Search This Blog

Sunday, April 13, 2014

Ма+Ма ->МакЕ

Ма+Ма ->МакЕ








Двоината која како преод од еднина во множина ,и се обидовме да ја доловиме преку зборот Ма+Ма ,можеби најубаво ќе ја согледаме преку буквата е ,која се наоѓа на крајот од зборот Маке,како дел од кованката Маке/дон 

Значи во овој текст се прашуваме зошто ја имаме буквата е во името на нашата земја.


Најкратката форма која се употребува и денес во означувањето на Бога е дадена во зборот Ма
На пример во митологијата,археологијатa дадена како Големата Богиња Ма или Божицата Ма или богот Ма ,што му доаѓа и скратено од Мајка .
За овој збор пишуваме дека е :
- збор напишан во еднина
збор напишан во женски род
Доловувајќи го преку најпрвиот збор на светот или зборот изговорен од устата на секое првородече
зборот Мама ,можеме да споредима и вака .
Мама е збор напишан во еднина
Мама е збор напишан во женски род .
Но, зборот Мама би можел да се протолкува и како збор напишан во и женски род и во множина и тоа изразувајќи се вака :
Ма + Ма =Мама ;каде

Ма =>еднина
+
Ма =>еднина
----------
Мама=>множина

од аспект на значењето на Ма-Мајка имаме вака :



Ма =>Мајка =>еднина
+
Ма =>Majka =>еднина
--------------------
Мама=>Мајки=>множина

Се фокусираме на барањето на одговорот на прашањето
,каква множина ?
Знаејќи дека во нашиот современ литературен македонски јазик множината се создава со употребата најповеќе на буквата "и" за зборот Мајка ви било вака
Мајка-еднина
Мајки-множина
множинската форма се прави,во денешниот литературен јазик
со буквата > и < па имаме
Мајки за множина .
Повторно ,согледувајќи ја подреденоста на самогласките во нашето современо писмо Азбуката редоседот им е даден :
А , Е , И ,О ,У

па имаме
МајкА -еднина
МајкИ-множина
она што фигурира помеѓу нив е самогласката " е "
па едното со другото дава нешто што е прекрасно за читање
МајкЕ-двоина ,
како множински облик на нешто што е повеќе од еден ,а помалку од три
Во прилог на множинската форма на изразувањето на титулата Бог ,ќе го наведеме и фактот дека во Библијата е забележана множинската форма и тоа во нејзините почетни делови:

И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!” Битие 1:26


И пак ќе напишам
А она што е како скалило помеѓу еднината и множинате е веќе напомнав двоината
значи аналогно на претходното
Ма-еднина
Ма
+
Ма
--------
Мама двоина
или

Ма =>Мајка =>еднина
+
Ма =>Majka =>еднина
--------------------
Мама=>МајкЕ=>двоина


имаме

МајкА-еднина
МајкЕ-двоина
МајкИ -множина

Ова наведува на размисла дали по случајност името на нашата
е запишано МакЕдонија или од некој таму во минатото останало да се запамети токму како што требало да биде запаметено ?
Или пресликувањето на зборот Мама, Мами потполно изразен
преку зборот Маке.

"Морфолошката система во т.н. старословенски јазик "


Или поточно во морфолошкиот систем на т.н. старословенско писмо


Старословенскиот јазик имал богата промена и кај именските зборови и кај глаголите. Тој бил синтетичен јазик, т.е. службата на именските зборови во реченицата се изразувала со падежни форми, што е случај денеска со српскохрватекиот, словенечкиот, рускиот јазик и друга за разлика
од современиот македонски јазик во кој падежните значења не се искажуваат со падежни наставки, туку со состави од предлози и именки.
Нашиот јазик е наречен аналитичен.
Именските зборови разликувале 7 падежи: во еднина, во множина и во двоина (дуал). Двоината се употребувала кога се однесувало на два предмета или две лица или на броеви што завршувале со 2: 12, 22 итн.

