Пишувањето било измислено во Македонија, првите форми на пишување во светот потекнуваат од Дупјак, село во Костурско, Егејска Македонија.
Досега според конвенционалната археологија беше општоприфатено дека пишувањето било измислено во Сумерија и дека првите форми на пишување се појавиле во Урук (денешен Ирак) околу 3.000 до 4.000 п.н.е. , спрема други се сметаше дека симболите Џиаху од Кина или симболите од Винча во Србија дека се пример за прво пишување, но новите археолошки откритија во Дупјак, Костурско, од корен ги менуваат сите овие теории.
Во Дупјак, село во Костурско, Егејска Македонија, кое е познато по богатите неолитски остатоци, при археолошките ископувања во 1993 година е пронајдена т.н. “Дупјачка таблица“, дрвена плоча со впишани ознаки, радиојаглеродно датирана со старост од околу 7530 година. Таблицата содржи збир на симболи кои се чини дека се форма на прото-пишување, 2.000 години постари од прото-сумерското пиктографско писмо од Урук (денешен Ирак) и 4.000 години постари од критско-микенските линеарни типови на пишување.
Освен таблицата, во тој локалитет пронајдени се и многу други керамички парчиња кои исто така имаат ист тип на пишување на нив што укажува на тоа дека тие се резултат на когнитивни процеси и сугерира дека овој тип на пишување претставува форма на комуникација.
Локалитетот бил населен во долг период, од последните фази на средниот неолит (5600-5000 п.н.е.) до доцниот неолит (3000 п.н.е.). Пронајдени се голем број предмети кои ги потврдуваат стопанските и земјоделските активности на населбата, доказ за одгледување животни и нивните преференции во исхраната, вклучувајќи керамика, дрвени структурни елементи, семиња, фигурини, лични украси, коскени флејти, една од нив датира до 6-тиот милениум п.н.е., најстарата некогаш пронајдена во Европа.
https://www.facebook.com/101861865466929/posts/179780247675090/
No comments:
Post a Comment