Search This Blog

Sunday, June 28, 2020

Колонијата Грција

“Ne e kralstvo grcija Kolonija e . OTTO ne e nikakov GRK toj e Okupator Kolonijalen vojskite se okupatorski ,zemjoposednicite se stranci okupatori biznismeni ,robovite se isto stranski kolonijalni doneseni . Mnogu e pogresno sto im gi povtoruvame nivnite lagi i izmislici. Kolonija ne e drzava , a ne moze da bide drzava ako stranci okupatori ja koloniziraat. Denesnite grci se mesavina od Kolonijalisti Okupatori -Avstrijci( Germnaci) Francuzi Rusi i Britanci 10%, i Robovi ( Afrikanci -Crnci i Mulati , Arapi Azijci itn) 90%.Sami si pravime stapici za manipulacii negiranje i laziranje na Makedonskata istorija. Ne postoele nikakvi grci niti Grcia drzava vo toa vreme. Potomcite na Kolonijalistite za prv pat napravija Republika -Protektorat vo 1975 od kako Danskiot( Famiija Kukata na Slezing Germanija nikakov Grk ) kolonijalen Kral go napusti tronot .Den denes se najobicen EU protektorat vistinski kokosharnik .Jazikot im go izmisluvale kolonijalnite okupatori i ne se vika grcki nego Dimotiki . Nema nisto grcko...“

Aleksandar Dodevski 


На страната на ФБ групата 

https://www.facebook.com/groups/178231545874060/?multi_permalinks=1142104362820102&comment_id=1148688852161653&notif_id=1593334417313010&notif_t=feedback_reaction_generic&ref=notif







Friday, June 26, 2020

Повикан народ

Европската судбина на Евреите и на Македонците (Физички и идентитетски холокауст)

