Search This Blog

Tuesday, December 14, 2021

Мајчин македонски за КиМ

 Уште еден поздрав за БАН, Правителството, Президентот, и сичките други наци-шовинистички хорица од Блгаристанот коишто мошне тупо, ама упорито го негираат македонскиот јазик, култура, историја и сите македонски национални атрибути.

Роман Јакобсон (1896-1982) беше еден од најзначајните лингвисти на дваесеттиот век. Неговите проучувања воопшто за јазикот како средство за комуникација, но особено неговиот придонес во Славистиката, се, и уште долго ќе бидат ненадминати. Универзитетот Харвард, кадешто тој беше професор, во негова чест одржува симпозиум. 

https://projects.iq.harvard.edu/roman-jakobson-symposium/home

Селекција од неговите дела, пишувани на повеќе јазици, се собрани и издадени во една едиција од осум тома: Selected Writings, ed. Stephen Rudy, The Hague: Mouton, 8 Vols, 1962–1988. 

Шестиот том е посветен на „Раните словенски патишта и крстосници“. На страница 34, каде пишува за „Заедничката словенска писмена традиција“, Јакобсон пишува:


„Кога, пред повеќе од илјада години, првиот словенски писмен јазик влезе во употреба и почна да се шири, лингвистичките разлики во рамките на словенскиот свет биле незначајни споредено, на пример со радикално различните дијалекти во рамките на денешните територии на Германија или Италија. Релативно малкуте локални специфики во гласовите, граматиката и речникот биле минорни и во неможност да ги попречат културните комуникации помеѓу различните словенски области. Постоела постепена транзиција отколку остри линии на демаркација помеѓу словенските дијалекти од таа епоха. Во доцниот деветти век, како што Вајан одлично забележува Словените „се' уште биле свесни дека зборуваат на ист јазик.“ Според тоа, словенските Апостоли Константин-Кирил и Методија биле во можност да го употребат нивниот мајчин МАКЕДОНСКИ дијалект за нивната мисионерска работа во Моравија. Дополнително, нивните поучувања на овој јазик биле наменети не само за Моравците туку за сите словенски земји, како што изрично се тврди во почетокот (нъ и вьсѣмъ странамъ тѣмъ словѣньскъiимъ).“


https://www.facebook.com/1492956396/posts/10222151569486884/

No comments:

Post a Comment