ЈАРОН ПРАОТЦЕМ ОД 1-3 ВЕК. За сите неверни Томи кои ги затвараат очите пред аргументите кои го потврдуваат присуството на Венетите(Словените) на овие простори пред 6 век, еве прилагам еден артефакт- надгробен споменик. Датиран е во период од 1-3 век. Најден е при еден случаен одрон предизвикан од реката Бистрица близу Призрен. Го пронајде Проф. Др. Ранка Куич, академик на Велешката академија. За неа немаше место во Србија затоа што копаше премногу длабоко, пред 7 век, а тоа како и кај нас не е дозволено. Затоа мораше да замине во Велс. Погледнете ја плочата. На неа ке видите на еден искривен и комбиниран Латински јазик запишано ЈАРОН ПРАОТЦЕМ...Забележувате чисто словенско божество ЈАРОН- божество на летото, на летната жега. Од таму доаѓа јарко, жарко што би рекле Србите. Што мислите пријатели мои. Дали можеби некој викнал кумови од зад Карпати, или можеби некој немал друга работа па ја донел плочата од зад Карпати. Но ова не е се. Ранка Куич во својата книга ,,Српско Келтски паралели" наведува бројни ороними, топоними и хидроними кои ги пронашла на Британските острови, како што се :- Соча, Бојана, Буна, Морава, Пек, Тиса, Уна, Сана, Корана, Малена, Ведра, Добра, Вардар, Орјен, Кораб, Мосор, Патор, Дурмитор... Тука имам две прашања до нашиве сервилни научни институции : 1.Кој и од каде ги однесе овие топоними..на Британските острови? и 2.Каде исчезнаа луѓето кои ги оставија овие топоними...во Британија. Одговор од МАНУ не очекувам, но немам дилеми дека овие топоними се однесени од Венетите, од овие простори. А каде исчезнаа нашите предци кои се населија таму, повторно немам дилеми. Ги избришаа од етничката карта истите оние кои денес не бришат нас.
Дардан Венетски
https://www.facebook.com/dardan.venetski.1/posts/201851881196667
Дардан Венетски
https://www.facebook.com/dardan.venetski.1/posts/201851881196667
No comments:
Post a Comment