Сметам дека прилогот на Круме Кепески од неговата Граматика на
македонскиот јазик... е сосема доволен.Да го погледнеме:

* Образување множина кај именките

Множинска форма имаат само општите именки.Добар број од апстракните именки не се употребуваат во множина.Исто така, и сопствените именки немаат форма за множина .
Во македонскиот јазик разликуваме три вида множина: обична ,збирна и избројана.Форми за сите три вида множина разликуваат само именките од машки род.Именките од женски и среден род имаат само обична и збирна множина.
Обичната множина дава поим за нешто што е дадено во повеќе примероци или единки и може да се изброи: столови,ученици,книги,планини,села пилиња.
Избројаната множина се однесува на именките од машки род на согласка и се употребува само со броеви и со некои бројни прилози: два снопа,осум коша,дванаесет стола,девет молива.
Збирната множина дава претстава за колективното единство од повеќе предмети:сноп-снопје,снопја, лист-лисје,лисја,трн-трње,трња,планина-планиње,ливада ливаѓе,перо-перје-перја,крило-крилје-крилја дрво-дрвје-дрвја.
Сите овие именки истовремено можат да ја имаат и форми на обична множина :снопоби,листови,планини,ли вади,пера, крила,дрва,но со посебна нијанса на значењето..’’..8


И бидејќи се работи за именка од женски род предлагам потсетувањево за формирањето на множинските форми кај именките да го насочиме
кон именките од женски род:
“..Именките од женски род образуваат форми за множина со наставката –и.
Кај именките што завршуваат во еднина на –а (мајк-а), таа иде место завршетокот
–а :мајк-и ,вод-и.Кај именките што завршуваат во еднина на согласка ,наставката –и се придава кон еднинската форма:ноќ-ноќи,радост-радости.
Особени форми за множина имаат именките рака и нога: раце,нозе.’’ І
Во продолжение да објаниме малку и за збирната множина кај имеките како од машки така и од женски род.
Збирна множина
И збирната множина ја немаат сите именки од машки род.Неа ја имаат некои именки од машки род што завршуваат во еднина на согласка.Збирната множина кај нив се образува со наставките: -је ,-ја –ишта :Еве ги именките од машки род што имаат збирна множина.лист-лисје-лисја,сноп-снопје-снопја, пласт-пласје,базд-баздје,кол-колје,роб-робје-робја,корен-корење,корења,
ремен-ремења,пламен-пламенје-пламенја,трн-трнје-трња и др.; пат-патишта,куп-купишта,рид-ридишта и ридје крај-краишта,дол-долишта и др.
Збирната множина кај именките од женски род се формира со наставката –је:
Вода-воѓе,ливада-ливаѓе,ограда-ограѓе,трева-тревје,планина-планинје-планиње,
година-годиње,ледина-ледиње,нива-нивје...’’ 9

Фусноти:
8-Круме Кепески“Граматика на македонскиот литературен јазик за училишта и средно образование’’,“Просветно Дело’’,Скопје,1982...стр.93
9- Круме Кепески“Граматика на македонскиот литературен јазик за училишта и средно образование’’,“Просветно Дело’’,Скопје,1982...стр.94
 Да направиме комбинација на претходно изложените симболи анализирани во претходните постови

Оној за малата буква м каде излеговме со тезата дека



| ` = Ма



и оној за услово големата буква М



односно симболот на Големата Мајка кој што се изговарал како Ма.

Ел е најстариот назив за Бог кај оние што себеси се сметаат за народ избран во очите на Господа Бога. Ел е титула која кај избраните е сеуште со непозната етимологијата.

Се претпоставува дека кај Евреите титулата е преземена од народот кој што претходно живеел на териториите каде што денес се наоѓаат Израелците.

Тој народ денес во науката се дефинира како Каанци,според името на територијата забележан од страна на жителите на она што денес би се нарекло древен Египет. Денес на територијата на таа древна условно каанска земја се вршат ископувања,при што од пронајдените цел еден корпус од гравури,само околу тринаесетина влегуваат во најтесниот избор на можното објаснување за потеклото на титулирањето на поимот Бог.

