Во едно Словачко толкување освен што читаме тезата дека Св.Климент бил етнички Словак , читаме и објаснувањето дека Мезија би можел да е називот според мисијата на Климент и да се наоѓала на просторот на денешна нивна татковина. Исто така читаме дека легендитите за неговото житие не се сочувани , заради тоа што
“Извор на информации за Климент наоѓаме пред сé, во Житието Климентово
(БугарскаЛегенда) и Краткото житие за св. Климент (Охридска Легенда). Кон крајот на 11ти
век,
Архиепископот Охридски – гркот Теофилакт (1078 – 1108), го преработува старословенското Житие за св. Климент, напишано во 916 година од еден од директните климентови ученици, кој не е зачуван. Овој првобитен старословенски извор Теофилакт го препишува на грчки и го дополнува, со што се создава опсежно дело познато како Бугарска Легенда (БЛ).5 Охридската Легенда (ОЛ) напишана на грчки, потекнува од 13ти век од Охридскиот Архиепископ
Хоматијан и е скратена, преработена верзија на легендата од Теофилакт...’’1
Треба ли сега да се навраќаме кон тоа дека Теофтилакт користи огрдни зборови да го исмее и омаловажи населението,Црковната фела и властелинството во Охрид ,откако Василиј како земски Цар со земски , а не според црковни закони ја спушта Патријаршијата од Охрид на рангот Архепископија ?
Треба ли од тука да извлечеме заклучокот дека наметнатиот термин Бугарија за темата Македонија се зема за да се дојде до толкувањето дека “самите Мизијци се нарекле Балгари ’’, кога тоа некој друг од страна кој ги завојувал ,победил и окупирал ,па наметнувајќи им свои закони ги нарекол така ?
____
Извор :
1-Елена Шубјакова, “КЛИМЕНТ СЛОВАЧКИ – Апостол на Словените’’,Прага 2017
http://www.hlaholika.sk/sites/default/files/AdresarSuborov/makedonsky_preklad_sv_kliment_zivotopis.pdf
No comments:
Post a Comment