Search This Blog

Tuesday, February 3, 2026

Слово - СловѢни ,наместо Слово - СловѦни

Како и кога се случила промената  Славјани во Словени ? 

                    Најпрвин :

-  Почнуваме со историските записи каде во старата писменост се употребувала самогласката Ѣ (јат)за Слово - СловѢни ,наместо со двоината (ја )  Ѧ ,па не е Слово - СловѦни ,туку корегирањето дека 

Слово + Ѣни  =* Слово + јаТни = Слово + ја + ни = Словјани 

Именка + наставка за припадност :

СловѢ + ниин- >СловѢнин ,еднина

СловѢ+ ниини ->*СловѢниини-> СловѢне ,множина  

- Следно :

Промената на самогласникот Ѣ (јат) во самогласникот Е 

Во македонскиот стандарден јазик, старословенскиот самогласник јат (Ѣ) доследно преминува во „е“. Оваа појава е позната како екавизација 

Еве неколку примери за таа промена:

Бѣлъ (старословенски) → Бел (македонски)

Хлѣбъ (старословенски) → Леб (македонски)

Снѣгъ (старословенски) → Снег (македонски)

Мѣсто (старословенски) → Место (македонски)

Оваа промена е една од најважните изоглоси што ги разграничуваат западните и централните македонски говори (врз кои се темели стандардот) од источните говори каде што овој глас понекогаш преминува во „ја“ (како во бугарскиот: бял, хляб).

Оваа промена е една од клучните разлики меѓу македонскиот јазик и источно словенските и  бугарските говори.

                              *** 

         СлавѢне  преминува во Словени

Основните извори и литература за промената на гласот јат (Ѣ) во македонскиот јазик, како и за преминот на славѢне во Словени, се темелат на капиталните дела на Блаже Конески и други македонисти.

Конески детално го опишува процесот на екавизација на јатот, наведувајќи дека во македонскиот стандарден јазик (заснован на централните говори) старословенското " ѣ" доследно преминува во "е"

„Во најголемиот дел на македонските говори гласот ѣ (јат) преминал во " е " ... Оваа замена е карактеристична за централните говори на кои се заснова македонскиот литературен јазик.“1 

"Старословенското славѢне (множина од славѣнинъ) содржи јат во наставката. Со падот на еровите и воспоставувањето на македонскиот вокален систем: "Ѣ" преминува во " Е ",според правилото за екавизација.

Промената на првото А во О во коренот ,

слАв - > слОв - 

се должи на народната етимологија, поврзување со зборот слово — луѓе што зборуваат разбирливо, наспроти Немци).2 

Своите трудови Конески ги базира на делото на Крсте Петков Мисирков кој го посочува централниот говор како база за литературен македонски јазик , (Велес-Прилеп-Битола), каде што  преминот Ѣ -> Е е природен. 3

Што ќе рече оваа промена на именката 

 Словјани во Словени во Македонија се случува со подигнувањето на дијалектите на ниво на литературен јазик после ослободувањето и кодификацијата. ,преку промената на еден самогласка во друга и тоа во делот наставка после именката Слово .

СлавѢне > Словени е директен доказ за замената на јатот со " е",  што е темелен белег на македонскиот јазичен идентитет во однос на соседните словенски јазици.

„Формите како Словени (од стсл. славѣне) ја покажуваат доследноста на  " е - рефлексот " во македонскиот јазик. 

Додека во другите словенски јазици овој јат се развивал различно (ја, и, ије), македонскиот централен тип се карактеризира со негова целосна екавизација.“4

_________

Извор : 

1 - Конески, Б."Историја на македонскиот јазик." Скопје ,1986 год. ....стр. 42 

2  - Конески, Б.," Граматика на македонскиот литературен јазик". Скопје,1967,1996 год

3 -  Мисирков, К. П.,"За македонцките работи",1903 Софија.1903 год.

4- Конески, Б." Историја на македонскиот јазик". Скопје ,1986 год. ....стр. 44 




No comments:

Post a Comment