"Словените со војна не можеш да ги победиш. Ние ќе им дадеме лажни идеали и тие самите себе ќе се уништат." - А. Далас.
...И мал број луѓе, многу мал број луѓе ќе сфатат за што се работи. Но, ние таквите луѓе ќе ги ставиме во беспомошна положба, ќе се исмеваме со нив, ќе ги клеветиме и ќе ги прогласиме за отпадници во општеството.
Ние ќе ги рушиме духовните вредности, ќе ги вулгаризираме и ќе ги уништуваме основите на човековиот морал.
На тој начин ќе ги разнишаме генерација по генерација, ќе ги ловиме луѓето во детството и адолесценцијата, акцентот секогаш ќе го ставаме на младите, ќе ги деморализираме, ќе ги препуштаме на развратот и ќе ги обесчестуваме.
Ќе направиме од нив цинични, вулгарни луѓе, космополити. Ете така ние тоа ќе го направиме...
Ален Далас (1893-1969), од 1942-1945 година, ја водел политичко разузнавачката служба во Европа, и е директор на ЦИА од 1953-1961 година.
Тој е еден од организаторите на разузнавачката шпионажа и саботажа против Советскиот Сојуз, а после рушењето на СССР, против Русија, Србија и другите источни земји ( Македонија ) и е идеолог на „студената војна“.
"И само малкумина ќе разберат и сфатат..."
"Војната е завршена, полека се' ќе изградиме, и ние ќе дадеме се што имаме, сето злато, сета материјална моќ со цел заглупавување и залудување на луѓето.
Човековиот мозок, човековата свест се склони кон промени. Доколку таму им посадиме хаос, ние незабележително ќе им подметнеме лажни вредности и ќе ги принудиме и да ги прифатат тие вредности. Како?
Ќе најдеме истомисленици, свои сојузници и помошници во нивните татковини.
Малку по малку, ние ќе одиграме грандиозна по својот обем, трагедија, со смрт на сите православни Словени, и конечно, неповратно ќе ја изгаснеме нивната национална свест.
Книжевноста, кината и театрите ќе ги прославуваат најниските човекови чувства. Ние на секаков начин ќе ги поддржуваме оние кои во човековиот разум ќе всадуваат култ кон сексот, насилствата, садизмот и предавствата - со еден збор, секаква неморалност.
Во управувањето со државата, ние ќе предизвикуваме хаос и неред. Незабележително, но активно и постојано, ќе го помагаме деспотизмот на службениците, корупцијата и непринципиелноста.
Чесноста и праведноста ќе бидат исмејувани. На никој нема да му бидат неопходни и ќе бидат сметани како остаток од минатото.
Грубост и наглост, лага и измама, пијанство, наркоманија, предавство, шовинизам и непријателство спрема народите – сето тоа ќе го култивираме во свеста на луѓето.
И мал број луѓе, многу мал број луѓе ќе сфатат за што се работи. Но, ние таквите луѓе ќе ги ставиме во беспомошна положба, ќе се исмеваме со нив, ќе ги клеветиме и ќе ги прогласиме за отпадници во општеството.
Ние ќе ги рушиме духовните вредности, ќе ги вулгаризираме и ќе ги уништуваме основите на човековиот морал.
На тој начин ќе ги разнишаме генерација по генерација, ќе ги ловиме луѓето во детството и адолесценцијата, акцентот секогаш ќе го ставаме на младите, ќе ги деморализираме, ќе ги препуштаме на развратот и ќе ги обесчестуваме.
Ќе направиме од нив цинични, вулгарни луѓе, космополити. Ете така ние тоа ќе го направиме."
Ален Далас: "Размислувања за спроведувањето на американската повоена доктрина против СССР", и против Истокот од 1945 година.
No comments:
Post a Comment