БУГАРСКИТЕ ФАЛСИФИКАТИ на ЉУБОМИР МИЛЕТИЧ: Писмо бр. 6
Во следното зачувано писмо на водечкиот бугарски фалсификатор Љубомир Милетиќ до рускиот научник Афанасиј Селишчев, дознаваме дека во јули 1929. рускиот труд за Полог е во фаза на печатење. Со веќе обезбеден бугаристички наслов, Милетиќ има уште едно барање. Следна за фалсификување е географската мапа во книгата на Селишчев за македонската етнографска област Полог. Милетиќ cпомнува и веќе направени преправки во самата книга.
Всушност, Милетиќ само го известува авторот дека бугарските печатари ќе го заменат поимот „Словени“ со „Бугари“. Во писмото читаме:
- „После четири дена г-н [Петар] Глушков ќе Ви ги испрати сите отпечатени листови, а исто така, и отпечатокот на картата. Во истата, треба, согласно со направената поправка во текстот на книгата, 'словени' да се замени со зборот 'Бугари' - за да нема противречност, за што, верувам, нема да бидете против.“
На крајот од ова писмо, Милетиќ вели дека Селишчев им дал согласност на Бугарите да објават и дел од неговиот труд за таканаречените „бугарски села“ во Албанија, во списанието на Милетиќ. Селишчев дал и ветување за објавување втора про-бугаристичката книга - исто така во Бугарија. Втората книга која се однесува на Албанија е објавена во пролетта 1931 година.
Приказната продолжува...
ЛИТЕРАТУРА: Бранислав Светозаревиќ, Драган Јаќоски, „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“, Скопје, 2024., стр. 112, 172 - 7. ------/
No comments:
Post a Comment