Името на Бог во древниот Негев:
Истражувањата на Прото-Синајските гравури направени од И. Бејт-Ариј и Б.Сас, резултирала со откривање на неколку натписи за пан Каанското име за Бог (ЕЛ),на Синај датирани во периодот помеѓу 17 и 15 век пред новата ера. На натписите Мин Л., Синај Бр. 377 и 378 а исто така и #`с 350 и 363 било идентифицирано името ЕЛ со очигледна јасност. Гравури на дел од натписите од колекцијата на Проф. Бенџамин Сас,се претставени во неговата публикација од 1988, целосно исцитирана во Библиографијата .Од овие пак тринаесетина пристапуваме кон онаа што е најблиску до сопственото ни објаснување. Тоа е гравурата означена со бројот 98



Во хибру јазикот поимот Бог се запишува со следниве букви : = ЕЛ ( Бог ) 6

Кратките натписи се навистина многу вредни, и како такви, воопшто не ви останува простор за аргументирање.Доколку пак таков простор и постои,тога тој е сосема мал ,така што критичарите немаат околу што да оспоруваат. ЕЛ е широко прифатено како титула за Бог од страна на целиот Канаански народ и неговото име се соединува со Ја во некои Прото-Канаански натписи. Титулата Ја сеуште не е пронајдено во Синај, или можеби само останало неоткриено? Сметајќи дека просторот за аргументирање постои,ние споредуваме,за да надополниме, за да дојдеме до етимологијата што сеуште ја нема кај браќата Израелци. Значи ,Ел во хибру јазикот означува Бог .Според нашево

 = Е=Ма

 = | ` = Ма

Оттука имаме:

Е=Ма

Л=Ма

ЕЛ=Ма+Ма

ЕЛ= МаМа или Мама

Зошто е тешко да се пронајде ваквата етимологија?

Одговорот на прашањето го дава Библијата,каде се чита што Мојсие му наредил на својот народ, да прави и како да се однесува спрема каанските жителите на каанската територија во која се населувале ..``Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш,ниту да правиш што тие прават ,туку урни ги и ликовите нивни уништи ги...’’7

____________

Извор:

6-Sass, Benjamin. The Genesis of the Alphabet and its Development in the Second Millennium B.C. (Ägypten und Altes Testament 13)1988.. Wiesen .

7 -Излез ,Втора книга Мојсеева 23:24

Интернет линк:

http://net.lib.byu.edu/imaging/negev/names.html

Така наречениот симбол на риба




  • Истражувајќи понатаму да погледнеме во симболите

Пред- христијанската историја на симболот риба:

Рибата како симбол се употребувала еден милениум ширум светот како религиозен симбол кој произлегува од Великата Паганска Мајка Божица. Тоа се гледа во скицата на нејзината матка.

Овој симбол често бил цртан како две мали полумесечинки кои се преклопуваат. Едната ја претставувала полумесечинката набрзо пред да се појави млада месечина, а другата набрзо откако месечината станувала видлива. Месечината е небеско тело кое долго време била поврзувана со Божицата, исто како што Сонцето е симбол на Бог.
Врската меѓу Божицата и рибата била откриена во ралзни области на древниот свет:
● Во Кина, портретот на Великата Мајка Квон-јин бил претставуван во форма на риба
● Во Индија, Божицата Кали била нарекувана `` риба со едно око``
● Во Египет, Изиз била нарекувана Великата Риба од Амбисот
● Во Грција, грчкиот збор “Delphos’’ значи и риба и матка. Зборот потекнува од местото каде бил древната Пророчица на Делфи која ја обжавала божицата-риба Темис. Подоцна божицата-риба, Афродита Сладострасна, била обожавана од нејзините следбеници на светиот ден Петок. Тие јаделе риба и се обврзувале на оргии. Од нејзиното име потекнува наглискиот збор ` salacious`= безобразен, сладострастен што значи похотно или непристојно. Од нејзиното име потекнува и името на нашиот 4-ти месец, Април. Во подоцнежните векови ( период ), Хриситјанската црква ја прифатила оваа традиција да се остане дослеен на јадење риба во Петок- традиција која скоро беше запоставена.
● Во древниот Рим, Петок е наречен `dies veneris` или Денот на Венера, Паганската Божица на Љубовта.
● По должината на Медитеранот, една мистериозна религија практикувала риба, вино и леб за време на нивните оброци за причест.
● Во Скандинавија , Великата Божица била наречена Фреја и во нејна чест се јадело риба. Шестиот ден од седмицата бил наречен Петок, во нејзина чест.
● Во Средниот Исток, Великата Божица од Ефес била претставена како жена со риба-амајлија над нејзините гениталии.
Рибата- симбол ``била толку високопочитувана за време на Римската Империја, така што Христијанските власти инсистирале да се изврши нејзино примопредавање, со екстензивна ревизија на митот за да се негира поранешното значење на женски полови органи. Понекогаш детето Исус било претставувано внатре во мочниот меур, што инаку стоел врз стомакот на Марија и најверојатно ја претставувал матката, исто како во древниот симболизам и значење на Божицата. `` 2
Друг автор напишал: `` Шеширот на рибата на попот од Еа ( кој бил Сумеро-Семиткси Бог ) подоцна прераснал во митрата на христијанскиот епископ``3

