Search This Blog

Sunday, March 27, 2016

Во почетокот беше Дума и думата беше Мама

Во почетокот беше Словото

1,Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото
2.Тоа во почетокот беше во Бога
3. *Се стана преку Него и без Него не стана ништо што стана 1

Кон оваа енигма ќе пристапиме на следниов начин :
Укажуваме дека се работи за Концепт ,кој е испишан во предхристијанско време и поради одредени причини  преземен  и во христијанството.Испишан е во Новиот Завет во Евангелието според Јован 1:1

Ќе посочиме дека постојат две страни , лева и десна со знакот на еднаквост меѓу нив .
Левата страна е во зборот Бог , а десната во зборот  -  збор.
Предусловот е да се пронајде збор  во кој би го  имале значењето и на титулата Бог истовремено имајќи го и значењето на збор со себе .

Кај нас е усвоен концептот  Бог + Слово ,кој е  темелник за опишување  веронакуката која кај нас се наречка токму така Богословија.

Ќе пристапиме кон согледување на еднаквоста преку нашиот македонски јазик,спазувајќи ги притоа сите одредени предуслови.
Тие се :
Еднаквоста како предуслов.
 За да постои разрешување на еднаквоста   потребно е да се одговори на неколку прашања?

1.Како да се стави еднаквост меѓу левата и десната страна на оваа Енигма ?
2. Кој е зборот што треба да се употребува ?
Да одговориме преку ред .
За да се стави знакот еднаквост меѓу  титулата  Бог и називот Слово потребно е да се замени зборот Слово со некој поприфатлив термин.
Ова е потребно бидејќи  Бог+ Слово ,од аспект на лингвистиката создаваат нова кованка Богословија ,

која самата за себе не прикажува еднаквост помеѓу Бог+ Слово.
Не прикажува еднаквост бидејќи како зборови се два различни збора ,кои создаваат трет збор
Бог + Слово = Богословија
 1    +   2       =    3

А за да биде еднаквост потребно е да се испишува вака :

1+1 = 2

Концептот што е стандардизиран кај нас не го исполнува тој услов бидејќи
Бог + Слово = Богословија .
Или затоа што Богословија како збор е создаден одпосле откако Бог ќе се поврзе со Слово .Затоа и се нарекува кованка , која се создава отпосле ,а која не постоела од порано.
А ние бараме термин создаден кој објаснува за “ во почетокот’’

Кај нас во македонскиот постојат следниве зборови кои имаат исто значење:дума ,збор,лаф,реч,слово.



_____________________
Извор:
1-Нов Завет , Евангелие според Јован 1:1

7 comments:

  1. 2. Кој е зборот што треба да се употребува ?

    Предусловот е да се пронајде збор во кој би го имале значењето и на титулата Бог истовремено имајќи го и значењето на збор со себе .

    Ќе се фокусираме на зборот дума ,а еве и зошто .
    Како оформен збор дума со себе носи неколку информации од кои најосновен би можело да биде предх ристијанскиот назив за титулата Бог , а тоа е називот Ма .
    Значи од дума кон дуМа .

    Преку овој збор и согледуваме дека мора да бараме во правец на ставање на еднаквост меѓу
    Бог + Слово , преку титулата Ма ,која треба да ја примениме и кај Бог и кај Слово
    Преку замена се добива испишување на овој начин

    1+1=2
    Бог + Бог = дуМа

    Ма+Ма = дуМа*


    Одиме ли нанаѕад дообјаснуваме преку согледувањата за буквата m

    ReplyDelete
    Replies
    1. Најнапред малце подетално околу тоа зошто да биде дума ?

      Дума


      Прашањето за потеклото на јазикот,одговорот го има во прво изговорениот ,литературни кажано -збор.
      За потелкото јазикот да се повикаме и на еден во многу и не без причина извикан мислител и една спред мене,од него дадена добра дефиниција за јазикот.
      Маркс во книгата Свето семејство за јазикот вели :
      “Јазикот е толку стар ,колку и мислењето ,јазикот е практично,реално мислење и слично на мислењето ,јазикот никнал од потребата ,од настанатата нужда за општење со други луѓе ’’.

      Јазикот ,според Маркс ,е “непосредна реалност на мислата’’...2
      Текстов е анализирање на таа прво изговорена дума,која ,по некоја логика би претставувала семе од кое `ртат сите преостанати зборови.

