Search This Blog

Tuesday, February 21, 2017

Околу терминот Ортодокс



mid 17th century: via late Latin from late Greek orthodoxia ‘sound doctrine,’ from orthodoxos 


or·tho·dox

ˈôrTHəˌdäks/
adjective
  1. 1.
    (of a person or their views, especially religious or political ones, or other beliefs or practices) conforming to what is generally or traditionally accepted as right or true; established and approved.

    "the orthodox economics of today"

    synonyms:conservativetraditionalobservantdevoutstrict
    "an orthodox Hindu"
  2. 2.
    (of a thing) of the ordinary or usual type; normal.

    "they avoided orthodox jazz venues"

    ______________


    orthodox

    [awr-thuh-doks] 
     


    adjective
    1.
    of, relating to, or conforming to the approved form of any doctrine,philosophy, ideology, etc.
    2.
    of, relating to, or conforming to beliefs, attitudes, or modes of conductthat are generally approved.
    3.
    customary or conventional, as a means or method; established.
    4.
    sound or correct in opinion or doctrine, especially theological orreligious doctrine.
    5.
    conforming to the Christian faith as represented in the creeds of theearly church.
    6.
    (initial capital letterof, relating to, or designating the Eastern Church,especially the Greek Orthodox Church.
    7.
    (initial capital letterof, relating to, or characteristic of Orthodox Jewsor Orthodox Judaism.


    Origin of orthodox

    1575–85; Late Latin orthodoxus right in religion Late Greek orthódoxos, equivalent to ortho- ortho- + dóx(a belief, opinion-os adj. suffix
    Related forms
    ____________________
    Ref:
    link :
    link :

Monday, February 20, 2017

АЛБАНСКА ПЛАТФОРМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА АЛБАНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ



 Текстот што следува е преземен од  :
“Издание на Академијата на науките на Република Албанија..’’


Историја на националното прашање 


Албанското национално прашање во контекстот на движењето за ослободување на албанските региони од туѓа окупација и за нивно обединување во една единствена национална држава, се роди во исто време со националните движења на народите на Балканскиот Полуостров.
Како и секаде во Југоисточна Европа, така и овде тоа се роди во условите на вековната отоманска окупација. Тоа особено се разви под влијание на идеите што ги ширеше Француската револуција од 1789 година за слобода, рамноправност и за братство на народите, кои можат да се реализираат само доколку секоја нација создаде своја независна, демократска и илуминистичка држава. Но, албанското национално движење уште на првите чекори спроти себе, како спротивставена сила, ги имаше не само вековниот отомански окупатор, туку и националистичките кругови на соседните земји, а заедно со нив и незаинтересираноста на Големите сили. Веднаш откако ги создадоа нивните национални држави, српските и грчките владејачки кругови беа обземени со шовинистички претензии за анектирање на албанските земји, кои сe уште се наоѓаа под турска окупација. Реализацијата на овие аспирации, кои јавно беа прокламирани во 1844 година од белградските властодршци во програмата позната под името “Начертанија,” од атинските властодржци во платформата под името “Мегали идеа” не оставаше место за постоење на една албанска држава. Во рамките на нивните националистички аспирации, Белград и Атина многу брзо најдоа заеднички јазик во политичката и во воената област во врска со меѓусебната поделба на албанските земји без да се заборават и аспирациите на Црна Гора спрема овие простори.

Овој заеднички јазик првпат беше искажан на тајните разговори што ги имаа српските и грчките дипломати во Цариград во 1862 година, а се материјализираа во тајно сојузништво што беше постигнато меѓу нив во Велау, Австрија, во 1867 година за меѓусебна поделба на албанските региони со заедничка граница – реката Шкумбин и натаму - патот Егнатиа. Во средината на 19 век, кога се подготвуваа овие анектирачки планови, Албанците - наследници на древните Илири, без оглед што доживеаја под вековниот притисок на надворешните сили, со перманентно територијално стеснување, продолжија да ги населуваат западните региони на Балканскиот Полуостров, таму каде што беа населени од самиот почеток на историјата. Приближно точни податоци за простирањето на нивните етнички простори во средината на минатиот век дадоа поголем број објективни европски посматрачи, кои одблиску ја запознаа човечката географија на Балканскиот Полуостров. Меѓу нив доволно е да ги споменеме познатиот француски ерудит Ами Буе (1840), британскиот проучувач Е. Спенсер (1847) и познатиот австриски научник Ј. Хахн (1853). Според нив, Албанците биле присутни како автохтоно население на север до Ниш, Лесковац и Врање, на исток до Куманово, Прилеп и Битола, на југ до Коница, Јанина и Превеза. Тие не го негираа фактот дека во рамките на овој простор имало и жители на соседните балкански нации (Грци, Власи, Македонци, Срби, Црногорци, Турци), кои биле малцински острови во отвореното албанско море. Во тоа време, овие региони биле поделени од Отоманската Империја во четири вилаети - Косовски, Скадарски, Битолски и Јанински. Меѓу нив, најголем вилает бил Косовскиот, со главен центар Скопје. Географскиот простор на Косовскиот вилает најмногу бил населен со албанско население, значи не случајно се совпаѓал приближно со илириската античка провинција Дарданија, чиј главен центар бил, исто така, Скопје. Втор, според географска големина бил Јанинскиот вилает, кој се простирал од заливот Арта на југ до реката Семан на север, значи ја опфаќал и античката провинција на Епир, која неслучајно во антиката и во средината на минатиот век била населена многу повеќе со албанско население отколку со хеленско.
 Грчките властодржци ја потпираа својата националистичка претензија врз три, таканаречени, историски аргументи, фактички безвредни: на хеленските колонии кои изникнале во антиката на албанското крајбрежје, исто како и на повеќе медитерански крајбрежја, на политичкото владеење со сила на Византиската империја во овие региони, како и на зависноста на православните цркви од овие региони од Цариградската патријаршија. Врз основа на овие “причини” врз кои е изградена платформата “Мегали идеа” целиот Епир до реката Шкумбин и цела Македонија до Корча, требало да ѝ припаднат на Грција. Атинските националистички властодршци не го зеле предвид фактот дека во повеќето од овие региони немало воопшто грчко етничко население. Во нивното непостоење тие ги сметале за припадници на грчката националност сите православни Албанци само затоа што од црковен аспект тие зависеле од Цариградската патријаршија. Но, нивните обиди вештачки да го зголемат бројот на грчките жители немале успех. Православните Албанци без оглед што верските служби ги вршеле на грчки јазик, со мали исклучоци, не ја загубиле свеста на албанската националност. Дури, како што е познато, од нивните редови излегле редица познати личности на албанското национално движење, како што се: Наум Веќиљхарџи, Констандин Кристофориди, Тими Митко, Јани Врето, Никола Начо и други.
Ни Србија немала документирана поткрепа да ги озакони своите аспирации спрема албанските простори. Таа се надевала да ги реализира територијалните претензии со помош на својата голема сестра - Царска Русија.
 Главно место во српските “Начертанија” зазема историското Косово со неговиот главен центар Скопје, и нејзината експанзионистичка аспирација да излезе на јадранскиот брег. Бидејќи српските жители на овој простор претставувале малцинство, белградските националистички кругови подготвиле други аргументи, исто така, без основа.

