стерон и Аргеј, а нивните духови претстојувале во пештерите на вулканот Етна се додека Аполон не ги убил за да ја освети смртта на Асклепсиј.
               в) Сепак, Либијците сметаат дека  Гарамант се родил пред да бидата родени стораките џинови и кога тој се издигнал од полето , како жртва , на Мајката Земја и понудил слатки желади.

1. Овој патријахален мит за Уран бил општо прифатен во време на олимпискиот религиозен систем.Уран, чие име почнало да значи ,небо’ , се чини го добил своето место на Прв Татко, откако бил изедначен со пасторалниот Бог Варуна , еден од аријашкото машко тројство, но  неговото грчко име претставува форма на машки род од Ур-ана (, кралица на планините ’, ;кралица на летото’, , кралица на ветровите’, или кралица на дивите волови ’ ) – која била оргијастичка божица на летото.Женидбата на Уран со Мајката Земја ја означува ранохеленската инвазија на Северна Грција , а тоа им дало повод на обожавателите на Варуна да го сметаат за Татко на староседелските племиња , иако го признале за син на Мајката Земја. Според исправката на митот забележана кај Аполодор, Земјата и Небото се поделиле во смртна кавга , а потоа повторно се соединиле во љубов.
Ова се споменува и кај Еврипид (Мудрата Меланипа ) и кај Аполониј од Род (Родос ),(Агронаутика ). Смртната борба мора да се однесувала на принципите на матријархатот и патријархатот со продорот на Хелените .Гиг (,роден од Земја’ )
има уште една форма- Гигас (Гигант з.м ) или ,џин’ ,а  џиновите во митографијата се поврзуваат со планините во Северна Грција.
Исто така , Ајгарон (Илијада , детска радост, Скопје 1995 ) бил нарекуван Бријареј (,снажен’) и така неговиот народ може да биде либиско-тракиски ...

- продолжува
_____
Извор:

Роберт Грејвс ,“Грчки Митови’’, Скопје , 2002 ,стр....29,30

https://www.youtube.com/watch?v=epMrjRL_sQI&feature=youtu.be&t=551&fbclid=IwAR0_MaS3bCvi7S0fD3ijZgjZWisqiz1q2SZNwbJl2ClD7Z5hTJlTWEREpSQ

No comments:

Post a Comment