      Да ја проанализираме дефиницијава ,која претпоставува дека јазикот е реализирана мисла и е стар колку и староста на мислата .

      Да ја зголемиме ваја дефиниција со воведувањето на
      параметарот локација на просторот каде се создава мислата и да истото го објасниме .
      Да пронајдеме каде е ,за да дознаеме за чиј ум се работи .
      Од него да го извадиме првообсмислениот збор ,со кој настапува говорот како реализирана мисла и тоа пронаоѓајќи моментот на еднаквост на мисловното со оствареното,или еднаквост на енергијата со условно материјализацијата и , преку изговореното .

      Да го запишеме на сопствениот ни мајчин јазик

      Ум-просторна локација на мислата

      уМа лоцираност на носителот

      дума -мисла

      Дума-реализација (реалност ) на мислата

      Дума како темел на јазикот или како основа на прајазикот

      Една од нејзините дефиниции е следнава :



      “Думата е јазична едниница ,која што го симболизира и го пренесува смислата.Се состои од фонеми-тонови и морфеми( или од аспект на јазикот ,најмали јазични единици ,кои не може да се делат на уште помали ,а преку кои јазичните пораки можат да се анализираат .Думата има номинативни и преносни значења,кои што можат да се однесуват на кокретни или апстракни нешта.




      Дума - основа на јазикот или како го дефинирале ,“систем од материјални единици кои служат за комуникацирање на луѓето ,кој употребен во правец на дејствување според потребите им за изразување на “конкретна содржина’’ се нарекува говор .


      Delete

    2. Во речникот на македонскиот јазик, значењата што овој збор во себе ги има се запишани како

      Дума f (дијал.) 1.мисла 2.реч



      Дума- impf. (дијал.) I.1. да се мисли 2.да се памети 3.да се говори

      II. -се ,– се мислиме ...3



      Да се осврнеме и на објаснувањата дека:

      f -femininum ( за именка од ж.род)

      impf – imperfektiven или преоден глагол

      n -neutrum ,неутрален род

      ,и да се запрашаме зошто овој збор е изразен во женска родова форма?


      Дума самата себеси се темели таму од каде потекнува од Ма изговорена и како Мајка со значење на Бога ,нешто преку што ја одредуваме и припадноста на првоизговорената обсмисленост на енергијата и сваќањето за родовата форма на Бога во почетните претстави кај луѓето.

      Ум –ови,-ишта m um, pamet ; mozak

      1.(способност на човекот да мисли,да создава,да расудува)

      -детскиот ум тоа не може да го свати

      -ум и разум

      -го научи на ум

      2.(мисла мислење )

      -на еден ум сме двајцата

      -ми се врти во умот

      -со кој ум го стори тоа

      3.(паметење)

      -му влезе тоа во умот

      -таа поука момчето ја беше клало на умот

      -еден ум (е),дали за зиме дали за лете.

      4. (совет, поука )

      -барај од неа ум

      -не слушај туѓи умови

      -ова ќе ми биде за ум

      5.(мислител)

      -најголемите умови на нашиот народ ...4

      Да согледаме промените во зборов и промените во неговот значење после кратењето на почетната буква .Дека нашиот јазик познава кратење на буква,при што значењето на самиот збор ќе остане непроменето ,можеме да согледаме и од примерот токму за буквата “ д’’

      десет

      два+десет= двадесет -> два(д)есет –дваесет

      три+десет....


      Дума- >(д)ума- >Ума

      Ума – Земја ,вид на земја во нашиот јазик





      уми се –impf premišjati se, misliti se,razmišljati ;што се умиш ? što se misliš?што си толку замислен što si tako zamišljen? се чуди и се уми čudi se i premišlja

      Ума f (вид глина) uma ...5

      Дума, со временскиот период на започнувањето и , од самиот почеток
      *МајкаДума
      Освен јазикот и сите понатамошни класификации вкоренети през *Нејзе
      јазикот
      говорот
      религијата
      развојот на човештвото
      паѓањето му




      извори:

      2- Круме Кепески “Граматиката на македонскиот литературен јазик за училиштата за средно образование’’,Просветно Дело ,Скопје,1982....стр.6

      3-Тодор Димитровски,Благоја Корубин,Трајко Стаматоски``Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања,волумен I.’’,Скопје 1961 год....стр.158.