Самиот симбол, јадењето риба во Петок и поврзаноста на тој симбол со божеството биле преземени од раната Паганска Црква, само сексуалниот дел бил отфрлен..."4
И дали овој симбол има нешто врска со буквата М, нејзиното потекло и можно значење?
Се разбира дека има.

Да погледнеме од подруг агол.


Македонија,преку нејзината прва буква,отпоодамна ,уште на самиот старт завлеговме во тематиката на религијата.
А таму токму постои празнина помеѓу еднината и тројството кога се зборува и запишува Бог.Празнината е двојсвото. Зошто е така незнам, но логиката вели дека доколку Ма е еднина ,и доколку Ма+Ма+Ма е тројство,дотолку Ма+Ма мора да е двојство. Затоа и редењето на двата симболи еден до друг кои се во насока на потрагата за двојствто преку симболите.
Да продолжиме со симболот на Ма

Навистина моќен е овој таканаречен

пред христијански симбол-риба, кој ни покажува не само нечие прилагодување, туку и нешто повеќе, нешто поголемо
И пак набљудувано и од подруг агол

Јас сум првата


и



... последната


Јас сум која сум,
Јас сум м,
Јас сум М,
Јас сум Ма,



Да го прочитаме и забележаното дека рибата како древен христијански симбол датира од првиот век после Христа и е пронајден во римските катакомби .Првите напишани извори за рибата како христијански симбол се од Климент од Александрија бил првиот кој што ја запишал рибата како христијански симбол.За времето на прогоните над Христијаните,тие како на распознавање на пријателите За време на прогонот, раните христијани го исцртувале овој риба -симбол на земјата, како начин на разликуваат на пријател од од оние кои тоа не им биле.. 4

Зошто за овој симбол вакво согледување од различни агли ?
Затоа што симболот кој е постар од христијанството, бил ротиран од самите Христијани за 90 степени...5
Значи имаме историски запис за ротација,што ни дава за право да го согледуваме од различни агли .

------
Извори:
2. B.G. Walker, "The Woman's Encyclopaedia of Myths and Secrets", Harper & Row, San Francisco CA (1983), страна 313-314
3. J.C. Cooper, "An Illustrated Encyclopaedia of Traditional Symbols", Thames & Hudson, London, UK, (1979), страна 15
4- Clement of Alexandria,Paedogogus,III,xi.
5 Barbara G. Walker, The Woman’s Dictionary of Symbols and Sacred Objects, Harper San Francisco, 1988.
Интернет линкови:

Можно значење на буквата м

Но да го оставиме толкувањето сервирано од нивна страна ,па бидејќи се работи за нашето македонско име ,проблематиката на неговото можно потекло и можно значење да ја започнеме со нашиот мајчин јазик .
Најнапред со првата буква од името 

  • Потекло и можно значење на буквата м


Да,да за буквата м од името за кои некои сметаат дека потекнува од пред 3-4000 години и е всушност `грчко` име?
Преку неа да се навратиме назад во тие времиња,од пред неколку илјади години и да согледаме дали е така како што пропагираат 


За истражување на нејзиното потекло и можно значење, најпрво треба да ја погледнеме графичката конструкција, од каде што констатираме дека во древни времиња имала три вертикални линии ||| сврзани со неколку `` знаци , од десно кон лево напишани на следниов начин |` |` |`
Ајде да го споредиме овој симбол со “ Пиктографски ( сликовит ) речник на зборот “ , кој се користел во текстовите напишани на плочи од страна на Трачаните и некои сродни Идеограми “ од книгата на Др. Стефан Гајд “ Декодираните скрипти на Трачаните- 1”, каде можеме да видиме некои сличности:
Thracian Tablets and some related Ideograms" from Dr. Stephen Guide's, “The Thracian Script Decoded -1"book ,where we could see some of similarity 