Имено, дека Албанците не се наследници на Илирите, а уште помалку на Дарданите - древните жители на Косово, туку популација дојдена после Словените од источните региони на Полуостровот и дека Косово е лулката на средновековната српска држава, значи со него се врзани сеќавањата, легендите и спомениците на совеста на нивната нација. Накусо, според нив, во времето на преселбата на Словените, Косово било без жители, па според тоа косовските Албанци не се автохтони жители, туку емигранти населени таму по 1689 година, кога српската популација од тој простор била принудена да се пресели на север по поразот што таа година ја доживеала австриската војска од отоманската војска. Српските историчари не нудат за овие тврдења историски аргументи. Тие го искористија фактот дека нивните тези ги прифатиле сојузниците на Србија, кои тоа го сториле од политички интереси, а не поради убеденост. Тие, исто така, го искористија и задоцнетиот развој на албанската научна историографија, наспроти двовековниот растеж на словенската. Но сега, со извршените истражувања во последните децении, албанските историчари се во состојба со непобитни историски факти да потврдат дека тезите на српските историчари никогаш немале документирана основа.
Српските историчари ги обвинија муслиманските Албанци на Косово дека биле соработници на отоманската власт во обесправувањето на српското население на нивниот простор. Ова обвинување е сосема неоправдано. Албанците секогаш биле ослободени од религиозните предрасуди и непријателства.
 Ним им припаѓа заслугата што ги спасиле од разурнувања, речиси четиристотини години, српските православни цркви и манастири на Косово, поинаку од српските средновековни владетели, кои штом го освоиле Косово ги срамниле со земја сите богомоли и раните верски и културни споменици изградени пред нивното освојување. Освен тоа, вековите на отоманската окупација косовските Албанци ги обележале со вооружени востанија против Стамбол.
 Дури независни историски извори тврдат дека во Косовското востание од 1689 година учеството на Албанците од регионот било масовно  Од истите извори произлегува дека во ова востание, под водство на албанскиот католички владика Пјет Богдани, учествувале не само христијански Албанци, туку во значителен број и муслимански Албанци од Косово. Уште повеќе, додека по 1689 година ослободителните движења на Србите на Косово опаѓале, Албанците продолжиле со востанија против Цариград. Некои од овие востанија дури биле и многу силни, на пример, востанието од 1844 година, предводено од Дервиш Цара, кое толку длабоко ја потресло Високата Порта, така што таа ја испратила Румелиската армија да го задуши востанието. Потоа во текот на Источната криза во 70тите години на 19 век, кога Југоисточна Европа ја зафатил вителот на Руско-турската војна, главен настан од балкански размери била Призренската албанска лига, под чие водство Албанците го вратиле Косово во главен факел на нивното национално движење.
Во текот на 1878-1881, тие на почетокот војувале против одлуките на Берлинскиот конгрес за одбрана на целовитоста на нивните етнички простори, а потоа и против Високата порта за создавање една албанска автономна држава. Призренската албанска лига го издигна албанското движење до прагот на реализација на независност, но тоа насилно беше задушено од отоманските војски. Тоа ја зацрвени косовската земја со крвта на илјадници нејзини синови. Теророт што го воспостави Високата порта не го уништи духот на отпорот.
Напротив, косовските Албанци ги продолжија востанијата против Цариград, потресувајќи ја сериозно неколку пати Високата порта како, на пример, во 1899, во 1909 и во 1910 година. Во пролетта 1912, Косово прво го развеа знамето на ослободителното востание. Во текот на неколкуте недели тоа ги опфати сите албански региони за да се ослободи конечно од вековната отоманска окупација. Турските војски насекаде или беа разбиени или се предаваа или, пак, се затвораа во касарните. Во летото косовските градови се ослободуваа еден по друг.

 На 12 август 1912 година албанските востанции го ослободија Скопје, главниот град на Косовскиот вилает. Но, како што е познато, кога општото востание беше на прагот на победата, текот на настаните се промени на негова штета.

Загрижени од брзиот пресврт на ситуацијата, балканските монархии веднаш прогласија заедничка војна на Отоманската Империја која, разнишана од албанските востанија, доживуваше пораз по пораз.
Како што се знае, во компликуваната ситуација што беше создадена од балканскиот конфликт, делегатите дојдени од сите албански региони, вклучувајќи ги тука и од Косово, Македонија и од Чамрија, се собраа на Националното собрание во Валона, кое на 28 ноември 1912 година ја прогласи Националната независност на Албанија и вклучувањето на сите етнички простори што тие ги претставуваа во една единствена национална држава.

Распарчување на етничките простори

По одлуката што ја донесе историското собрание во Валона, Албанците се надеваа дека со нивната вековна борба против отоманската окупација и со легитимното право што го имаа врз своите етнички простори, шесте Големи сили кои заедно ја диктираа судбината на народите на континентот, ќе го признаат создавањето на нивната независна држава и дека во рамките на нејзините граници ќе ги опфатат сите нивни етнички простори. Но, Лондонската конференција, формирана од Големите сили за изготвување нова карта на Балканскиот Полуостров по поразот на Отоманската Империја, во 1913 година, по неколкуте колебања го призна само актот за создавање независна албанска држава, додека другата одлука на Собранието во Валона - обединувањето на албанските етнички простори во рамките на независна Албанија, не ја прифати. Во границите на новата држава беше опфатена помалку од половината на албанските етнички простори. Другата половина беше поделена меѓу трите соседни балкански монархии. Од нив, Србија го зеде целото историско Косово со неговиот главен град Скопје; Грција ги анектира окрузите Флорина и Костур заедно со Чамрија, која Големите сили брзаа да ѝ ја доделат нејзе во времето на Берлинскиот конгрес поради предупредувањата на Призренската албанска лига за оружен конфликт со Атина; на Црна Гора ѝ ги дадоа Плав, Гусиње, Хот, Груда, кои Призренската лига ги бранеше со крв во времето на Источната криза во 70-тите години.

 Распарчувањето на албанските простори и анектирањето на повеќе од нивната половина од соседните монархии, беше една неправда врз грбот на една древна нација, која постојано опстојуваше пред предизвиците на историјата. Уште повеќе, анектираните региони наместо да добијат слобода, за која се бореа со векови, минаа од една под друга туѓа окупација. Српските, грчките и црногорските властодржци не им признаа ниту едно право на Албанците во анектираните региони, дури ни правото на образование на нивен мајчин јазик. Напротив, уште во есента 1913 година, веднаш по потпишувањето на одлуката на Амбасадорската конференција во Лондон (29 јули 1912), владите во Белград, Атина и Цетиње, започнаа со раселување на Албанците од нивните етнички простори, принудувајќи ги да емигираат во Турција, значи што подалеку од нивните граници. Со масовните раселувања што ги презеде Грција, во децениите по анектирањето на албанските региони, особено по библискиот егзодус на Чамите на крајот на Втората светска војна, таа мислеше дека го завршила чистењето на етничките Албанци од своите граници. Но, како што се гледа, етнички Албанци има се уште во овие региони. И Србија, иако го започна етничкото чистење уште во времето на рускотурските војни во 1877-1878, а по 1918 година Југославија, со децении ги продолжи кампањите за раселување на Албанците од Косово, од Македонија и од Црна Гора, но етничкото чистење на анектираните региони не го реализира до крај. Албанците се токму таму каде што биле во текот на минатите илјадници години, со исклучок на периферниот појас.

Од 1913 година се водеа две светски војни. И двете војни ги добија силите што ветија дека на угнетените народи ќе им дадат слобода и дека ќе ги почитуваат нивните национални права. Но, неправдата што ја направија Големите сили на Амбасадорската конференција во 1913 година, не беше допрена. Албанските етнички простори останаа распарчени, со таа разлика што регионите надвор од границите на Албанија од 1913 година во почетокот беа поделени меѓу трите соседни монархии (Србија, Грција и Црна Гора), додека од 1918 до 1991 година, меѓу Југославија и Грција. Албанците беа разочарани како од Версајскиот договор (1920), така и од Лариската конференција
(1946). Но најголемо разочарување тие доживеаја во почетокот на 90-тите години со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Во 1918 година, кога беше создадено Кралството на Србите, Хрватите и на Словенците, кое подоцна беше наречено Кралство на Југославија, голем број политиколози предвидуваа дека со големиот број нации и националности што ги имаше, тоа Кралство не може да има долг живот. Фактички, со развојот на националните движења на угнетените националности, кои зедоа замав уште во 19 век, епохата на многунационалните држави го доживуваше својот крај. Многунационалната Југославија, со која владееја главно српските националистички кругови, беше формирана во време кога трите многунационални империи: Австро-Унгарија, Царска Русија и Отоманската Империја беа разурнати, без оглед што Руската Империја се поврати (но само за неколку децении) благодарение на ветувањата што Октомвриската Револуција им ги даде на угнетените националности да формираат републики или автономни покраини со национален карактер во рамките на Советскиот Сојуз. Во текот на Втората светска војна, Кралството на Југославија, нагризено од внатрешните националистички контрадикторности, се урна штом германските војски ги минаа неговите граници. Хитлер, непомирливиот непријател на Версајската карта, во рамките на насилните промени на границите што ги направи во цела Европа, го распарчи Кралството на Југославија. Хрватска се прогласи за самостојна држава, се разбира како сателит на Германија. Србија се стесни. Бугарија беше наградена со територии на Македонија, а Унгарија ја зеде Војводина. Во распарчувањето на Југославија искористи и Италија, најблискиот сојузник на Германија.

