“.. во Моравија христијанството се проповедувало и се вршела богослужба на латински јазик - којшто во тоа време бил официјалниот црковен јазик на териториите со кои духовно управувала Римската црква. Се вовела богослужба на словенски јазик, разбирлив за месното население во Моравија; уште во Македонија се создала нова словенска азбука за таа пригода - глаголицата, ортографски структуирана да е различна од грчката (зашто на црковен план Македонија се уште се сметала како дел од Римската диецеза, а и врз Моравија било наметнато апостолското намесничко влијание); се кодифицирал книжевен црковонословенски јазик, во чија основа лежел македонскиот словенски говор од околината на Солун; се отворил творечки процес на словенско книжевно создавање, на словенска преводна креација од другите јазици (а главно од византиско-грчкиот); се создале училишта со бројни ученици, а се изградил и словенски црковен организам, со словенски достоинственици и архиереи и со масовно словенско свештенство...1
“..Во ноември 867 година, светите браќа тргналс кон Рим. Додека тие биле на пат кон Рим, умрел папата Николај (+13 ноември 867 година). Ги пречекал лично новоизбраниот папа Адријан II, кој им приредил голема свеченост. Веројатно причина за свечениот дочек била веста дека тие со себе ги носат моштите на светиот папа Климент Римски (ок. 89 - ок. 97-101), што ги беа пронашле во Херсон. Вештите мисионери и овојпат се послужиле со дипломатска умешност, зашто знаеле дека култот на св. Климент Римски е многу почитуван во Рим и во Западната црква. Откривањето на неговите мошти и донесувањето во Рим биле поводот подоцна св. Константин-Кирил и св. Методиј да бидат канонизирани за светители од страна на Римската црква. Папата Адријан II се зафатил да ги реализира и политичките намери, при што ги благословил словенските преведени книги што со себе ги носеле светите браќа, а словенската богослужба се стекнала со официјално одобрение од Римската црква...''2
The inhabitants of Great Moravia were designated Slovene, which is an old Slavic word meaning the "Slavs".[citation needed] The same name was used by the ancestors ofSlovaks, Slovenes and Slavonians at that time and the present-day native names of these nations (for example Slovensko, the Slovak name of Slovakia) are still derived from the root Slovene.[7] People of Great Moravia were sometimes referred to as "Moravian peoples" by Slavic texts, and "Sclavi" (i.e. the Slavs), "Winidi" (another name for the Slavs), "Moravian Slavs" or "Moravians" by Latin texts.
Жителите на Велика Моравија се означувани како Словјани,што е старословенски збор што значи "Словени". Истото име се користило од страна на предците на Словаците, Словенците и Славонците од тоа време ,како што и денес се користи како име за овие нации,(на пример словенско, името Словак Словачка), сепак, се добиени од корен словене. Жителите на Велика Моравија понекогаш се нарекуваат како "Моравски луѓе ", од страна на словенски текстови и "Sclavi" (т.е. Словени) "Windi" (друго име за Словените), "Моравската Словени" или "Моравјаните" во латински текстови...4
----------------------------
Извор:
1-Илија Велев, ВИЗАНТИСКО-МАКЕДОНСКИ КНИЖЕВНИ ВРСКИ, авторско издание, 2005, Скопје, 209-248 стр.
2-Илија Велев,ВИЗАНТИСКО-МАКЕДОНСКИ КНИЖЕВНИ ВРСКИ,..
нет линк
http://www.romanianhistoryandculture.com/greatmoraviaandvlachs.htm#cite_note-77
цариградскиот патријарх Фотиј (858-867 и 877-886)
No comments:
Post a Comment