Search This Blog

Thursday, February 21, 2019

„Одринска Македонија“ - факт или историографска лага!?


„Одринска Македонија“ - факт или историографска лага!?
Една денешна теорија, делумно прифатена и во нашата историографија, вели дека во 7. век источно-римските (ромејски, „византиски“) владетели ја „преместиле“ Македонија на исток. Поточно - источно од реката Струма.
Станува збор за тнр. „Одринска Македонија“, или „Византиска тема Македонија“ околу Одрин (Едрене, или Адријанопол), чијашто територија никој никогаш не ја дефинирал.
Компјутерскава мапа е направена според претпоставки.
Средновековна Македонија според грчката историографија: Македонија во 6. век
Теоријата, т.е. претпоставката за тнр. „Одринска Македонија“ („тема Македонија“) произлегува од писанието на Лав Граматик од 11. век, каде се вели дека царот Василиј Македонски се родил во „одринските села во Македонија“.
Но, многу извори го говорат спротивното и укажуваат дека Македонија не „се преместила“ , туку се проширила кон исток, но и кон запад. Да споменеме некои од нив...
Средновековна Македонија според грчката историографија: Од 7. до 13. век
Горе-долу, мапиве соодветствуваат со неколку примарни, средновековни извори... Во 10. век, источно-римскиот император Константин Седми во своите записи ја сместува Македонија меѓу Пелагонија на запад и реката Струма на исток, и меѓу градот Солун на југ и Баргала (Штипско) и Аргос (Велешко) на север...
Арапскиот картограф Идризи во 12. век и ромејскиот хроничар Никифор Григора во 14. век, како македонски територии ги спомнуваат и градовите Охрид, Девол и Белград (или Велеград - Берат, денешна западна Албанија), како и Костур, Прилеп и Велес.
Тоа ќе рече дека Македонија си останала каде што си била отсекогаш. Немало никакво преместување кон исток.
Записите на Лав Граматик за царот Василиј Македонски, од 11. век:


Според средновековниот писател Винко Прибојевиќ, древното име на Балканот било - Македонија. Тој вели:
- Пространството меѓу Пула и Бизант (денес Истанбул), односно Тракија, Мизија и Илирија се нарекуват Македонија.
Во „Подвизите на Унгарците“ пак, („Gesta Hungarorum”), за 896 година се бележи следниот опис на нападот на унгарскиот војвода Арпад:
„…(Унгарските војсководци) се вратија кај Арпад и пратија уште пратеници да им даде дозвола да одат во Грција за да ја потчинат цела Македонија, од Дунав до Црното Море. (Арпад им дозволил) да одат во Грција и да ја освојат земјата.”
„Gesta Hungarorum” е запис од непознат хроничар од 12-от век. Ја опишува историјата на унгарскиот народ дотогаш. [* Под Црно Море најверојатно се мисли на Средоземното или Јонското Море, бидејќи целта на освојување била Грција]
Балканскиот Полуостров т.е. јадрото на таканареченото Источно Римско Царство, е наречено - Македонија. Во 10. век империјата е предводена од Лав VI Филозоф (866–912), син на Василиј I Македонецот, и втор владетел од Македонската династија. Извор : https://www.facebook.com/notes/macedonia-a-true-endless-story-/%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%B0/2969106856448518/

No comments:

Post a Comment