Уште во текот на војната беше речено дека Германија и Италија на Албанија ѝ ја дадоа покраината Косово. Ова тврдење не е сосема точно. Хитлер, вистинскиот автор на новата карта на Балканот, албанските етнички простори во Југославија не ѝ ги даде на Албанија, туку на Италија, која од своја страна ѝ ги даде на Тирана само од административен аспект. Освен тоа, од шесте префектури со албанско население што ги опфаќаше историското Косово, само четири од нив административно се обединија со Албанија: префектурите на Приштина, Пеќ, во Призрен и во Тетово. Префектурата на Митровица (со подпрефектурите Митровица, Вучитрн, Гњилане и Подуево), Хитлер ѝ ја остави на Србија која остана под германска окупација со цел богатите рудници на Трепча да ги користи Берлин, а не Рим. Од друга страна, албанските региони на Скопје, Качаник, Прешево, Куманово и Преспа ѝ беа дадени на Бугарија. На владата во Тирана на администрирање ѝ беа дадени и регионите на Дебар, Кичево и Струга. Во секторот на Црна Гора: Улцињ, Туз (Хот и Груда) заедно со Гусиње и Плав на администрирање ѝ беа дадени на владата во Тирана. Од албанските етнички простори на бивша Југославија, со администрацијата во Тирана беа обединети речиси половината од нив - 11.780 квадратни километри. Но, албанските етнички простори на бивша Југославија останаа, иако во други размери, повторно распарчени, овојпат меѓу Италија, Германија и Бугарија. Не може да се негира фактот дека албанските региони што административно се обединија со Тирана, иако беа под италијанска окупација, имаа некаква полза во областа на националните права. Пред сe, тие се ослободија од српската геноцидна окупација и од тоталното негирање на националните права што го правеше владата во Белград. Создавањето на албанската државна администрација, непречената употреба на албанската книжевност, исчезнувањето на политичките граници со Албанија од 1913 година, сите тие придобивки беа за напатеното население под српската и црногорската окупација. Но оценката на колаборационистите во Тирана, кои ги споредуваа овие придобивки со ослободувањето на Косово, бездруго беше погрешна.
Преминувањето од една под друга окупација, без оглед што едната беше полесна од другата, никогаш не може да се споредува со ослободувањето на нацијата. Потоа, во случај војната да ја добиеше оската Берлин Рим, Албанија заедно со делот на Косово што се обедини со неа ќе останеше под фашистичка Италија и албанските етнички простори ќе останеа повторно распарчени. Освен тоа, не треба да се заборави дека противниците на фашистичкиот блок, во почетокот Англија и Франција, подоцна Советскиот Сојуз, а потоа Соединетите Американски Држави, кои на крајот на 1941 година формираа голема англо-советско-американска антифашистичка коалиција, Атлантската повелба (август 1942), изјавија дека аспирациите на народите за слобода и демократија ќе бидат земени предвид на крајот од војната, се подразбира според придонесот што ќе го дадат во конфликтот со наци- фашистичките агресори. Во овие околности, работата бараше Албанците бескомпромисно да се ангажираат против италијанскиот окупатор, со убедување дека оваа војна ќе послужи како капитал за да се крене гласот на нејзиниот крај кога ќе дојде моментот за одредување на границите. Фактички, во текот на Втората светска војна, Албанците од Албанија и од Косово дадоа многу значаен придонес во поразот на фашистичкиот италијанско-германски блок. На крајот од војната, антифашистичките сили во Албанија изнесуваа околу 70 илјади, а во Косово околу 50 илјади партизани. Врз основа на значајниот придонес (во споредба со бројот на населението) што го дадоа на победата во војната против фашистичките агресори, Албанците од оваа и од онаа страна на границата очекуваа големите сојузници по нејзиното завршување да го почитуваат принципот на самоопределување и да го одржат ангажирањето за почитувањето на националните права на народите.

Негирање на правото на самоопределување


 Но, работите се одвиваа поинаку во однос на надежите на Албанците. На крајот од Втората светска војна дипломатскиот кадар на албанското национална прашање беше понеповолен отколку во времето на прогласувањето на независноста. Тогаш Србија и Грција говореа од позиција на победници противТурција, додека Големите сили ја играа улогата на арбитар. А, во 1946, на Мировната конференција во Париз, Југославија и Грција имаа посилни позиции отколку во 1913 година. Сега, тие беа учесници на антифашистичката коалиција која ја доби војната и одлуките ги донесуваа самите победници без арбитража. Во овие околности априори беше исклучена можноста Албанија да ги реализира своите легитимни територијални аспирации на штета на Југославија и Грција, бидејќи историјата не познава ниту еден случај победникот да ги напушти териториите, и тогаш кога со нив господари бесправно, во полза на друга држава, на која тие територии со право ѝ припаѓаат. Освен тоа, иако Албанија беше призната како учесник на победничката коалиција, Атина на Мировната конференција ја обвини Тирана дека е агресор, исто како и Италија, за војната што квислиншката влада на Шефќет Врлаци на Грција ѝ ја објави во октомври 1940 година. Следствено, таа не само што не прифати да се дискутира за националните права на Албанците што ги населуваа нивните етнички простори туку бараше територијална и финансиска отштета, главно Јужна Албанија, таканаречена од нив Ворио-Епир. Уште повеќе, една година пред одржувањето на Мировната конференција, владата во Атина, со цел дефинитивно да го реши прашањето на албанските етнички простори што се наоѓаа во рамките на нејзините граници, со една блиц-операција во траење од 48 часа, ги расели муслиманските жители кои ја населуваа провинцијата Чамрија без никаква разлика (мажи, жени, деца, старци) под обвинение, неосновано, дека соработувале со германскиот окупатор. За да се спасат од масакрот на екстремниот националистички генерал Н. Зерва, несреќните Чами беа приморани да емигрираат во Албанија, оставајќи ги зад себе своите домови. Претседателот на албанската делегација на Мировната конференција, Енвер Хоџа, ги отфрли грчките претензии со аргументот дека Албанија во големата антифашистичка војна имаше 28.000 загинати борци, без да се сметаат големите материјални штети и дека таа на својата територија задржа неколку италијански и германски дивизии кои, доколку не се бореа Албанците, ќе беа ангажирани на Западниот или на Источниот фронт. Следствено, Албанија во Париз не беше дојдена да дава, туку да бара сметка од заедничките непријатели. Антифашистичка Албанија немаше  ништо заедно со колаборационистите кои ѝ беа објавиле војна на Грција, бидејќи таа срамно ги обележа, исто онака срамно како што беа обележани колаборационистите во сите земји на Европа. Во истовреме, претседателот на албанската делегација ја отфрли и мотивацијата на Атина за раселување на Албанците од Чамрија. Соработката на некои личности со германскиот окупатор, рече тој, не е причина за раселување на цело население, вклучувајќи ги и домаќинките и малите деца. Освен тоа, соработниците со окупаторите требаше да излезат пред суд, исто онака како што минаа и соработниците од грчка националност, бидејќи и Албанците од Чамрија беа, исто така грчки државјани. Независно од тоа што грчката влада повеќе од триесет години продолжи да смета дека е во воена состојба со Албанија, за Мировната конференција и за нејзините учесници означувањето на Албанија како земја агресор беше отфрлено уште во 1946 година. Исто така, пресметките на Атина дека со раселувањето на Чамите ќе го затвори прашањето на националните права на Албанците, не се оствари. Прашањето на Чамите уште е отворено и чека разрешница. Прашањето на албанските етнички простори во Југославија имаше други параметри. Поинаку од Грција, која се прогласи себеси за држава на православната грчка нација, Југославија се формира во 1918 година како многунационална држава. Фактички, во нејзините рамки учествуваа многу нации кои не го зборуваа истиот јазик, кои немаа иста култура и кои не практикуваа иста религија. За да не ги повтори грешките што ги направи пред војната династијата Караѓорѓевиќ, која ги подели нациите под нејзино владеење од аспект на политичките права во три категории: Срби (прва категорија), останати словенски нации (втора категорија) и несловенски нации, каде што беа и Албанците (трета категорија), маршал Тито со соработниците го развеа знамето на самоопределување на нациите и на нивна рамноправност во областа на политичките права. Врз основа на овој принцип, што го усвои АВНОЈ во 1943 година, нациите во Југославија се здобија со правото на крајот од војната да формираат посебни републики како делови со рамноправни права во Социјалистичката федерација на Југославија.

