Search This Blog

Friday, March 27, 2020

Пре селени - Προσελενοι

Навраќања /
Историско-идентитетски сведоштва :
" Сотиров се прашува „Па каде се записите на Фригијците и Мизите, кои според Страбон (12.8.4) се враќаат назад во времето од пред Тројанската војна?“ – и додава - „Истото се однесува и за загубените делови од книги кои преживеале во изопачени вид. Отсечени страници и исцртани зборови и редови главно таму каде авторот очигледно кажал или се канел да каже нешто важно што се однесува на Константин и неговиот народ, или се однесува до Тракија воопшто... За да бидат работите уште полоши, ревносни, но пристрасни преведувачи често го изопачуваат значењето на оригиналните извори.“
Во контекст на извртувањето на историските извори, Сотиров дава уште еден пример:
„Ние сме изложени на фантастичен толкувања дадени во разни случаи од некои познати научници. Еден пример: Плутарх (Moralia, 282a) "објаснува" зошто римската аристократија имала по чевлите орнаменти, оформени како Месечеви српови. Можеби, подметнува тој, тоа е затоа што тие биле Аркадијци (од Аркадија), Προσελενοι кои дошле во Италија со Евандер (Evander). А како го толкува овој збор (Προσελενοι) преведувачот за изданието на "Loeb"? "Пред-Месечевите луѓе", вели тој, небаре Аркадија и Евандер можеле да имаат нешто заедничко со времето пред месечината. Προσελενοι, сосема очигледно, не е ништо друго, освен славјанскиот збор преселување, значи "имигранти", "доселеници", "придојдени" (лит. "преместени"). Што се однесува до малите (лунообразни) орнаменти со форма на полумесечина во чевлите на богатите Римјани, човек навистина треба да си нема друга работа и да е со силна имагинација за да види дека тука има врска со месечевата ера.“
Авторот заклучува дека „чудни работи се случуваат не само со книгите. Во музејот на Капитол во Рим човек може да ја види главата, рацете и нозете на она што некогаш била колосална мермерна статуа на Константин. Кој ја раздробил? Кога и зошто? Што се случило со телото? Имало ли натпис на него? Pontifices maximi нема да проговорат“.
На крај може да се каже дека сето погоре изнесено од Сотиров се однесува како за Тракијците, така и за Македонците и другите сродни балкански племиња. Долго време некој се обидувал да ја скрие вистината за нив, но, светот се менува и таа се повеќе се појавува на површината. "
( Во својот осврт за јазикот на Константин Велики („Elementa Nova Pro Historia Macedono-Bulgarica", G. Sotiroff, Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986), Георги Сотиров кој еигрирал и истражувал во Канада)
преземено од
Goran Olja Pavlovski


https://www.facebook.com/olja.pavlovska.1/posts/10219626619368322

No comments:

Post a Comment