Околу ова што слушаме и читаме дека се случува околу нашата МПЦ , дај Боже да се водиме според оптимизмот на свештениците кои и самите посакуваат да биде како што изјавуваат дека ќе се издејствува рамноправност во светот на православието, со помош на БПЦ.
Дај Боже ,скептиците да сме грешка во мислите ,секако дека ќе ни биде мило да е така .
Но дотогаш она што замислува се пројавните форми на негирање од бугарска страна кон нас Македонците .
Фактите се следниве:
- Бугарија нема никаков проблем со нашиот идентитет. За неа ние сме Бугари.Оној што ќе потпише и ќе стане имател на бугарски Пасош,независно од мотивите , потврдува фактот дека е Бугарин , па како таков и се идентификува во белиот Свет кога бара работа , стан и што и да е друго...
-Бугарија нема никаков проблем со нашиот мајчин јазик , за неа нашиот мајчин јазик е дијалект на бугарскиот.
- Бугарија се чини нема проблем ниту со нашата Црква .
Според текстот од Тодор Патров ,објавен пред некое време , читаме дека :
“ МИТАРЕЊЕ НА МАЈКАТА МИТРА?!
Членот 1 став 3 од Уставот на Бугарската Православна Црква гласи: “(3) Самоуправната Бугарска Православна Црква - Бугарска Патријаршија е наследник на Плисковската архиепископија, Преславската Патријаршија, Охридската архиепископија, Трновската патријаршија и Бугарската егзархија. Таа е единствена и неделива."
Видно и од Уставот на Бугарската Православна Црква, Охридската Архиепископија е нејзино канонско наследство. ’’
извор :
Сепак дај Боже ние лаиците што немаме никакво познавање во нештата околу Црквата , да сме заблуда ,беспотребно да скептичареме и да испадне како што е богоугодно и да биде според вољата Господова .