725
Jас одамна знаев што ќе се случи со Македонија драг читателу. Етноцид. Идентитетски геноцид. И, еве, се збидна тоа, па ни најмалку не сум погрешил во тезата дека Македонците се новите Евреи на Европа по Хитлерова Германија. Многумина мислеа дека радикално претерувам. Ама камо среќа да беше така. И, се покажа, имено, дека најголемите мартири што ја искусија дарвинистичката суровост на Западната ариевска цивилизација, на Европа се Евреите и Македонците. Евреите во Втората светска војна во нацистичка Германија, а Македонците повеќепати од почетокот на дваесеттиот век наваму. Најгеноциден физички акт против нив озаконет со печат на Вавилонската дама беше Букурешкиот договор од 1913 година со кој се распарчи, искасапено со европскиот садистички нож, живото македонско тело, раздавајќи им се на соседните балкански хиени. Но тука е потоа и Првата светска војна, во која Македонците пак беа плен на истите хиени и на општото европско варварство. Со божјо чудо, пак, тие се извлекоа со АСНОМ и Пролетерската интернационала во рамките на Југославија во и по Втората светска војна, новата голема катастрофа на арогантната Европа. Со стек на околностите, пак, во 1990 г. основавме и своја самостојна држава, иако веднаш потоа се покажа дека не е тоа. Западните планери на светот по своја мера веднаш почнаа да ја масакрираат неа и да отвораат живи рани во нејзиното живо ткиво, за на крајот по речиси три децении отворен и маскиран софистициран садизам да ја внесат и замрзнат во длабокиот европски замрзнувач на идентитетска мртовечница. Смрт.
Тоа. И, главното прашање тука е: зошто токму Евреите и Македонците се најголемите страдалници на либералната со демократска маска Западна цивилизација? Дали можеби и затоа што тие се двата толку славни народи во антиката, потврдени со небесен и земен печат во Светото Писмо и како темел на нововековната Европа, која има доминантен јудео-христијански белег. Оној на кој постојано ја потсетува неа и големиот германски писател и хуманист Томас Ман, а за да ја освести неа за, пред сè, високите морални и етички норми што извираат од тој цивилизациски извор. Секако и малку да ја оттргне од нејзината паганска фасцинација со Стара Грција налепена на фалсификатот на Дројзен. Томас Ман всушност интелигентно ѝ сугерира на Европа да се сврти повеќе кон филозофијата на христијанството и неговите супериорни морално-етички вредности, за да расчисти со својата паганска душа, која, и таква, му ја има продадено на Мефистофел (Сатаната) за што речовито говори „Фауст“ на Гете. Таа, која и според Ниче, страшно лут на христијанството, го убила Бог во себе. Доколку воопшто и го пронашла некогаш него. А христијанството со Логосот на Љубовта и стигна по новозаветна линија преку Македонија и Македонците во Европа.
Да. Најчудно, пак, е, драг читателу, што Евреите и Македонците се браќа близнаци не само со паралелизмот на нивната културно-цивилизациска струја во Светото Писмо, туку и со нивниот судбински паралелизам. Тие се избраните да ѝ ја предадат нововековната цивилизациска штафета на Западната цивилизација. Но и подалеку од неа. Два избрани народа за специјална мисија, диктирана од небото, а реализирана на Земјата. Тука е потребно појаснување. Македонија под името Китим се јавува уште на почетокот, во 14-от стих од првата книга Битие во Стариот Завет и константно е присутна до последните страници на Новиот Завет. Китим е внук на најмалиот син на Ное Јафет чии наследници се Македонците.
Кога, пак, станува збор за Евреите и за Македонците во Светото Писмо, дури и теолозите забораваат да подвлечат дека Евреите се доминантни во Стариот, a Македонците во Новиот завет. Тие двата, пак, пишувани на протек од милениум и половина во 77 книги се радикално различни, бeз разлика што теолозите догматски нив ги разгледуваат како неразлачна целина. Стариот Завет на евроизираниот Бог Јахве е полн со многу темни места и во добра мера обесхрабрувачки за човекот. Јахве е екстремно строг небесен монарх, кој воспоставува сурова етичка правда: „Око за око, заб за заб“. Тој ги става, како во Книгата за Joв, и своите најправедни верници на страшни искушенија, фрлајќи ги во прегратките на Сатаната. Потоа ги казнува како колектив сурово и Евреите за Златното теле и ги врти садистички цели 40 години низ пустината пред да ги одведе во ветената земја Ханаан полна со лозја и вино.
Дури во Новиот Завет, со Исус Божјиот Син, радикално ќе се измени сликата за таткото Бог. Наместо старозаветното „Око за око, заб за заб“, сега Синот проповеда: „Љуби го и својот непријател“. Наместо казна, тој нуди проштавање и вечна љубов. Оваа божествена филозофија на проштевањето и љубовта, вистина, Спасителот ја проповеда во Галилеја и низ цела Јудеја, но таа најдлабоки корени, имено, фати во Македонија. И тоа со божја промисла, со доаѓањето на најревносниот Исусов апостол Павле во Македонија, каде што во куќата на Лидија Македонката во Филипи ја основа првата христијанска црква на европска почва. Оттука и тргнува, како што вели и познатиот француски библист Ренан, Новозаветното Слово на Љубовта кон блудницата вавилонска, христијанизирајќи ја на запад до Атлантикот, а на север до Москва, Владивосток и Северен Леден Океан. Да, друго прашање, пак, е што до денес Европа, зариена во својот пагански нарав, ништо не научи од него. Француската револуција и нејзините корифеи, енциклопедистите, се обидоа додуша да заведат некој вид земна божја правда, ама со илјадници гилотинирани глави и реки крв до крововите на Париз.