Врз  основа на принципите на Атлантската повелба, на одлуките на АВНОЈ и придонесот што го даваа со своите партизански единици во ослободувањето на Југославија од хитлеровскиот окупатор, албанските делегати - националисти и комунисти од Косово, заедно со српските и црногорските комунисти од нивниот регион, на 1-ви јанаури 1944 година на Конференцијата во Бујан решија по завршувањето на војната во Косово да се примени принципот на самоопределување. Но, многу брзо се виде дека титоистичките ветувања за рамноправни права на нациите беа демагогија. Во Јајце беше решено народите на Југославија да се поделат на нации и националности, од кои само нациите ќе имаат право да формираат републики, додека националностите можат, во посебни случаи, да формираат само автономни покраини во рамките на една република. Албанците, со илјадници години жители на историското Косово, со непрекинато територијално единство, со многувековни градови, со една заедничка древна култура, со население, според бројноста, на трето место, по Србите и Хрватите, со богата историја на борби за независност, ги исполнуваа сите услови да имаат своја република. Но, од младите југословенски раководители, за нации беа сметани само шестте словенски заедници (Србите, Хрватите, Словенците, Бошњаците, Македонците и Црногорците), додека Албанците се сметаа за националност, што значи дека беа исклучени и од правото на самоопределување и од правото да имаат своја република. Но, веднаш по завршувањето на војната и откако во Албанија се вратија двете албански партизански дивизии кои против германските сили се бореа на југословенската територија, федеративните раководители на Белград и, поттикнати од нив, српските раководители на Косово, во јули 1945 година ја отфрлија Бујанската резолуција. Исклучувањето на Албанците од правото да имаат своја република беше самоволен чин. Нивната дискриминација паѓаше во очи особено доколку се има предвид дека Црногорците, кои според население беа шест пати помалку, и Македонците два пати помалку од Албанците, ќе формираат свои републики, а Албанците не. Следствено, нерамноправноста што постоеше во предвоена Југославија, ги промени само формата, големината и компонентите, но за Албанците остана во сила. Ставањето на Албанците во категоријата националности, значи нивна дискриминација во областа на националните права. Довчерашните раководители на титоистичка Југославија и денешните националистички српски раководители, тоа го аргументираат со старата теза: дека косовските Албанци не се автохтони, туку дојденци, но и со една нова, дека тие не можат да формираат своја република во југословенската федерација, бидејќи веќе постои една албанска држава надвор од неа. Следствено, не можат да постојат две албански држави во исто време. Но и двете тези на српските раководители немаат ниту историска основа ниту правна поткрепа. Првото прашање, дали Албанците во историското Косово се автохтони или дојденци во историографијата е разгледувано многупати. Во ова третирање, кое има карактер на платформа, не е можно да се набројат документираните извори кои ја уриваат српската теза. Доволно е накусо да се каже дека голем број албански историчари, археолози, лингвисти, етнографи, но и странски, докажале дека жителите на античка Дарданија, значи на историско Косово, припаѓаат на илирскиот етникум и дека тие му одолеале на процесот на романизација исто како и другите популации на истиот етникум кои живееа во јужните илирски провинции. Освен тоа, сега е веќе потврдено дека Албанците се наследници на Јужните Илири, меѓу кои и на Дарданите, кои во античко време се простирале внатре и надвор од просторот на денешно Косово, на југ до Штип (Астибос), на север до Ниш (Наисос). Исто така, нема никаков историски доказ дека Словените ја колонизирале античка Дарданија во 6- иот или во 7-иот век. Словенската топонимија, која српските историчари ја даваат како аргумент за потврда на српското колонизирање на Косово на почетокот на раниот среден век, нема никакво значење, бидејќи во документираните извори тие се појавуваат на овие простори на почетокот на 11-иот век. А уште повеќе, во текот на раните средновековни историски  извори се говори за христијански жители на Косово, а Словените, како што е познато, до 10-иот век биле пагани.
 Исто така, не е точно тврдењето дека Косово е лулка на српската држава, бидејќи се знае дека нејзиниот почеток бил во Рашкиот регион, во Санџак.
 А освојувањето на Косово од српската држава почнало на крајот на 12-иот век.
 Натаму, српското средновековно кралство немало постојан главен град. Призрен бил еден од амбулантните главни градови на оваа држава, која имала аспирации за проширување со постојани освојувања кон југ, вклучувајќи и грчки земји, ср цел да се замени византиската империја и дефинитивно да се воспостави главен град во Константинопол. Никој не може да тврди дека српското владеење на Косово продолжило повеќе од три века. Освен тоа, сега се собрани толем број податоци кои потврдуваат дека во текот на овие векови Албанците биле присутни на историските простори на Косово и дека притисокот вршен од српската држава и црква во поголем број случаи е реализиран во словенизирање на топонимите и на имињата на жителите. Дури има и голем број случаи, доколку на имињата им се отстрани словенскиот додаток, од кои се гледа дека станува збор за албански жители, (на пример: Лек-иќ, Пал-иќ, Петр-иќ, Гон- овски, Гин-овски итн). Не стои и тезата на Белград дека во косовската историска битка против Турците во 1389 година, учествувале само Срби. Постојат голем број независни податоци кои потврдуваат дека во редовите на антиотоманската коалиција се бореле голем број Албанци, вклучувајќи ги и Албанците од Косово. Исто така, тезата што се среќава во југословенската историографија дека Косово се населило од Албанци дојдени од северните региони на Албанија по српскиот егзодус во 1689 година, немадокументирана поткрепа. Пред сe, историските извори не потврдуваат дека во 1689 се случил егзодус со такви големи размери како што прикажува српската историографија. Во исто време документираните извори, без сомнение познати и на српските историографи, не говорат за големи преселби од планинските региони на север на косовската почва, уште повеќе што населението од овие региони на прагот на настаните во 1689 година, било, како што се потврдува од тогашните извори, многу мало во однос на албанското косовско население кое го населувало просторот од Тетово до Ниш. Постојат десетици историски извори кои, исто така, им се познати на српските историчари, но намерно оставени во заборав, кои потврдуваат дека во текот на 16-иот и 17-иот век, значи пред таканаречениот “масовен” егзодус на Србите во 1689 година, мнозинството на населението на Косово го сочинуваат Албанците. Исто така, не недостасуваат и независни историски извори кои тврдат, како што е речено, дека во косовското востание од 1689 година учеството на Албанците било поголемо од она на Србите. На крајот треба да се додаде дека српскиот егзодус на Косово не бил еден издвоен феномен. Тој ги опфатил и Албанците на Косово, кои заминале или во регионите на денешна Албанија (на пример: преселбата на Албанците од околината на Призрен во зоната на Мирдита), или емигрирале, како и Србите, кон север (на пример: преселбата во 1737 година на голем број Албанци од Косово и нивно населување на окупираната територија од Австрија, во селата на денешна Славонија - Никинци, Хртковац, Јарак, Опаланка). Следствено, претензиите на српската влада за нивните историски права спрема Косово немаат никаква основа. Историските права целосно се на страната на Албанците, бидејќи тие постојано биле присутни на Косово пред и по населувањето на Србите на Балканскиот Полуостров. Тривековната српска окупација не може да го наруши историското право на Албанците како етнички жители на косовската земја, исто онака како што тоа не го нарушија петте века од турското владеење на овие простори. Српското малцинство на Косово е остаток на едно политичко владеење, исто онака како што е турското малцинство на оваа почва. Историските споменици, со кои Србите се обидуваат да ги аргументираат своите историски права, им припаѓаат на 13-иот и на 14-иот век, значи на два средни века. Напротив, спомениците на Албанците им припаѓаат на вековите во континуитет, без оглед на тоа што нивните древни знаменитости се претворени во урнатини од српските владетели (со обидите што ги презедоа во денешно време - уривањето на католичките храмови на Хрватите, докажаа дека сe уште не се откажале од патолошката омраза спрема нивните вековни соседи). Епитетот што го употребува Белград дека Косово е  српски Ерусалим, е една шпекулативна реторика со емотивни цели. Митовите не можат да бидат аргумент за анектирање на територија населена од друга нација. Вистинскиот Ерусалим е свето место за сите христијани, но тоа не им дава право на ниедна католичка, протестантска, или православна држава да побара негово анектирање, а уште помалку раселување на неговите жители – Израелците и Палестинците. Со своето неколкувековно минато и со мнозинското население, Косово било и продолжува да биде белег на албанската нација. И втората теза на Белград не стои. Во ниту еден од безбројните акти на светската политичка, дипломатска и правна историја не е формулирана некоја сентенца прифатена од меѓународното право, каде што се вели дека една нација треба да има една држава. Без да се навлегува во средновековната историја, да се потсетиме на модерната историја на Германија и на Италија, кои имале, до третата четвртина на минатиот век неколку независни држави. Инаку, историјата има вакви случаи и во денешниве денови. Арапската нација, на пример, е распарчена меѓу десетици држави и никој не протестира поради ова кршење на титоистичката теза. Дури може да се потсетиме и на нашите јужни соседи - Грците, кои иако сочинуваат една нација имаат две држави - Грција и Кипар, и двете независни републики и меѓународно признати. Следствено, титоистичката теза е целосно без ниту една правна основа. Таа е искована од фанатичните националисти на Белград за да се оправда исклучувањето на Албанците од правото да имаат своја република, и уште повеќе, да ги лишат тие од легитимните политички права признати од сите меѓународни тела.

