Search This Blog

Wednesday, December 5, 2018

Дали терминот Словени означува новозаветен Божји народ

Дали терминот Словени означува новозаветен Божји народ
Несомнено..
Библијата учи дека Евреите се божјиот народ.
Но, дали ознака за повикан односно избран или народ би можел да биде терминот Словени ?
Да читнеме што Апостолот Лука напишал околу ова
“ Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, та од нив да избере народ што ќе го носи Неговото име;
и со тоа се согласуваат и зборовите на Пророците како што е напишано:
»И потоа ќе се обрнам и ќе го обновам паднатиот дом на Давида, и неговите
урнатини ќе ги поправам и ќе го издигнам, за да Го побараат Господа и другите луѓе и сите народи, кои се наречени со
Моето име.« Така вели Господ, Кој го прави сето ова...’’ 1
Односно Симон потсетува дека Павле им се обратил на Македонците во Солун .отприлика со зборовите :
“Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога,..“2
Вашиот избор од Бога или понародски речено
Бог ве ИЗБРАЛ и ве повикал ,за да од вас направи нов народ кој ќе му го прославува името ..
Кое име ?
Ако терминот име го замениме со терминот Христ тогаш ќе речиме дека тој нов народ се Христијаните
Ако пак терминот Христ го замениме со терминот Слово , дали тој нов народ најнапред се Словените ?
Зошто најнапред ?
Затоа што запишано е дека она што Павле им го проповедал на Македонците е Словото .
“ И вие се угледaвте нa нaс и нa Гoспoд,кoгa вo гoлеми мaки гo примивте слoвoтo сo рaдoст нa Светиoт Дух,.’’3

Словото кое што како учење за Исус најнапред им се проповеда на Македоните , за да отпосле под терминот Христ им се проповеда и на сите останати .
Како тоа?
Па најнапред им се проповеда на Македонците , а потоа на останатите надвор од Македонија те од Македонскиот полуостров , на Апенинскиот меѓу Римјаните,каде им се проповеда за Логос , а не за Слово
И пак околу можните одговори
Што е тоа Слово ?
- Слово е Человек .
Человек ЧЛВК ч->с СЛВК СЛоВо К
“И на Бог толку му омиле човештвото што го дале својот единствен син ,кој што слезе и го прими облиокот на человек заради спас на Човештвото ’’ И согледувајќи низ призмата на припадноста . Кои се Словените ? Ако припадникот на Христ е наречен Христијанин тогаш припадниците на Словото ќе се наречат само и единствено како Словени. Тоа наречие ќе е единствено се до 1054 год, После неа ќе се воведе терминот Право Словие односно Православие ,како подвојување меѓу оние кои се и кои не се следбеници на Источната те Западната Црква Под Православни ќе се вбројат:Македонците,Србите, Бугарите , Руси, Белоруси, Украинци,Бугари ,а тука ќе се додадат и Романците и Власите кои ќе се Православни , но не и Словени како следбеници на учењето на Црквата по источен образ за разлика од Чесите, Словаците, Сорабите те Лужичките Срби, Словенците ,Хрватите ,Пољаците кои ќе останат како Словени но не и како Православни ,какоследбеници на учењето на Западната Црква ..
__________
Извор:

1- Дела на светитеАпостоли од Св.Апостол Лука (15:14; 15 :15 ; 15:16; 15:17 )
2-Прво Постание на Апостол Павле до Солунјаните (1:4)
3-Прво Послание на Апостол Павле до Солунјаните (1:6 )
Линк:
2-http://svetopismo.pravoslavie.mk/nov-zavet/prvo-poslanie-apostol-pavle-solunjanite/
3-http://svetopismo.pravoslavie.mk/nov-zavet/prvo-poslanie-apostol-pavle-solunjanite/


No comments:

Post a Comment