Тоа. Ме прашуваш, пак, драг читателу, зошто нагло опаѓа во Новиот завет еврејскиот, а се извишува македонскиот авторитет. Затоа што Евреите, иако им беа дадени знаци од старозаветните пророци осум столетија понапред, не го препознаа и не го признаа Месијата Исус. Не случајно тој и плачеше еднаш пред храмот на Ерусалим, велејќи дека нема камен да остане од него, прорекувајќи ја симболички на тој начин мартирската идна историја на избраниот народ. Подоцна тој беше осуден од нивниот првосвештеник Кајафа и даден во рацете на римските војници да го распнат. Јуда Искариотски тука е само општ симбол на еврејското колективно предавство на Спасителот. А веројатно, повеќе од сигурно, Исус не ги стекнал симпатиите на Евреите и поради, за нив, неговиот екстремен космополитизам, кога им рекол дека неговиот Израел сега ќе го компонира од сите народи на светот. Слична космополитска идеја пред него имал и Александар Македонски, факт што не е за запоставување ако се има на тој план и улогата на Македонците во Новиот завет подоцна.
Тука доаѓаме, јунговски речено, сепак и до диференцијацијата, и покрај сличностите, меѓу еврејскиот и македонскиот менталитет. Евреите, како што се гледа тоа јасно и од страниците на Стариот завет, се херметички, строго затворени во својот национ, цивилизирани и со висока култура, но со трибалистички нарав и душа. На некој начин и ариевци далеку пред ариевска Германија и Европа. На некој начин и митомани, обезбедувајќи го за себе епитетот „избран народ“ и приватизирајќи го како сопствен имот Бог (Јахве), кој сепак подоцна во Новиот завет преку Синот Исус ќе добие апсолутна космополитска димензија. Тоа. За разлика од нив, пак, македонскиот менталитет отсекогаш бил отворен и космополитски, и затоа е, имено, испратен од Небото Павле во Македонија за реализација на христијанството. Покрај другото и затоа што Македонците никогаш не го поседувале во фројдовска смисла комплексот нарцизам за да се именуваат себеси како „избран народ“. За нив уште од времето на Александар Македонски сите народи се избрани, од ист генерички извор. Така, иако, без разлика на тоа, имено, тие се во Новиот Завет, драг читателу, прогласени, и тоа лично од апостол Павле, за избран народ кому му е дадена првично мисијата за ширење на Новозаветното Слово на Љубовта и Спасението. Така тој во Посланието до Филипјаните нив ги именува за „Божји чеда“ што се „светлина на светот среде опак и расипан род“ (Филипјаните 2:15), а во Второто послание до Солуњаните вели дека нив Бог ги избрал „од почетокот за спасение, преку осветување на Духот и вера во вистината“. Што, пак, значи дека тие се вистинољубиви и праведни.
Тоа. Туку, еве сега доаѓаме пак на тежишното прашање на нашата колумна драг читателу: зошто западната сурова ариевска цивилизација на Европа ги избра како мартири за својата варварска клада, или гилотина, сеедно, Евреите и Македонците. Никој друг така безбожнички сурово. Зошто? Тие што со Стариот и Новиот Завет ги удрија нејзините нововековни јудео-христијански темели, кои таа не ги препозна, Европа што нив ги десакрализира во име на нејзиното дројзеновско тотемско, паганско божество Стара Грција, кое е подготвено меѓу другото и за жртвување на Македонскиот антички Логос, и воопшто за ликвидација на македонизмот. Друга е ситуацијата со Евреите, но во секој случај во најновата европска, западна историја најмногу настрадаа како жртви тие и Македонците, двата комплементарни народа на Библијата со кои дојдоа христијанството и нововековната цивилизација на Стариот Континент. Случајно ли е тоа, или не? Во Втората светска војна загинаа шест милиони Евреи во смртоносните логори на Хитлерова Германија. Европска Германија. Да, но ако погледнеме денес антисемитизмот сè уште не згаснал во Европа, и тој е според некои факти, на пример, поприсутен во Франција отколку во Гepманија. Во цела либерална Европа со лажна демократија, иако Француската револуција и енциклопедистите беа вистински модерни демократи, кои ја запалија ламбата на духовното просветителство. Без разлика што истото тоа го исклучија од струјата на Бог, што се покажа подоцна како фатална грешка. Не им е пријатно на Европејците тоа да се кажува и коментира, драг читателу, но тоа е вистината. Посебно, по еврејскиот физички, сега идентитетскиот евроамерикански холокауст врз Макeдонците јасно го дава на показ тоа. Физичкиот геноцид над нив со Букурешт 1913 г. се покажа како неуспешен за комплетна македонска гробница, и еве го сега идентитетскиот македонски етноцид. Геноцид. Со еден потег, со само еден удар на евроамериканскиот западен крвнички меч да се отсече идентитетската глава на целиот македонски колектив, да се уништат и забранат со ликвидација на Името сите знаци на неговата меморија. И тука е разликата меѓу еврејскиот и македонскиот холокауст од страна на западната цивилизација. Кон Евреите нарцисоидната Вавилонска дама примени исклучиво физички геноцид, а кон нас Македонците комбиниран: физички и идентитетски. Овој вториот според антрополозите е најстрашната смрт што може да го снајде еден народ. И што да ти кажувам повеќе драг читателу. Во богатата колонијалистичка и божем демократска Европа и денес се во интензивен подем, како омразени, антисемитизмот и антимакедонизмот. Се чини, според она западно варварство што ни се случи антимакедонизмот е и повеќе од антисемитизмот. Оттука треба да бидеме, ние Македонците, навистина идиоти, ментално ретардирани та да крикнеме екстатично „да живее Европа“ (таква каква што е идиотска кон нас), или „Да живее Северна Македонија“ и да ja поздравиме како нашиот-ненаш премиер нашата идентитетска смрт на коja на големо кумуваше и тој.
Од мене толку за денес, драг читателу, оти оваа неискажлива и болна тема е море без брегови. Океан. До следната наша средба најсрдечно те поздравувам.

