Search This Blog

Sunday, October 30, 2016

Култ на Водата

Култ на Водата

Македонците како и Фригите, особено го практикувале култот на водата. Реките биле почитувани како божества и им биле принесувани жртви, а на обичните луѓе им се давале имиња на обожени реки. На натписите во Македонија, освен имиња дадени според македонските реки - Стримов, Нестос, Местос - се посведочени и имиња од фригиските, како, Марсија или Халис.

За длабоката старост на култот сведочи и неговата поврзаност со кралската куќа Аргеади. Имено, според легендата:

„Реката што ја преминале Аероп, Гаван, и Пердика толку многу надошла, што потерата испратена по нив не можела да ја премине, и да ги стаса, затоа Македонците и принесувале жртви на реката како на спасителка.“

Херодот...
VIII, 138;


Херодот не го опишува ритуалот на жртвопринесување, но тој може речиси сигурно да се утврди од жртвите на персискиот крал Ксеркс, и тоа токму зашто Персијците ги почитувале реките на поинаков начин. Имено:

„Во текот на походот во 490 год. ст.е., Ксеркс му жртвувал на божеството Стримон бели коњи чија крв била излеана во реката.“

Херодот...
VII, 113


Ако се знае дека Персијците според персиските обичаи и верувања со ништо не смееле да ја извалкаат водата

Херодот...
I, 138;


Јасно е дека Ксеркс на македонското божество му принесол жртви на македонски начин.

Примери за жртвопринесување на Водата има и од времето на кралот Александар III Македонски.

„Александар и принел жртва на реката Истар (Дунав), за да не се спротивставува на неговото преминување.“

Аријан...
Анабаса I, 4;

„Жртва леанка со златна чаша од клунот на бродот принесена на реките Хидасп, Акесина, и Инд, како и на богот Посејдон и Океанот.“

Аријан, Анабаса VI, 3...
Индија XVII, 11;


Според хеленското митолошко наследство реките биле синови на Океанот. Но освен хеленски зачувани се и македонски легенди. Важно е да се нагласи дека за разлика од хелените кои реките ги прикажуваат како бикови, Македонците реките ги претставувале антропоморфно.

http://mazedonien-forum.forumprofi.de/mazedonien-forum-f37/%D0%94%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BB-t61.html

No comments:

Post a Comment