Search This Blog

Tuesday, September 24, 2019

Леонард Мазинг, Автор на Првиот Докторат за Македонскиот Јазик од 1890!


Не му било судено да стане свештеник по стапките на татка си, туку стана филолог и го препозна македонскиот јазик како посебен преку говорите на Македонците кои ги сретна во Лајпциг и во Петроград за подоцна да стане и одличен познавач и да го владее истиот. Преку личната кореспонденција и доживотно пријателство со големиот поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик..

 Проучувачот на македонскиот јазик, Леонард Готхилф Мазинг, е воедно и автор на првата докторска дисертација за македонскиот јазик одбранета во 1890 година на тогашниот Дерптски универзитет (денешен Тарту) во Естонија.

Леонард Готхилф Мазинг ја печати и издавање одбранетата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик, како и дел од неговите сестрани истражувања за географијата, историјата и етнографијата на Македонија.
Еден од најголемите познавачи и проучувачи на делото на Леонард Мазинг е Георги Гоце Дуртаноски, кој оваа архивска граѓа ја истражуваше две години и на основа на тој труд беше иницијатор и автор на изложба во 2015-та посветена на Леонард Мазинг во Државниот архив и Универзитетската библиотека на Естонија.
Од изложбата посветена на Леонард Мазинг организирана во Естонија од Георги Гоце Дуртаноски
Леонард Готхилф Мазинг бил роден на 21 ноември 1845 година во с. Мустјала, Естонија и потекнувал од црковна фамилија. Се школувал во Лајпциг, Гетинген и Тарту. Бил доцент во Дерптскиот Универзитет (Тарту) на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје.
На 27 ноември 1890 година во Тарту ја одбранил докторската дисертација за засебноста на македонскиот јазик. Посебно внимание Мазинг обрнал на ќ/tj и џ/dj во македонскиот јазик што тогаш претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката.
Леонард Мазинг преку 45 години предавал во тогашниот Дерптски универзитет, каде што одржувал курсеви по споредбено-историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, увод во славистика, филолошка и словенистичка литература, за црковнословенскиот јазик, јужнословенската дијалектика, источноевропските јазици итн. Тука, секако, влегува и интересот за македонскиот јазик и неговата посебност.
Со докторската дисертација, како и останатите свои дела Л. Г. Мазинг даде поттик за развој на македонистиката кон крајот на XIX век. Неговите дела привлекле и други автори на кои им била важна историјата на Кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика,  додека политиката и пропагандата им била туѓа.
За Македонија/македонскиот јазик вели:
„Во денешниве услови (1890) кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етно-историски граници за дефиниција на јазикот!“
Починал на 4 април 1936 година во градот Тарту.
За време на изложбата импресивен беше говорот на проф. д-р Љубов Кисељова, директор на Колеџот за странски јазици и славистика, која во нејзиниот инаугуративен говор ги праша присутните:
„Кога ќе прашаме за Македонија на што асоцира името на таа земја?
На империјата на Александар Македонски! – одговори публиката.
За кој народ зборуваме?
За тој народ кој ја создаде најголемата и најславната империја во светот која потоа беше освоена и разграбана од Римската и Византиската империја, како и окупациите кои потоа ќе следат: српската, грчката, бугарската …“
„На младиот студент Леонард Мазинг кој дојде во Тарту да студира теологија не му било судено да стане свештеник по стапките на татка си, туку стана филолог и го препозна македонскиот јазик како посебен преку говорите на Македонците кои ги сретна во Лајпциг и во Петроград за подоцна да стане и одличен познавач и да го владее истиот. Преку личната кореспонденција и доживотно пријателство со големиот поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик Иван Александрович Бодуен де Куртене можеме да заклучиме дека Мазинг за својата докторска теза имаше голем број на истомисленици!“
Цитирајќи го светски познатиот славист Реџиналд де Бреј, авторот Дуртаноски за Мазинг и Македонија вели:
„Како иронија на историјата, македонскиот народ чии претци му ја дадоа писменоста на сите славјански народи во втората половина на 9. век, остана последен чиј јазик им го признаа како засебен! Естонската престолнина на науката – Тарту е дел од поновата историја на Македонија и токму преку Мазинг е културен мост кој ги поврзува двата народи со слични судбини од минатото.“
Светскиот македонски младински конгрес во Естонскиот поштенски музеј во Тарту промовира и пушти во оптек поштенски плик и картичка со ликот на Леонард Мазинг и првата докторска дисертација за македонскиот јазик. Издадениот лимитиран тираж картички и пликови беше испратен до македонските организации во дијаспората и катедрите за македонски јазик на универзитетите ширум светот.
По повод 170 години од раѓањето на Леонард Мазинг специјална серија на чоколади со ликот на Мазинг се најде како дел од изложбата во Тарту. Најпознатата фабрика за чоколади „Лаима“, основана во 1870 година во Рига (Летонија), на почетокот го носела името „Македонија“ сѐ до 1925 година кога била преименувана во „Лаима“ – балтичка митолошка божица на честа и судбината.
Кој е Георги Гоце Дуртаноски
Во рамките од прославата на 100-годишниот јубилеј од првата независност на Летонија, Сенатот на Летонската христијанска академија и Советот за високо образование на Летонија, со благослов од архиепископот на Летонската православна црква, синоќа 4. октомври 2018 година со свечена церемонија му беше доделена почесна докторска титула (Doctor Honoris Causa) на проф. Георги Гоце Дуртаноски за неговиот придонес во високото образование и афирмација на христијанските вредности во Летонија и на европскиот континент воопшто.
Почесната титула беше доделена во „салата со столбови„ во Историскиот музеј на градот Рига,  објект ремек-дело на класицизмот и најстар музеј во Европа – комплекс кој го сочинуваат неколку згради напластени со архитектонски влијанија од 12. до 18. век. Академската заедница во Летонија го користи овој објект како престижна бина за церемонијални свечености од областа на науката.
Во предавањето и презентацијата на ракописната збирка и Скрипториумот кој го основа Дуртаноски акцент беше ставен на естетиката и убавото пишување, како и вовед во студиите за развојот на писмата низ вековите, ракописните стилови и важноста на христијанската палеографија. Дуртаноски го цитираше Баумгартен, Кант и Волтер, а презентирани беа  најубавите и највредни краснописни копии како плод на досегашната работа.
Почесната докторска титула Дуртаноски ја посвети на „малите нации„ и нивниот стремеж за сувереност и самоопределување како и на сите оние кои во изминатите години ја поддржуваа неговата работа и веруваа во убавината на ракописната уметност.
Георги Г.в.Дуртаноски е основач и директор на Скрипториумот при Летонската христијанска академија, каде воедно предава неколку предмети поврзани со развојот на писмата вохристијанската ера со фокус на глаголицата и црковно-словенската кирилица како и декоративното писмо/краснопис. Летонската христијанска академија е единствена институција во Европската унија која ги негува (православните) христијански уметности и вредности.
Во афирмација на македонското писмо и христијанската палеографија Георги Дуртаноски досега ги има реализирано следните изложби:
  • Inscriptiones Macedoniae (2012 година во Емајскиот манастир во Прага, Чешка);
  • Manuscripta Glagolitica (2013 во црквата Св.Кирил во Велехрад, Чешка);
  • Epistulae Christianae (2015 во Општинската зграда/Rigas Dome во Рига, Летонија);
  • Facies Sancta & Scripta Sancta (2017-2018 во регионалниот музеј во Талси, Летонија).

No comments:

Post a Comment