Натамошното распарчување на етничките простори


Едно друго брутално кршење, со длабоки историски последици по националните права на Албанците во Југославија, беше извршено од страна на Белград на крајот на Втората светска војна. Станува збор за распарчувањето на просторот на историското Косово. Како што е речено, Лондонската Конференција на амбасадорите (1913) историското Косово со неговиот главен град Скопје му го даде на Кралството Србија со мотивација (неправедна!) дека тоа било српска земја. Независно од оваа неправда врз грбот на албанската нација, Албанците од целото историско Косово, кое според бројот на населението беше речиси рамно со Албанија, заедно се најдоа под окупација на српската власт. Живеејќи заедно под окупација на една земја, Албанците на историското Косово имаа можност да ги зачуваат вековните економски, општествени, политички и културни врски и заедно да ја издржат борбата за нивните национални права. Но, заедно со прогласувањето на шестте словенски републики на федерацијата беа одредени и нивните политички граници. Границите беа одредени на арбитрарен начин од горе, без никаков народен референдум, без никакво плебисцитарно гласање. Ниту албанското население, ниту неговите раководители не беа прашани. Со цел да го разбијат територијалното единство на Албанците и да ја ослабнат силата на нивниот политички отпор, титоистичките раководители ги поделија просторите на историското Косово на три дела - меѓу републиките Србија, Македонија и Црна Гора. Република Србија ја приграби денешната покраина Косово (потесно Косово) заедно со окрузите Бујановац, Прешево и Медвеѓа, Република Македонија го анектира јужниот дел на историско Косово (окрузите на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово), заедно со окрузите Дебар и Струга, а Црна Гора северно-западниот дел на Косово (Плав, Гусиње, Рожај) кои фактички ги анектира уште во 1913 година. Во историски поглед ова е третото распарчување на албанските простори - по првото по Берлинскиот конгрес (1878) и по второто што го направи Амбасадорската конференција (1913). Но, третата операција го погоди најмногу територијалното единство на Албанците. Албанските простори, кои пред Втората светска војна беа поделени меѓу три држави (Албанија, Југославија, Грција), сега тие распарчени меѓу пет (Албанија, Србија, Македонија, Црна Гора, Грција). А последното распарчување (комунистичкото), е во спротивност, морална и политичка, со меѓународното право - морална, затоа што не е праведно со распарчување постојано да се казнува една невина нација, политичка, затоа што не е праведно во модерно време да се преземаат одлуки врз грбот на еден народ без неговиот плебисцитарен глас. Времето на средновековните суверени кои даваа провинции или градови како награда или мито, му припаѓа на далечното минато. Во овој случај, раководителите на Социјалистичка Федеративна Југославија извршија политичко злосторство врз грбот на албанската нација и политичко насилство врз грбот на српската држава, бидејќи историското Косово ѝ беше подарено на Србија од страна на Лондонската конференција во 1913 година. Анектирањето од Македонија на неговиот јужен дел, населен и ден-денес со мнозинство од етничките Албанци, е еден нелегитимен акт. Уште повеќе, српските политички кругови, признавајќи го ова распарчување, признаа дека јужниот дел на историското Косово со неговиот главен град Скопје, не е српска земја, како што беше нагласено во одлуката од 1913 година. Фактички, таа не е ниту српска, ниту, пак, македонска земја. Со етничкото население што го има јужниот дел на историското Косово или северниот дел на Република Македонија, таа земја е албанска. По Втората светска војна, окупацијата на агресивниот национализам на Словените комбинирана со тежината на комунистичката диктатура врз Албанците во Југославија, постојано се зголемуваше. Нивните национални права се негираа. Образованието на мајчин јазик беше забрането дури и за време на периодот кога односите меѓу социјалистичка Албанија и социјалистичка Југославија беа повеќе од пријателски. По прекинувањето на односите во 1948 година меѓу Тирана и Белград, титоистичките раководители, со цел да го уништат албанскиот отпор, демагогијата ја комбинираа со терор.

Како мерка за уништување на албанскиот отпор, белградските властодршци на анектираниот дел од Република Србија ја создадоа - Автономната Покраина Косово, со површина од 10.877 квадратни километри и со главен град Приштина. Врз основа на нејзиниот прв Устав (1953), Покраината Косово се здоби со едноставна автономија. Освен тоа, надвор од Покраината беа оставени трите окрузи кои се простираат на североисток на Косово - Бујановац, Прешево и Медвеѓа, кои етнички, историски и географски беа вештачки одвоени од него. Со нивното одвојување од Покраината Косово, Белград изврши натамошно распарчување на албанските простори во целина и на самото Косово посебно. Од друга страна, белградските кругови го интензивираа полицискиот режим, кој освен тортурите, апсењата, интернирањата со лажни сведочења, често пати и без суд, повторно принудија голем број муслимански Албанци да се преселат во Турција. Само во текот на 50-тите и 60-тите години, како последица на српската геноцидна политика, беа убиени над 50 илјади, а надвор од Југославија беа раселени приближно 300 илјади лица. Сепак, националната свест на Албанците не беше задушена и духот на нивниот отпор не беше уништен. По четврт век малтретирања, Албанците беа првите од националностите во југословенската федерација кои јавно протестираа против националното угнетување. Во 1968 година во Приштина избувнаа силни демонстрации на угнетените Албанци, кои излегоа со барање на Косово (за жал, само на нецелосното Косово) да му се даде статус на република во рамките на југословенската федерација. Демонстрациите од 1968 година, кои можат да се сметаат за прво пукање на југословенската федеративна градба, го најавуваа приближувањето на бурата. Угнетувачките мерки што ги презеде Белград ја заоструваа состојбата од година во година.
За да се избегне најлошото, југословенските федеративни органи во 1974 година на Покраината Косово ѝ дадоа нов Устав.
 Со овој Устав, Косово, како и Војводина, беше признато за автономна покраина на Република Србија и во исто време  конститутивен елемент на југословенската федерација. Како последица на оваа одлука, Косово имаше, како и шесте републики на Југославија, посебен устав, извршни органи, покраинско собрание, уставен суд. Тоа имаше свој претставник во Претседателството на Југославија, во Сојузниот извршен совет на Југославија. Републичките органи на Србија не можеа да ја остваруваат својата надлежност врз Косово без одобрение на неговото Покраинско собрание, на неговиот Извршен совет, на неговиот Уставен суд. Тоа преку своите делегати учествуваше во донесувањето на законите во Одборот на републиките и покраините на Федеративното собрание. Значи, Покраината Косово, иако продолжи да се нарекува автономна покраина, практично имаше многу знаци на југословенска федеративна република. Уставот од 1974 година, во споредба со претходната состојба беше победа на Албанците во областа на националните права, особено во областа на образованието и културата. Но, многу брзо се виде дека тоа не е доволно. Тој имаше ограничувања. Со него беше санкционирано уште еднаш одвојувањето на Покраината Косово од другите албански етнички простори на Федеративна Република Југославија. Самото создавање на една покраина, а не на една република со население поголемо од некои други републики на Федерацијата, ја легализира нерамноправноста меѓу Албанците од Покраината и Албанците од другите републики на Југославија. Како последица на овие ограничувања, Албанците беа третирани како граѓани од втор ред и како такви тие беа дискриминирани од економска и културна страна. Но, иако имаше ограничувања, српските националистички кругови, кои тврдоглаво опстојуваа на целосното негирање на националните права на Албанците, останаа револтирани. Причина за интервенција дадоа демонстрациите на албанските студенти на Приштинскиот универзитет, кои избувнаа пролетта 1981 година, со барањето од 1968 година за претворање на Косово во југословенска република. Белград со тенкови ги задуши народните манифестации, исто како што тоа го направи Москва во Будимпешта 1956 и во Прага 1968 година.

Без оглед што беа задушени, демонстрациите од 1981 година означија натамошно пукање на сега веќе порозната југословенска федерација. Потресот што го доживеа Белград од растежот на албанското национално движење го докажуваат мерките што ги презеде југословенската влада по нивното задушување. Со брутална интервенција на српската војска постепено исчезнуваа автономните институции на Покраината, за да ја ликвидираат до март 1989 година на арбитрарен начин и со воено насилство целата автономија на Косово. Од таа година, Покраината Косово беше претворена во административна единица на Република Србија и не беше повеќе конститутивен елемент на Федерацијата. Уставот од 1974 година беше ставен вон сила на едностран начин од Собранието на Србија, што е во спротивност со нејзиниот Устав и со тенкови му беше наметнато на Собранието на Косово. Протестите на Албанците на Косово беа задушени во крв. Беше воспоставена српска воена окупација, која беше придружена со полициски режим на терор, со апсења, интернирања, со убиства и притисоци за оддалечување на младината од родниот крај. Објектите на албанските училишта беа затворени, а наставниците отстранети од работа.