Извор :

Sunday, June 14, 2020

МПО и знаме со ликот на Александар од Македонија













“Ova e od vremeto pred cistkata na Makedoncite patrioti od organizacija,koi podocna go oformuvaat MNS-Makedonski Naroden Sojuz,organizacija koja bila cisto Makedonska i zatvorena so odluka na Amerikanskata vlada vo pedesetite godini zaradi sorabotka so komunisti pred se so DAG i Makedonija,vo tie godini vo Amerika imase lov na komunisti....’’2 
_______

Thursday, June 11, 2020

Александар од Македон во Јудејството

Александар од Македон во Јудеизмот

Во Јудеизмот постојат записи ,што ги има и во Стариот Завет кои се толкуват дека го предвидувале доаѓањето на Александар како нивни ослободител :

“Пророците и кралот

Во јудаизмот, се верува дека неколку пророци имале визии за Александар Велики многу векови пред да се роди. Пророкот Исаија, кој живеел 5 века пред Александар, напишал во поглавје 19, став 20 за неговата визија:

"Кога (Египетскиот народ) ќе викне на Господа, тогаш Господ ќе им испрати човек да ги спаси. Тој ќе владее со нив и ќе ги спаси од опасности"...‘‘

На англиски е вака :

“ Prophets and the King
In Judaism, it is believed that several prophets had visions of Alexander the Great many centuries before he was born. The prophet Isaiah, who lived 5 centuries before Alexander, wrote in Chapter 19, paragraph 20 about his vision:

"When (the people of Egypt) exclaim to the Lord, then the Lord will send them a man to save them. He will rule them and will save them from dangers".

Scholars suggest that the man described in this prophecy was Alexander. ..’’



“ Два века подоцна, пророкот Даниел предвидел дека ќе има крал кој ќе го окупира престолот на Соломон. Асирскиот крал Набуходоносор имал кошмар, па Даниел го прашал Бог за значењето на сонот. Одговорот сугерираше дека тој ги видел кралевите кои ќе ја променат историјата на оваа земја - вклучително и Александар Велики. Пророкот Даниел исто така претскажал дека “ хеленскиот крал’’ ќе го освои Персиското кралство и ќе биде наследен од четири Цареви од неговата крв..’’

На англиски ...
- Two centuries later, Prophet Daniel foresaw that there would be a king who would occupy the throne of Solomon. The Assyrian King Nebuchadnezzar had a nightmare, so Daniel asked God about the meaning of the dream. The answer suggested that he saw the kings who would change the history of this land - including Alexander the Great. Prophet Daniel also foretold that the Hellene King would conquer the Persian Kingdom and be succeeded by four kings of his blood

’’Исто така, пророкот Joоел во 5 век п.н.е. го видел Александар во неговите визии: „Децата на Јуда и Ерусалим беа присоединети кон “Хелените“...’’

На англиски

- Also Prophet Joel in the 5th century BC saw Alexander in his visions: "Children of Juda and Jerusalem you have been attracted to the Hellenes".



https://www.ancient-origins.net/history-famous-people/surprising-links-between-alexander-great-and-christianity-005814?fbclid=IwAR2Ciir2TNOQP_0dOeYkkNPcYuXjf4HZHq0HvPW24KDr5Yl5DRsmixhOaWU

Thursday, May 28, 2020

Александар Македонски во Куранот

СРЕДА, 31 ДЕКЕМВРИ 2014   
Александар Македонски во Куранот

Iranischer Meister 001

Македонците оставиле значаен придонес и во исламот!

Повеќе исламски теолози сметаат дека Александар Македонски е спомнат во Куранот под описното име Зул-Карнијан!

Македонската култура оставила свој белег и во исламот. За уделот на македонската култура во севкупниот карактер на исламот од наша страна допрва треба да се извршат потемелни истражувања.

