Henry Noel Brailsford "Macedonia, its races and their future", London, 1906, pp. 102-103.
„...Воопшто не е чудно да се сретнат татковци коишто самите официјално се изјаснуваат за „Грци“ коишто се еднакво горди на воспитувањето на нивните деца како „Грци“, „Срби“, „Бугари“ или „Романци“. Страста за образование е силна, и разните пропаганди ревносно ја задоволуваат. Ако еден татко не може да си дозволи сите свои синови да ги запише во училиште кое припаѓа на народот кој го афектира него, можноста за школарина често ќе го натера да ги запише во ривалските установи. Потоа, се разбира, тоа станува дел од честа, момчето што било образувано на сметка на еден или друг од овие народи мора самото да ги прифати нивниот јазик и националност. Истиот процес се случува помеѓу селата. Мошне јасно се сеќавам на мојата вчудовиденост кога се сретнав со овој необичен феномен за време на мојот прв престој во Македонија. Зборував со еден богат селанец којшто беше дојден на битолскиот пазар од едно од околните села. Добро зборуваше грчки, но не како роден Грк. „Твоето село е грчко“ го прашав, „или бугарско?“. „Епа“, одговори тој „сега е бугарско, но пред четири години беше грчко.“ Таквиот одговор за него беше сосема природен и вообичаен. „Како се случило тоа чудо?“ го прашав со доза на збунетост. „Епа“ рече тој, „сите ние сме сиромаси, ама сакаме да имаме свое училиште и поп којшто соодветно ќе се грижи за нас. Имавме учител Грк. Му плаќавме 5 лири годишно и му дававме за јадење, а грчкиот конзул го плаќаше уште 5 лири, но немавме наш поп. Делевме еден поп со неколку други села, но тој беше многу ненавремен и несовесен. Отидовме кај грчкиот митрополит да се пожалиме, ама тој одби да стори било што за нас. Бугарите слушнаа за ова и дојдоа и ни дадоа понуда. Рекоа дека ќе ни дадат поп којшто ќе живее во селото и учител на којшто нема да мораме воопшто да му плаќаме. Епа, господине, нашето село е сиромашно, и така, се разбира, станавме Бугари.“ Човек може само да си ја замисли оваа необична револуција. Човечето што еднаш било во Атина ја напуштил безнадежната задача да ги учи грчки децата коишто од своите мајки научиле само словенски јазик. Легендата дека Алексанар Велики бил Грк си оди по еден пат, и ривалскиот мит дека Александар бил Бугарин доаѓа по другиот пат. Литургијата што ненавремено била чатена на антички грчки, сега е (навремено) чатена на антички словенски. Но, и покрај доста комичните аспекти на оваа случка, останува фактот дека селото сега добива образование на сопствениот јазик, отварајќи ги вратите на цивилизациските влијанија што му доаѓаат во форма во која може да ги асимилира и направи свои. Поткупот од 5 лири само го забрзал неизбежниот процес. Сум слушнал еден духовит француски конзул како изјавува дека со фонд од милион франци сите Македонци ќе ги направи Французи. Ќе проповедал дека Македонците се наследници на француските крстоносци коишто го покориле Солун во дванаесеттиот век, а франците ќе го завршеле убедувањето. Покрај сè, Грците истураат огромни суми пари, а сепак ја изгубија Македонија.“
No comments:
Post a Comment