Прогласување на Република Косово 

Владините органи на Покраината Косово останаа пасивни наспроти военото и полициското насилство на Белград. Но, претставниците на албанското население на Косово, потпирајќи се врз познатиот принцип на правото на самоопределување, се собраа на 7-ми септември 1990 година во Качаник, значи кога југословенската социјалистичка федерација уште не беше распадната. Таму, ја прогласија Република Косово, решија за нејзиното одвојување од Република Србија, ја прогласија за рамноправен субјект на југословенската федерација и донесоа Устав. Со прогласувањето на Република Косово, се реализираше барањето на Резолуцијата на Бујанската конференција од почетокот на 1944 година, како и барањето изразено на народните протести во есентта 1968 година, повторено со силните демонстрации во пролетта 1981 година Иако Република Косово не бараше вклучување во нејзините рамки на сите албански етнички простори кои страдаа под окупацијата на Југославија, нејзиното прогласување само посебе означи значаен чекор кон реализирање на возвишената програма на Албанската национална преродба. А уште повеќе, таа го означи почетокот на распадот на социјалистичка федеративна Југославија... (Следуваат три страници кои ја опишуваат состојбата и настаните на Косово од 1981 до 1989 г. кога е прогласена вонредната состојба во Покраината, распадот на Југославија во 1991 г., и Мировната конференција за бивша Југославија/ Карингтонова, која не ги зема предвид барањата на Косово за самостојност, со вообичаениот след на фактите и остра национална реторика). Како што се знае, дури во месец февруари оваа година (1989. ДМ), кога српската полиција премина на оружен терор, трпението на косовските Албанци не можеше повеќе да се воздржи. На сцената се појави Ослободителната војска на Косово (УЧК-ОВК), оружено крило на албанскиот отпор. Излегувањето на сцената на ОВК се судри со политичката линија на меѓународниот фактор за решавање на косовската “криза” по мирен пат. Бидејќи поради тврдоглавоста на Белград оваа линија се најде на мртва точка, меѓународниот фактор наместо да изврши притисок врз Слободан Милошевиќ, реагираше негативно спрема оправданата оружената акција на ОВК. Ова реагирање му даде сила на Милошевиќ да преземе воени операции против слободољубивото население на Косово. Но, надежите на Белград дека со овие операции, со насилство, брзо и дефинитивно ќе ја реши косовската “криза” пред да интервенираат меѓународните сили како во Босна, доживеа целосен неуспех. Убивањето илјадници Албанци, горењето десетици илјади куќи, големите уништувања на покраинската економија, раселувањето на стотици илјади косовски жители, не го уништија духот на отпорот. ОВК по секоја битка наместо да ослабне, се засилуваше. Таа сега пред големите канцеларии стана првостепен фактор на косовската криза. На обвиненијата на Белград дека ОВК е терористичка организација никој веќе не им веруваше. Од ден на ден се засилуваше уверувањето дека причинител на оваа голема дамка, на оваа хуманитарна катастрофа што се случува вс срцето на Европа на крајот од 20- иот век, е Слободан Милошевиќ, заедно со српската политичка класа, од времето дрогирана со агресивниот национализам. Секој ден сe повеќе се креваа гласови кои бараа да се изведат пред Хашкиот суд Слободан Милошевиќ и неговите соработници за масовни убиства на миротворни луѓе, за обесчестување на недолжни жени и деца, за масовни гробници на луѓе со исечени глави и деца со извадени очи, значи како автори на злосторства против човештвото. Сепак, постоеа уште влијателни меѓународни кругови кои не можеа лесно да се одделат од застарените предрасуди дека Косово е српска земја. Беше неопходно овие кругови да разберат дека не поради вина на два милиона Албанци кои бараат национална слобода, туку поради овие култивирани предрасуди од Белград, таканаречената “косовска криза” сега не е веќе само српска криза, туку е претворена, како што се тврди нашироко, во балканска. Следствено, нејзиното решавање ќе доведе само по себе и до решавање на кризата во Србија заедно со онаа на Балканскиот Полуостров. Исто така, неопходно е големите канцеларии да ја посматраат “косовската криза” не на политичката површина, туку во нејзините историски, економски, општествени и културни корени. Прашањето на албанските простори одделени од албанската држава е прашање на една распарчена нација. Тоа е прашање на една нација, чии простори пред многу векови, пред да се распарчат во 1913 година, постигнаа економска, општествена и демографска рамнотежа меѓу полето (земјоделието) и планината (сточарството), рамнотежа која ја растури големата дипломатија давајќи им го на соседните држави најплодниот дел на полето и стеснувајќи ја албанската независна држава главно во планински и мочуришни региони. Поради тоа, албанското национално прашање не е само душевна аспирација на една древна нација неправедно распарчена од големата дипломатија. Тоа во исто време е императивно барање на една осакатена нација, чија една половина е во опасност од физичко исчезнување, додека другата половина, иако има своја независна држава, продолжува да ги чуствува последиците од територијалното распарчување во економската, општествената, во културната и во демографската област.

Патот за решавање

 Од претходно поставеното, само по себе произлегува прашањето што ги загрижува сите Албанци: што треба да се направи за да се надмине оваа драма во која се наоѓа денес албанското национално прашање? Сите Албанци, независно каде се населени, од оваа или од онаа страна на границата, внатре или надвор од етничките простори, посакуваат што побрзо обединување на нивните простори во една единствена албанска држава, онака како што го поставија во своите програми нашите големи преродбеници од минатиот век. Но, дали постојат објективни и субјективни фактори, национални и меѓународни околности, политички и материјални можности за нејзина реализација? Нема сомневање дека денешната ситуација на албанското национално прашање е покомплицирана отколку во периодот на националната преродба. Тогаш сите албански етнички простори се наоѓаа под доминација на една единствена држава – Отоманската Империја. Тогаш, сите Албанци беа во еден единствен строј и заедно стрелаа против единствената цел, против Високата Порта. Денес, пак, албанските етнички простори се распарчени меѓу пет држави, од кои четири се туѓи. Се разбира, поинаку од периодот на националната преродба, денес постои една независна албанска држава, афирмирана на меѓународната арена, на која ѝ припаѓа првенствената задача да го држи отворено знамето на националното прашање. Ова, сигурно, е позитивна околност. Но, од друга страна, за да се реализира возвишената преродбена програма треба да се менуваат границите на четирите балкански национални држави кои, исто така, се афирмирани на меѓународната сцена. Ова е негативна околност, која, доколку сакаме да бидеме реалисти, треба да признаеме дека во сегашните услови, содржи во себе тешка пречка за надминување за нашето национално прашање, без подршка на меѓународниот фактор. Во врска со меѓународниот фактор треба да се има предвид епохата кога политичката карта на континетите ја одредуваа Големите сили доживеа крај уште во 1946 година. По Втората светска војна уредувањето на националните прашања во свои раце ги презеде Организацијата на Обединетите Нации (ООН), во чија основна Повелба беше фиксиран принципот на самоопределување на народите. Сепак, повоените години се карактеризираа со поделбата на светот во антагонистички блокови и со обидите за воспоставување поредок со сила кој ним им одговараше. Но, во последната деценија меѓународната ситуација темелно е променета. Со уривањето на Берлинскиот ѕид, со завршувањето на Студената војна, времето на политички престројувања и на обидите за промена со сила на светскиот поредок доживеа крај. Следствено, и времето кога балканските држави се постројуваа во спротивставени блокови, сега му припаѓа на минатото. Со завршувањето на Студената војна, Варшавскиот договор создаден од Советскиот Сојуз за да се брани комунистичката планета, се распадна. Со неговиот распад сите држави вклучени во него се обидуваат да влезат во системот на НАТО. Во денешниве денови уредувањето на националните прашања во свои раце го зедоа силни светски и континентални тела, како што се: Организацијата на Обединетите Нации (ООН), Организацијата за безбедност и сигурност на Европа (ОБСЕ), Европскиот парламент, Советот на Европа и други организации, кои дејствуваат врз основа на повелби кои имаат значење на статути усвоени од асамблеи свикани токму од нив. Како што се знае, нивна главна цел е да ги оневозможат оружените конфликти од кои постојано страдало човештвото и да ги заштитат малите земји од воено насилство на посилните држави. Од овие причини, во сите основни акти на меѓународните организации е внесен принципот на почитување на политичките граници на сите држави независно од неправдите што се наследени од минатото. Неправдите треба да се исправат преку разговори, значи по мирен пат. Меѓународните и европските политички тела ги повторија трите основни точки на нивната повоена доктрина: никакво насилно менување на државнитеграници, признавање на националните права на малцинствата и уредување со мирни средства на сите недоразбирања меѓу соседните држави. Во спротивно, ниту една држава нема да биде примена во редовите на НАТО, ниту ќе биде опфатена во кругот на Европската заедница, ниту пак ќе ја има поддршката на Соединетите Американски Држави. Употребата на насилство на која било страна и за кој било мотив, вклучувајќи го и негирањето на националните права ќе биде осудено тргнувајќи од економски санкции, па до воени интервенции. Меѓународните тела се убедени дека преку овој пат ќе се помине безболно од Европа на држави во Европа на нации, чии политички граници ќе се претворат во етно- културни граници. Сепак, меѓународните тела, посебно САД, не ја исклучуваат можноста од употреба на воена сила кога станува збор за владини кругови кои употребуваат полициско насилство за да ги угнетат човечките права и со нивниот арогантен однос да го стават во опасност мирот во нивниот регион. Како пример ги имаме притисоците што ги употребија западните сили за да ја принудат Србија да се откаже од агресијата против Словенија, да ги прекине воените операции против Хрватска и дефинитивно да ја подели Босна. Со нивната интервенција конфликтите на Балканот беа надминати некаде со притисоци, некаде со закани, некаде со воени средства, додека некои проблеми останаа сe уште без конечно решение. Сепак, иако голем број прашања дефинитивно не се решени, некои значајни резултати се постигнати. Србите во Босна, на пример, претходно го немаа статусот на република, па ниту на автономна покраина. Со Дејтонската спогодба босанските Срби формираа своја република (Република Српска) во рамките на федерална Босна. Спротивно на тоа, Косово кое претходно имаше автономна покраина со устав приближен до статус на една на република, ја изгуби арбитрарно автономијата со која се здоби во 1974 година, наместо да се здобие со право да биде република во рамките на Сојузна Република Југославија.

