Search This Blog

Thursday, February 13, 2020

Македонија е Центар на Светот

Сител: OMG! Македонија е центар на светот… на Google Earth!

Сител, еден од најголемите извори на информации во Македонија, попознат како медиум, се реши да го загрее национализмот кај својата публика со објавување на видео со наслов „За сите што не веруваат дека Македонија е центар на светот“. Во видеото Сител oтвара Google Earth, алатка за 3Д мапи, и зумира. По две-три кликања се гледа дека мапата е центрирана во Македонија, што според Сител е доказ дека тоа е центарот на светот.
„Според Google Earth, Македонија е центар на светот. Ние проеривме и се уверивме, проверете и вие.“, вели самоуверениот Сител.
Пред да му текне на секој разумен дека Google Earth ве лоцира според IP адреса и ви ја центрира мапата според локацијата (опција стартувана уште во 2007 година!), да ја разгледаме логиката на Сител. Прво логично прашање е што ако американец отвори Google Earth и пред него му се појави Европа? Google сепак е американска компанија чиј бизнис зависи од задоволството на американските корисници.
Втора, малку налудничава логика е дека Google се генијалци кои мора да знаат се, па ангажирале научници кои истражиле, измериле и дознале дека ете Македонија вистински е центарот на светот, вистински, па Google соочен со ФАКТИ! немал избор да го голтне поразот и да ја центрира Македонија на својот сервис кој го нуди на широката интернационална публика.\


еќе многу пати до сега, од погрешно пренесување на непроверени и лажни вести до нејасни текстови, македонските медиуми покажаа дека се едноставно незапознаени со ИТ светот и технологијата. Во ред, не секој знае за се. Многу ИТ луѓе не знаат на пример како медицинската сестра става инекција бидејќи гиковите секогаш гледаат на другата страна. Но, дали тоа треба да биде изговор за еден медиум да објави откачена вест со неточни информации за да генерира посети? Не, никогаш нема да има такво оправдување. Epic #mkfail!

No comments:

Post a Comment