ВОВЕД;
Алексијада (грчки: Ἀλεξιάς) е дело на византиската писателка Ана Комнина, ќерка на царот Алексиј Први Комнин (1081-1118).
Настанокот на ова дело е поврзано со Никифор Вриенија, сопругот на Ана Комнина. Царицата Ирина, сопруга на Алексиј, го замолил Никофор да состави биографија за Алексиј. Почнал да ја пишува Алексијадата, но набрзо после тоа починал, а неговата сопруга продолжила да ја пишува. Алексијадата ја завршила во 1148 година. Во тоа време, Ана била постара жена која веќе подолго време живеела во манастир.
Делото е напишано во 15 книги и содржи информации за Царот Алексиј Први и семејството Комнин пред воздигнување на византискиот престол, а содржи и детален опис на доаѓањето на Комнин на власт, потоа многу детален опис на внатрешните околности во Империјата во времето на Царот Алексиј Први, борбите со Норманите, Скитите, Турците, Печенезите. Алексијата е многу значаен и оригинален историски извор од крајот на XI и почетокот на XII век како и значаен извор за Првата крстоносна војна. Алексијадата преставува прво такво дело каде преку Царската Династија Комнин се даваат извонредни престави на историските настани во Византија и околните региони, а историските факти и извори во ова дело подоцна ги користеле и византиските хроничари и историографи како што се Скилица и другите, кои во своите дела ја навеле како извор.
За нас Македонците Алексијадата на принцезата Ана Комнина е суштествен доказ дека во нејзиното време, во времето на Царот Алексеј Први Комненон, Македонците постоеле како материјално и духовно богат народ во Византиската Империја, односно во Источното Римско Царство.
Наспроти зачестените негирања на постоењето и опстојувањето на Македонскиот народ, култура и традиција која повеќе од еден век од страна на нашите први соседи, во делото Алексијата е многу јасно наведено кои народи постојат и егзитираат во Византија, и со кои народи Византија води војна. Ако ги изземеме дека РОМЕИТЕ, не се грци, односно дека се Латинизирани Хелени, тогаш принцезата Ана Комнина на ниту едно место не споменува ниту еден народ освен следните народи и племиња: Македонци, Тракијци, Дачани, Илири, како и и оние со кои војувала Византија: Нормани, Франки, Турци, Скити и Печензи. На ниту едно место не ги споменува бугарите и србите.
На страница 272, параграф 3 во книгата даден е детален опис на местото каде што живееат погоре наведените народи и племиња.
Принцезата Ана Комнина со овој детален опис на подрачјата каде и самата лично во придружбата на нејзиниот татко ги посетила тие региони, планинскиот венец Стара Планина и Родопи ги наведива како природна граница која ги дели народите од обете страни на планината. Според овој опис е многу лесно да се создаде етнографска карта на Балканот каде може да се лоцираат регионите на Византија каде живееле одделните народи.
ЕВЕ ГО ТОЈ ДЕЛ:
Оваа Стара Планина (Хаемус) претставува многу долг планински венец што се протега по линијата паралелно со планината Родопи. Опсегот започнува од Црното Море (Евксинското море), оставајќи неколку издашни водопади од едната страна и продолжува право до Љубљана (Илирија); Таму се сече со Јадранското Море, се возвишува, и повторно продолжува на спротивната страна спрема внатрешноста на континентот и завршува кај Херкинските шуми. Од двете страни на неговите падини живеат многу многу богати народи, Дачаните и Тракијците се од северната страна, а на јужната, пак се Тракијци и Македонци. Во старо време скитските номади ја преминуваат Стара Планина (Хаемус), но пред копјето на Алексиј и неговите многубројни битки ги донесуваат скоро до истребување. Тие кои ја ограбија римската територија со своите големи војски и особено поблиските градови, од кои главен беше некогаш познатиот град Пловдив (Филипополис). Но, Јован Цимицки ги претвори нашите противници од Манихејската ерес во наши сојузници, а што се однесува до оружјето, со тоа што им се спротивставија на сомнителните сили на овие Скитски номадите, и од тоа време градовите имаа одмор од нивните зачестени упади. Сепак, Манихејците, како природно слободни и непослушни, и набрзо после тоа тие почнале да сеоднесуваат вообичаени на нивната оригинална природа. Зашто, бидејќи сите жители на Пловдив (Филипополис) беа Манихејци, освен малкумина, тие ги тиранизираа тамошните христијани и ги ограбуваа нивните добра, грижејќи се многу малку или воопшто за пратениците испратени од Царот.
Еве го и оригиналот на англиски јазик :
А еве и на бугарски јазик ,каде повеќе се работи за толкување а не за преведување :
No comments:
Post a Comment