Меѓународната јавност, која е запозната со проблемот, со право прашува: зошто Србија на Албанците на Косово, кои според население се трипати повеќе од Србите во Босна, им го негира правото што го добија со упорноста на Белград неговите сонародници? Или: зошто западните сили им го негираат на Албанците она право што им го дадоа на Србите? Веќе неколку месеци се зборува за воена интервенција на НАТО со цел Белград да се принуди да го прекине теророт врз Албанците и да ги повлече своите полициски и паравоени сили од Косово. Воената интервенција е забрзано прашање за да се спаси хуманитарната катастрофа на Албанците, но кој ќе биде потоа политичкиот статус на Косово? Голем број идеи се предложени со цел да му се даде на Косово една поширока автономија, според некои во рамките на Србија, а според некои други во рамките на Федерацијата. Зошто е потребно да се влоши проблемот, да се потпалат недоразбирањата, да се отежни дебатата, да се оневозможи решавањето, кога сите меѓународни тела, од ООН и ОБСЕ до Советот на Европа и Европскиот парламент, прокламирале во своите повелби дека највисокиот принцип за решавање на наци- оналните права е правото на самоопределување. Академијата на науките на Албанија мисли: доколку етничките проблеми на Балканот, вклучувајќи го и правото на албанските етнички простори, се решат со примената на принципот на самоопределување, само тогаш Хемусовиот Полуостров ќе најде мир, само тогаш Балканот повеќе нема да биде “буре барут”, и нема да има повеќе потреба за политички распоредувања на државите едни против други. Балканските соседни држави, во чии рамки има албански етнички простори, формално ја прифатиле во принцип оваа доктрина, но во практика некои повеќе, а некои помалку не се придружуваат кон неа. Србија која го предводи остатокот на Југославија и управува надвор од границите на Албанија, со полициско насилство се спротивстави на нејзините начела. Последователно, Албанците од етничките простори, анектирани уште во 1913 година од Србија, Црна Гора, од Македонија и од Грција, имаат проблеми во врска со своите национални права.

Но, заради бројната тежина на албанското население, или заради политичките услови во кои се наоѓаат сонародниците, задачите што се поставуваат за решавање и патиштата за нивно решавање не се исти. Независно од тоа, решавањето треба да се бара во рамките на историскиот процес што го опфати европскиот континент - значи преку мировни патишта, со демократски средства и со поддршка на меѓународните тела, кои ги прокламирале и ги бранат овие принципи.

Прашањето на Косово 

Најкритична и најургентна за решавање е состојбата на Албанците на Косово. Треба, пред сe, да се објасни уште еднаш дека во Покраината Косово од 10.877 км2 со престолнина Приштина, не се опфатени сите албански етнички простори што се наоѓаат внатре во границите на Република Србија. Без да се сметаат деловите на историското Косово, кои федеративна Југославија им ги подели на Македонија и на Црна Гора, во Република Србија - освен Покраината Косово како делови се и трите округа што се наоѓаат во Јужна Србија; Покраината Косово (заедно со трите спомнати округа) зазема околу 14 илјади квадратни километри, значи приближно половина од површината што ја има Република Албанија. Во врска со прашањето на Косово треба да се имаат предвид овие посебни карактеристики. На крајот на јули 1998 година се навршија 85 години од денот кога Конференцијата на aмбасадорите на шесте Големи cили, која се одржа во Лондон под претседателство на британскиот министер за надворешни работи, сер Едвард Греј, меѓу другото, донесе одлука за анектирање на Косово и на Македонија од страна на Кралството Србија. Две недели по потпишувањето на вердиктот шефот на Форин офис, Греј, на 12 август 1913 година давајќи објаснувања во Домот на комуните околу одредувањето на границите на Албанија од страна на Конференцијата на амбасадорите, призна дека врз 'рбетот на Албанците е направена неправда, наедно укажувајќи дека со оваа неправда Силите направиле, всушност, една позначајна работа, бидејќи  му служиле на мирот на Европа. Но, жртвувањето на правата на Албанците не го спаси мирот. Една година подоцна, на 4 август 1914 година, избувна Првата светска војна, чија искра ја запали Србија, водена од присвојување туѓи територии. Не треба да се заборави дека Европа на династиите, на Србија во 1913 ѝ ги даде Косово и Македонија не затоа што тие беа српски земји, како што претендира Белград, туку од политичко- стратешки причини, за да се оневозможи проширувањето на АвстроУнгарија кон Солун. Овој фактор подолго време не постои. Со формирањето на Република Македонија, со нејзиното прифаќање од Република Србија, самиот Белград призна дека Македонија, што ја анектира во 1913 година, не е српска земја. Онака како што се одвои Македонија од Србија, истото право го има и Косово, кое исто така не е српска земја. За време на овие 85 години, откога Косово е анектирано од Белград, не само Албанците, туку и самите Срби никогаш немаа мир. Историјата во овие последни 85 години покажа дека Србија третирајќи го Косово како “српска” земја, која треба да се исчисти од албанските жители, се казни самата себе. Со својата политика, таа го претвори Косово не во излечлива рана, туку во гангрена што ја нагризува однатре. Вистина е дека Косово има плодна земјоделска почва и богати рудни наоѓалишта кои на Србија ѝ носат приходи, но српските власти треба да ги имаат предвид и штетите што доаѓаат од него. Полицискиот терор, кој треба да ѝ обезбеди на Србија внатрешен мир, дефинитвно е поразен. Јазот меѓу српската власт и албанското население е уште подлабок .За да ги држи Албанците под надзор, Белград постојано го обременува државниот буџет со воени паразитски трошоци. Исто така е поразена и политиката на етничко чистење. Освен тоа, политиката на етничко чистење го ослабна вниманието на српската власт спрема решавањето на проблемите кои би го забрзале економскиот напредок на Србија и на нејзиното население. Агресивниот српски национализам, кој по вителот  во Босна се концетрира на Косово, освен што ја држи запалена тензијата на Балканот и во Европа, продолжува со дискредитација на имиџот на Србија на меѓународната сцена. Тврдоглавото продолжување на политиката на етничко чистење веќе е поразена, и таа само ќе ја води Србија во безизлезна авантура во која влезе уште во 1913 година. Накратко, Србија може да се ослободи од гангрената наречена Косово само доколку го отстрани од своето тело. За време на еволуцијата што ја доживеа Србија откога го анектира Косово (1913) - од Кралството на Србија, во Кралството на Југославија, потоа во социјалистичката федерација и сега во федералната република - се промени и нејзиниот правен статус спрема Косово. Со вреднувањето на Косово во Уставот на Југославија како компонента на Федерацијата, со распадот на федеративна Југославија и со одвојувањето на некои нејзини републики, со неучеството на косовските Албанци на парламентарните избори во Република Србија, со посебните парламентарни избори што во меѓувреме ги организираа Албанците на Косово, со прогласувањето на Република Косово од Собранието во Качаник и, на крајот, со народниот референдум во септември 1991 година, со кој беше прогласена независноста на Република Косово, врз основа на принципот на самоопределување, Република Србија го загуби правниот титулар што го оправдуваше нејзиниот суверенитет врз Покраината Косово. На крајот, и покрај политиката на етничко чистење што ја водеше Белград од Руско-турските војни во 1887-1878 до денес, и покрај болките што им ги предизвика на Албанците, во најголем дел на историското Косово, Албанците сe уште се наоѓаат таму каде што биле сите овие векови. И покрај масовните преселби, принудени од Белград, нивниот број постојано се зголемува. Денес тие претставуваат околу 90 насто од населението на Покраината. Доколку нивниот демографски раст продолжи со до сегашниот ритам, па дури и и да се намали, ќе дојде денот кога српските власти ќе имаат работа не како денес со два милиони Албанци, туку со двојно повеќе, а потоа и со тројно  повеќе. Дали навистина српските власти се убедени дека можат да ја држат под надзор, во заливот на европскиот континент, оваа маса жедна за слобода, во времето кога јазот меѓу српската политичка маса и албанското население во Покраината е толку многу продлабочен така што нивниот соживот во иднина е речиси невозможен? Денешната меѓународна ситуација за решавање на прашањето на Косово е поповолна отколку во времето на Социјалистичка Федеративна Југославија, кога Европската заедница не ги зеде предвид неговите права. Денес, благодарение на постојаниот раст на Албанското национално движење и на арогантниот став на националистичката влада на Белград, меѓународната јавност е многу почувствителна спрема косовското прашање, посебно и спрема националните права на Албанците во целина. Покрај оваа чувствителност е зголемена и растревоженоста на големите канцеларии и на меѓународните тела од опасноста од проширување на безредијата предизвикани од Белград на Косово надвор од неговите граници. Последователно, прашањето на меѓународната воена интервенција на Косово, за ставање крај на националистичкотерористичка авантура на Слободан Милошевиќ, како во Босна , веќе неколку месеци се наоѓа на дневен ред. Во овие околности Албанците треба да знаат да ги искористат сите средства, како и сите можности што ги нуди меѓународната заедница во сегашната фаза. Есенцијално е тие да ја покажат потребната решеност за преземање такви акции, кои ќе ги поттикнат меѓународните политички фактори да ја надминат досегашната нерешителност за да ги донесат потребните одлуки за што побрзо решавање на косовското прашање, според универзалните прокламирани принципи за човековите права и за правото на самоуправа. Во исто време, Албанците треба да гарантираат пред меѓународната јавност дека Република Косово во средиштето на Балканскиот Полуостров, отворена подеднакво и спрема Србија и спрема Албанија, ќе биде фактор на мирот во Југоисточна Европа и пошироко. Неопходен услов за реализирање на оваа света задача е обединување на сите Албанци во еден заеднички национален фронт кој ќе биде над партиските разлики.