Исламот е една од најголемите религии во светот. Оваа религија се појавила во Арабија и истата е заснована врз учењето на пророкот Мухаммед. Всушност арапскиот збор "ислам" значи "предавање" во смисла "предавање кон божјите закони". Секој што го практикува исламот се нарекува муслиман. Основен извор на исламот е Куранот. Куранот е света книга за муслиманите и истата (според исламската доктрина) е настаната како резултат на откровенијата од Бога, кои Мухаммед (како негов пророк) ги запишувал во текот на дваесет и две години и тоа во периодот од 610 година (кога пророкот Мухаммед го примил првото откровение), па сe` до 632 година (кога било запишано последното). Конечната верзија на Куранот била составена дваесетина години подоцна. Содржината на книгата е поделена на 114 сури или поглавја, кои се поделени на ајети (стихови).

Куранот не е само света книга за муслиманите, туку неговата содржина се смета и како ремек-дело на тогашната арапска литература. Од литературен аспект, содржината на Куранот претставува уникатен спој помеѓу поезијата и прозата.
Важен извор за исламот е и светата книга Хадит.

ПРОРОКОТ МУХАММЕД

Основоположникот на исламот, пророкот Мухаммед, се родил во Мека (Арабија) во 570 година. Неговиот татко умрел уште пред да се роди Мухаммед, а мајка му умрела кога имал само шест години. Поради тоа, грижата за него ја презел неговиот роднина Абу Талиб. Кога пораснал, Мухаммед станал трговец и неколку пати ја посетил Сирија, каде се смета дека остварил средби со тамошните христијани. Потоа тој се вработил кај богатата вдовица Кадија и поради неговата чесност и лојалност бргу ги стекнал нејзините сипматии, по што стапиле во брак. Мухаммед тогаш имал 25 години. Според неговата биографија, тој честопати одел во една пештера во близината на Мека каде се молел на Бога и размислувал околу религиозните прашања. За време на една молитва, тој добил визија на архангелот Гаврил, кој му се јавил и го прогласил за божји пророк.

Постепено Мухаммед почнал јавно да ги проповеда откровенијата што му биле давани од Бога. Подоцна овие откровенија биле собрани и запишани на едно место, а тоа е исламската света книга Куран. Проповедите на Мухаммед ја опфаќале и социјалната сфера преку ставовите дека сите луѓе се исти пред Бога. Поради тоа тој се стекнал со симпатии помеѓу сиромашните, додека богатите владетели на Мека се однесувале кон него со отпор и со недоверба. Во 615 година, биле убиени извесен број негови следбеници од страна на богатите владетели во Мека. Поради тоа, Мухаммед наредил 83 семејства на негови следбеници да се преселат во Етиопија. Во 619 година, починале неговата сопруга Кадија и неговиот роднина Абу Талиб. Потоа Мухаммед заминал за Медина (која тогаш се викала Јатриб) на повик од тамошните жители. Медина се наоѓа на околу триста километри северно од Мека.

Мухаммед заминал за Медина токму во моментот кога неговите опоненти во Мека се подготвувале да го убијат. Во Медина Мухаммед организирал практикување на исламските ритуали и вовел социјални реформи, а биле гарантирани и верските слободи на сите граѓани. Но, и во Медина се јавиле негови опоненти, кои биле поткрепувани од Мека. Подоцна дошло до војна помеѓу муслиманите од Медина и властите во Мека. Во 624 година, муслиманите (иако биле послабо вооружени) ги поразиле меканците. Истовремено тие ги напаѓале меканските трговски каравани, кои ја снабдувале Мека со стоки од Сирија со што сакале економски да ја ослабнат Мека. Но, подоцна меканците постигнале успех во војната, при што стигнале дури до ѕидините на Медина, која сепак не успеале да ја освојат. Во меѓувреме, Мухаммед се ослободил од своите непријатели, внатре во Медина, меѓу кои, најбројни биле некои Евреи. Во 630 година меканците, откако сфатиле дека не можат да ја поразат Медина, му понудиле мир на Мухаммед.
Потоа водачите на разни племиња од Арабија дошле кај Мухаммед и го примиле исламот, па така Мухаммед станал најмоќниот владетел во Арабија. Идолите од претходните религиозни сфаќања биле уништени, а Мека станала најсветото светилиште на исламот. На Евреите и на христијаните им биле гарантирани верските права, затоа што и самиот Мухаммед признал голем дел од нивното учење. За време на својата последна посета на Мека, тој издал проповед во која ги сумирал своите реформи и прогласил братство помеѓу муслиманите. Тој исто така проповедал дека сите луѓе се еднакви, без оглед на расна или на класна припадност. Мухаммед починал во 632 година во Медина.

