Search This Blog

Saturday, August 22, 2026

Македоњанин


Да видеме некои историски извори во кои останала трага од влијанието на Охридската Црква врз населението и поданиците под нејзина јурисдикција:

      Вели вака : 

Називот за поданиците уште од времето на Архиепископската диецеза во времето на цар Самоил е : 

-"Македонјанин" ! 


Печатарот Божидар Вуковиќ Подгоричанин во своите книги од 1520 и 1537 година запишал:

„Од моето отечество, од земјата Диоклитија, која се наоѓа во македонските предели, од градот наречен Подгорица.“¹

Во својата трета книга, објавена во 1538 година, Божидар Вуковиќ повторно ја употребува истата синтагма.

Вук Стефановиќ Караџиќ оваа формулација на Божидар Вуковиќ ја објаснил со зборовите дека „со името Македонија, на српски јазик, се означувале сите земји на нашиот народ, како што и во народната песна Ѓураѓ Смедеревац се нарекува крал на Македонија“.

Монасите од црногорскиот манастир Морача во 1615 година запишале дека нивниот манастир се наоѓа „во херцеговската област, во западните страни и во македонските предели“.²

Исто така, писмото на владиката-господар Данило Петровиќ до рускиот цар Петар Велики од 28 јануари 1712 година завршува со зборовите:

„Од Црна Гора во Македонија“,

или, во посоодветен превод:

„Од Црна Гора, покраина (област) во Македонија“,

додека во италијанската верзија стои:

„Scritto de Montenegro dela regione di Macedonija“ („Напишано од Црна Гора, регионот Македонија“).

Во Виена, на 15 декември 1714 година, бил издаден пасош на црногорскиот владика-господар Данило Петровиќ, во кој се наведува дека Данило е „епископ од Македонија ... од Цетиње“.

Во писмото на црногорските главатари од 8 септември 1742 година до руската царица, повторно се среќава изразот „во македонскиот предел“.³

Во својот одговор од 10 мај 1744 година, руската царица возвраќа со истата формулација (исто, стр. 7). Исто така, во писмото на митрополитот Сава и црногорските главатари до руската царица од 25 мај 1752 година се споменува изразот:

„...во сите македонски страни“ (исто, стр. 9).

Црногорскиот владика-господар Данило Петровиќ, тогашните Црногорци и останатите личности наведени погоре, во својата службена кореспонденција ја сместуваат Црна Гора во рамките на Македонија, а себеси се именуваат како Македонјани единствено врз основа на црковната јурисдикција, бидејќи Црногорската црква некогаш се наоѓала под канонска надлежност на Македонската црква, односно на Охридската архиепископија.

-----

Извор


1- Lj. Stanojević, “Stari srpski zapisi i natpisi,’’ br. 494, 161).


 2-Dr Jevto M. Milović, Zbornik dokumenata iz istorije Crne Gore (1685-1728), Istorijski institut NR Crne gore, Cetinje,’’, 1956 3- Marko Dragović, “Materijal za istoriju Crne Gore vremena mitropolita Danila, Save i Vasilije Petrovića u Spomeniku ’’, XXV, 2

No comments:

Post a Comment