Search This Blog

Saturday, April 19, 2025

Кочанска

 Овој Велигден носам за мојот херој Виктор Јоданов кој веќе не е за жал помеѓу нас 😔 Никогаш нема да бидеш заборавен хероју наш



Кога небото падна на глава 

Направи пекол на земја

Но отвори видлив  патот кон спасение 

И без да се појави им беше патоказ 

Како животот сопствен се положува 

Заради спасение на најблиските души

Претставувајќи му се така на Бога 

Заминувајќи таму каде што стравот и плачот не постојат .Таму каде што смртта ја нема својата моќ

Таму во вечноста.

***

Христос Воскресе 
Покажувајќи така со личен пример жртвување заради спас на човештвото.
Тој пример го следеа многумина наши млади кочанчани ,наши деца кои ги положија своите животи заради спас на оние недолжни душички опфатени од пожарот што се случи деновиве во кочанската дискотека .
Еден од нив,од плејадата наши мали 
бестрашни деца,а јунаци најголеми 
 е и чедото Господово 
Виктор Јорданов кој што спасувајќи животи ,својот го даде и на тој начин се претстави пред милоста Божија ,заминувајќи и самиот таму каде што смртта ја нема својата моќ ,каде нема плач и страв ,таму каде што постои праведливист ,
 вечна љубов и живот вечен.

Христос Воскресе 
Вистина Воскресна 
Амин

No comments:

Post a Comment