Search This Blog

Monday, December 4, 2017

Создавање на БГ народност

До втората половина на 18 век бугарскиот народ бил под грчко духовно и турско политичко ропство и за Европа бил речиси непознат и заборавен.
Дури и прочуените слависти од тоа време го сметале бугарскиот јазик за дијалект на српскиот.
Па ни словенскиот филолог Копитар(1780-1844)речиси ништо не знаел за него.
Во 1826 година ни Шафарик во својата "Geschichte der Slav.Sprache", не споменува ниедна бугарска книга и сметал дека бугари има само 60.000 што живееле меѓу Дунав и Балкан.
Во втората половина на 18 век беше уште само раја, без национално име, без културни центри, без духовни водачи.
Дури и Бугарскиот преродбеник Априлов вели дека во тоа време имало доста Бугари интелектуалци што се сметале Грци, и ако го наречеш бугарин се навредувал.
Во ова време се јавува Паисиј Хилендарски, кој во 1745 година отишол во Света Гора, а во 1758 година се запознал со српскиот историчар Јован Раиќ, кој беше дошол во Света Гора.
Во тоа време Раиќ се сметал за најобразован српски монах.
Раиќ бил под големо пансловенско влијание на далматинските и дубровничките преродбеници и воопшто под западно културно влијание.
Ова влијание му го пренел и на Паисиј и дејствувал врз него да се осознае како "Бугарин" и да се нафати со пишување на својата "Историја славјано-бугарска".
(П.С. во приложената книга од проф.Димитар Ангелов од 1971г се вели дека бугарите се од Турко-Татарско потекло).








https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321526814993524&set=gm.511151105915434&type=3&fref=mentions



No comments:

Post a Comment