Search This Blog

Thursday, June 20, 2019

Околу симболот ѕвездичка или asterix

Околу реконструкцијата на зборовите .

* The asterix indicates these forms are not found in manuscripts or inscriptions,but are assumed to have preceded the extant forms.1


Симболот ѕвездичка укажува на тоа дека овие форми не се наоѓаат во ракописи или натписи, но се претпоставува дека им претходеле на постојните форми1.


Кога анализираме зборови ,често пати наидуваме на зборови испишани со симболот *.
Овој симбол не е ознака за извор или фус нота , па затоа не се изненадувајте ако под текстот нема да наидете на линија со опис на извороте.
Овој симбол се однесува на претпоставка при реконструкција на зборови и се става секогаш кога ќе има потрага по можни корени за зборови.
 Кога ќе согледате дека постои овој симбол  * пред било кој збор  ,да имате на ум дека сите така испишани зборови  се реконструираат . Таквите зборови ги нема никаде па затоа се претпоставува нивното можно постоење и се очекува дека би можеле да се пронајдат .
Еве на пример во еден текст се анализира можен корен за зборот - збор и лингвистите што го создаваат текстот ќе претпостават дека можениот корен се претпоставува во коренот на англиски напишан како were .И бидејќи е можен корен ќе му додадат симболот на ѕвездичката, за да означат за што се работи и кон што се однесува.
Ќе означат вака   *were  
А ние ќе  цитираме и ќе наведеме  дека текстот се наоѓа на одредена страната и ќе запишеме со реден број 2 .
Тоа ќе изгледа вака : from PIE root *were- (3) "to speak" 2
или преведено на македонски :

Од ПИЕ корен *were -(3) " зборува 2


Овој симбол се разликува од користењето на  реден броен  систем кои се ставаат во текстот.
Со него се одбележува присуството на извор кој се цитира и ќе се наведе под линијата од текстот .
_____________
Ref :
1-S. A. Handford  and Mary Herberg  ," POCKET LATIN DICTIONARY LATIN -ENGLISH ENGLISH-LATIN ", Berlin and Munich ,Germany 1955,1966, page.....10

2- Word, Origin and meaning by Online Dictionary ,etymology of ..
https://www.etymonline.com/word/verb?fbclid=IwAR0WFqA85hhZrG0hq97LoF2QOTA4o5odHK02K4wQmRhJEBGjqn1qasPJok0

No comments:

Post a Comment