КАЛАНДИ –
„Вечниот Бог слезе и во Дева се всели: свет, свет, свет си и пресвет Господи. Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази: свет, свет, свет си и пресвет Господи…“
“Ова е една од бројните Божикни песни, кои се пееле во деновите на празнувањето на Рождеството Христово и се нарекувале „каланди“. Самиот збор ’кάλαντα‘ (грч.), ’каланъди‘ (ст.сл.), доаѓа од византиското ’кαλένδες‘ (календес), кое, пак, происходи од латинското ’кalendae‘ (календае), што кај старите Римјани го означувало првиот ден од месецот. Римјаните го презеле овој збор од Хелените и тој е етимолошки поврзан со старогрчкиот глагол ’καλέω‘ (калео), што во превод значи ’викам, повикувам, нарекувам‘. Зборови оформени од овој корен се појавиле и кај словенските народи, така што од старословенското ’ каланъди ‘, кај нас денес се зачувала формата ’коледа‘ или ’коледе‘, кај Русите ’коляда́, колядка‘, кај Бугарите ’коледа, колада, коленда‘, кај Србите ’коледа‘, кај Словенците ’kolednica‘, кај Чесите ’koleda‘ и тн. Коледето било стар народен обичај на празнувања, веселби и панаѓури во чест на доаѓањето на новата година, или, пак, на некој друг поголем празник. Но во православното Ромејско Царство христијанската светоотечка мисла ја вознела науката за човекот до божествени височини и празнувањата добиле нова смисла. Светите отци и учители на Црквата, вдахновени од Светиот Дух, мудро ги обмислиле христијанските празници и ги украсиле со неизмерна богољубива и човекољубива длабочина и значење. Тогаш, старите коледарски песни им го отстапиле местото на побожните христијански песни и химни, во кои се славел Единиот вистински Бог....“
________
Извор :
https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/bozhiken-rechnik/
No comments:
Post a Comment