Search This Blog

Monday, December 2, 2019

Македонски скапоцености во Бугарските музеи – Фотографии



Македонски скапоцености во Бугарските музеи – Фотографии


Од Македонските градови/цркви/манастири долго време се изнесувале вредни артефакти, и се разнесувале низ цел свет. Денес може да ги најдеме по музеи/приватни колекции во Париз, Берлин, Москва, Белград, Атина, Солун, Софија, Загреб и т.н.
Овој пост го посветувам на една од најорганизираните и најкронтроверни одзимања на вредни артефакти од Охридско и други МК региони, од страна на Бугарската држава, бугарските владици и војска во 1916 година (во зрелата фаза од првата светска војна). Многу е пишувано за оваа колекција на скапоцености, посебно и заради мистеријата што ја следеше, се до Октомври 2014, кога вкупната збирка за прв пат беше претставена во Националниот Историски Музеј во Софија, под наслов „Бугарската Автокефална архиепископија од Охрид (1018-1769)“. Претходно, но само по 1992, некои од артефактите беа презентирани срамежливо во истиот музеј како дел од другите постојани поставки.

Покана Флаер од изложбата, со царски двери одземени од Богородица Перивлепта – Охрид.
Целта на мојот пост е со фотографии да ги претставам највредните (инаку ги има преку 80) артефакти. Македонските новинари имаат напишано доста за оваа колекција, но никаде до сега не сретнав барем половична фотогалерија. Сите фотографии се превземени од интернет сајтови на бугарски и македонски јазик.
Да почнеме со набројување и фотографии. Потоа продолжувам со неколку интересни новинарски статии за историјата на збирката, а на крај се изворите на информации.






Архиепископска митра
Подарок од Венеција изработен од тамошните златари за охридскиот архиепископ Јосиф (1719-1745), тежок 1,5 килограм чисто злато и украсен со 329 скапоцени камења. Оваа митра подоцна ја носеле сите охридски архиепископи, а се чувала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“.
Седумвековна плаштаница од „Света Софија“
Му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година. Изработена е од двослојно платно, извезено со златни и сребрени конци. На неа има натпис испишан со злато „на пастирот на бугарите, за да го спомнува во своите молитви императорот”. За објаснување на натписот, и научната полемика околу истиот, повеќе на овојлинк.
Покривка со Богородица
Од „Света Софија“ е однесена и покривка со ликот на Пресвета Богородица, подарок од императорот Теодор Kомин и неговата жена Марија на архиепископот Димитар Хаматијан во 13 век.
Плаштеница св. Евхаристија
Од црквата „Богородица Перивлепта“ Охрид.
Плаштеница од 1796г., од Манастир Св.Наум Охридски

Вратата на црквата „Свети Никола Болнички“ од 14 век
Двокрилна врата со резби и барелјефи на која се врежани ликови на повеќе животни кои во христијанството се сметаат за чувари. Некои делови се направени во 13-14 век. Се смета за најстар споменик на резбарството.
 

Икона „12 Господови празници“ од 12 век
Се чувала во Охрид, не се знае во која црква. Изработена е од лазардит и врамена во дрвена рамка. Има дванаесет празнични сцени од животот на Исус и на Богородица – Благовештение, Роаждество Христово, Сретение, Kрштевање, Влез во Ерусалим, Воскресение и т.н…
Препис на хрониката од Јован Скилица
Всушност, тоа е стар препис од 13 век на оригиналниот Запис за историјата на Византија, кој познатиот византиски хроничар го создал кон крајот на 11 век и кој се чувал во Охрид. Постојат преписи и во Ватикан, Париз, Виена и Мадрид.
Икона на свети Јован Златоуст
Ликот на овој светител ретко се наоѓа на иконите. Оваа потекнува од крајот на 14 и почеток на 15 век и е во техника темпера на дрво
Икона на свети Kлимент Охридски
Изработена е во 15 или 16 век во техника темпера на дрво, со димензија 35 на 27, и се чувала некаде во југозападна Македонија. Најпозната икона на овој голем светител.