Како заклучок, имајќи предвид дека меѓународните нормирани принципи за слобода на народите и за самоопределување на нациите се на страната на Албанците, и посебно, имајќи предвид дека на тамошниот соживот на српските политички кругови со албанските маси на Косово постојано ќе биде извор на безредија во регионот, мислиме дека единствено можно решение што ќе обезбеди мир, благостојба и напредок на двата народа е што побрзото вклучување на меѓународниот фактор за да го принуди Белград да ја признае Република Косово одвоена од српското туторство, оставајќи му го правото на нејзиниот народ да решава за статусот на републиката.

 Прашањето на Албанците во Македонија 


Исто како во Република Србија, така и во Македонија живеат значителен број етнички Албанци. Како и во Косово, и овде албанските етнички простори имаат територијален континуитет. До пред неколку децении тие беа дел од јужниот дел на историското Косово. Албанските простори овде се простираат на север и на запад на Република Македонија, од Дебар па сe до Куманово. Има, речиси, дваесет години откако македонските власти не го објавуваат точниот број на Албанците. Официјално велат дека Албанците претставуваат 23 насто од населението на Републиката. Истовремено ги исклучуваат 170 илјади Албанци со претекст дека го изгубиле македонското државјанство, што не е точно. Но, други извори говорат за една поголема бројка на Албанците. Може да се каже без страв дека тие претставуваат не помалку од 35 насто од нејзиното население. Инаку, Македонците претставуваат само 55 насто од населението, вклучувајќи ги и оние кои себеси се сметаат за Бугари (останатите се Срби, Турци, Роми). Со оваа, толку значајна тежина, Албанците воопшто не можат да се третираат како малцинство, туку истоветно како Македонците во нивната држава. За жал, без оглед што уживаат некои права во областа на основното и на средното образование, горедолу и во локалната администрација, Албанците во Македонија се третираат како дискриминирани граѓани во споредба со македонските граѓани. Властите во Скопје прават сe да ја намалат, па дури и да ја неутрализираат  тежината на Албанците во државните структури и во политичкиот живот на Македонија. Фактички, учеството на Албанците во државните структури е околу два насто во граѓанскиот и во воениот апарат. Бројот на албанските пратеници во македонскиот парламент, поради маневрирањата направени за време на изборите, не го представува точниот број на албанското население. Во парламентот во Скопје, на околу 8 до 10 илјади Македонци има по еден пратеник, додека во албанските зони еден пратеник доаѓа на секои 15 или 18 илјади жители, а во некои случаи и повеќе. Како последица на дискриминацијата на Албанците, без оглед на позитивните оценки што доаѓаат од меѓународните кругови, Република Македонија е една порозна држава. Македонската зграда се обидуваат со патерици да ја држат на нозе меѓународните воени сили стационирани на етничките албански простори. Светските медиуми постојано емитуваат вести за полициското насилство од страна на македонската администрација, чии жртви се Албанците. Одредени меѓународни кругови се обидуваат да ја држат молчаливо кризата што однатре ја нагризува македонската држава. Но, кризата не може да се омекне, а уште помалку да се надмине, доколку не им се признаат на Албанците националните права, онака како што предвидуваат основните меѓународни акти. Она што беше кажано за Србија во врска со темпото на раст на албанското население, важи уште повеќе за Македонија. Доколку продолжи досегашното темпо, нема да биде далечен денот кога албанското население ќе биде истоветно, па дури и да го надмине македонското население. Следствено, денешните проблеми што постојат во етничките односи нема да се намалат, туку ќе се зголемат.
За да се спречи продлабочувањето на внатрешната криза што ја доживува Македонија, која самата ја предизвика со кршењето на националните права на Албанците, постојат уште две опции за нејзино решавање:
 а) или Албанците ќе се сметаат рамноправни како и македонските граѓани, и според тоа, Македонија да се смета како нивна заедничка држава, според познатиот пример на австро-унгарската држава,
б) или Албанците да го уживаат правото на автономна покраина во рамките на Република Македонија.
Само така ќе исчезне денешното третирање на Албанците во Македонија како граѓани од втор ред, што се гледа, меѓу другото, во дискриминацијата во однос на буџетските фондови, нерамноправноста во судските органи, забраната на Тетовскиот универзитет, на нивното национално знаме, на употребата на албанскиот јазик во официјалните акти итн, итн... (Следуваат пет страници текст, изоставен заради обемот, кој се однесува на Албанците во Црна Гора, во Грција и на албанските етно-лингвистички малцинства во Италија, во внатрешноста на Грција, Бугарија, Тракија, во Хрватска итн. Поентата на текстот е непризнавањето на нивните етно- културни права но и повеќе од тоа - во Црна Гора (автономија) како и во Грција.). 

Заклучок 


Како што беше речено, праведната аспирација на сите Албанци е онаква каква што ја одредија уште во минатиот век нашите преродбеници - обединување на сите албански етнички простори во една единствена држава. До денес ова обединување уште не е постигнато, не поради вината на Албанците. Напротив, половината од етничките албански простори уште се наоѓаат во рамките на некои туѓи држави. Како последица на тоа, албанското национално прашање уште е неразрешено прашање. Пред повеќе од еден век, во пресрет на Берлинскиот конгрес, Абдул Фрашери, еден од најпознатите идеолози на Албанското национално движење, ги предупреди европските канцеларии од тоа време:

 “Доколку Големите сили го казнат овој херојски и слободарски народ да остане во ропство и, уште полошо - да се распарчи меѓу соседните држави, Балканскиот Полуостров нема никогаш да има мир, бидејќи Албанците никогаш нема да престанат да се борат за да се здобијат со своја националнат независност. Обратно, доколку на Албанците им бидат признати нивните национални права, Албанија ќе стане фактор на мирот на Балканскиот полуостров”. Историјата му даде за право на предупредувањето на Абдул Фрашери.

Кршењето на албанските национални права било и продолжува да биде извор на загриженост за Албанија, Србија, за Балканот, па дури и пошироко. Академијата на науките на Албанија мисли дека историјата ја води Југоисточна Европа кон европска интеграција, независно од проблемите кои денес ги загрижуваат Балканскиот Полуостров. Таа, исто така, мисли дека во сегашните услови, кога меѓународните фактори не дозволуваат промена на актуелните граници и кога на Балканскиот Полуостров уште не се надминати радикалните националистички претензии, големата цел на националната преродба ќе биде постигната постепено, рака под рака со движењето на процесот на интеграција на Балканскиот Полуостров во европската заедница. Првиот чекор за да се постигне оваа голема цел е што побрзото ослободување на половината од албанската нација од прангите на агресивниот национализам. Во сегашните околности, Академијата на науките бара заеднички настап на албанските демократски сили и на факторите со меѓународна тежина за признавањето на Република Косово како конститутивен елемент на Сојузна Република Југославија, за третирањето на Албанците во Македонија како рамноправни граѓани со Македонците, значи да им се даде правото на државотворен народ, да се помогнат Албанците во Црна Гора да имаат своја автономна покраина и да им се обезбеди на Албанците во Грција правото да учат во државните училишта на својот мајчин јазик. Тоа се легитимни права универзално признати, кои не ги повредуваат денешните политички граници на државите на Балканскиот Полуостров. Академијата на науките на Албанија е убедена дека доколку се ослободат Албанците на етничките простори анектирани од страна на угнетувачите, истовремено ќе се ослободат не само соседните власти (посебно српските) од товарот на угнетувач, туку и Балканот од жариштата на тензии. Само така ќе се забрза процесот на вистинска демократизација на балканските земји, само така ќе се олесни нивното марширање кон европската интеграција, кон обединета Европа, во која политичките граници на државите нема да имаат повеќе кинески ѕид, туку ќе се претворат, како што е во Западна Европа, во етно- културни заедници, во граници на пријателство и братство.


Извор: