Search This Blog

Saturday, July 8, 2017

Терминот Византија или Бизант македонски превод

Терминот Византија или Бизант, го измислил германскиот „историчар“ Хероним Волф во 1557 година, а приказната ја раширил Монтескје и ватиканските агенти, кои сакале славата на Рим да ја присвојат исклучиво за себе.
Таа нивна измислена Византија за 1000 и нешто години постоење, се нарекувало Римско царство, Basileia Rhomaion Rhomania, Imperium Romanum, Romania, или Rum на арапски. Римското царство имал двојазичен назив на латински и грчки и ниту еден не бил „Византија“.
Двете најпознати измислени земји се Недојдија, од бајката на Питер Пан и Византија, од бајката на лажираната балканска историја. Државата под името Византија никогаш не ни постоела! Кога нашите деца учат за тоа во школо, тоа е исто како кога би учеле за Недојдија.
Во документите на Вселенскиот и црковниот собир на Христијанската црква, не постои зборот Византија. Така нема ни Констатинопол ни Византион ни Византици. Во книгите на Христијанската православна Црква, не постои ниту еден византиски светител.
Од 1054, па се до 1557 година, Рим се обидувал да ја превземе контролата на наследството на источниот дел на Римското царство, односно Нов Рим. Но, сите напори против Рим биле безуспешни. Тогаш се појавила генијална замисла. Се измислило ново име од источниот дел на Римското царство, кое го нарекле Византија.
Терминот Византија или Бизнат, го измислил германскиот „историчар“ Хероним Волф во 1557 година, а приказната ја раширил Монтескје и ватиканските агенти кои сакале славата на Рим ја присвојат исклучиво за себе.
Таа нивна измислена Византија за 1000 и нешто години постоење се нарекувала Римско царство,  Basileia Rhomaion Rhomania, Imperium Romanum, Romania, или Rum на арапски. Римското царство имал двојазичен назив на латински и грчки и ниту еден не беше „Византија“. Соседите не го викале Византија.
На запад, Римскиот папа, неговиот владетел го нарекол Императорот Romaniae, за да не го употребува терминот Император Romanum. Арапите го нарекувале Rum. Сега источниот дел на Римското царство, кое е наречен Византија, има некоја „своја“ византиска историја која ќе се пишувала во 16 и 17 век, и која не смее да се поистоветува со историјата на Римското царство.
Називот Nova Roma, треба да се избрише од целата националната историја и од сите скриени документи и да му се даде ново име Vizantion или Konstantinopolj.
Се поставува прашањето, што е со српското историско и културно наследство, кое со помош на домашните сервилни историчари измисленото царство, било изменето и усогласено со новонапишаната византиска историја. Одговорот е едноставен. Српската историја и бришена, или се усогласувани однапред поставени цели на Големиот изумител. За да напишат нова византолошка историја на српскиот народ, сервилните историчари со премолчување, го дозволиле заборавеното целокупно книжевно и научно наследство на српскиот народ.
За нив не постои Светиот српски ракопис – Српското четвртоеванѓелие, напишано на прегамент на 305 страни, Законскоправило на Свети Сава, Карејски типик, Дечанската хрисовље, Студеничкиот типик, Мирослављевото евангелие и илјадници стари ракописни книги на српскиот народ, кои се ширеле по цела Европа.
Дури и српскиот грб со симболи и српски двоглав орел, се искористени за обележја на измислената Византија, а Србите денеска, следбениците на ватиканските историски измами, ги убедуваат дека тие обележја, нашиот северен сосед ги има „украдено“ од Византија!
Така Српското културно наследство, станало колатерална штета во борбата меѓу Нов Рим и Рим, односно Истокот и Западот. Прв на удар бил Српскиот календар, најголемиот и најстар научен споменик на српскиот народ. Наместо него, домашните сервилни историчари го измислиле византискиот календар.
Измислениот византиски календар, доведел до тоа да, Српскиот календар, најголем споменик на српскиот народ падне во заборав и стане само уште една колатерална штета.
Српската Православна Црква го чувал Календарот на Света Сава се до 19 век, а денеска во Календарот на Света Сава не се споменува ни Држава ни Српска Православна Црква.
Однесувањето на ракописните книги, повелби, закони и црквени реликвии беше бесрамна кражба, присвојување на големо историско и културно наследство на српскиот народ. Србите давале предност на духовните, а тие на материјалните вредности. Србите пишувале, а тие однесувале, затоа што свое и немале. Така голем број на најстари ракописни книги се наоѓаат ширум државните и приватни колекции. Почнувајќи од 17 век, голем број на историчари пишувале за византолошката историја на српскиот народ, а се во склоп со западните цели.
http://reporter.mk/uncategorized/najgolemata-istoriska-laga-vizantija-nikogash-ne-postoela/

No comments:

Post a Comment