Триптих-поменик од Слепченскиот манастир
Датира од четириесеттите години од 16 век и се користел за време на богослужбите. На него се испишани многубројните имиња на достоинствениците кои се спомнувале во литургиите. „Помени ги, јеромонаха Серафима, Самуила, Анастасија…“ се чита од големиот запис составен најмногу од имињата на оние кои се спомнувале на богослужбите.Триптиси од непознати македонски манастири
До слепчанскиот трптих, е уште еден триптих од непознат македонски манастир но од имињата на селата кои се споманти се заклучува дека е од битолско, прилепско и охридско подрачје.

Опкова за евангелие од 14 век со поправки од втората половина на 17 век.
Направена од ковано сребро со позлата опковата се наоѓала во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“ и на неа е претставен мотив на распнувањето на Исус Христос. Една од додадените делови при поправката е и представа на Св. Климент во епископска одежда.
Поправката е документирана со текст од авторот: “Направи Никола, син на Андроник Фронимака”
Kрстови од 17 век
Резба со повеќе мотиви од животот на Исус Христос во сребрена рамка и со филигрански мотиви. Оние од фотографијата се од манастирот „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија.

Сребрено ковчеже за подароци (за чување на светиот леб) од манастирот „Свети Наум Охридски“
Направено е во 1833 година во форма на трикатна ротонда и на него се претставени ликови на светите Седумчисленици: Св. Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Во долниот ред е напишано на грчки:
“Се украсува овој свети кувуклиј за светиот леб на светиот и богоносен отец наш Наум Чудотворец со трудот и иждивението на себлажениот катигумен господин во Христа Дионисиј од Анадолија и епархијата на Теодосиопол во година 1833, први јануари. Од раката на мене смирениот златар Георги Статис. Спомни ги Господи сите благочестиви и православни христијани, кои се помазуваат во овој свет манастир. Во деновите на сесветиот митрополит на светите Преспи господин Калиник “.

Сребрено ковчеже за мошти
Одземено е, исто така, од манастирот „Свети Наум Охридски“, а датира од 1837 година. Изработено е од сребро во елипсоидна форма со главен мотив на „Оплакувањето на Христос“.
Полилеј од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Бронзен полилеј составен од 19 дела. Сега е за првпат реконструиран неговиот целосен изглед.
 
Две Царски двери, едната од св. Богородица Перивлепта – Охрид
Во Музејот изложени се две царски двери, од која едната е спомената дека потекнува од иконостасот на катедралната црква св. Богородица Перивлепта – Охрид
Сребрена кутија и опкова за мошти (реликвијар)
Се чувале во охридската црква „Света Богородица Перивлепта“. Сребрената опкова е наменета за черепот на светителката Матрона и има несекојдневни филигрански работи. Датира од 1789 година. Таа е изложена во музејот заедно со сребрената купија од подоцнежен период – 1811та со сцени од житија.
Икона на Исус со врзани раце
Оваа икона е одземена од охридската црква „Света Богородица Перивлепта“, и таа била дел од иконостасот.
 
Фрагменти од брознен полилеј (лустер) од Марков манастир
Полилеј со повеќе мотиви направен во 14 век, како подарок на кралот Волкашин за манастирот. На него се врежани имињата на Кралот Волкашин.
Реликвии од црквата „Света Богородица Kосиница“, во близина на Kавала, Егејска Македонија
Минатата година грчкиот митрополит од Драма побара нивно враќање во Грција, но тоа беше одбиено.
– Икона на Богородица Одигитрија, работена во техника темпера на дрво со сребрена опкова,
– Крст од 1786 година со позлатено сребро, разнобојни стакла, корали. Двострано украсена со крштевањето на Исус, и Распетието христово од другата страна.
– друг крст од 18 век,
– ковчеже за мошти од 1630 година…Убавата резба се гледа на крстовите кои бугарската војска ги земала од црквата „Света Богородица Илокали“ од Серес, Грција и на кои доминира мотивот на распнувањето. Меѓу десетина крстови тешко е посетителот да се определи за најубав, но по своја убавина и оригиналност се одликуваат оние од манастирот „Света Богородица Kосиница“ од Егејска Македонија. Изложени се и повеќе кутии за мошти, рипиди од неколку манастири во Грција – „Свети Јован Kрстител“ и „Свети Теодор“крај Серес, сребрени кадилници, садови за светење вода… Од овие манастири била собрана и разна свечена облека на црковните достоинственици.

