Под силен притисок на фанариотите во 1767 година била укината Охридската архиепископија.
Цариградскиот патријарх Самоил Ханџери (1763-1768) веднаш по доаѓањето на Арсениј на архиепископскиот престол преминал во офанзива. Најпрво успеал да се избори на чело на Костурската митрополија да стои фанариотот Евтимиј, кој веднаш побарал приклучување кон Цариградската патријаршија. Успеал да ги привлечи и Никифор Сисаниски, Герман Воденски, Ананија Струмички и Григориј Гребенски. Сите овие, заедно со Арсениј биле повикани во Цариград во октомври 1766 година. По отцепувањето на шесте епархии, под притисок на Мустафа III на Арсениј си дал оставка, а архиепископијата била укината. Биле издадени 3 акта, со кој првиот била писмената оставка на архиепископот Арсениј, во која пишува дека доброволно ја поднесол оставката, иако остатокот од текстот го зборува спротивното. Во вториот акт е напишана согласноста на шестмината митрополити. Ова претставува уште еден некакнонски чин, бидеќи тие биле малцинство во Архиерејскиот собор на Охридската архиепископија. Третиот акт пак, го дообјаснува вториот, односно во него се вели дека шестмината биле ополномоштени усно да ја изнесат согласноста на уштепетмина архиереи, што најверојатно и не било вистина. По укинувањето на архиепископијата речиси сите службеници биле сменети со фанариоти, биле зголемени црковните даноци, а црковнословенскиот јазик бил забранет и бил наметнат грчкиот јазик кој бил неразбирилв речиси за целото население. Биле отворени и грчки училишта. Со ова е почетокот на Грчката пропаганда во Македонија, чии ефект можеме да го чуствуваме и до ден денеска.
Во продолжение писмената оставка на последниот автокефален Охридски архиепископ, Арсениј:
„Со оваа моја доброволна и непринудена оставка долупотпишаниот јавувам дека, не можејќи да ги средам и поправам потребите на Охридската архиепископија што се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал повод на алотворниците да го напашаат името на Архиепископијата и да ги оштетат и навредуваат потчинетите митрополии на Охридската архиепископија и нејзината бедна раја, бидејќи не може инаку да се спаси од нивните раце тамошната земја и целиот христијански род, освен со уништување на архиепископијата- токму поради тоа се откажувам од Охридската архиепископија, освен од мојата поранешна епархија (Пелагониската но и од неа ќе биди протеран по 6 месеци) која ја држам уште додека сум жив за да се прехранам и да ги задоволам своите потреби. При таква согласност со моите браќа и свети архиереи се направи оваа моја доброволна и непринудена оставка што треба да се постави во светиот кодекс на великата Христова црква
16 јануари 1767 година, Охридскиот Арсениј ветува.“

Извор: Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на Македонскиот народ (Скопје, 1975), стр. 356,357
Александар Стојановски, Историја на Македонскиот Народ Том Втори, Македонија под турска власт (од XIV до крајот на XVIII век) (Институт за национална историја, Скопје 1998), стр. 364-368
Слика: Митрата на Охридските архиепископи, денеска во музејот во Софија

No comments:
Post a Comment