"Има ли некој кој да не знае
До каде е нашата Македонија "
Денес многу често ќе се прочита описот изнесен од страна на еден безначаен број претставници на некаков " великосрпски неонационал шовинизам и хегемонизам "и нивниот кусоглед за Македонија и нас Македонците опис кој отприлика гласи дека вистинската Македонија е од Ѓевѓелија, па на југ се до Солун и дека била дел на историската грчка област ,а ова угоре е Титова творба кој што вештачки од Јужна Србија создал нешто непостоечко и лажно,а ние да "сме ти биле Срби и тоа не обични туку Јужни "
:)
Тежината на овој опис е ист како кога ќе се каже дека Republic Kosova од секогаш е дел од Албанија и дека таа територија и тој српски народ кој што со векови живее таму ,историски нема ништо заедничко со Косово и Метохија ''
Но дали е тоа така ?
Секако дека не ,секако дека "Косово е срцето на Србија" ,а" Метохија четирите срцеви преткомори"
Секако дека и за Македонија во минатото постојат оригинални српски видувања што одат контра посакувањата на некои минорни и без никаква важност ФБ групи ширители на омраза меѓу нашите два братски народи кои што меѓусебе и по распаѓањето на заедничката ни Татковина продолжуваат да живеат во меѓусебна взаемна почит и уважување и соработка.
Постојат историски книги што некогаш биле дел од српскиот официјален школски систем кој вели нешто сосем подруго .
Најмалку еден српски учебник, официјално наменет за основните училишта во Кнежевството Србија во 1872 година, ја определува Македонија како област северно ограничена со Шар Планина, источно со Родопите, јужно со Белото Море и западно со Епир и Албанија.
Еве оригинално цитат од примарен извор :
"Македонци су најстарији Словени на овом илирском тропољу, а можда и у Европи, и преко њих се представљају и други они народи, који су тек много времена, или један поред другог, или један за другим боравили у овим земљама. Они данас заузимају скоро сву обалу Белог мора и на истоку мешају се са Бугарима у Тракији..."
На фотографијата подолу се гледа дека ова не е случаен приватен текст, туку учебник одобрен од Школската комисија. Научната студија за српските учебници од Кнежевството Србија наведува дека Драгашевиќ во 1871 година добил задача да го напише учебникот, а Школската комисија го одобрила ракописот во јули 1871 г.; истата година бил воведен во наставата.2
Токму во тој учебник Драгашевиќ ги наведува Србите, Македонците и Бугарите како одделни народи , поставувајќи ги Македонците географски меѓу Србите, Бугарите и Грците;
и опишувајќи го Македонците како
"најстарији Словени" на тој простор ,а " можеби и во цела Европа.
За етничката територија на Македонците вели дека таа се протега :
Север : Шар планина
Исток : Родопите
Запад : Епир и Албанија
Југ : Бело или Егејско Море
"Граничи их од севера Шара планина, од истока Родопа, од југа Бело море и од запада Епир и Албанија."
Тоа е огромна македонска површина во која авторот вели дека Македонците во некои градчиња живеат измешано со Грци :
"У Македонији Македонци, нешто измешани с Грцима по варошима".
Потоа вели и дека надвор од етничка Македонија ,во областа Тесалија,Македонците живеат измешани со Грците ''
" ... у Тесалији Грци измешани с Македонцима".
Понатаму додава дека Македонци има и во Тракија опишувајќи нешто многу интересно.
Во неговите описи е пасусот во кој се вели дека: " Македонците како најстари Словени биле во Тракија уште пред Исус .."
;)
"Јужни део заузимљу Македонци, који су потомци најстаријих Словена, и били су у Тракији још пре Христа. Граничи их од севера Шара планина, од истока Родопа, од југа Бело море и Тесалија, од запада Епир и на Албанија.''
"у Тракији измешани Бугари, Македонци, Грци и Турци, између Балкана и Белог мора"
Во оваа книга се читаат и овие податоци
"Осим Словена има још :
-Грка, Арнаута и Турака.
Грци су на југ од Македоније и Албаније, ал много измешани с Македонцима и нешто Арнаутима;
Арнаути су од Епира дуж Јадранског мора до Скадра, и на истоку су измешани с Македонцима и Србима;
Турци се налазе свуда по варошима,а где где и по селима, а највише их има у Тракији и Бугарској.
Њих има мало, ал су они господари.
По појединим земљама овако су ти народи размештени:
У Бугарској живе Бугари између Дунава и Балкана,
У Македонији Македонци, нешто измешани с Грцима по варошима,
у Тесалији Грци измешани с Македонцима,
у Епиру Грци измешани с Арнаутима,"
Се укажува на постоењето на следниве народи
- Македонци
-Грци
- Бугари
- Арнаути
- Турци
Годината е 1872 .
:)
__________
Извор :
1-Јован Драгашевић,"Земљопис Србије и Турске за основне српске школе", Белград, 1872 стр...
14, 22–27, 34–36, 39–40.
2- Д-р Милош Јагодић ,"Идентитетски садржаји у школским уџбеницима у Кнежевини Србији'',2025 Београд
Такође наводи у референцама своје књиге овај наслов дат овако :
"Ј. Драгашевић, Географија за средње школе, Београд, 1871. [J. Dragašević, Geografija za srednje škole, Beograd, 1871]."
2-https://www.researchgate.net/publication/397647658_Identitetski_sadrzaji_u_skolskim_udbenicima_u_Knezevini_Srbiji

No comments:
Post a Comment