Теофилакт Бугарски по род Ромеец

Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"1


Лагите на бугаризмот 10

Лагите на бугаризмот 10

Превземено од http://lagitenabugarizmot.blog.com.mk/

“Охридската Архиепископија е бугарска црква..’’

Бугаристичка лага, извадок од "Десетте лаги на македонизмот" на Бугаринот Божидар Димитров "Официалното име на архиепископијата било во годините помеѓу 1019-1767, кога била затворена „Бугарска автокефална архирпископија". А нејзиниот титулар и се потпишувал во сите документи во текот на тие седум и пол века од нејзиното постоење „Архиепископ на Охрид /или Јустиниан Прима - античкото име, како што се мислело тогаш, на Охрид/ и на Цела Бугарија". Спор меѓу научниците во светот по прашањето чија е архиепископијата во Охрид меѓу 1019-1767 г. никогаш немало, затоа што илјадниците документи, кој излегле од канцелариите, се недвосмислени - тоа е бугарска црковна институција. Со тоа се согласувале и нејзините титулари со грчко потекло. Познатиот книжевник Теофилакт например се потпишувал во официални документи /и покрај омразата која ја имал кон бугарите а ја изразувал во писма до пријатели/ со името Теофилакт Бугарски. А Во 1292 г. Византијскиот император Андроник Палеолог подарил на нејзиниот титулар навезана со злато плаштеница со надпис испишан со злато „на пастирот на бугарите, за да го спомнува во своите молитви императорот". Таа плаштеница до 1918 година беше чувана во Охридската црква „Св. Климент" а после таа година е во Националниот историски музеј на Бугарија."

ИСТОРИСКИ ОДГОВОР:

МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Потоа, таа црковна традиција ја наследуваат епископите на македонските склавинии-кнежевства. Познато е дека секое средновековно македонско кнежевство, склавинија имала свој епископ. Забележано е дека дури на Цариградскиот сецрковен собор 879 г., заедно со лидерите на сите помесни цркви, рамноправно учевствувале и епископите на македонските кнежевства, но, во пишаните документи е задржано само името на Епископ Петар од Драговитија, кнежевството на Драговитите (извор: види кај Dvornik, Slaves, pp. 235 - 236; Niederle, II, 424.).

Уште во 866 г., Папата наредил на бугарскиот цар Борис секој народ во неговата држава да избира свој епископ, а сите епископи да избираат Архиепископ на Бугарија. Како северна и централна Македонија била под власта на Бугарија, само за тие области од македонската етничка територија, се избирал заеднички епископ на македонскиот народ. Но, тоа правило се почитувало дури од последната деценија на 9 век. Инаку, македонските кнежевства-склавинии кои биле под Византија, како Драговитија, си ги задржале своите епископи.

Со тоа, Бугарија требало да ги признае националните права на различните етникуми, кои плаќале даноци на Бугарија како и целосно призната автономија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120)

Така и сторила Бугарија. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент. Таткото на бугарската средновековна историја Проф. Др. Златарски констатира дека Македонија била "третата част на българската държава която била населена с компактно славянско население" (Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.239-240); затоа, Македонците како посебен броен народ во бугарското царство морале да се одделат од останатите народи.

Рускиот славист Туницкиј според Краткото житие на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи (Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182). Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии (Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190), каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија (Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121).

Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик" , каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија".

По Св. Климент, имало уште 3 генерации словенски епископи од кои зачувано е името на "епископ Марко на словенскиот народ" .

Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Стандард Нењс, Софиа, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

За време на патријархот Герман, во Бугарија тојпрво го затекнал бугарскиот патријарх Дамјан, а после него доаѓа патријархот Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Православна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј добива помала титула Митрополит и се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“; како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

По пропаста на Самоиловото царство, Василиј Втори Македонецот ја намалува диецезата на Охридската Патријаршија само на Тема Бугарија т.е. на најголемиот дел од Македонија, Србија и Црна Гора. Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за ЦЕЛА БУГАРИЈА; но, под ЦЕЛА БУГАРИЈА се подразбира целата тема Бугарија, која не ја опфаќаше денешна Бугарија- Добруџа (византиска тема Паристрион, Мезија) и Тракија (византиска тема Македонија), кои тогаш беа потчинети на Цариградската Патријаршија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простираше во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што представува десеттина отсто од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за "бугарскиот народ" и епархиите на "цела Бугарија" која се простира од Срем, цела Србија, Косови делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија (Иван Снeгаровъ. "История на Охридската Архиепископия" Том 1. От основаването до завладяването на Балканския полуостров от турците, стр. 55-62). Од таму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а бугарскиот народ е словенскиот народ од спомнатите територии, оти покрај него, спомнува и турци Вардариоти и власи, мислејки на Романците на север од Дунав.

Како што истакнав погоре, бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејки била со диецеза на Цела Бугарија и се спомнува бугарскиот народ. Но, не може да прифатиме дека Србите, Црногорците, Македонците, Босанците се сите бугари, а дека Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од БиХ представувале ЦЕЛА БУГАРИЈА, но не и правата Бугарија. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и торлачкиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. За да го оправдаат ова смешно тврдење, од бугарите ќе слушнете дека бугарскиот архиепископ Дамјан избегал во Самоиловото Царство и таму ја пренел својата патријаршија, но археолошки е докажано дека тој останал во Силистра. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова).

Други пак сакаат да докажат дека Бугарскиот Патријарх Глигориј и македонскиот Патријарх Герман се еден ист Патријарх, но пак е тоа една голема лага, оти Св. Глигориј е канонизиран во светец и упокоен како Митрополит Бугарски, со смалена титула од Патријарх во Митрополит од самиот Цар Самоил и македонскиот Патријарх Герман.

Охридската Архиепископија цело време од 1018 г. па се додека е под византиска јуриздикција ја носи титулата "Архиепископија на цела тема Бугарија", но и вон византијската управа, кога архиепископи биле грци, за да докажат дека тоа е византиска црква со византиски титули.

Теофилакт Охридски, грк, родум од Еврип, е Архиепискот на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него бугари се жителите на византиската тема Бугарија т.е. тоа се географски бугари. Теофилакт и самиот себеси се сметал за бугарин- жител на темата Бугарија, па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата" (Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.). Како што истакна и Божидар Димитров, Теофилакт стварно се титулирал како Архиепископ на Бугарија, но на тема Бугарија, област од Византија, а не на територијата на бугарското царство. Тој бил пастир на жителите на темата Бугарија, Македонците, Србите, Црногорците, дел од Босанците и Херцеговците- жителите на тема Бугарија, но не и на правите Бугари, кои тогаш живееле во тема Паристрион (Мизија, Загоре) и тема Македонија (источна Тракија).

Охридската Архиепископија го шири македонското име

Поданиците на Охридската Архиепископија ја сметале и чувствувале истата како Македонска и таа всушност го ширела македонското име, кое станало синоним за словен. Така, до 17 век, во сите територии кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија е присутно македонското име, а тие територии биле нарекувани од нивните жители ПРЕДЕЛИ МАКЕДОНСКИ.

"Зборник" на Божидар Вуковиќ, подгоричанин од пределите македонски ( XVI век).

Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.

Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., пределите македонски, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.

Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“

Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.

Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.

Според Скаловска: „Јаков, Крајков син од Софија и Јаков од Камена Река, село под Осоговската планина се печатарски трудбеници кои работеле во една од најстарите јужнословенски печатници на Божидар Вуковиќ во втората половина на 16 век.
___

Реф :
1- Охридски ракопис ,“Пространото Житие на Св. Климент’’, Румянцев музей , Москва
- Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивен институт на БАН (кутия III, папка IV.)

https://documents-mk.blogspot.com/2009/06/10.html