      4-Тодор Димитровски,Благоја Корубин,Трајко Стаматоски“Речник на македонскиот јазик со .....стр.434

      5- исто.....стр.434-435

      Delete
    3. Називот дума би можел да се согледа и како корен за титулите на Бог во некои јазици

      *Думата беше Бог", како претпоставен во најчист коренскси облик кај ронаскиот јазик
      Думнезеу-романски
      или како корен за називот Дон ,кој пак е назив за титулата Бог .
      Дума
      м->н
      Дуна*
      Дона
      Дон
      ја воведуваме замената и добиваме
      Дон за Бог ,преку она што може да се прочита :
      -----------
      а Дон аи-еврејски
      о Дин -скандин
      Д ео н-португалски
      Д ио н-шпански
      Д ио -италијански
      Д е ус-латински

      Ддув-велшки
      Д иеу -француски
      *Д->*Тх
      Тхеос-грчки

      Delete
    4. Бидејки Мама е назив за мајка , се запрашуваме зошто овој Ма , мама назив како титула за Бог ?
      Прашањето зошто МАЈКА се толкува со:

      1) Матријархатот како првична организациска форма на семејно-родовското уредување кај човекот;

      2) Спомнувањето на богот Македон, според митологијата на Олимп, како и

      3) Постоењето на култот на Големата Божица МАЈКА или МАЈКАТА ЗЕМЈА, што се прославувал не само на Балканот, ами и пошироко... Прашањето што е тоа што Мајката ДОНЕСУВА се одговара со ЖИВОТ исто како и МАЈКАТА ЗЕМЈА....

      Delete
    5. Bi navel edna legenda za sozdavanjeto na covekot

      Vo pocetokot bozicata Mami go sozdade covekot
      Да наведеме и една легенда која вели дека токму богињата наречена Мајка ,напиана како Мами , го создала светот .
      Легендата гласи :
      “ Приказната за Големиот Потоп има голема сличност со други митови за големи поплави кои биле чести во Месопотамија.Едниот се вика Епот Атрахазис и датира од вториот милениум п.н.е.Според Епот Атрахазис,човекот бил направен од глина од божица која се викала Мами.Меѓутоа, човекот ја изненадил божицата множејќи се многу побрзо одошто таа имала фигури,дотаму што била загрозена деликатната рамнотежа меѓу луѓето и боговите.Земскиот бог Енлил се замешал:тој решил дека боговите треба да го уништат човештвото со огромен потоп и да почнат сј одново.За среќа херојот на нашата приказна, човекот по име Атрахазис, бил советуван од богот Енки. Богот му наредил да изгради кораб и да го наполни со сј што има Атрахазис,вклучувајќи штала со животни и птици .На крајот Атрахазис ја преживува поплавата и им принесува жртва на боговите.’’6


      Реф.
      6-Жан-Пјер Избутс “Од Мојсеј до Мухамед:Археолошка Историја на Трите Вери’’(превод од англиски Стево Серафимов и Филип Филиповски)- Скопје:АЕА,Мисла 2005 ...стр 10-11.

      Internet link :
      http://www.jameswbell.com/m013atrahasis.html

      Delete
    6. Најкратката форма која се употребува и денес во означувањето на Бога е дадена во зборот Ма
      Ма бил најкраткиот и наједноставниот назив за Бог насекаде
      во Светов .

      Да споредиме :



      ма -скратена аелоска форма и дорска од матер , во формата ма га од матер ,аеч.суп.899;
      и како провикнување ,ма каде е човекот
      as and exclaim., μȃ ποΘεν ανΘρωπος ; Theocr.15.89.cf.Βα ,δω ,Λι …7


      Но, дали знаевте дека :
      Ма означува Бог и во грчкиот јазик и тоа денес во денешни дни?

      Ma means God and your mother tongue even at the present ?

      Не?
      Еве како е запишано.Имајте во предвид збориме за грчки јазик .

      μα [ma] byt ||by|| το Θεό by God !,God be
      witness!...8
      μα [ma] но ||by|| за Зевс од Бога !,Бог е Сведок!...8
      __________



      Ref:

      7-Henry George Liddell and Robert Scott “Greek-English
      Lexicon” ,London,1896… page.....953

      8. Harry T.Hionides The Collins Gem “Greek-English Dictionary”, Glasgow,
      1987,page….130.

      Delete