На денешен ден, 5 април 1901, во Добриниште, Банско, Пиринска Македонија е роден Иван Козарев Балкан.
Кој е Иван Козарев?
Во комунистичката југословенска историја, македонските деца учеа дека први партизани и борци против фашизмот на Балканот биле Србите и Црногорците.
Тоа воопшто не е точно.
Прв партизан на Балканскиот полуостров е ИВАН КОЗАРЕВ - БАЛКАН, Македонец од Пиринска Македонија.
На 27 јуни 1941 година , само пет дена по германскиот напад на СССР , Иван Козарев убива двајца бугарски фашисти во близина на неговото родно село Добриниште.
Српското востание против фашизмот почнува 10 дена подоцна, на 7 јули 1941 во Бела Црква, кога Жикица Јовановиќ - Шпанац убива двајца жандарми.
ЧЛЕН НА ВМРО (ОБЕДИНЕТА)
Козарев бил прекален македонски револуционер.
Прогимназија завршува во родното место. Уште во далечната 1925 год. станува член на ВМРО (Обединета) која се борела за обединета и независна Македонија. Во тој период Пиринска Македонија била окупирана од Бугарија, и заради неговите активности Козарев постојано е следен и прогонуван, и повеќе пати е затваран од бугарските власти.
Него го прогонувале и следбениците на изродот Ванчо Михајлов, затоа морал постојано да се сели и живеел во повеќе градови.
Во 1935 година како резултат на предавство, повторно го затвараат, и останува во затвор 3 години, се до 1938 год. Во затворот се запознава со Никола Парапунов, исто така Македонец од Пиринска Македонија, и од тогаш почнува нивната заедничка борба.
По излегувањето од затвор, Козарев и Парапунов во Пиринска Македонија учествуваат во создавање на мрежа на македонско национално-ослободително движење.
Од 7 февруари 1941 год. Козарев заминува во илегала, а Парапунов во наредниот период ќе стане водач на Пиринските партизани.
Козарев станува трн во окото на бугарската фашистичка полиција.
На 27 јуни 1941 година во близина на неговиот рибник во месноста „Струго" над Добриниште, при обид да биде уапсен од бугарската фашистичка полиција, Иван Козарев убива двајца фашисти, и станува прв борец против фашизмот на Балканот, со што го означува почетокот на партизанското движење на Балканскиот полуостров .
На 26 јули 1941, Иван Козарев и Никола Парапунов во околината на Разлог ја формираат првата партизанска чета во Пиринска Македонија.
Козарев го добива партизанското име Балкан. Бил прочуен како добар стрелец, и станал познат по својата ладнокрвност и храброст. Неговото име станало симбол на македонскиот отпор против фашизмот во Пиринска Македонија.
По загинувањето на Никола Парапунов во 1943, Иван Козарев станува командант на една од четите на одредот кој ќе го носи името на загинатиот Парапунов
Иван Козарев загинува ноќта на 31 март спрема 1 април, 1944 година, во близина на родното Добриниште, во неразјаснети околности.
Македонската историја неправедно го има заборавено и запоставено првиот борец против фашизмот на Балканот.
ВЕЧНА МУ СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!