(R8)*God


 (A40; R8)* God



(R8A)* 
The Three-One God (the Trinity, the gods) - (2)

Преведено од англиски 

   Бог
 ( А40; Р8)* Бог 
( Р8А)* три – еден Бог ( Светото тројство, боговите )- ( 2 )
__________________________________________________


* Сите хиероглифи овде се претставени по нивниот азбучен и броен редослед според класификацијата на ГАРДИНЕР.
(2)- Во Еврејската Библија значењето на зборот Бог е и во множина ( “Elohim”=” Богови “), но секокаш по дефиниција се преведува како ” Бог “
( Еден Бог ) во Арабскиот Коран, Бог е исто така и во множина `` Ние, вашите богови``, но секогаш е со значење `` Еден Бог`` ( како што е Алах исправно преведено од Арабски ). Во Христијанската традиција оваа `контрадикторност` која што се гледа во ( множина спроти еднина ) е објаснета во “Доктрината на Светото Тројство “ ( односно Бог е еден, но со три персони-личности: Татко, Син и Светиот Дух......1
Па така го читаме објаснувањето на :
|`= Бог, да погледнеме
Она што го имаме се два знака | и ` , а исто така и објаснувањето на Стефан Гајд за ``значењето на ``Бог`` и забележителноста на “Nooty”-мисла во Бохарскиот ( Северно Египетско-Коптски ) дијалект 1 ’’ , но ние ќе се запрашаме дали тоа навистина е така?
Според она што ние го знаеме за древните времиња, две работи треба да се напоменат:
- матријархат како религиозна форма и
- култот на мајчинството
Според овие факти принудени сме на друг вид објаснување
| ` Божица, наместо | ` Бог и Нејзината најпрва и најкратака забележана форма Ма, па така имаме:
| - согласка или `М’
`- самогласка или `а’ сврзани заедно како првиот збор, па така | ` = Ма 
Ако се фокусираме на третата слика на `` Три-еден Бог`` или на горните слики слика бр.4 , би ја согледале следната ситуација
|`|`|` каде што | - > M, ` - > a, |` - > Ma
или
|` + |` + |` ->
Ma + Ma + Ma
во врска со буквата м пиктогравската форма на истата ,во оние времиња била пишувана од десно кон лево на следниов начин
|` + |` + |`
|`|`|`

додека денес напишано од лево кон десно како краен резултат го дава обликот 
m
Извор:

1- Др. Стефан Гајд, “ Декодираните скрипти на Трачаните- 1”, Институт на Трансцедентна наука, Софија, 2006, страна 120

Интернет линк:
http://www.institutet-science.com/dictb.htm






Македонската научна мисла воопшто нема изграден став за значењето на зборот Македонија. Се уште се талка по патиштата од зад карпатите до Балканот по нови докази за поткрепа на "Панславјанската теорија" за доселувањето на Јужните Словени. За разлика од нас, западната и посебно грчката научно-историска мисла имаат и тоа како изградена доктрина за објаснување на значењето на зборовите Македонија и Македонец, па каква е таква е многу успешно ја наметнуваат пред јавноста преку своите активности на пропаганда .
А знаете како оди: и една полувистина или цела невистина,повторувана многу пати..во случајов со години....се зема како релевантна и тоа се зема со сета сериозност од страна на оние за кои таквата вистина е наменета
Нивното официјално толкување е напишано вака: Зборот Македон (Гк: Makedvon) најверојатно е дека произлегува од грчкиот збор "Makednos", збор што најпрво бил спомнат во Хомеровата "Одисеја" (Од. Х. 106), а подоцна и од Херодот кој најразличните дорски племиња, меѓу кои ги вброил и Македонците, именувајќи ги како "Makednon eunos". (Хер. I. 56,VIII. 43). Зборот "Makednos'' го има(л) значењето на "долг'', "висок'' и "планинец". Археолозите затоа и се со уверувањето дека Македонците, бидејќи биле високи, така и се наречени. Деновиве, поради фактот што Македонците уште од најраната предисторија живееле во планинските предели на Вермио во Грција, најмногу преовладува значењето на "планинец". Грчките зборови Maketia и Makeai исто така биле користени за идентификувањето на Македонија и Македонците....

