Search This Blog

Tuesday, October 13, 2015

Пајонски свештенички, Милци, Гевгелија, Р. Македонија, 8-6 век п.н.е.
Tombs of Paeonian pristesses, Milci, Gevgelija, R. Macedonia, 8-6 c. BC
Археолошкиот локалитет Милци припаѓа на групата праисториски некрополи, кои во подрачјето на Гевгелија и Долно Поврадарје словат за најзначајни во периодот на VII - VI век пр.н.е.
На овој локалитет во минатото, во неколку наврати вршени се заштитини истражувања, а од 2011 год., во организација на Н.У.Музеј – Гевгелија, се спроведува систематско археолошко истражување на некрополата.
Во текот на овие истражувања од 2011–2015 год., откриени се 59 нови гробни целини (од гроб 75-135), воглавно гробни јами и камени цисти. Периодот на погребување на некрополата започнал при крајот на VIII, а се окончал во почетокот на V век пр.н.е., иако постојат изолирани случаеви на погребување датирани во V-IV/III век пр.н.е. Во оваа прилика, би ги издволие гробовите 99, 108 и 114, во кои покрај покојничките биле приложени “пафти” во форма на стилизирани сончеви дискови, кои се припишуваат на т.н. пајонски свештенички, датирани во ран VII век пр.н.е.
Од целиот конгломерат на гробни целини, би го споменале и војничкиот гроб 103, датиран во првата половина на V век пр.н.е., чиј покојник е идентификуван со можен претставник на воената аристократија, која учествувала во ширењето на границите на античката македонска држава во регионот на Амфакситида.
Продолжение на истражувањето на некрополата Милци, планирано е, и за идната 2016 год.
Раководител на истражувањето:
Бобан Хусеновски археолог кустос-советник
Н.У.Музеј – Гевгелија
http://www.muzejgevgelija.mk/istrazuvanja.htm


Современа ликовна интерпретација на пајонската свештеничка, Археолошки музеј на Македонија

Извор :
Sonjce Marceva  new photo to the album: Македонски/Пајонски бронзи.

No comments:

Post a Comment