Македонскиот цар Стефан – Душан
Најдобар пример е прогласувањето и
крунисувањето на Немања, исто така двапати, цар Стефан - Душан, кој бил
крунисан во Скопје од Охритскиот
архиепскоп за македонски цар. Тешко и многу неодговорно е од страна
модерните историчари, кои ги искривуваат и премолчуваат историските
вистини, како на пример: Од кого и како цар Стефан – Душан, според
документите станал цар. Очигледно се искривува и премолчува правата
вистина, со погрешното презентирање на српскиот научник Љ. Стојановиќ, „
Стари српски записи и написи, к.н III Белград. 1905 година, стр. 41 –
број 4949, како и од кого цар Душан станал српски „ Цар Душан - силни„
кој се разликува од оргиналните документи, како и оној кој се чува во
Националниот музеј во Прага од мај 21 1349 година, кој гласи:
„
Благочестиваго и христолубиваго македонскаго цара Стефана, српскаго,
болгарскаго, унгарскаго, далматинскаго, арбанаскаго, уговлахискаго и
ширним многим пределом и землем самодржсца„
Слична содржина има и таканаречениот Софиски препис на Душановиот Законик, а исто и Загрепскиот ракопис:
„Благовернаго и христолјубиваго македонскаго цара Стефана закон....„
Во овој случај очигледно е што се премолчува македонската царска
сувереност, додека е кристално јасна: македонскиот цар Стефан – Душан не
е ништо друго освен македонски цар, кој владеел на сите горенаведени
народи, меѓу кои се и Србите. Самиот факт на крунисувањето, местото и
благословот на македонскиот – охритски архиепископ на 16.04.1346 год, во
Скопје не дава можност за поинакви коментари. На сличен начин
бугарската историја го присвојува цар Самоил. Грчката историја, исто
така не заостанува во тој однос од другите соседи присвојувајќи ги
македонските цареви и владители од постаро и ново време, Филип,
Александар, Константин, Васил I. Васил II и други.
Izvor
No comments:
Post a Comment