Какви биле врските помеѓу Македонците и исламот? Веднаш ќе кажеме дека исламската култура има примено извесно влијание од културата што Македонците ја прошириле во Арабија, т.е. во земјата во која се родил исламот. Познато е дека уште Александар Македонски покажувал голем интерес кон Арабија и дека тој испратил своја експедиција со бродови, кои пловеле близу брегот на оваа земја. Се знае и дека Александар во 323 година пред Христа планирал да ја освои Арабија, но дека во тоа го спречила смртта во Вавилон.

Но, и без тоа Арабија станала значајна сфера во ширењето и прифаќањето на хеленистичката (главно македонско-грчка) култура. За ова придонела и географската положба на оваа земја (како мост помеѓу истокот и западот), а значајна улога одиграла и трговијата со разни производи.

Влијанието на македонската култура во Арабија се огледа во тоа што уште во третиот век пред Христа во оваа земја почнале да се коваат пари, кои биле имитација на македонските пари од времето на Александар Македонски. Овие пари главно се ковеле во градот Гера. На некои од нив дури го пишувало и името Александар. Ова најмногу дошло до израз кај монетите со помала вредност (оболи), кои претставувале целосна имитација на монетите на Александар Македонски, но и на монетите на македонската династија на Селевкидите. Исто било и со монетите билони, кои се користеле во Арабија, дури и во доцниот прв век по Христа.

Секако дека влијанието на хеленистичката (македонска и грчка) култура во Арабија било присутно и во останатите сфери (уметноста и сл.). Ова практично значи дека оваа култура била прилично распространета во Арабија, т.е. во земјата во која подоцна ќе биде создаден исламот.

Пророкот Мухамед неколку пати ја посетил Сирија. Сосема е можно дека за време на тие посети тој остварил средби со потомците на големата колонија Македонци, кои таму биле населени уште од времето кога Сирија била составен дел од македонската држава на Селевкидите. Познато е дека во сирискиот град Антиохија (кој бил изграден и населен од Македонците), културни траги од Македонците се забележани дури и во шестиот век, а тоа е токму времето кога пророкот Мухаммед ја посетувал Сирија. Имено, во овој век е забележано името на некој танчер од Антиохија кој се викал Македонија (Macedonia), за што веќе пишувавме.

АЛЕКСАНДАР СПОМНАТ ВО КУРАНОТ

Кога зборуваме за врските помеѓу Македонците и почетоците на исламот, мнозина истражувачи денес сметаат дека еден Македонец е спомнат и во самата исламска света книга Куран. Конкретно, се смета дека во оваа исламска света книга е спомнат Александар Македонски, но под друго име. Всушност, се смета дека тој овде е спомнат под описното име Зул- Карнијан. Овој израз може да се преведе на неколку начина. Според буквалниот превод, овој израз значи "оној со два рога". Германскиот историчар Улрих Вилкен пишува дека ваквото детерминирање на Александар потекнува од старото египетско предание, според кое, Александар е претставен како "син на Амон". Од своја страна, синот на Амон, во ликовните претстави, секогаш бил прикажуван како лик кој на главата има два мали рога. Поради тоа Вилкен смета дека оттука потекнува описното име на Александар како "оној со два рога" (Улрих Вилкен: "Александар Македонски" Скопје, 1988, стр. 353). Некои исламски теолози изразот "Зул-Карнијан" го преведуваат и описно како: "оној што живеел во две генерации", што е тесно поврзано со содржината на некои исламски преданија за Александар, конкретно за мигот на неговото раѓање, поврзан со "спојувањето" на две планети (или ѕвезди) на небото, за што во продолжение ќе пишуваме.

