Search This Blog

Sunday, December 13, 2015

Prezemeno od nekoj auch antimakedonec

Za imeto Makedonija i Antickte Makedonci

За името “Македонија” и името на Античките Mакедонци постојат повеке извори и теории кои може да се класифицираат во три групи: легенди, антички извори и податоци и современи лингвистички теории.1.Легенди Карактеристично за антиката било давањето на имињата на народите и земјите според легендарни ликови кои биле прататковци или прамајки. За етнонимот Mакедон постојат повеке такви, кои настанале зависно од тогашните моментални политички потреби и процеси. Така на пример, постојат легенди со кои Македон е вклучен во грчката митологија, а со тоа и Македонците во грчката етничка група, се со цел да се оправда тогасната претензија на македонските земји и грчката колонизација на македонското крајбрежје. Таква е легендата дека Ахилеј е далечен предок на Александар по мајчина линија, па со тоа Македонците се Ајакиди . Слично се случувало и со легендата според која Makednon бил еден од педесете синови на аркадскиот Lykaon , koи пак се синоними, епонимни херои за грчките полиси. Се споменувало тоа име за дорските племиња кои со врората дорска миграција се населиле на Пелопонез, од Пиндос, и ова се земало за главен факт при докажување на дорското ( грчко ) потекло на Mакедонците. Меѓутоа, тука се вели Makednon, a не Македон,па веројатно станува збор за различни ликови. Македон е врзан со Ликаон како син и крал на Ематхија, така што земјата била наречена според него. Синови и керки на Македон се македонските епоними: Мизеја и Бероја, , кои се ќерки на Берс, син на Македон, Атинтат, Берес, Еуроп и Ороп-епоними за области во Македонија. Пиерос (Пиерија) и Аматос (Ематхија) исто така биле синови на Македон, а пак Аероп бил најстар син на епонимниот предок Ематхион.
2.Антички извори и податоци Кај античките автори се сретнува името”Македонија”, како во веќе изградената форма, така и во првобитните форми, како Emathia, Thrake и сл. Најстаро споменување на името Македонија и Македонци срекаваме кај Хомер во “Ilijada” каде се споменува реката Axios-Вардар,каде што тие не се директно именувани, затоа што сеуште немале самостојна држава, туку се спомнува областа Еmathia, t.e. Pelagonia, реката Аксиос, т.е. Вардар, областа Перија и Пајонците како племе . Името Македонија не е споменато и племето не е означено со името македонско, затоа што во тоа време не постои едниствена држава. Освен тоа познато е дека Хомер не користел општи етникони за никого, дури ни за Хелените. Хомеровото име за Македонија означува песоклив терен ама тоа се користи и за делови на Тракија. Ако се земе дека “Кауконци” е всушност грчкиот превод за името на античките Македонци тогаш нивното прво спомнување е сепак кај Хомер во неговата Илијада. Кај Страбон и Плиниј постојат податоци дека првобитното име на Македонија e Emathia, а тој став го брани Плиниј кој тврди дека Ајга се наогала во Emathia, името со кое што грчките морепловци ја нарекувале земјата нaселена со македонските племиња (не грчки) и дека со тој назив била наречена цела приморска Mакедонија. Освен ова име грчките морепловци целото крајбрежје го нарекувале Thrake (Тракија) што дава основа за пантракиската теорија за потеклото на Македонците. Страбон го споменува и името “Kауконци” за кое тврдел дека се соседи на Бругите, Венетите и Пафлагоните,а античката традиција ги поврзува со Пелазгите-Пеластите, односно македонските колонисти во северозападна Анадолија. Овој етникон се споменува не само во Анадолија туку и на Балтикот и во Русија. Грчкиот превод на имињата Kaukos и Venetus кои што значат” голем”, “висок” го дал името Македон и ја има својата паралела во етниконот Македонец. Хесиод е првиот кој го споменува Македон, епонимниот предок на Македонците, а со текот на времето и називот Emathia се заменува