Се надевам дека не ќе ми забележите што ќе се обидам да дадам свој коментар за произнесениве објаснувања за значењето на зборовите Македонија и Македонци. Зборот "Makednos" го има (л) значењето на "долг'', "висок'' и "планинец''. Археолозите токму затоа и се со убедувањето дека Македонците, бидејќи биле високи, така се и наречени. Деновиве, пак, поради фактот што уште од најраната предисторија Македонците живееле во планините на Вермио во Грција, најповеќе преовладува значењето на "планинец''. Од вака напишаново може да се забележи дека значењето на зборот Македонија и Македонец се менува од "долг'' до "висок'' и нај накрај "планинец''.
Анализата на значењето на зборовите самата по себе го наметнува прашањето зошто зборовите Македонија и Македонци го имаат, односно го имале ваквото значење. За да се одговори на ова прашање потребно е да се отстапи од анализата на зборот како предмет на набљудување и да се анализира самото значење на зборот дадено како независно од зборот, од некои надворешни фактори. Во случајов не како е напишан зборот и кои букви се употребени за пишување на зборот што се анализира, туку како некој од страна го гледа напишаното, како го разбира напишаното, како го пренесува на други и зошто сето тоа го прави на начин на којшто го прави. Појасно кажано, зошто на пр. археолозите велат дека Македонец значи "долг'' и "висок''. За да одговориме на ова треба да ја запознаеме психологијата на археолозите, нивниот речник што се користи при нивната работа, како и самата природа на нивното работење. Запознавајќи го сето ова, со сета моја почит за нивното работење и за археологијата како наука, можеби би можеле да го најдеме одговорот на значењето "Зошто'' и да речеме: Значењето на "долг'' и "висок'' е НАЈМНОГУ ВЕРОЈАТНО дека се должи на фактот што тие и потсетуваат на "погребници'' кои копајќи и истражувајќи ја внатрешноста на земјата, барајќи и самите по најразлични одговори, налетуваат на упокоените остатоци, скелети од луѓе што живееле од порано, и пронајденото ќе го измерат во ширина и во должина. Затоа и значењето ДОЛГ, додека истите тие упокоени, додека живи ги имаат димензиите, широчина и ВИСИНА. Оттаму и значењето на "висок''. Самиот Херодот можеби видел некои високи луѓе и за нив да запишал дека тие високи луѓе биле Македонци, како нивен современик и очевидец. Тоа можеби и било вистина, како што е и вистина дека Македонците се споменати во Хомеровата "Одисеја'', но сепак тоа објаснување не дава за право да се прифати дека значењето на зборот е доволно објаснето. Според таа логика, дали ако археолозите во некоја претпоставена иднина налетаат на претпоставени остатоци да речеме од некои кошаркари, или било кои други високи луѓе, дали тогаш и за нив би можело да се каже дека станува збор за Македонци?

"Планинци'' како објаснување на значењето на зборот Македонци исто така е никакво објаснување, бидејќи според тоа сите оние луѓе кои живеат на планините, високи или ниски, големи и мали, населени насекаде на планетава би требало да се наречат Македонци. Не само тие што живееле на планините Вермио во Грција, туку и тие што живееле на пример на Тибет. Или тука станува збор за тоа дека смислата е оти планините на Вермио се во денешна Грција.

Бидејќи ваквите значења се неточни сметам дека неточноста е базира на неточните или искривени дефиниции,во случајов намерата со ваквото поставување на дефиницијата за Македонија и Македонците е повеќе од јасна ...и е злонамерна 
Погрешните дефиниции се подобри отколку непостоењето на никакви дефиниции, но сепак како резултат имаме погрешност во заклучоците. А неточните заклучоци наведуваат на погрешна акција.... Затоа е потребно наместо фокусирање во значењето на зборовите да се насочиме во анализирање на самите зборови. Наместо да си "играме'' со значењето на зборовите да почнеме да си "подигруваме'' со самите зборови, со нивната основа, со нивната намена, за да се открие пораката што напишаното ја носи со себе, за правилно да се искористи и да се насочи во правец на вистинската функција што зборот треба да ја има. Функцијата да објаснува, да го дава значењето, да ја открива пораката напишана од некого кога било, каде било наменета за денес, наменета за сите. Играјќи си само со значењето на зборот Македонците ги има "направено'': долги, високи, планинци, потоа "Бугари'' во Бугарија и "Западни Бугари'' во "FYROM'', потоа "Јужни Срби'' во некогашните Српски кралства, "Албанци'' повикувајќи се на теоријата на "Илиризмот'', потоа "Славомакедонци'', "Скопјани'', "Фиромци'' и за на крајот "Грци'' во Грција, не само во сегашноста, ами специфично за во минатото.