Што се однесува до самото спомнување на Александар во Куранот, конкретно се смета дека тој е спомнат во осумнаесеттата сура која се вика "Пештера" (Ал-Кахфи) и тоа во ајетите (стиховите) 83-98.
Но, има и такви исламски теолози кои сметаат дека терминот Зул-Карнијан не се однесува на Александар Македонски, туку на некој друг владетел. Сепак, може да се каже дека официјален став на повеќе исламски теолози е дека станува збор токму за Александар Македонски. Така, на пример, во официјалната "Енциклопедија на исламот" јасно пишува дека и навистина Александар Македонски е спомнат во Куранот. Овде читаме:
„Општо е прифатено, како од исламските толкувачи, така и од современите западни научници дека Зул-Карнијан или "оној со два рога", спомнат во сурата 18, 82/83-98, всушност го претставува Александар Велики“. ( "Encyclopedia of Islam", New Edition, Vol. IV, 1978.).

А, сега да ги спомнеме стиховите од сурата 18, во кои се смета дека самиот Бог (Алах) го спомнал Александар Македонски под описното име Зул-Карнијан или во слободен превод: "оној што живеел во две генерации". Овие стихови гласат:
"И ќе те прашаат за Зул-Карнијан, oдговори им: 'Ќе ви го изрецитирам споменот за него' (83.)
Навистина, Ние го поставивме него на земјата и му го откривме значењето на сите работи. (84)
И така тој појде по патот. (85).
И кога стигна на местото каде сонцето заоѓа, виде дека тоа заоѓа во едно црно море, по што кај него дојде народот. И Ние му рековме: 'О, Зул-Карнијан! Или казни ги, или покажи им добрина (86)...
А тој рече: 'Што се однесува до оној што прави лошо, ќе го казниме, а потоа ќе биде вратен кај својот Господар за да биде казнет со страшна казна (87)…
Што се однесува до оној што верува и што прави добрини, тој ќе има добра плата и нему ќе му ги пренесеме зборовите на нашите одредби (88).
Потоа, тој продолжи по патот. (89).
Сe` додека не стигна во земјата каде што сонцето изгрева, каде го најде како изгрева над луѓе на кои не им дадовме заштита од него. (90).
И така! Навистина она што беше кај него го опфативме со знаење (91).
Потоа, тој продолжи по патот (92).
Сe` додека не стигна меѓу две планини, каде најде луѓе, кои не разбираа ниту збор. (93).
Тие рекоа: О, Зул-Карнијан! Навистина Гог и Магог создадоа низа немири во земјата. Сакаш ли да ти дадеме награда ако ставиш бариера помеѓу нив и нас (94).
Тој им рече: Она во што ме востанови мојот Господар е подобро. Затоа помогнете ми со работници и ќе изградам заштитна бариера помеѓу вас и нив. (95).
Донесете ми блокови од железо. И додека тој го пополни просторот помеѓу двете планини, им рече: 'Дувајте!, А кога се запали огнот им рече: 'Дајте сега да го излеам растопениот бакар" (96).
Така тие не можеа да поминат, ниту да направат дупка (97).
Тој им рече: 'Ова е милост од мојот Господар, но кога Тој ќе вети, ќе го срамни со земја, а ветувањето на мојот Господар секогаш е вистинито! '(98).

Главна индиција за поистоветувањето на Александар Македонски со "Зул Карнијан" е фактот што обајцата патувале во, за нив, дотогаш непознати земји. Овде секако е и самото име Зул-Карнијан, кое рековме дека буквално преведено значи "оној со два рога", што може да се однесува само на Александар Македонски, т.е. на неговата постара претстава како син на Амон, кој, бил претставуван како човек со два мали рога на главата. Токму како таков Александар останал запаметен во исламската традиција и останал длабоко почитуван од муслиманите.

Некои (пред се` христијански) истражувачи сметаат дека сторијата за Александар Македонски, која е предадена во Куранот, претставува адаптација на некоја постара легенда за него. Ваквиот став е прифатен и во Енциклопедија Британика, каде во врска со ова читаме:
„Спомнувањето на Александар од страна на Мухаммед како 'оној со два рога' (18,82) е превземено од една романса за Александар која била популарна среде несторијанските христијани во 7 век во својата сириска варијанта“.

Но, исламските теолози ова го негираат, наведувајќи податоци дека во времето на создавањето на текстот на Куранот тешко можеле да бидат достапни легендите и преданијата за Александар Македонски. Полемики околу ова прашање се водат до денес

К.Л.

Превземено од истражувањата на Ebu Benjamin од Скопје
____

Извор:

https://www.mn.mk/istorija/9934-Aleksandar-Makedonski-vo-Kuranot

Јусовите се знаци или симболи а не букви.Во араскиот има еден наречен елиф