со Mакедонија. Тоа е поврзано со владеењето на династијата Аргеади, која ја формира Mакеdонската држава, а потекнува од Макета-старото име на Ореста(костурско) Херодот ги набројува Македонците како Епонимно племе кога ја набројува конјаницата на Ксеркс во грчко-персиските војни, а и во друг случај кога зборува дека тројцата браќа, Гуан, Аероп и пердика, кога ја преминале реката”дошле во друг крај на македонија”, и потоа “оттаму го освоиле останатиот дел на Македонија”, што ни докажува дека станува збор за стари македонски земји и за соединување преку освојување на стие македонски земји . Тој кога ја опишува пловидбата на Мардониј околу халкидик ја именува областа Македонија, што е прво спомнување на тоа име. Тој ги разграничува тракијците од Македонците кога во списокот на племиња во војската на Ксеркс ги споменува прво Тракијците, па потоа и Тракијците што живееле на приморјето. Со тоа тој ги разнишува корените на пантракиската теорија во основа за потеклото на македонскиот народ. Т укидит ги споменува Македонци зборувајки за походите на Аргеадите (кои се нарекувале аргеадаи македонес), и вели дека тие потчиниле голем број племинја и голем дел од македонците. Хеланик од Лезбос кој жевеел во петиот век п.н.е. го сочувал едно од најстарите родославија на Македон каде што го имаме зачувано и најстариот податок за Македонците – Македонците тогаш сами живееле меѓу низите. Ова спомнување ни дава моќно оружје во докажувањето на автохноноста на македонските племиња и се спротивставува во тезата за нивното подоцно доселување на територијата на Македонија. Значи преселувањето на балканските Мизи во Мала Азија се одвивало кон крајот на третиот милениум што значи дека ако Македонците живееле меѓу балканските и малоазијските Мизи тоа била на почетокот на вториот милениум п.н.е. Веќе во осми и седми век п.н.е. старото име е Матхија е потиснато од името Македонија затоа што кралската куќа на Аргеадите веќе успеала да ги обедини различните македонски племиња и да создаде една држава. Постепено името се шири на сите ново освоени територии кои што биле вкучувани во државата на Аргеадите.
3. современи лингвистички теории Повеќе лингвисти се занимавале со ова прашање, а дел од нивните теории имаат посебно заначење и во докажување на македонската самобитност. -A.Фик стои на мислењето дека Античките Македонци не се посебен народ, туку дел од грчките племиња кои на патот кон Средоземјетозаостанале зад другите во ценнтралниот дел од Балканот.нивното име го поврзувал со грчката називка за висок раст, т.е. ги нарекува “Hochlander” , но тоа е побиено со Хомеровите називи за Македонија, како “ песоклив терен”-име кое се давало и за јужна Македонија и за Северна Тесалија, сто мозеби дава претпоставка дека населувањето на Македонците оделеод југ кон централен Балкан, а не обратно, сто значи не би имало врска со миграцијата на грчките племиња. Слично толкување дава и Пизани . Кој исто така ги нарекува “Врховци” но името не го смета за грчко, тутку за индоевропско.Тој е поблиску до вистината за припадноста на јазикот кон индоеропската група, теорија доказана од А.Меје , заено со Пајонците и Дарданците,група нарецена индоевропски пеласти. Но самата негова поставка која трга за потеклото на името од тоа сто Македонија е планински терен е погрешна. Може да се заклучи дека станува збор дека етниконот Македон е со грчко потекло, кое ги означува централнобалканските племиња со висок раст, но тоа не докажува дека се тие грчко племе, затоа што посои фонетска индивидуалност на македонските глоси. Сето тоа погоре наведено ни дава за право да сметаме дека името македонсо е грчки превод ма негрчки етникон. Основниот оригинален назив на Македонците и Македонија е изгубен.

Link

http://nadezna2.blogspot.mk/2009/04/za-imeto-makedonija-i-antickte.html

No comments:

Post a Comment