Слично е ако постапиме и со анализата на зборот МАКЕДОНИЈА. Анализата би можела да оди во правец: Буквата Ј е дојдена од германските јазици најдоцна од сите преостанати букви и затоа ќе ја отстраниме. Останува Makedonia. Пред тоа било запишано МАКЕДОНИЯ 

Но, бидејќи не веруваме во теоријата за доселувањето на Јужните Словени, таа буква ќе ја прескокнеме и да ја искористиме буквата Е. Неа да ја додадеме на буквата A и имаме нова буква двоглас Æ. Со нејзина примена се добива MAKEDONIÆ. Па, ако и на втората буква од зборот, на A ја додадеме E се добива MÆKEDONIÆ. Да го поделиме овој збор на два дела имаме MÆKE///DONIÆ и читаме MAEKE.. MAIKE.. MAJKA и вториот дел од зборот DONIAE...DONIAI...DONI'A'I. Ако наместо предмет долина во овој збор бараме глагол, тогаш и го читаме глаголот НОСИ од ДОНЕСУВА. Кај Далматинците и преостанатите "јужни'' Словени отприлика така и се користи зборот за трето лице еднина во женски род:
Таа Донесува или DONI'A'I ..DONJE'A'JE.. DONJE'LA'JE... DONE'A'E... DONE'LA'E... DONELA....

Прашањето зошто МАЈКА се толкува со:

1) Матријархатот како првична организациска форма на семејно-родовското уредување кај човекот;
2) Постоењето на култот на Големата Божица МАЈКА или МАЈКАТА ЗЕМЈА, што се прославувал не само на Балканот, ами и пошироко... Прашањето што е тоа што Мајката ДОНЕСУВА се одговара со ЖИВОТ исто како и МАЈКАТА ЗЕМЈА....

Зборувајќи за зборовите дозволете ми да направам една споредба на зборовите: Долг, Висок, Планинец во некои од медитеранските јазици. Во арапскиот: ДОЛГ - TAWIL, ВИСОК - TAWIL, Планинец - REEFIY...; во каталонскиот: Долг - ALT, Висок - LLARG, Планинец - Gent de la muntanya; шпански: Долг - ALTO, Висок - Largo, Планинец - Montaniero; Италијански: Долг - LUNGO, Висок - Alto, Планинец - Montagnino. Ако пак го споредиме значењето на зборовите MAKE///DONIA со посочениве јазици, тогаш се согледува следново: Во арапскиот DOONIA или DOONJIA - Живот на планетата Земја; каталонскиот Donar - ДА ДАДЕ, Шпански: DONIA... или DONJIA - ЖЕНА; италијански: МАЈКА - MADRE или MAMA DONNA - ЖЕНА. Ако сега се обидеме да ја дадеме описната форма од значењето на зборовите МАЈКА ШТО ДОНЕСУВА ЖИВОТ, вклучувајќи ги и девијациите за зборот МАЈКА и во Индо-европските јазици МАЈКА... MAMA... AMA... MA... и споредувајќи со MAKE///DONIA би можеле да го најдеме и латинскиот корен на зборот МАЈКА што ДОНЕСУВА ЖИВОТ: MAMA///DONIA... AMA///DONNIA... MA///DONNA... MADONA... и прашањето: Зошто најпрочуената Мајка на светот, што го Донела на свет нашиот Бог ИСУС ХРИСТ, според Библијата, го добила тој епитет, се одговара самото по себе. Исто како и прашањето зошто на нашите икони и фрески Таа е претставена со шеснаесетзрачното сонце!?